Вестерн филмови

  • Креатор на темата Креатор на темата џимеј
  • Време на започнување Време на започнување
Абе јас мислев тука сум предложувал вестерни па си ги барам мислењата, тоа на друг форум било. :ROFLMAO: Штета го нема Io тој сака вестерни. Ништо, одиме понатаму.

Death Rides a Horse

https://m.imdb.com/title/tt0064208/
Желбата за одмазда заради убиството на неговата фамилија ќе го однесе младиот Бил на опасно патување, заедно со него и стариот револвераш кој излегува од затвор после 15 години каде бил за нешто што не го направил. 2+ саати забава со Ван Клиф.

The Wild Bunch
https://m.imdb.com/title/tt0065214/
Еден од најнасилните вестерни и најинтересните. Последната кражба за овие стари разбојници нема да биде ни малку едноставна, од обидот за грабеж на железницата патот ги води до Мексиканската револуција и средба со еден стар пријател.

Once Upon a Time in the West
https://m.imdb.com/title/tt0064116/
Најпознатиот вестерн кој го има гледано скоро секој. Чарлс Бронсон, Хенри Фонда и Клаудија Кардинале, не е потребна ни мини рецензија, потребно е гледање на филмот.

High Noon
https://m.imdb.com/title/tt0044706/
Гари Купер во улога на маршалот кој спремен со жена му да си оди што подалеку од градот ќе биде приморан да остане како би го убил разбојникот кој доаѓа да се одмазди. Точно на пладне се дешава битката. Неверојатно добар филм.
 
Последно уредено:
Од поновите и 3:10 to Yuma е одличен, еден од ретките римејкови што ми се допаѓа. Бејл и Расел одлични.
Сега сум во период на гледање филмови исклучиво со Џон Вејн.:icon_lol:
 
The ballad of Lefty Brown Стариот добар Бил Пулман во улога на каубоец со ментална попреченост во одмаздничка мисија.
Предобра глума и прекрасни кадри од прерии во фул HD. Штета што во 70тите ја немале оваа технологија
 
Walker (1987)

Од мене препорака за еден постмодернистични вестерн, во кој на сатиричен начин се раскажува приказната за американскиот платеник Вилијам Вокер. Апсолутно нетипичен вестерн, со доста работи кои воопшто и не постоеле во времето во кое се одвива дејството, а најгенијално е појавувањето на хеликоптер во еден момент од кој излегуваат ФБИ или ЦИА или кои и да се тие и ги спасуваат сите кои имаат американски пасош, односно кои се државјани на САД. :icon_lol: Топла препорака од мене за сите што сакаат да ѕирнат нешто несекојдневно.
 
Инфо за некои нови вестерн филмови што треба да излезат?
 

Ова ми е една од омилените воведни вестерн сцени, а и филмов е доста потценет.
 
You brought two too many...:cool:

The-opening-scene-of-Once-Upon-a-Time-in-the-West.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom