VIP оператор

Член од
20 март 2008
Мислења
694
Поени од реакции
414
По повод својот шести роденден, Вип претставува нова, специјална роденденска тарифа за сите нови и постоечки Вип Постпејд корисници.
Со новата промотивна роденденска тарифа Vip 6, која е достапна за активација во текот на месец септември, за месечна претплата од само 499 денари корисниците добиваат неограничен број на минути за разговори кон сите национални мрежи и 100 МБ 3Г интернет вклучени во месечната претплата. Оваа специјална тарифа е достапна без договорна обврска и важи за активации само со СИМ картичка.

- Нашата мисија уште од првиот ден е да донесеме повеќе за нашите корисници, како во однос на понудите, така и за корисничкото искуство и задоволство. Оваа мисија сметам дека доста успешно ја следиме за што говори и постојаниот пораст на нашата корисничка база. Во согласност со оваа филозофија, оваа година, прославувајќи го шестиот роденден, подготвивме уште една извонредна понуда за македонскиот пазар. Ова е нашиот најдраг подарок за вас. Но, побрзајте, како и повеќето специјални нешта во животот и оваа понуда трае ограничено, изјави Џакомо Тоњони, Главен маркетинг директор на Вип оператор.

Во исто време, корисниците на промотивениот тарифен модел Vip 6, ќе можат да активираат и неколку дополнителни пакети согласно своите потребии, како што се пакетите за интернет - Surf Plus и Vip Surf 1GB и СМС пакетот за неограничени СМС пораки кон сите национални мрежи.

Повеќе информации за оваа понуда и Вип, корисниците можат да добијат на веб страната на Вип www.vip.mk и со јавување во Вип контакт центарот на 077 1234.
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.965
Поени од реакции
2.405
^ Нема шанси со 555 денари понудата. Јас едвај 500-600 минути трошам од тие 1000, не па неограничено. 100 мега е малку, а активирање на дополнителен пакет за ЅМЅ ја зголемува цената.

Можеби океј понуда за оние што зборат мнооогу, ама не е ништо посебно без нет во време кога сите имаат смартфони со fb, twitter, viber, youtube, whatsapp......
 
Член од
22 октомври 2011
Мислења
1.274
Поени од реакции
768
Можам ли јас со оваа понуда да го продолжам веке посоечкиот договор на уште 24 месеци и да си земам некое телефонче со моја доплата или ке морам да чекам да ми заврше договорот?
 
Јас сум на тие тарифите со многу плусови што се.. фри+м+ .. зборам по ~15-16 саати месечно и многу ми одговара тоа што имам неограничено кон вип.. дека и преку 1000 идам. А за тоа болдираното.... цело време ги користам, и ми останува вишок интернет за на крај месец да си праам тетеринг на лаптоп-от. едно 40 мб ми остануваат. Ако не аздисуваш многу, доста се и 100мб.
 
DarthMakedon

Македонец
Член од
20 април 2008
Мислења
1.886
Поени од реакции
122
По повод својот шести роденден, Вип претставува нова, специјална роденденска тарифа за сите нови и постоечки Вип Постпејд корисници.
Со новата промотивна роденденска тарифа Vip 6, која е достапна за активација во текот на месец септември, за месечна претплата од само 499 денари корисниците добиваат неограничен број на минути за разговори кон сите национални мрежи и 100 МБ 3Г интернет вклучени во месечната претплата. Оваа специјална тарифа е достапна без договорна обврска и важи за активации само со СИМ картичка.

- Нашата мисија уште од првиот ден е да донесеме повеќе за нашите корисници, како во однос на понудите, така и за корисничкото искуство и задоволство. Оваа мисија сметам дека доста успешно ја следиме за што говори и постојаниот пораст на нашата корисничка база. Во согласност со оваа филозофија, оваа година, прославувајќи го шестиот роденден, подготвивме уште една извонредна понуда за македонскиот пазар. Ова е нашиот најдраг подарок за вас. Но, побрзајте, како и повеќето специјални нешта во животот и оваа понуда трае ограничено, изјави Џакомо Тоњони, Главен маркетинг директор на Вип оператор.

Во исто време, корисниците на промотивениот тарифен модел Vip 6, ќе можат да активираат и неколку дополнителни пакети согласно своите потребии, како што се пакетите за интернет - Surf Plus и Vip Surf 1GB и СМС пакетот за неограничени СМС пораки кон сите национални мрежи.

Повеќе информации за оваа понуда и Вип, корисниците можат да добијат на веб страната на Вип www.vip.mk и со јавување во Вип контакт центарот на 077 1234.

Посебни услови за користеље на Повластени Услуги
Ќе се смета дека Претплатникот го злоупотребил користењето на Повластените Услуги доколку во текот на еден месечен период се исполнети најмалку два услови од подолу наведените услови кој се однесуваат на Повластената услуга:
1) Услови применливи за Повластена Услуга - појдовни повици кон сите национални јавни комуникациски мрежи на други оператори вклучително и јавната комуникациска мрежа на Вип оператор
i. Појдовните повици кон национални јавни комуникациски мрежи се остварени од една иста локација;
ii. Остварени појдовни повици кон повеќе од 400 различни претплатнички броеви во рамки на било која национална јавна комуникациска мрежа;
iii. Вкупно времетраење на остварени појдовни повици кон сите национални јавни комуникациски мрежи од над 2.000 минути.
 
Член од
11 февруари 2009
Мислења
963
Поени од реакции
964
Можам ли јас со оваа понуда да го продолжам веке посоечкиот договор на уште 24 месеци и да си земам некое телефонче со моја доплата или ке морам да чекам да ми заврше договорот?

Мислам дека тука ке го најдеш одговорот:
Промена на тарифен модел
Промена од старите тарифни модели (Vip Free, Vip Smart итн.) кон тарифниот модел Vip 6 е
можна само доколку Претплатникот ги исполнува условите за обнова на договорната обврска (
има најмногу 3 месеци пред истек на договорната обврска од постоечкиот претплатнички
договор).
 За секоја промена на тарифен модел се наплатува надомест од 59 денари.
 Во текот на еден пресметковен период можна е само една промена на тарифен модел
 Доколку претплатникот премине од тарифниот модел Vip 6 кон друг Пост Пејд тарифен модел од
Vip Free+ понудата, нема можност за повторна промена т.е. враќање кон промотивниот Vip 6
тарифен модел. Во таков случај, претплатникот ќе може да врши промена на тарифен модел само
кон друг Пост Пејд тарифен модел кој е во понудата на Вип оператор во моментот на промената.

1) Правила за промена на тарифен модел без договорна обврска:
 Промена на тарифен модел од промотивниот Vip 6 тарифен модел е можна во секое време кон
било кој тарифен модел од Vip Free+ S/M/L/XL и NoLimit портфолиото како и Vip Free+
S+/M+/L+/XL+ и NoLimit+ портфолиото.
2) Правила за промена на тарифен модел со постоечка договорна обврска од 12 или
24 месеци:
 Промена од промотивниот Vip 6 тарифен модел кон тарифен модел со повисока месечна
претплата во рамки на тарифните модели Vip Free+ S/M/L/XL и NoLimit или тарифните модели
Vip Free+ S+/M+/L+/XL+ и NoLimit+, е можно по истек на првите 12 месеци од важењето на
договорната обврска.
 Промена од промотивниот Vip 6 тарифен модел кон тарифен модел со пониска месечна
претплата во рамки на на тарифните модели Vip Free+ S/M/L/XL или тарифните модели Vip
Free+ S+/M+/L+/XL+ и NoLimit+ е можно по истек на првите 12 месеци од важењето на
договорната обврска.
 За промена кон тарифен модел со пониска месечна претплата се наплаќа дополнителен
еднократен надомест од 1.499 денари.
 Промена кон повисоко тарифно ниво е дозволена кон било кое тарифно ниво, додека промена
кон пониско тарифно ниво е дозволена само за едно тарифно ниво надолу.
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.392
Поени од реакции
405
Ситница или не ама ептен многу ми боде очи таа наплата за тарифен модел од 59 денари. Едноставно нели, ЗОШТО?
 
jovankrstevski1

ТАТА_МАТА
Член од
2 декември 2012
Мислења
654
Поени од реакции
358
Позбунувачка понуда немам сретнато. Мислам ок е малку да ја исфилуваат понудата, да премолчат за 1 работа, ама ова е конфузно. Ке морам да се консултирам со адвокат за понудава :) 500 денари е ама не е баш 500 денари. Неограничено кон сите мрежи, ама уствари 2000 минути + други предуслови. Абе кажи која ти е цената си плаќам и не сакам да се замарам од кај сум свртел, дали кон 400 други броја, па дали 59 денари секој месец ке треба... Глупости. И ова со 100те мегабајти вришти XD Додуша и ако ти дадат повеке ке неможеш да ги потрошиш :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15
Поени од реакции
0
знае ли некој дали ако вртиш на контакт центарот 0771234 од странство се плаќа?
 
Член од
27 април 2009
Мислења
1.928
Поени од реакции
1.841
активирав 40 денари за 500 мб интернет за 1 недела, имам преостанато уште 140 МБ до 12 месецов ама вчера и завчера неможам да влезам на интернет, го рестартирав моб и све е наместено ко шо требит ама неможам да се конектирам, можно е до ВИП да е проблемов?
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
535

Аха, како и обично :D
 
Член од
9 октомври 2008
Мислења
275
Поени од реакции
13
До денес ова ми беше во букмарк, од утре ке ми биде таа на ONE. Не верував дека и тој ден ќе се случи ама пасивноста на ВИП си го стори своето.
 
Член од
22 април 2005
Мислења
1.294
Поени од реакции
490
До денес ова ми беше во букмарк, од утре ке ми биде таа на ONE. Не верував дека и тој ден ќе се случи ама пасивноста на ВИП си го стори своето.
Of majko, One vo bukmark? Kakov i da ti izgleda vip sega, koga ke go okrkas od One ke vikas, vip bile super!
 
Член од
9 октомври 2008
Мислења
275
Поени од реакции
13
Of majko, One vo bukmark? Kakov i da ti izgleda vip sega, koga ke go okrkas od One ke vikas, vip bile super!
Ти кажи ми што ео подобро.

неограничено (2000мин) кон сите и 100 МБ нет за 500 денари или
неограничено (1500мин) кон сите и 1 ГБ нет за 400 денари без обврзувачки договор.
Или јас сум мутав или ВИП си играат мајтап со корисниците.
 
На врв Bottom