VELUX EHF Champions League (општа тема)

Кој ќе ја освои ЛШ 2020/21 ако го дочека крајот?


  • Вкупно гласачи
    30

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.909
Поени од реакции
9.507
:pos: ЕХФ пародија од организација а што кур еве Загреб бараат во ЛШ кога ниту сала полнат ниту успех имаат години наназад,Колстад ги нема на мапа во Европа.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
TV 2 erfarer: Drastiske lønnskutt i Kolstad

Новиот владетел у Норвешка - Колстад, тимот кој ги донесе Сагосен, Јоханесен, Род, Бергеруд, Гулеруд итн. и доби една од вајлд картите за во ЛШ се чини дека има финансиски проблеми. :D

Наводно, од играчите и од останатите вработени во клбуот било побарано да прифатат намалување на платите од 30% во првата година, и 20% намалување во втората година поради намалените приходи од спонзорите.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.257
Ваљда може тука и за Евролигата да се пишува?


ЖДРЕПКА КВАЛИФИКАЦИИ
1 ШЕШИР: Рајн Некар, Гранољерс, Брага, Винтертур, Истад
2 ШЕШИР: ВАРДАР, Тримо Констанца, Хановер, Акваш Санташ

ЕВРОПСКА ЛИГА ГРУПИ
1 ШЕШИР: Берлин, Спортинг, Нант, Куенка, Жабже, Нексе, Бјерингбро, Кадетен
2 ШЕШИР: АЛКАЛОИД, Кртистијанштад, Татабања, Горење, Бистрица, Динамо Букурешт, АЕК, Елверум
3 ШЕШИР: Флензбург, Бенфика, Шамбери, Ла Риоха, Глогов, Скјерн, Луцерн, Савехоф
4 ШЕШИР: Војводина, Извиѓач, Ловќен + победниците од квалификациите


Уф, не е баш лесно ова за Вардар, да се надеваме ќе ги избегне Рајн Некар, па и Гранољерс. Со другиве ваљда може да се носи

Па потоа и да влезат во групна фаза ќе треба ептен ептен среќа за да можат понатаму. Истово и за Алкалоид, ма да за нив помалку среќа е потребна можеби, ама сепак, мислам дека тешко да видиме македонски преставници во нокаут фазите од ЛШ и ЛЕ.


Како за старт, добро би било Вардар да влезе во ЛЕ барем.
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.244
Поени од реакции
8.316
Не ги рчкај Пелистер ќе почнат да се закануваат и тука дека во грчка лига ќе се пријават да играат.
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.909
Поени од реакции
9.507
Затоа Ф4 е интересен сите имаат изгледни шанси за освојување на титулата.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.701
Поени од реакции
5.620
Дојдовме до средина на групната фаза, уште не е завршено седмото коло ама може слободно да кажам дека после 7 одиграни кола нема некои големи изненадувања, онака во лер пуштена си поминува групната фаза, кога е во прашање ракометот ништо ново, барем за нас кои си го пратиме активно и си наоѓаме посебен шмек и убавина во него, покрај сите останати спортови кои ни се достапни за гледање.:D
Денеска Колштад и ПСЖ со атомски ракомет, 60 минути активна игра во два правци, во просек повеќе од еден гол имало на секоја минута, 67 гола имаше вкупно на натпреварот, не застанаа ни едните ни другите, цело време брз центар и транзиција одбрана-напад, рај за очи, право уживање.
ПСЖ после добриот старт на сезоната врзува втор пораз во низа, од друга страна Колштад после бурниот почеток поради финансиски проблеми почнува да се стабилизира, барем на теренот, со денешната победа се искачија на второ место во групата и даваат знаци дека ќе бркаат сериозен пласман оваа сезона, со малку среќа може и до титула да стигнат, ништо не се знае, имаат една класа постава од кремот на светскиот ракомет што може секого да победи, буквално прва постава на Норвешката репрезентација, предводени од Сагосен и Род, вториот искина денеска, 11 гола, клучен играч за победата, можеби им фали само еден низок среден бек да дава ритам и да ги разигрува бомбардериве на лев и десен бек, некој од типот на Скубе, Зарабец, Стеинс, КОСУКЕ, Овинчек итн, би им легнал како кец на десетка.
Единствен проблем може да им биде ротацијата или повреда на клучните играчи, замените на ѕвездената прва постава не се ни приближно како нив и прашање е колку можат да се спротистават на екипите од врвот.

Сакам да го издвојам и Камил Сипжак како играч што ми остави најголем впечаток од целиот натпревар, страшен напредок има под водство на Раул кој уште еднаш покажува дека е мајстор за развивање на играчи, само му треба време и простор, а во ПСЖ не сум сигурен колку ја добива таа слобода што ја имаше во Вардар, мислам дека екипи како Сегед, Веспрем, Киелце, Висла многу повеќе би му одговарале, веројатно и самиот Раул е свесен за тоа, сепак арапските пари се тие што го држат уште во Париз.
Од останатие негови играчи кога е во прашање напредокот нешто слично се случува и со Стеинс и Пранди, од играчи кои биле никој и ништо и не се очекувала некоја завидна кариера полека прераснуваат во едни од најдобрите на нивните позиции.

Од останатите натпревари ќе биде интересно утре во Битола, Пелистер со Сегед, после 8 години се враќа ФитиљО во ледена дворана, ќе има добра атмосфера, ќе видиме само дали Кузмановски ќе ги оправда големите очекувања од сограѓаните и дали конечно Битолчани ќе се радуваат на прва победа.
Какво време дојде после осум натпревари на нашите претставници во Европа немаме сеуште ни една победа, а пред само неколку години имавме Европски шампион.:kuracc:
Шала на страна пред нешто помалку од 10 години имавме два претставника во ЛШ кои атакуваа на Фајнл 4, сега едвај имаме еден претставник и тој јасно ни кажува на какво ниво ни е паднат клупскиот ракомет.
Треба малку да си ја чукнеме главата, џабе си даваме епитети дека сме ракометна нација и се лупаме во гради дека вложуваме во ракометот ако резултатите ни покажуваат нешто друго, скоро сите репрезентативци ни играат во домашно првенство, со исклучок на неколку играчи кои играат во странство кај што немаат некоја значајна улога, а резултатите на домашните клубовите во Европа и придонесот на играчите се жалосни, со вакво темпо за многу брзо ќе го загубиме и местото во ЛШ, ништо чудно уште наредната сезона.
 
Последно уредено:
Член од
18 декември 2019
Мислења
599
Поени од реакции
1.665
Најверојатно во четвртфиналето:
ПСЖ - Барселона
Киелце - Магдебург
Веспрем - Алборг
Кил - Загреб/Монпелје

Во осминафиналето најинтересни дуели според мене ПИК Сегед - Веспрем и Загреб - Монпелје
 

Kajgana Shop

На врв Bottom