V (The Visitors)

Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Серијата "V" (The Visitors) ќе биде една од неколкуте нови проекти на американската телевизиска компанија - ABC. Извршен продуцент на шоуто е креаторот на неодамна откажаната "The 4400" - Скот Питерс, а покрај него продуценти се и Џејс Хол, Стив Прлмен и Џефри Бел ("Harper's Island", "X-Files", "Alias").

Главна актерка е добропознатата Елизабет Мишел, односно Џулиет од Изгубени, а покрај неа дел од актерската екипа се Морис Честнат, Џоел Греч (Том Болдвин од 4400), Лурд Бенедикто и др.

Кратка содржина: Oгромни вселенски бродови се појавуваат насекаде низ главните градови во светот. Вонземјаните „Посетители“ тврдат дека се дојдени без никакви задни намери. Како што многу луѓе започнуваат да се сомневаат во искреноста на Посетителите, агентот на Националната Безбедност, Ерика Еванс (Елизабет Мишел) открива дека вонземјаните поминале многу декади на Земјата инфилтрирајќи владини луѓе и бизнисмени и дека сега истите се во завршната фаза од нивниот план за завземање на планетата Земја.

I

Intex

Гостин
Дај линк за симинање на првата епизода. По можност од тие ефтините (100 МБ епизода). Фала.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
До кога ќе ја копираат Half Life 2 ? (HL2 е видео игра каде оваа тематика е одлично разработена)
Cloverfield, District 9 и незнам кој од филмовиве.
Од сериите оваа, а можи и Flashforward да е таква.

Нека направат нешто оригинално, или барем нешто во стилот на Star Wars, или Star Trek.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.948
Поени од реакции
5.506
Не знам колку ја копираат HL2, ама мислам дека филмов е рецензија на серија со истоимено име од 1983... Па ако постоела HL2 тогаш слободно кажи :smir:
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Ја емитуваат секој вторник.

My comment:

Првен да ја прокоментирам целосно епизодата (пилотот). Според мене пилотот на V беше за нијанса подобар од Флешот, но за мене барем за сега оваа серија ќе биде почесто гледана (од моја страна) и со повеќе внимание затоа што го заслужува тоа. Приказната е сто пати поинтересна (иако малце нереална како и во Флешот), овде ефектите и глумците се навистина на подобро ниво. Ќе ја гледам до крај на сезонава, нема да ја прекинувам, но би сакал да не западне во многу досадни епизоди, туку да оддржува некоја констанца со дејството.

Е сега за серијата, почетокот беше феноменален, особено пак оние сцените како одеше крајот на епизодата, така стануваше се‘ повозбудливо. Дефинитивно најјака од сите сцени која ме остави со отворена уста беше кога Ерика се тепаше со тој Дејл и кога поради неговата измама кога го удри по главата, му се скина парче од кожата и го виде неговиот внатрешен дел т.е дека тој е вонземјанец. Всушност она вселенскиот брод кој се појави над главните градови и онаа девојката која започна да зборува во секоја земја на тој јазик сите тие изгледаат како нормални, а внатре се вонземјани и се доста лоши (барем мое мислење). Интересно ми беше тоа што открија дека всушност и на земјата има доста такви луѓе т.е сите тие биле направени од вонземјаните, т.е под вистинската фаца на човек се крие вонземјанец. Најмногу ме интересира приказната со синот на Ерика и неговата симпатија една од “вонземјаните“ Лиса, која беше доста симпатична. Исто ми беше интересно и кога го покажаа нивниот град, фантастично нешто.

:smir: Има зелено светло за понатамошно гледање.
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113

V ти е стара култна серија ова е римејк на новата. Самата серија оригиналот постави голем дел од темелите на sci-fi жанрот а после тоа илјадници филмови, игри и серии ја емитираа. Independence Day ја имаше украдена сцената со огромните вонземјански бродови како застануваат над големите градови.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069

Да не си гледал некоја друга епизода од сосем друга серија?
Или друга верзија на епизодава? :devil3:

Како прво, од почетокот беше јасно дека серијава е насочена кон некоја дебилна публика. Се тресе земјата, се тресе се во куќа, а ликовите гледаат како да не знаат што се случува.
И тројца прашаа во различни сцени "What is going on, what is going on?"

IT IS A FUCKING EARTHQUAKE, не знам што е тука чудно или мистериозно. После тоа, војската се убацува и не им дава на луѓето да си одат од под вселенските бродови?
Која логика е тоа?

И како може да дадат неколку кратки сцени, а потоа оддеднаш 3 weeks later?
Па најинтересното е во првите недели, да видиме детали и слични работи.
Да резимирам, почетокот украден од Lost (апла, башка истата глумица, може и да се помешате), потоа FBI агенти бркаат терористи - дел украден од FlashForward, исто така апла.
Само бар таму имаше логика, на сите им беше битно што и како се случи, а не овде FBI продолжува терористи да брка како ништо да не се случило.
И пази еи, детето има строга мајка, има 17 години, ама тоа не е проблем да вози бесен мотор по улица. :devil3:

Ако ова било подобро од FF, не знам што да ти кажам. Збориме за пилот епизодите секако.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Да не си гледал некоја друга епизода од сосем друга серија?
Или друга верзија на епизодава? :devil3:

Ако ова било подобро од FF, не знам што да ти кажам. Збориме за пилот епизодите секако.
А која според тебе серија има повеќе потенцијал за подобра приказна? Ова или Flash Forward чие дејствие почнува да станува се‘ подебилно, нема никаква содржина за понатамошна интересна приказна, но ајде да не навлегувале многу длабоко, ќе видеме и двете како ќе се развиваат.

Сепак за мене ова беше за нијанса подобар пилот, најмногу ради содржината и некои сцени кои ми оставија впечаток.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.948
Поени од реакции
5.506
Се сложувам со Мac:)) Не бев импресиониран посебно импресиониран, очекував повеќе, а пилот епизодата од FlashForward беше далеку подобра од оваа... За тоа како ќе се развива серијата натака ќе видиме...
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Не знам колку ја копираат HL2, ама мислам дека филмов е рецензија на серија со истоимено име од 1983... Па ако постоела HL2 тогаш слободно кажи :smir:
V ти е стара култна серија ова е римејк на новата. Самата серија оригиналот постави голем дел од темелите на sci-fi жанрот а после тоа илјадници филмови, игри и серии ја емитираа. Independence Day ја имаше украдена сцената со огромните вонземјански бродови како застануваат над големите градови.
Ок, нека е римејк на старата Серија. Ама сигуро копираат по нешто и од се што излегло од тогаш до сега. И не велам дека ХЛ2 е 100% оригинална, ама таму слична тематика е одлично сработена па затоа ја зедов играта како референца.

Туку еве да не ја спомнуваме ХЛ2. Зошто римејк? Тоа е како сега по цели 18 години да почни да се снима пак Twin Peaks. Не 2, не 5 туку 18. Дури и David Lynch да е режисер. Нема да го има истиот жар како оригиналот.
Слично и овде, само што овде се цели 26 години во прашање. Зошто римејк или продолжение по 26 години? Целата веројатно им е чисто да земат пари, а не да создадат добро дело и да направат пари.

Ќе видиме како оди понатаму.

ПС. Оригиналната V најверојатно ја имам гледано малку. Мислам дека ја даваа на ТВ ТЕРА кај нас пред неколку години. Сега ќе гледам да ја најдам целата од интернет.
 
Колку ќе биде добра ќе видиме. За копирање исто иако првата епизода остана долседна на оргиналот во речиси секој аспект и неприметив да има нешто позајмено од други филмови или серии.

А за римеј тоа не се знае колку ќе биде добро денес имаш римејк и на Стар Трек, Галактика, Доктор Ху (нешто како римејк) па успеале да се пробијат некои подобро и од оригиналот.

А и за Твин Пик ќе имаш сега нешто како римејк односно ABC најави некоја серија која би требало да биде како модернизирана верзија на Twin Peak, Happy Thown.

A за оригиналниот V ги даваа првите два циклуса на минисеријали на сител а серијата мислам дека ја немаат кај нас давано.
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Директен линк до енглески превод за првава епизода? :back:
 
SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Директен линк до енглески превод за првава епизода? :back:
Шо си ти мрза.. :)

http://divx-titlovi.com/co-YU/divx-subtitles/search-subtitles.aspx?pageindex=1&keyword=v 2009&language=&orderby=4&sortby=1

Само што ја догледав јас. Мислењето на Мац држи вода. Сепак ќе продужам да ја гледам. И дефинитивно се заљубив во Anna.

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Ја гледав веќе..

и

..не ми се допадна. Воопшто. Незнам дали ќе продолжам.
Им фали уште Will Smith во resistance union-от. Mногу почетнички дупки.
one-word-description за пилотов (мое мислење): лејм.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom