Tomasino
За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
- Член од
- 19 март 2009
- Мислења
- 9.241
- Поени од реакции
- 19.440
Со мечот Кокс- Савехоф, кој се игра во среда започнува новата сезона во Лигата на Шампионите.
И оваа сезона бројот на учесниците изнесува 28, како и изминатите сезони, по истиот формат и принцип на натпреварување во групната фази и доигрувањето.
Ќе започнам со посилните групи.
Група А
ПСЖ
Костурот на тимот е горе долу задржан, со неколку измени од минатата сезона, на местото на Омејер дојде Жерар од Монпеље, Уве Геншајмер се врати во РНЛ, од каде во спротивен правец се пресели Гудјон Валур Сигурдсон, си замина Степанчиќ во Пик Сегед, замина и Јеспер Нилсон, на негово место на пикер дојде Камил Шипршак од Барса.
Комплетен ростер на лагер ќе има Раул, освен можеби на десен бек, каде немаат соодветна замена за Ремили.
Барса
Составот не претрпи некои сериозни измени, си заминаа единствено Дуарте и Шипршак, а како најголемо засилување е Лука Циндриќ, зошто се потврди и на финалето на СуперГлоуб.
Можеби таа е алката која недостасуваше, со оглед дека Раул Ентрериос веќе е во поодминати години, а Палмарсон е подложен на повреди, а реално му треба замена, посебно замена која нуди друг стил на ракомет.
Фленсбург
Сериозна загуба за тимот е заминувањето на Расмус Лауге во Веспрем, не ми се верува дека лесно може да го покријат неговото заминување, Готфридсон е подложен на повреди, новиот разбивач Михал Јурецки исто.
Најверојатно повеќе минутажа Бакула ќе им дава на Јоханесен и Јепсон на бековски позиции, играчи кои ланската сезона беа во втор план, новитет на десен бек е Нилс Верстеинен од Холандија, двометраш, сигурно не е некој шогоде играч штом го носат.
Останатиот дел од ростерот е добро познат и уигран.
Алборг
Класичен скандинавски колектив, без примеси на играчи од надвор, без некои звезди, екипа која може секого да изненади и да изгуби од секого, ќе треба да се внимава на нив
ПИК СЕГЕД
Фаворит од сенка.
Најголемо засилување е враќањето на Миклер на голот, новите се уште и Степанчиќ на десен бек како замена за староседелецот Балог кој по долги години го напушти клубот и замина во Татабања, Богдан Радивојевиќ на десно крило, како бекап за Шоштариќ,
Останатите се добро познати, сума сумарум многу опасна екипа, која доколку ја темпира формата како треба и да е поштедена од повреди на важните играчи може да замрси многу сметки на големите фаворити во групата.
ППД Загреб
За разлика од минатите сезони, доста поскромен е Загреб во ова издание.
Заминаа од ланската сезона доста сериозни играчи, Каштелиќ, Сршен, Контрец, Буриќ, Поточник, Јотиќ,
Имаат доста нови играчи на кои треба да се обрне внимание, посебно на Марин Шипиќ на пикер, кој дојде од Нексе, за каков играч станува збор се уверивме на СП, а и во мечевите од групната фаза на ЕХФ Купот.
Исто од Нексе го собраа и централниот бек Анте Гаџа, опасен плеј кој доста ветува и би требало да е прва опција на оваа позиција.
Шпенде, екс Металург е освежување на лев бек, нашиот голем талент Костески на десно крило, е сеа колку и дали воопшто ќе добие минутажа покрај Хорват и Божиќ Павлетиќ ќе видиме, сепак правилен избор направи детето шо замина во Загреб.
Вистороп е интересен играч, од сребрената селекција на Хрватска од неодамна одржаното СП, како трета опција на плеј, покрај Мраковчиќ.
Новитети се е двата млади Словенци, Стојниќ на пикер и Гаспер Храстник на десен бек.
На голот го задржаа резервниот голман Ристановиќ, а како замена за Каштелиќ дојде Матеј Асанин од Спортинг, 206 см висок голман, на времето се поврзуваше со Металург, ама не бидна ништо од трансферот.
Елверум
Иста приказна како Алборг, а и веќе се староседелци во ЛШ. но сега ќе се пробаат во појјаките групи, за разлика од претходно.
Заедно со Алборг, Загреб и Цеље би требало да се борат за 5то и 6то место во групата.
Цеље Пивоварна Лашко.
За разлика од претходните сезони Цеље оваа година исклучиво со словенска артилерија, единствено десните бекови Боргес ( доста надежен играч ) и Шарац се странци.
На домашен терен можат секого да го победат, покажаа и претходно, доколку не осцилираат многу со формата, посебно на мечевите со послабите екипи би можеле да ја пројдат групата.
Група Б
Вардар
Неколку клучни играчи заминаа, пред се Милосављев и Карачич, па и Рожерио на пикер, колку ќе успее да се најде замина за овие играчи останува добро прашање?
Атман е докажан играч, но не е од калибарот на Карачич, уште повеќе тоа се однесува на голманите Гебдан и Кугис.
На пикер Горпишин и Пелко би требало да ја пополнат дупката, + тука е Калараш.
Толедо е екстра играч, доколку се опорави како треба би требало да брка доста работа во втората фаза.
Левата бековска позиција е табу тема, Дисинџер го отепаа повредите, Горбок одамна не е онај стариот, плус и тој е склон на повреди.
На домашен терен Вардар би требало да собере многу бодови, можеби и максималец, од гостинските изданија ќе зависи крајниот пласман во групата.
Веспрем
Можеби прв фаворит за првото место.
Добро пазареше Веспрем, Чупара на гол, Рожерио на пикер, Борозан на лев бек, Павел Пачковски како трета опција на десен бек, а можеби и како втора, имајќи ја во предвид возраста на Ласло Наџ, кој време е полека да го препушта место на помладите. а како најголемо засилување е Лауге Шмит од Фленсбург.
Од ланските играчи вреди да се спомене само пензионирањето на Илиќ и заминувањето на Миклер, останатите важни играчи се тука.
Можеби најкомплетниот и најдлабок ростер во ЛШ, ама не е тоа пресудно, да беше така одамна ќе освоеа, како и да е, многу сериозна екипа направија, најсилна по имиња во нивната исгорија, вистински дрим тим.
Виве Киелце
На хартија според мене се појјаки од лани, си заминаа Циндриќ, но дојде Карачиќ, па не би требало да се почуствува многу отсуството на Лука, си замина Јурецки ( кои и не играше заради повреда во вториот дел од ланската сезона), на негово место дојде Томаж Гебала од Висла, и турскиот бомбардер Пеливан, сигурно има намирасано талент во него Талант, заедно со Кулеш не е лоша тројка леви бекови, со оглед на тоа што и Мамиќ си замина од клубот.
На десен бек истата двојка од лани надополнета со Вујовиќ од Цеље, сериозен шутер кој доста добро ќе пополни ротација.
На пикер, а пред се во одбрана на 3и4, како замена за Мамиќ доаѓа 207 см високиот Ромарик од Нант, доста корисен играч, не знам зошто Нант си го дадоа дечкото?Заедно со Јуркевиќ треба да ја држат одбраната.
И секако, најголемо засилување, Андреас Волф од Кил, не треба да се трошат зборови за лудакот.
Мешков Брест
На хартија се послаби од лани, си заминаа Ивиќ, Шиловиц, Рутенка, си замина Петар Џорџиќ, си замина Павел Хорак во Кил.
Замените дојдоа во Немања Обрадовиќ од Висла ( екс Металург ), Јака Малуш на плеј од Цеље, Вилиам Акамбре, кој е како некој аџија во последно време, менува клубови на секои 3 месеци, колку има останато ракомет во него е добро прашање, јасно е дека е далеку од некогаш....
Бранко Канкараш од Војводина е нов играч.
Останаа неколку од тие носители на играта како Пешиќ, Кулак, Баранау, Разгор, Шумак да касапи во одбрана.
Колку ќе биде доволно за да поминат група, ќе видиме, имајќи ја во предвид конкуренцијата многу тешко.
Мотор Запорожје
Опасен тим имаат, и лани покажаа дека може да бидат опасни.
Речиси истата екипа од лани, без многу измени, од важните играчи лани замина Пачковски во Веспрем,
Ќе мора сериозно да се смета на нив, заедно со Порто може да бидат нагазна мина за многу фаворити во групата.
Монпеље
Си замина легендата на клубот Мишел Гигу во Ним, клубот го напушти и староседелецот и легендата на клубот Вид Кавтичник, замина и Жерар во ПСЖ,
Од важните играчи лани си замина и Баптист Бонафон, во АИКС.
Ова се сериозни играчи и е навистина голем удар за клубот загубата на ваков тип на ракометари.
Како замена за Жерар дојде Марин Шего од Пик Сегед, на лев/среден бек на местото на Бонафон дојде Дуарте од Барса.
Како носители на играта остануваат Ричардсон, Порте, Симоне ( доколку го одминат повредите ), истото важи и за Гребиј, Трукановичиус е тука од староседелците, Соуси на пикер исто така, тука е и Фредрк Петерсон на пикер од ланска сезона.
Од играчите кои може да станат потенцијални звезди тука е плејот Килиан Вилемино, кој и ланската сезона доста добро се покажа и успеа да ја искористи шансата која му се укажа со повредата на Симоне, оваа сезона можеби ќе биде уште подобар.
Се на се, многу солиден тим, кај Монпеље многу зависи како ќе ги распределат силите од играњето во домашната лига, со оглед на силните натпревари кои ги играат секоја недела, исто како и германските екипи, од прашањето колку ќе ја задржат свежината на екипа на повисоко ниво ќе зависат нивните резултати во групата, во секој случај оваа сезона би требало да не се избламираат како лани.
Порто
На хартија можеби најголемиот аутсајдер во групата, звучат анонимно, но далеку се од тоа, но доколку ги потцени некој може скапо да го чини тоа.
Најпознато име за нашата јавност овде е името на Томас Бауер, голманот на Австрија, од нашите пресметки со Австријците во баражите.
Многу солидна екипа, технички добро поткована, а и физички делуваат доста импресивно, многу трчаат, брз стил на игра, а имајќи го во предвид фактот дека последно време Португалците доста добро работат со младите категории ништо чудно да исфрлат некои нови таленти на површина.
Можеби не се мерило за ЛШ стандарди нивните резултати од ланската сезона во ЕХФ Купот, со оглед на разликата во квалитет помеѓу двете натпреварување, но сепак самиот факт дека дотуркаа до Ф4 на ЕХФ Куп минатата сезона доволно зборува за нив,.
Имаат бучна публика, незгодни се на домашен терен, нема да ме чуди да скинат некој голем скалп.
Кил
Се враќаат конечно каде што припаѓаат.
Лани освоија ЕХФ Куп и Куп на Германија.
Сезонава веќе изгубија две финалиња, суперкупот со Фленсбург и финалето на Супер Глоуб од Барса.
Нов тренер, по долги години си замина Гисласон, на негово место добро познато име, Филип Јиха,засега добро си ја брка работата.
Имаат многу балансиран тим, на сите позиции, освен можеби на десно крило каде немаат замена за страшниот Екберг, исто и на лев бек малку чкрипат со Билик и Лукас Нилсон, кои се одлични млади играчи но сеуште им фалат многу нијанси за да станат лидери на оваа екипа, па нема да ме чуди Дувњак да покрива на лев бек во добар дел од сезоната ( доколку го одминат и него повредите ).
На голот покрај веќе познатиот Ландин дојде Дарио Квенстед, од Магдебург, како замена за Волф, многу солиден голман, на вчерашното дерби со Магдебург имаше доста добро издание.
Треба сериозно да се смета на Кил, за првите 4 места во групата, сигурно од Кил ќе зависи конечниот расплет во групата.
Хендикеп за Кил, како и за останатите германски и француски тимови ( освен ПСЖ ) е тоа што мора да ја темпираат формата на два фронта, имајќи ја во предвид силата на Бундеслигата и амбициите на Кил конечно да се вратат на врвот на Бундеслигата.