A1 Net кабелски Интернет - генерална дискусија

StOrMK

Rain
Член од
24 јули 2015
Мислења
345
Поени од реакции
151
Колку е јак рутерот. Имаш WiFi активирано, ставено пасворд а не ти ја наоѓа мрежата без мануелно да ја внесеш. 2 step verification автоматска. Дури ни пасворд не ти треба. :D
 
Член од
29 август 2008
Мислења
5.198
Поени од реакции
3.580
Ми бара јусер и и пасворд.Пасвордот го знам,а јусерот појма немам и не можам да се логирам.
И ме барале за Божиќ ама не видов и го затвориле налогот па ми отвараа нов и еве после 4 дена од новиот налог уште не се дојдени a ги барам секој ден.
nee samo kaj tebe toj problem go ima posiroko i go ima na pojakite paketi tie koi imaat od eks blizoo paketi 6/10/15 mbps, net nema problem..... vo najava e deka ke sredele za brzo.....
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Другари,абе има некој друг проблем со интернетот?(додуша ја сум на Оне ама пошто се споиа можам овде да пишам)
На секој 10тина-15 минути паѓа,и тоа смета премногу.Се јавив 200 пати,беа екипа кај мене дома(свиткаа џам тие па,го преврзаа кабелот)и увидоа дека сигналот максимум што го праќа бандерата(околу 7000кб/с) и макс сигналот што прима рутерот(околу 6800кб/с) биле многу блиску едно до друга,па од телеком го намалија малку,ама ете,пак е исто.
Од тие 200 пати што се јавив,195 пати им се заканив со АЕК,ама некако слабо.Ако не биде ништо до понеделник се јавувам во АЕК.
Некој слично искуство со ова,совет нешто...?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.538

Ако користиш ADSL Интернет од Вип, односно од поранешен Оне, преку бакарна телекомуникациска линија од Македонски Телеком, тогаш ништо нема да се смени кон подобро, на Македонски Телеком не им се исплати да решаваат проблем кој Вип треба да го реши, поисплатливо им е да се исклучиш од Вип и да се префрлиш на Македонски Телеком, тогаш барем ќе можеш на нив да им се качиш на глава, вака ќе си ја префрлуваат одговорноста едни на други.

Од Македонски Телеком ќе се оправдаат дека толку држи бандерата и дека сигналот не може да биде појак, поради што ќе го префрлат решавањето на проблемот кај Вип, а бидејќи бандерата и телефонските кабли не се на Вип, туку се на Македонски Телеком, од Вип ќе ти кажат дека можат само да ти го сменат рутерот и евентуално да го преработат приклучокот кај тебе дома, што тешко дека ќе придонесе за значително подобар сигнал.

АЕК може само да го/ги казни Вип и/или Македонски Телеком, но нема да ти овозможи побрз и постабилен ADSL Интернет.

Македонски Телеком на дебело губи корисници изминативе неколку години, Магента пакетите им се жива превара која повеќето корисници им ја прочитаа како селски буквар - затоа и сега повторно нудат нови Магента пакети :pos: , бидејќи не успеваат да привлечат нови корисници или да ги врзат постоечките корисници на поскапи претплати со нови договори на 2 години, поради што дури и ако бидат казнети од АЕК, не им се исплати да решат проблем од кој повеќе ќе профитира Вип отколку Македонски Телеком.

На оваа тема на форумов се дискутира за кабелскиот Интернет на Вип, кој е достапен преку кабелските телевизии кои ги купи поранешен Кејблтел/Близо, односно денешен Вип ТВ.

Мој совет, а претпоставувам и на повеќето кои активно учествуваат во темава, е да поднесеш барање до Вип за миграција од бакарниот телекомуникациски приклучок на Македонски Телеком кон кабелски, односно кон коаксијален приклучок на Вип ТВ. За ова ќе мораш да поднесеш барање за некој од Vip Net пакетите за кабелски Интернет и евентуално ако сакаш да го задржиш и фиксниот телефон со истиот телефонски број, да поднесеш барање и за мигрирање кон Vip Fix пакетот за фиксна телефонија.

Или ако сакаш да користиш и дигитална телевизија од Вип ТВ, тогаш можеш да поднесеш барање за миграција кон некој од Вип Комбо 3 пакетите или ако сакаш и мобилниот телефон/мобилните телефони да го/ги додадеш во месечната претплата, тогаш можеш да поднесеш барање за миграција кон некој од Вип Комбо 4 пакетите.

На наредниот линк кој води кон официјалниот веб сајт на Вип, можеш да провериш дали на твојата адреса на живеење има техничка можност за поврзување со кабелската телекомуникациска мрежа на Вип ТВ.

https://www.vip.mk/proverete-kabelska-dostapnost

Преку кабелската телекомуникациска мрежа на Вип ТВ ќе добиеш брз и стабилен Интернет каков што никогаш нема да имаш преку бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, без разлика дали би користел ADSL Интернет директно од Македонски Телеком во иднина, или преку Вип каков што користиш сега.
 
Последно уредено:

DonExo

Apex
Член од
1 ноември 2012
Мислења
454
Поени од реакции
291
да не им го пофалам интернетов... еве веќе 2-3 дена како не сака да мрдне од 3-4Mbps...
инаку на Combo3 пакетите сум и во населба Карпош...ако значи тоа нешто..
дали има и други како мене или изолиран случај сум? (чепкајќи нешто по рутерот да имам заебано? :D )

Тука е све ОК ?
И ак оможе некој у кратки црти да ми објасне да си знам за следен пат што треба да гледам за да знам дали е добар/слаб сигналот?

Фала
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.406
Поени од реакции
2.747

Од ист реон сум, и немам проблем. Сигналите ти се топ, не знам зошто не ја добиваш целосната брзина, најверојатно проблемот е до кај нив во централа. Патем се обиде преку ЛАН кабел да мериш брзина? Пошто овој нивниот рутер заебава често со WiFi-то.
ПС: Пакетот ми е 10/1, а за сигналите имаш овде http://www.speedguide.net/faq/what-cable-modem-signal-levels-are-considered-good-78
Screenshot_2017-01-15-17-05-48.png
 
Morkov

MorkovMan
Член од
17 септември 2014
Мислења
101
Поени од реакции
17
Некој да ми каже каков е неограничениот интернет на ВИП?
Ме интересира колку е стабилен, брзината дали е стабилна, дали се случува пример ноќе во 3-4 наутро да снема интернет. Колку е стабилен за гејмање и слично?
По специфично за реон Скопје Центар, ако реонот е битен фактор :)
 
Член од
9 јануари 2015
Мислења
173
Поени од реакции
131

Пред 2 недели потпишав договор на 2 години во Vip само за интернет поточно за Vip Net M (899 ден.) со брзина 100/3 Mbps.

https://www.vip.mk/internet/tarifi

Сега за сега сум задоволен нема никакви проблеми користам Technicolor кој е истовремено и модем и рутер инсталиран од нивна страна.
Претходно користев Blizoo пакет со интернет брзина 150/5 Mbps.

Capture.PNG
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Да не има некој проблем со интерент брзините вечерва? Посебно регион Чаир, Топанско поле.
Брзината наместо 100-150Mbps, ми паѓа на јадни и бедни од 10 до 40Mbps а ping-от се качува и до 70 и кусур.

JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.406
Поени од реакции
2.747
Да не има некој проблем со интерент брзините вечерва? Посебно регион Чаир, Топанско поле.
Брзината наместо 100-150Mbps, ми паѓа на јадни и бедни од 10 до 40Mbps а ping-от се качува и до 70 и кусур.

Колку што знам многу корисници кои се на новите пакети од ВИП имаат проблеми со брзината. Корисниците од Близу поранешен немаат вакви проблеми...
 
Член од
29 август 2008
Мислења
5.198
Поени од реакции
3.580
Колку што знам многу корисници кои се на новите пакети од ВИП имаат проблеми со брзината. Корисниците од Близу поранешен немаат вакви проблеми...
JAs kolku sto imam infoo-site sto sme na docsis 3.0-imame povremeni problemi so brzinata, a starite korisnici na blizoo/cabletel, odnosno docsis 2.0 so starite modemi nemaat problem,-
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Кои ненормални луѓе работат во Vip :pos:
Пријавив проблем за интернетот и лудациве некако нашле адреса кај баба ми и дедо ми што се и таму вртеле да праат што е проблемот, наместо кај мене дома :D:pos: Стварно не знам како дошле до таа адреса, ама секоја чест, ме изнасмеаа слатко :icon_mrgr::pos:
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.641
Поени од реакции
864
Повеќе од 12 саат инемам интернет, мамето мамино.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.084
Поени од реакции
8.132
Во техниколорот никако неможам да го блокира Instagram, други сајтови може да се блокираат ама instagram не сака има ли некое друго чаре да се блокира instagram ?
 
enko2974

Prime Сasual Dating - Actual Women
Член од
13 декември 2011
Мислења
52
Поени од реакции
14
Во Чаир,Бутел,Топанско ,Радишани и тој дел паѓа интернетот и ќе го поправат тек за 2 месеци,се јавував на техничка подршка ,викаат жали се да ти ја намалат сметката,едвај 2-3 мб,катастрофа,од 30 мб интернет,имале зголемен број корисници а иста опрема,а најважен ми е интернетот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom