- Член од
- 11 септември 2014
- Мислења
- 67
- Поени од реакции
- 11
Мајка ми денес ми кажува што и напраиле овие криминалците од Вип уште во фебруари и ми е криво што не сум знаел, ќе ве молам доколку некој може да ми даде совет.
За што се работи?
Имав земено телефон од Вип на претплата 700 денари во Април 2015 бидејќи ми пукна екранот на стариот, јас во тој момент немав доволно пари да земам поквалитетен па морав да земам некој барем да брка работа, па мајка ми се понуди да земеме на нејзино име тогаш. После година дена од тогаш, значи лани негде мај месец си купив поквалитетен во готово од Т-Мобиле. Ми остана уште година дена договор на стариот, али добив и нов број со новиот па тој го користев а мајка ми само ги плаќаше сметките во Вип месечно. Во фебруари и март не ги платила сметките, дали заборавила, дали немала доволно пари не знам и овие од Вип и пратиле известување дека еднострано го раскинале договорот без никаква опомена или известување претходмо и и рекле да плати 12 000 денари пенали за 1400 денари долг, значи за 3 останати месеци договор во вкупна вредност од 2100 денари да плати 12 000. Зошто? Мајка ми се убедувала дека нема логика па и рекле или да ги плати тие 12 000, или да го продолжи договорот на уште 2 години и да плаќа по 700 ден месечно за број што моментално никој не го користи. Познавајќи ја мајка ми, во страв прифатила и сега иде и им плаќа на Вип секој месец а јас тек денес дознав за ова. Се осеќам беспомошно и лут сум, ова е надвор од секој логика и не е праведно, значи чист криминал. Доколку некој имал сличен проблем или се разбира од ова ве молам да ми помогне, секое корисно мислење е добредојдено.

Последно уредено: