По Скопје и скопскиот регион, оне.Вип продолжува со активностите за изградба на новата мобилна мрежа и во другите делови на земјата. Од утре, продолжуваат активностите за консолидирање на мрежата во охридскиот регион, што ги опфаќа реоните на Охрид, Струга и Дебарца.
- Со оглед на овие зафати, во текот на наредниот период се можни кратки прекини во комуникацијата, ве молиме за разбирање и трпение, а придобивките од новата мрежа за многу кратко време ќе бидат забележителни, велат од компанијата.
Според планираните активности, новата мобилна мрежа на „оне.Вип“ до крајот на годината треба да биде завршена во сите урбани области во Македонија.