Денеска, околу 11ч. ми стигна смс порака дека е успешно е платен билет во автобус на ЈСП Скопје во износ од 40 денари, а во автобус немам влезено околу еден месец.
Му се има случено на некој нешто вакво?
Јас со години не се имам возено со градски автобус и појма немам како функционира системот за електронско плаќање на ЈСП Скопје, но сепак можам да ти го кажам ова:
Ако плаќањето се врши преку СМС порака, најверојатно станува збор за грешка, но ако плаќањето се врши преку некаква апликација, добро време е да ја затвориш, односно да ја избришеш корисничката сметка во системот за електронско плаќање на ЈСП Скопје, да ја избришеш апликацијата од мобилниот телефон и да си купуваш месечен билет, бидејќи апликациите на мобилните телефони - особено на мобилните телефони со Андроид оперативен систем - се екстремно небезбедни, да не речам воопшто не се безбедни, особено кога користиш бесплатен WiFi Интернет на јавно место, каде што условите за хакнување и електронска кражба на податоци се повеќе од идеални, да не речам одлични.
Исто така, за да се осигураш од електронска кражба на податоци, најдобро е да го исклучуваш Интернетот на мобилниот телефон кога не го користиш истиот, ем помалку ќе се троши батеријата, ем побезбеден/побезбедна ќе бидеш со исклучен Интернет на телефонот.