VELUX EHF Champions League (општа тема)

Кој ќе ја освои ЛШ 2020/21 ако го дочека крајот?


  • Вкупно гласачи
    30

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396

Со мечот Кокс- Савехоф, кој се игра во среда започнува новата сезона во Лигата на Шампионите.
И оваа сезона бројот на учесниците изнесува 28, како и изминатите сезони, по истиот формат и принцип на натпреварување во групната фази и доигрувањето.

Ќе започнам со посилните групи.

Група А

ПСЖ


Костурот на тимот е горе долу задржан, со неколку измени од минатата сезона, на местото на Омејер дојде Жерар од Монпеље, Уве Геншајмер се врати во РНЛ, од каде во спротивен правец се пресели Гудјон Валур Сигурдсон, си замина Степанчиќ во Пик Сегед, замина и Јеспер Нилсон, на негово место на пикер дојде Камил Шипршак од Барса.
Комплетен ростер на лагер ќе има Раул, освен можеби на десен бек, каде немаат соодветна замена за Ремили.

Барса

Составот не претрпи некои сериозни измени, си заминаа единствено Дуарте и Шипршак, а како најголемо засилување е Лука Циндриќ, зошто се потврди и на финалето на СуперГлоуб.
Можеби таа е алката која недостасуваше, со оглед дека Раул Ентрериос веќе е во поодминати години, а Палмарсон е подложен на повреди, а реално му треба замена, посебно замена која нуди друг стил на ракомет.

Фленсбург

Сериозна загуба за тимот е заминувањето на Расмус Лауге во Веспрем, не ми се верува дека лесно може да го покријат неговото заминување, Готфридсон е подложен на повреди, новиот разбивач Михал Јурецки исто.
Најверојатно повеќе минутажа Бакула ќе им дава на Јоханесен и Јепсон на бековски позиции, играчи кои ланската сезона беа во втор план, новитет на десен бек е Нилс Верстеинен од Холандија, двометраш, сигурно не е некој шогоде играч штом го носат.
Останатиот дел од ростерот е добро познат и уигран.

Алборг

Класичен скандинавски колектив, без примеси на играчи од надвор, без некои звезди, екипа која може секого да изненади и да изгуби од секого, ќе треба да се внимава на нив

ПИК СЕГЕД

Фаворит од сенка.
Најголемо засилување е враќањето на Миклер на голот, новите се уште и Степанчиќ на десен бек како замена за староседелецот Балог кој по долги години го напушти клубот и замина во Татабања, Богдан Радивојевиќ на десно крило, како бекап за Шоштариќ,
Останатите се добро познати, сума сумарум многу опасна екипа, која доколку ја темпира формата како треба и да е поштедена од повреди на важните играчи може да замрси многу сметки на големите фаворити во групата.

ППД Загреб

За разлика од минатите сезони, доста поскромен е Загреб во ова издание.
Заминаа од ланската сезона доста сериозни играчи, Каштелиќ, Сршен, Контрец, Буриќ, Поточник, Јотиќ,
Имаат доста нови играчи на кои треба да се обрне внимание, посебно на Марин Шипиќ на пикер, кој дојде од Нексе, за каков играч станува збор се уверивме на СП, а и во мечевите од групната фаза на ЕХФ Купот.
Исто од Нексе го собраа и централниот бек Анте Гаџа, опасен плеј кој доста ветува и би требало да е прва опција на оваа позиција.
Шпенде, екс Металург е освежување на лев бек, нашиот голем талент Костески на десно крило, е сеа колку и дали воопшто ќе добие минутажа покрај Хорват и Божиќ Павлетиќ ќе видиме, сепак правилен избор направи детето шо замина во Загреб.
Вистороп е интересен играч, од сребрената селекција на Хрватска од неодамна одржаното СП, како трета опција на плеј, покрај Мраковчиќ.
Новитети се е двата млади Словенци, Стојниќ на пикер и Гаспер Храстник на десен бек.
На голот го задржаа резервниот голман Ристановиќ, а како замена за Каштелиќ дојде Матеј Асанин од Спортинг, 206 см висок голман, на времето се поврзуваше со Металург, ама не бидна ништо од трансферот.

Елверум

Иста приказна како Алборг, а и веќе се староседелци во ЛШ. но сега ќе се пробаат во појјаките групи, за разлика од претходно.
Заедно со Алборг, Загреб и Цеље би требало да се борат за 5то и 6то место во групата.

Цеље Пивоварна Лашко.

За разлика од претходните сезони Цеље оваа година исклучиво со словенска артилерија, единствено десните бекови Боргес ( доста надежен играч ) и Шарац се странци.
На домашен терен можат секого да го победат, покажаа и претходно, доколку не осцилираат многу со формата, посебно на мечевите со послабите екипи би можеле да ја пројдат групата.

Група Б

Вардар


Неколку клучни играчи заминаа, пред се Милосављев и Карачич, па и Рожерио на пикер, колку ќе успее да се најде замина за овие играчи останува добро прашање?
Атман е докажан играч, но не е од калибарот на Карачич, уште повеќе тоа се однесува на голманите Гебдан и Кугис.
На пикер Горпишин и Пелко би требало да ја пополнат дупката, + тука е Калараш.
Толедо е екстра играч, доколку се опорави како треба би требало да брка доста работа во втората фаза.
Левата бековска позиција е табу тема, Дисинџер го отепаа повредите, Горбок одамна не е онај стариот, плус и тој е склон на повреди.
На домашен терен Вардар би требало да собере многу бодови, можеби и максималец, од гостинските изданија ќе зависи крајниот пласман во групата.

Веспрем

Можеби прв фаворит за првото место.
Добро пазареше Веспрем, Чупара на гол, Рожерио на пикер, Борозан на лев бек, Павел Пачковски како трета опција на десен бек, а можеби и како втора, имајќи ја во предвид возраста на Ласло Наџ, кој време е полека да го препушта место на помладите. а како најголемо засилување е Лауге Шмит од Фленсбург.
Од ланските играчи вреди да се спомене само пензионирањето на Илиќ и заминувањето на Миклер, останатите важни играчи се тука.
Можеби најкомплетниот и најдлабок ростер во ЛШ, ама не е тоа пресудно, да беше така одамна ќе освоеа, како и да е, многу сериозна екипа направија, најсилна по имиња во нивната исгорија, вистински дрим тим.

Виве Киелце

На хартија според мене се појјаки од лани, си заминаа Циндриќ, но дојде Карачиќ, па не би требало да се почуствува многу отсуството на Лука, си замина Јурецки ( кои и не играше заради повреда во вториот дел од ланската сезона), на негово место дојде Томаж Гебала од Висла, и турскиот бомбардер Пеливан, сигурно има намирасано талент во него Талант, заедно со Кулеш не е лоша тројка леви бекови, со оглед на тоа што и Мамиќ си замина од клубот.
На десен бек истата двојка од лани надополнета со Вујовиќ од Цеље, сериозен шутер кој доста добро ќе пополни ротација.
На пикер, а пред се во одбрана на 3и4, како замена за Мамиќ доаѓа 207 см високиот Ромарик од Нант, доста корисен играч, не знам зошто Нант си го дадоа дечкото?Заедно со Јуркевиќ треба да ја држат одбраната.
И секако, најголемо засилување, Андреас Волф од Кил, не треба да се трошат зборови за лудакот.

Мешков Брест

На хартија се послаби од лани, си заминаа Ивиќ, Шиловиц, Рутенка, си замина Петар Џорџиќ, си замина Павел Хорак во Кил.
Замените дојдоа во Немања Обрадовиќ од Висла ( екс Металург ), Јака Малуш на плеј од Цеље, Вилиам Акамбре, кој е како некој аџија во последно време, менува клубови на секои 3 месеци, колку има останато ракомет во него е добро прашање, јасно е дека е далеку од некогаш....
Бранко Канкараш од Војводина е нов играч.
Останаа неколку од тие носители на играта како Пешиќ, Кулак, Баранау, Разгор, Шумак да касапи во одбрана.
Колку ќе биде доволно за да поминат група, ќе видиме, имајќи ја во предвид конкуренцијата многу тешко.

Мотор Запорожје

Опасен тим имаат, и лани покажаа дека може да бидат опасни.
Речиси истата екипа од лани, без многу измени, од важните играчи лани замина Пачковски во Веспрем,
Ќе мора сериозно да се смета на нив, заедно со Порто може да бидат нагазна мина за многу фаворити во групата.

Монпеље

Си замина легендата на клубот Мишел Гигу во Ним, клубот го напушти и староседелецот и легендата на клубот Вид Кавтичник, замина и Жерар во ПСЖ,
Од важните играчи лани си замина и Баптист Бонафон, во АИКС.
Ова се сериозни играчи и е навистина голем удар за клубот загубата на ваков тип на ракометари.
Како замена за Жерар дојде Марин Шего од Пик Сегед, на лев/среден бек на местото на Бонафон дојде Дуарте од Барса.
Како носители на играта остануваат Ричардсон, Порте, Симоне ( доколку го одминат повредите ), истото важи и за Гребиј, Трукановичиус е тука од староседелците, Соуси на пикер исто така, тука е и Фредрк Петерсон на пикер од ланска сезона.
Од играчите кои може да станат потенцијални звезди тука е плејот Килиан Вилемино, кој и ланската сезона доста добро се покажа и успеа да ја искористи шансата која му се укажа со повредата на Симоне, оваа сезона можеби ќе биде уште подобар.
Се на се, многу солиден тим, кај Монпеље многу зависи како ќе ги распределат силите од играњето во домашната лига, со оглед на силните натпревари кои ги играат секоја недела, исто како и германските екипи, од прашањето колку ќе ја задржат свежината на екипа на повисоко ниво ќе зависат нивните резултати во групата, во секој случај оваа сезона би требало да не се избламираат како лани.

Порто

На хартија можеби најголемиот аутсајдер во групата, звучат анонимно, но далеку се од тоа, но доколку ги потцени некој може скапо да го чини тоа.
Најпознато име за нашата јавност овде е името на Томас Бауер, голманот на Австрија, од нашите пресметки со Австријците во баражите.
Многу солидна екипа, технички добро поткована, а и физички делуваат доста импресивно, многу трчаат, брз стил на игра, а имајќи го во предвид фактот дека последно време Португалците доста добро работат со младите категории ништо чудно да исфрлат некои нови таленти на површина.
Можеби не се мерило за ЛШ стандарди нивните резултати од ланската сезона во ЕХФ Купот, со оглед на разликата во квалитет помеѓу двете натпреварување, но сепак самиот факт дека дотуркаа до Ф4 на ЕХФ Куп минатата сезона доволно зборува за нив,.
Имаат бучна публика, незгодни се на домашен терен, нема да ме чуди да скинат некој голем скалп.

Кил

Се враќаат конечно каде што припаѓаат.
Лани освоија ЕХФ Куп и Куп на Германија.
Сезонава веќе изгубија две финалиња, суперкупот со Фленсбург и финалето на Супер Глоуб од Барса.
Нов тренер, по долги години си замина Гисласон, на негово место добро познато име, Филип Јиха,засега добро си ја брка работата.
Имаат многу балансиран тим, на сите позиции, освен можеби на десно крило каде немаат замена за страшниот Екберг, исто и на лев бек малку чкрипат со Билик и Лукас Нилсон, кои се одлични млади играчи но сеуште им фалат многу нијанси за да станат лидери на оваа екипа, па нема да ме чуди Дувњак да покрива на лев бек во добар дел од сезоната ( доколку го одминат и него повредите ).
На голот покрај веќе познатиот Ландин дојде Дарио Квенстед, од Магдебург, како замена за Волф, многу солиден голман, на вчерашното дерби со Магдебург имаше доста добро издание.
Треба сериозно да се смета на Кил, за првите 4 места во групата, сигурно од Кил ќе зависи конечниот расплет во групата.
Хендикеп за Кил, како и за останатите германски и француски тимови ( освен ПСЖ ) е тоа што мора да ја темпираат формата на два фронта, имајќи ја во предвид силата на Бундеслигата и амбициите на Кил конечно да се вратат на врвот на Бундеслигата.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.033
Поени од реакции
5.477
Да, Ласло ја заврши играчката кариера и стана спортски директор на Веспрем.

Малку им се пореметија плановите на Веспрем кога е во прашање десната бековска позиција. Тонесен требаше да биде прв избор, а негов бекап Павел Пачковски, меѓутоа ги сјеба лигаментите и најверојатно ќе се врати тек во 2020 на терен. Го ангажираа и Јахја Омар, сениорски египетски репрезентативец (21 година има) кој одигра добро на СП 2019. Првично се зборуваше дека сакаат да го пратат една сезона на калење во Целје, но повредата на Пачковски им ги смени плановите и мораа да го задржат во ростерот. Ќе видиме како ќе се снајде.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Група Ц

Савехоф


По неколку годишна доминација на Кристианстад, минатата сезона круната во шведското првенство повторно ја освои Савехоф.
Од 2010 до 2013 година учествувале во ЛШ, сега повторно се враќаат во елитата,
Од позначајните успеси на клубот вреди да се спомене дека се освојувачи на Челинџ Купот во сезоната 2013/14, оттогаш апстинираат од европските мечеви.
Ростер од анонимуси за пошироката јавност, но сигурно не се наивни, сепак се работи за шведската ракометна школа, една од најдобрите во светот години наназад, во послаба конкуренција ќе имаат што да покажат.

Татран Прешов

Веќе добро познат тим за сите во Македонија, со познат тренер Славко Голужа.
Имаше некои најави за кратење на буџетот, на повлекување на спонзори и драстично ослабување на квалитетот на екипата, но како гледам од ростерот изгледа го одложиле сето ова.
Добро познат костур на тим, иако си заминаа некои важни играчи од лани, како Буторац на десен бек, Хрстка, Урбан, Чип/
Но сеуште се тука, Рабек, Крок, Страновски, Лапајне, Леон Вучко на пикер, Чуприна на голот, Французинот Титоан треба да добие поголема минутажа оваа сезона на десен бек, откако замина Буторац.
Нови играчи се Хозман и Муњоз од Ла Риоха, како замени за Томаш Чип на десно крило, Огњен Џериќ на пикер, како бекап за Вучко.
Новајлии се уште и Словенецот Гризентиќ кој дојде од Копер и Романецот Фодореан од Потаиса Турда.
Еден куп леви бекови во екипата.
Ланската сезона доста осцилираа со формата, победија во тешките мечеви, со појјаки екипи а изгубија изненадувачки на два пати од најслабата екипа во групата, Чеховски Медведи, што ги чинеше пласман во разигрувањето за осминафинале.
Како ќе се снајдат во оваа група ќе видиме, во секој случај незгодна екипа.

Кокс

Неколку години по ред се шампиони на Финска.
Легија на странци, претежно од источниот блок екс СССР, + Балканци, и 4 Финци.
Сума сумарум буре барут екипа. :pistoldz:
Најпознат играч за нашата јавност е Александар Гуглета, екс играчот на Металург, лани дојде на 2 месеци во Пелистер, се испокара со публиката и сакаше да се пресметува на трибина со 70 годишни гледачи:facepalm: , при што очекувано доби отказ.
Реално најслаба екипа во групата, не би требало да имаат повеќе од 3-5 бода.

Еурофарм Работник

Од ланската екипа изгубија два сериозни бекови, во Кузмановски и Острушко.
Единствен сериозен играч кој дојде летово и може да се смета за вистински потег за засилување на нападот е Ловро Јотиќ, го покажа тоа на турнирите во Струга и Добој.
Марин Вегар е далеку од калибарот на Острушко, а засега освен него немаат друг бек шутер на таа позиција.
На центар како бекап тука се Кузманоски кој се врати по суспензијата ланската сезона од допинг аферата, тука е и Чурлевски, но главните конци во играта ќе ги има Јотиќ.
На десен бек засега многу солиден е Невен Стјепановиќ, многу солиден десен бек, тука е за и Михајло Петровски, кој има минимална минутажа кај Алушевски, а секако тука е и Мартин Велковски, кој е повреден и којзнае кога ќе се врати.
На гол големо засилување е Никола Митревски, + доста солидни лански голмани Трајкоски и Чаневски, како засилување може да се смета и Бојанчо Маџоски, многу корисен играч, секако далеку покорисен од Гоце Ојлески на пример. :icon_lol:
Многу солидни пикери имаат, посебно Елмир Граџан, тука е секако и Никола Маркоски, плус Олександар Шевелев.
Солидна екипа, на домашен терен освен со Спортинг фаворити се со сите останати и би требало да соберат многу бодови, ако успеаат да брцнат некој бод на страна би требало да имаат солиден пласман.

Бидасоа Ирун

Конечно некои нови момци од Шпанија, за промена од веќе староседелците Адемар Леон и Ла Риоха.
Бидасоа на почетокот на 90ите години на минатиот век имаше многу силен тим.
Полуфиналести во ЛШ во сезоната 1993/94.
Шампиони на Европа во сезоната 1994/95, кога победија против Бадел од Загреб.
Финалисти во сезоната 1995/96 кога изгубија во финалниот двомеч од Барселона, интересно за таа сезона 1995/96 Бидасоа, под името Елгориага Бидасоа играше двомеч со Борец од Велес, и победи на двата меча.
Конечно по многу години повторно се враќаат на големата сцена.
Микс на шпанско- француски играчи, плус тука е Чилеанецот Салинас, познат од неколку мечеви со нашата репка.
Секоја екипа од Шпанија е опасен противник, посебно на нивни терен.
Ќе видиме како ќе се претстават, сигурно не се наивен противник, би требало да се во горниот дел на табелата.

Спортинг

Прв фаворит за првото место, во секој случај.
Имаат нов тренер, Тиери Анти од Нант.
Како најпознато име кое го доведоа летово е секако Марко Вујин, но не го гледам во ростерот на пријавени играчи во ЕХФ, сигурно не е сеуште апдејтиран, мислам дека смеат да пријавуваат нови играчи во оваа фаза!?
На лево крило новитет е Бинго, кој ланската сезона играше во Монпеље, заедно со Никчевиќ многу опасна двојка, десно е уште едно познато име, Валентин Ѓонеа, како што гледам Фабио Чиуфа си заминал од клубот.
Ново име е Немања Младеновиќ, поранешен играч на Металург, доста талентиран, но повредите си го сторија своето.
Надворешната линија им е послаба според мене доколку не игра Вујин, ако игра Вујин заедно со Руезга, Карнеиро на среден ќе имаат доста што да кажат, на лев бек како и ланската сезона се доста скромни и останаа само со Валдез.
Во секој случај не би требало да имаат проблем да ја поминат групата, иако нема да им е лесно во секој случај, посебно не на гостувањата.

Група Д

Доста посилна од Ц групата, во секој случај.

Динамо Букурешт


Опасна екипа, покажаа и ланската сезона колку може да бидат опасни.
Страшна публика имаат.
Интересен микс на играчи, легија на странци, база на репрезентациите на Иран и Тунис во Европа, + Балкански елемент..
На десен бек Амин Банур, ланската сезона даде 60 гола во ЛШ, како бекап го вратија хрватскиот репрезентативец Јаков Вранковиќ од Татабања.
На голот тунискиот репрезентативец Макрем Мисауи, познат на нашата јавност од мечевите со Тунис, како замена тука е Иранецот Хеидарирад.
На плеј уште еден познат Тунижанец, Алуини, како негова замена оваа сезона дојде Стефан Вујиќ, познат играч, играше во Загреб, има и настапи за српската репка, ланската сезона беше во Стеауа.
Од Веспрем на позајмица дојде познатиот Џамали, ново име на лев бек е Раул Кампос од Бразил, ракометар кој играл во Шпанија за Анаитасуна пред 2 сезони, пред тоа и Адемар Леон.
На пикер донесоа многу сериозно засилување во Еѓипјанецот Шебиб Мамуд, од шампионската екипа на Монпеље пред две сезони, многу солиден пикер, како негова замена уште еден Иранец, Мусави, кој повеќе сезони е во Динамо.
Со овај ростер би требало да се важен играч во групата.

Чеховски Медведи

Што да се каже за овие легенди?
Одамна не се важен играч во светот на ракометот, навистина штета, за една таква ракометна велесила ( на времето ), покрај толку тајкуни и олигарси, но сепак го одржуваат тој континуитет на учества во ЛШ, исклучиво со сопствен кадар, без примеси од надвор.
Гледам истите играчи од лани, браќата Котов, Санталов. Куретков, Кисељев е новитет од Вардар на десен бек.
Секој бод за овие момци е голем успех.

Кадетен Шафхаузен

Уште еден староседелец од ЛШ.
Еден од тимовите од кои ќе зависи крајниот пласман во групата.
Тука се како лидери на тимот, добро познатите Габор Часар и Жарко Шешум, доведоа на десен бек уште еден познат играч, 213 см високиот Ангел Монторо, на времето играше во Барса, тука е староседелецот Ник Томинек на десно крило.
Ново име е и голманот на Адемар Леон, Игнасио Гарсија Биоска, кој доаѓа на местото на Иван СТИВИ БОЈ Стевановиќ кој замина во Висла.
Солиден тим, би требало да имаат добар пласман во секој случај.

Кристианстад

Сезонава за прв пат се во послабите групи, можеби е и подобро за нив, да имаат повеќе шанси за бодови.
Им замина еден од најјаките шутери од ланската сезона кој даде 65 гола, Норвежанецот Нилсен на десен бек, кој го засили Гог Гудме од Данска.
Од појјаките играчи во ланста сезона во Гудме замина и пикерот Арнасон, репрезентитивец на Исланд.
Од костурот на тимот ланската сезона тука се Капелин на голот, Хенингсон, Гудмонсон на бек., Марк Кањелас ( помладиот брат на Жоан ).
На домашен терен се доста опасна екипа, а и на гости ако ги потценат знаат да бидат доста незгодни.


Висла Плок

Стандардно силна екипа, која многу вложува, но никако да излезат од сенката на Киелце.
Според ростерот местото не им е во послабите групи, но тоа е.
На голот, лудакот Адам Моравски, страшен голман се ненормални човечки рефлекси, + дојде Иван Стиви Бој Стевановиќ од Кадетен, солидна двојка голмани,
тука се стандардните крила Крајевски лево и Дашек десно. како нивна замена, Ловро Михиќ на лево крило и новиот играч Јерко Матулиќ на десно крило, на времето играше во Нант, лани играше во Азоти Пулави.
Пикер Сулиќ, како засилување дојде Леон Шушња од Загреб, брка доста работа дечкото во одбрана, тука е и Словенецот Игор Жабиќ.
На местото на Толедо кој замина во Вардар на десен бек го донесоа ветеранот Констатин Игропуло, познат играч, со многу титули зад себе, + тука е Жига Млакар од ланската сезона.
Од надворешната линија, си заминаа од ланска сезона Томаж Гебала во Киелце, Ракотеа, Тарабокиа.
Донесоа солидни замени, Миндегиа на среден бек, играч со големо искуство, екс Пик Сегед, Шамбери итн, уште еден Шпанец на среден бек, Алваро Санчез од Грањолерс. + тука е Ондреј Здрахала од Чешка, добро познат играч за нас
На лев бек дојдоа Швеѓанецот Филип Стенмалм, играше во Ла Риоха, кога беа во група со Металург, ново име е и Жолтан Жита (или како и да се изговара презимето ), од Балатонфуреди од Унгарија.
Многу добра екипа склопи Сабате, според мене фаворити во групата.


Гог Гудме

Уште едно познато данско име се враќа во елитата, за промена од досегашните учесници Скјерн и Бјерингборо Силкеборг кои доминираа во Данска и ја претставуваа Данска во ЛШ.
И на овие според составот не им е местото во послабите групи.
Ланската сезона имаа добро претставување во ЕХФ купот, но налетаа во иста група со Кил.
Би требало добро да се покажат во ЛШ, донесоа добар десен бек, Норвежанецот Нилсен од Кристианстад, колега на позицијата ќе му биде Халгримсон, познат играч за нас од мечевите со Исланд.
Исто така од Кристианстад дојде и пикерот Арнар Арнасон, репрезентативец на Исланд.
Опасна екипа се Данците, можат добро да поминат во оваа група.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.719
Поени од реакции
15.594
ова ехфТВ само реклами, тук така слика од салата и утакмицата ... на 10 секунди ракомет 5 минути реклами

тоа ќе е шемата, за секој натпревар, прво реклами.. еве сега се пребацив да гледам Сегед -Барса... исто е од почеток..
б.т.в.... ех вардарецот Македа ги здрви Барса со 29-от гол..
а со 31 ги дотолчи
 
Последно уредено:
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
Македа ја растури Барса.

Порто губеше 7 разлика од Мешков Брест, 6 на полувреме, на крај ги добија 2.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.294
Поени од реакции
13.156
Македа ја растури Барса.

Порто губеше 7 разлика од Мешков Брест, 6 на полувреме, на крај ги добија 2.
да да и јас се изнененадив,Пик ја здрви Барса.
Значи колку го сакам овој Миклер,екстра голман!
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
Веспрем изгледа доста моќно годинава. Доминантни партии до сега, едноставно начинот на кој ги добива натпреварите е импреривен. Е сеа јес да не играле уште со некои топ тимови, ама за разлика од минатата година сето тоа изгледа друга димензија. Денеска го размонтираа МОтор (40-28), коа ја глеаш утакмицата имаш впечаток дека се работи за ревијален натпревар, посебно у второ коа буквално ги уништија. Голема работа направија со ангажманот на Борозан, Мораеш, Цупара итн. Попунети се фантастично на секоја позиција и мислам дека годинава повторно ја напаѓаат титулата.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.294
Поени од реакции
13.156
Веспрем изгледа доста моќно годинава. Доминантни партии до сега, едноставно начинот на кој ги добива натпреварите е импреривен. Е сеа јес да не играле уште со некои топ тимови, ама за разлика од минатата година сето тоа изгледа друга димензија. Денеска го размонтираа МОтор (40-28), коа ја глеаш утакмицата имаш впечаток дека се работи за ревијален натпревар, посебно у второ коа буквално ги уништија. Голема работа направија со ангажманот на Борозан, Мораеш, Цупара итн. Попунети се фантастично на секоја позиција и мислам дека годинава повторно ја напаѓаат титулата.
тоа е ти е мач со две острици,може да изгазат се у група,па да излетаат у во елиминациските кола.Ко Барса прошла година.Е тек тогаш нека земат нека се расшуштат.
Имаче да страва се.Според мене го имаат најсилниот состав годинава.Страшно,ги глеав со Мотор,прегазија со двајца пикери у напад.Мада и овие мотор се дупки.тренерот нема што да каже на тајмаут.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.698
Поени од реакции
5.589
Веспрем изгледа доста моќно годинава. Доминантни партии до сега, едноставно начинот на кој ги добива натпреварите е импреривен. Е сеа јес да не играле уште со некои топ тимови, ама за разлика од минатата година сето тоа изгледа друга димензија. Денеска го размонтираа МОтор (40-28), коа ја глеаш утакмицата имаш впечаток дека се работи за ревијален натпревар, посебно у второ коа буквално ги уништија. Голема работа направија со ангажманот на Борозан, Мораеш, Цупара итн. Попунети се фантастично на секоја позиција и мислам дека годинава повторно ја напаѓаат титулата.
Мислам дека најголемото засилување им е Дејвис,доста ја среди екипата знаат што играат,доста добро ги ротира има место за секој играч.
Секоја година имаат јак ростер,доста натрупан само никогаш немаа саглам тренер да ги води,или го бркаат на сред сезона,или после некој лош натпревар,неможеш така да водиш екипа мора слободно да се чуствуваат играчите и тренерот не да имаат притисок на секој натпревар.
Ќе видиме до како ќе играат,сепак имаат и некои глупи играчи кои можат да ти ја сјебат сезоната со еден потег,на примиер Благотиншек,братот си е изгубен на секој битен натпревар,лани на Финал 4 во полуфинале добива црвен во финале промашува зицер што ги кошташе титула,може и Мачковчек тука да се додаде.
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.594
Поени од реакции
7.168
Kil vo posledna sekunda primi gol.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.294
Поени од реакции
13.156
Кил и Киелце каква утакмица изиграа,:drk::drk::drk:,Кара играчиште, најдобар среден бек,во моментов.
Автоматски споено мислење:

Мислам дека најголемото засилување им е Дејвис,доста ја среди екипата знаат што играат,доста добро ги ротира има место за секој играч.
Секоја година имаат јак ростер,доста натрупан само никогаш немаа саглам тренер да ги води,или го бркаат на сред сезона,или после некој лош натпревар,неможеш така да водиш екипа мора слободно да се чуствуваат играчите и тренерот не да имаат притисок на секој натпревар.
Ќе видиме до како ќе играат,сепак имаат и некои глупи играчи кои можат да ти ја сјебат сезоната со еден потег,на примиер Благотиншек,братот си е изгубен на секој битен натпревар,лани на Финал 4 во полуфинале добива црвен во финале промашува зицер што ги кошташе титула,може и Мачковчек тука да се додаде.
да )))
 

Kajgana Shop

На врв Bottom