VELUX EHF Champions League 2017/18

Кој е вашиот фаворит сезонава?


  • Вкупно гласачи
    30
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.690
Гoлемa е верoјaтнoстa дa имaме три фрaнцуски екипи нa Ф4.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
Опасни овие второлигашите, опасни. Пошто нели не е секој ден Велигден, а утре за голем дел од Европа е, да не видиме чудо во Сегедин.
Ne bi me cudelo iako Kil vlegoa malce vo forma poslednive natprevari..

Montpellier zasluzeno isto kako i Skjern..Vesprem na toj budjet i roster vakva igra..
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Браво за Скјерн.(y)
Опасна момчад, многу паметно изиграа вчера, како само си ги работеа во тие дуели еден на еден, како мали дечиња.
11 исклучувања имаше Веспрем:pos:, повеќе од 1/3 од мечот играа со играч помалку, и тоа прекрши, да играа подисциплинирано и да си чекаа шанса можеби ќе беше друга песна, вака во меч со брз ритам, со run@gun игра тешко се игра против Данска екипа, го измислија тие тој ракомет.
Ги отепа Конрадсон, со некое килце плус ги изремети, баш кај шо требаше да се најсилни Маџарите, на средина, како мали деца испаѓаа Благотиншек и Хорват.
Многу добро скоцкана екипа, добри бекови, искусни пред се, јаки крила, доста солидни голмани, и повеќе од тоа, иако на хартија примаат доста голови но на крај токму голманите им беа клучни за нивниот пат дo 1/4 финале, со Мотор Иванишевиќ скина 7 пенали со ред, вчера скина доста зицери во второ, исто и првиот голман, со 10 кг плус ама опасен е:X3:,токму кога требаше да се прекрши мечот.
Заслужено нема збор, ќе имаат што да кажат со Нант во 1/4 финале, доста интересен двомеч ќе биде.

Уште повеќе браво за Монпеље, од 20-26 во 45 минута, на крај го свртеа мечот во своја полза.
Барса упропасти добра шанса, баш кога најмногу требаше да го затворат мечот тогаш се изгубија.
Далеку се од потребното ниво, фали ротација на бек, посебно во организацијата, Палмарсон е далеку од потребната форма, можеби и подобро ќе беше да го користат и како лев бек за да дојдат до израз неговите шутерски квалитети, доста топки потроши вчера.
Опасно фалеше цела сезона Киро, без него многу изгубија во играта, иако Мем можеби статистички ( со број на голови ) достојно го замени, но таа организација на играта на Киро им фали, тие прецизни додавања до крило, до лев бек, ослободување простор за влез,толку многу порази како сезонава немале одамна, ќе треба добро да си поработат и да ја скоцкаат екипата за наредна сезона.
Ќе им фали голман пред се, само со Перез нема да оди, и тој вчера падна, требаше да го замени Пасквал, баш во клучниот момент кога замина мечот, ќе фали среден бек, некој класичен, ваљда ќе се екипираат подобро за наредна сезона.
Откритие на сезоната за Барса е десното крило Гомез, машина е дечкото, како од гума да е, страшно крило, полека но сигурно Томас глувчето ќе треба да си размислува за нова функција во тимот ( помошник тренер, директор, менаџер).
Монпеље од друга страна, со далеку поскромен состав од минатото извадија максимум, без првата звезда Гребиј, без Жерар во реваншот се надминаа.
Доста млада екипа, со неколку одбрани стари волци навистина добро функцинираат, ете ги и во Француската лига се први, шо во таква лига е голема работа.
Непланирано изгубија од АИКС пред некој ден, уште еден доказ колку е силна лигата и колку се напреднати Французите и каков квалитет има Монпеље, врвен тренер, и млади, пред се непознати ( за многумина ) играчи и успеваат да се одржуваат на врвот, речиси 3 декади.
3 екипи меѓу 8 најдобри има од Франција, со реални шанси барем две да завршат во Келн, а ништо чудно и 3 екипи, е вистински доказ дека сериозно одат напред, а кај Шпанците обратно, од некогаш можеби најсилната лига во светот ( или барем втора по Бундеслига) сеа стигнаа едвај нивните екипи да ги поминуваат лузерските групи, и тоа е се.
А каков е квалитетот на Асобал Лигата сезонава тешко дека и наредна сезона ќе се смени нешто, можеби Грањолерс ќе има некои шанси за в година, солидна екипа имаат, ете ги во ЕХФ доста добро стојат, но ќе треба сериозно далеку повеќе вложување.

Од денешните мечеви,
Не би требало да има проблеми за Кил, сепак 8 гола разлика да им УЧУКА тим како Сегед е премногу.
А во 1/4 финале видеќемо, таму ќе ги чека одморен Вардар па ко је јачи, првиот меч е клучен, во Скопје тешко дека ќе извадат нешто повеќе, ако успеат нешто да ископаат во Шпаркасе Арена, па да имаат некоја надеж.
Во сезона кога Кил ги бележи можеби најслабите резултати во историјата и самиот пласман во 1/4 финале е премија.

По мое во Келн ќе одат ПЕ СЕ ЖЕ, Вардар, Нант и Фленсбург . ( сепак без Шваби нема да ја биде завршницата).:icon_mrgr:
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
381
Поени од реакции
1.078
Не се случи Велигденско чудо во Сегедин, премногу се далеку маџарите и од овој Кил кој не е на нивото кое го може, иако полека но сигурно ја крева формата во 2018. Поминаа 8 сезони откако во групна фаза не пореметија со два тешки порази, ама сега дојде пеј бек тајм :)
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Кил освојува титула.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Одиме на уште една титула.
Иначе кога излегуваат картите за Кил?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.809
Поени од реакции
15.732
се знае ли ждребот за ФФ, прво играат Кил/Вардар - Нант/Скјерн ???
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.704
Поени од реакции
5.668
се знае ли ждребот за ФФ, прво играат Кил/Вардар - Нант/Скјерн ???
Ako мислиш на Финал 4
Од 4те екипи се влече ждрепка секој со секого може да се падне
 
Член од
27 септември 2015
Мислења
599
Поени од реакции
615
Одиме на уште една титула.
Иначе кога излегуваат картите за Кил?
До 5ти Април првин приоритетна продажба(тие што имаат сезонски),од 5ти ги пуштаат во редовна продажба.

Sent from my Redmi 4 using Tapatalk
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Во каква форма игра Киелце можеби и ќе гледаме сериозен фајт на двомечот со звездите на Нока.
Посебно ако е сериозна повредата на Нико, и да не е, сериозно добро игра Киелце, страшна транзиција имаат, Шмал на голот како во старите времиња,контрата им е убиствена, пикер светска класа, комбинаториката во напад им е на врвно ниво, полека и Бомбач влезе во шема и наликува на онај стар играч кој кршеше кичми во Сегед, како од мајтап даваат голови.
Ептен ја стегна екипата Талант, во страшна форма се, ако успеаат да се изборат за добар резултат на првиот меч во Полска се бива на реваншот, и ПСЖ покажа низа слабости сезонава, не се толку семоќни како многумина мислат.
Според мене овде ќе има борба до самиот крај овде, посебно ако успее Талант да ја задржи екипата на ова ниво, губеа во неделата од Шалабајзерите со 7 разлика, во меч во кој имаа + 500 разлика од прв меч, и играа како тие да бркаат негатива, навистина професионален пристап до крај, без опуштање, без никакво калкулирање, си ја играа својата игра, затоа се многу опасни, знаат да изгубат од било кој, а можат да го тепаат било кој.
Треба да е многу јак двомеч, уствари на сите четвртфинални мечеви треба да има неизвесност.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
ДЕВОЈКЕ сезонава имаат голема ( и единствена шанса) да лапнат титула.
Ѓер осакатен со повреди, пола екипа аут, а и тие шо се вратија сеуште си ја бараат својата форма, посебно Аморим, ептен им фали и Хајди Локе во двата правци, без неа не се тоа што беа на линијата, иако Ивет Брок си ја брка работата, но ја нема таа класа на Хајди, никој ја нема, освен можеби Цвијиќ:X3:.
Ја нема Грот, дали ќе се врати ќе видиме, Гербиц одамна не е во поле она што беше, многу фали и Мерк, имаат таму замена во Шпанката Алварез, ама не е таа класа на Нора:цицки:.
Предноста на Ѓер е што секогаш имаат играч плус на ваквите нокаут мечеви, искуство, ветер во грб од судии, и затоа освојуваат толку многу одличја.
Но сезонава ќе видиме, тешко ќе оди, зависи и од ждрепката, сите противници во полуфинале ќе бидат опасни.
Ако испаѓа Ѓер најверојатно ќе е полуфинале, во финале е доста потешко да ги добиеш, иако со било кого да играат ќе имаат мака.
Најдобрите екипи се во полуфинале.
Ростов, сериозна екипа, доста ја подигнаа формата, го раскантаа Ференцварош на две текми, тоа како, не е сеедно да тепаш така убедливо со екипа како ФТЦ, можеби и се некој скриен фаворит за трофеј, опасна екипа имаат, доста балансирана, и добар тренер.
ЧЕ СЕ МЕ, и кај овие многу ќе зависи кој ќе им падне во полуфинале, ако налетаат на Ѓер ќе е држ не дај.
Вака на хартија имаат можеби најдобра екипа по имиња, посебно ако се во форма Неагу и Гулден.
За Девојке, иста приказна, имаат балансиран тим, искусен, со 4 Ф4 зад себе, и знаат како е да се игра на вакви мечеви.
Најверојатно голманите ќе решаваат, и одбраните, сите екипи се топ екипирани, нијанси ќе одлучуваат, и можеби луѓето во црно.:zloo:
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
381
Поени од реакции
1.078
Испушти победа Монпеље, на минута и пол до крај и на +1 за нив одат во контра 3 на 1 и Кавтичник ја заеба... Сепак и нерешеново им е полна капа.
Ќе гледаме втора година по ред Ф4 без германска екипа :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom