Вежби за подобрување на општа телесна сила и држење во однос на тежина?

  • Креатор на темата Креатор на темата NekojBatka
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 јули 2017
Мислења
289
Поени од реакции
234
Локација
Скопје
Здраво. Тежината стално ми се движи од 67 до 75 кила во зима. Но ако се движам доста, пак оди испод 70 кила дури и во зима, пошто пешачам многу.
Но во зима воздухот е доста загаден па не е баш за шетање.
Значи теретана е супер место за излаз во зима ;)

Не ме занимаат вежби за да станам Шварценегер, зголемување на мускулно ткиво, туку само подобрување на држењето на телото, грбот, кичмата,
рацете и нозете. Значи само појачување колку што мојата тежина дозволува.

Кои вежби/справи ќе ми ги препорачате?
Ако може и време колку да се прават и колку пати ако треба во низа едно по друго?
 
Скокање со јаже\трчање плус склекови,згибови па и вежби со помали тежини.
 
Сите вежби, комплет со сите мускулни групи, не мораш големи тежини, и најбитно од се исхраната, со намалени масти и шеќер.
За губење сало колку да не речам 100%, преку 80% е битна исхраната.
 
Значи само појачување колку што мојата тежина дозволува.
Ако веќе се споредува загаден воздух, не сте размислиле какви се микроби има во воздухот во теретани и по бенч клупи?
Инаку најосновни вежби за држење на телото се на вратило предни и задни згибови и оние squat racks на кои можеш да правиш чучњеви со правилно истегнат грб и колкови како и контра подигнувања. Комплексни, не изолирани вежби (само кон одредена мускулна група) ако ти е целта глобално зајакнување.
Се препорачуваат и пилатес вежби, ако е исклучиво за држење на телото. Пливање
Ако ти е за тежината, јади помалку и поквалитетно.
 
Последно уредено:
3 серии фискултура во спална и нема да имаш проблем со тежината
 
Не ја гледајте тежината, дури и 80 кила да напластам не ми е ништо со здравјето. Никогаш не сум имал мака со тежината.
 
Понеделник и среда (серии x повторувања):

Barbell Full Squat 5 x 5
Bent Over Barbell Row
5 x 5
Barbell Bench Press 5 x 5
Standing Military Press 5 x 5
Pullups 3 x 8-12
Decline Crunch 3 x колку можеш

Петок:
Barbell Deadlift 5 x 5
Barbell Full Squat 5 x 5
Barbell Bench Press 5 x 5
Standing Military Press 5 x 5
Pullups 3 x 8-12
Decline Crunch 3 x колку можеш

Кога почнуваш прво правиш две загревачки серии со помала тежина, па после почнуваш со 5-те серии со тежина доволна да можеш да направиш 5 повторувања. 3 недели вежбаш, четвртата одмараш, може нешто кардио, јога итн..
 
Кифоза, како што реков - онаа вежба што изгледа како да палиш глисер. Ние на времето ја викавме повлекување тегчиња на клупа. Значи 3х10 наведнат на клупа со едно колено, целта е да се зајакнат средните грбни мускулуи
 
Back
На врв Bottom