UVB-76 - мистериозната фреквенција во Русија

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Kaj ja vidov temava kaj se zapustiv bash sega vo 02:30...
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
Руска радиостаница 45 години емитува звук што никој не го разбира (ВИДЕО)

Радиостаницата УВБ 76 (Базер) емитува еден ист сигнал и порака веќе од 45 години, поточно од 1970, но никој не го разбира нејзиното значење.




Пораката на УВБ 76 е изговорена на карактеристичен руски акцент, а по емитуваната порака следи серија кодови составена до зборови и бројки. Што тие значат – никој не знае. Карактеристичното зуење на радиофреквенцијата се враќа и трае неколку месеци, јавуваат британските медиуми.

Многумина претпоставуваат дека станува збор за тајна порака на руската војска, но без оглед на тоа „Базер“ поттикнало создавање голем број теории на заговор.

Звукот се емитува на фреквенција од 4625 килохерци. Сајтот Намбрс стејшн тврди дека овој радио сигнал претставува проект на руската војска, односно шифриран вид на комуникација. Рајан Шаум, човекот што го води спомнатиот сајт, е фасциниран од мистериозната радиостаница. Сепак, тврди дека не се обидел да ја разбие шифрата.

„Овој таен код не може да го пробие никој освен тие на кои е наменет“, изјавил младиот студент по информатика. Единственото нешто што се знае е дека сите пораки доаѓаат во ист формат, а нивното дешифрирање претставува невозможна мисија.

20-годишниот руски студент Егор Есвеев ја истражувал претходната локација од која наводно доаѓал сигналот на „Зујалото“.

„Како и сите напуштени места, поприлично е морничаво. Луѓето се многу чудни. Се сеќавам на човек на велосипед, кој доаѓаше од правец на шумата. Со себе не носеше ништо, а одеше во правец на полињата кои се протегаа до бесконечност. Ништо не ми беше јасно – од каде доаѓа и каде оди“, кажал Есвеев.

Тој тврди дека во местото Поварово биле откриени купишта воена документација, и дека смета дека мистериозната станица била користена за некој вид интерна комуникација меѓу руските шпиони и војската. Сепак оваа, како и другите теории, се само шпекулации.


http://www.mkd.mk/svet/nauka-i-tehnologija/ruska-radiostanica-45-godini-emituva-zvuk-shto-nikoj-ne-go-razbira-video

Најголемата мистерија во светот: Се емитува чуден сигнал, а никој не знае зошто!


Порака изговорена на карактеристичен руски акцент, по која што следат серија на кодови составени од броеви и букви, веќе 45 години ги измачуваат научниците, кои едноставно не можат да ја откријат мистеријата на овој звук и зошто истиот се уште се емитува.

Имено, радио станицата "UVB 76", која повеќе од четири децении испраќа кратки, монотони тонови со зуење, и понатаму претставува необјаснива појава и една од омилените теми на бројните теоретичари на завери. "Зујалото", како што гласи прекарот на радио станицата, претставува вистинска мистерија. Не се знае од каде потекнува сигналот, кој го испраќа, ниту пак што воопшто тој претставува.



По константното повторување на шифрираните тонови, се слуша глас кој со тврд, руски акцент изговара:"U-V-B-7-6". И така, се од осумдесеттите години на минатиот век, па се до денес.

Теориите за овој звук, кој потсетува на Морзеовата азбука, се најразлични, па додека едни велат дека станува збор за експеримент на руската војска, други велат дека тоа е вонземски сигнал со кој вонземјаните му испраќаат потсвесни пораки на секој слушател.

Звукот кој го испраќа станицата доживеал и мали промени во текот на четирите децении, но и понатаму истиот претставува најразлични варијации на зуење, кои еднаш во неколку месеци ги прекинува непознатиот глас кој изговара нејасна, шифрирана порака. Денес, 25 пати во една минута се слуша зуењето, со паузи помали од една секунда и тоа трае постојано, бесконечно!

Од видеото во продолжение можете да ја слушнете мистериозната порака:


Звукот се слуша на фреквенција од 4625kHz, што практично значи дека речиси секој може истиот да го слушне, дури и преку интернет радио серверите. Со години се претпоставувало дека сигналот потекнува од местото Поварово, во близина на Москва, меѓутоа во септември 2010 година, сигналот едноставно ја променил локацијата, па сега се смета дека истиот доаѓа од западниот дел на Русија.



Интернет порталот "Numbers Station" тврди дека сигналот претставува проект на руската војска, односно шифриран вид на комуникација. Рајан Шаум, човекот кој стои зад споменатиот интернет портал, фасциниран е од мистериозната радио станица, но сепак, нагласил и дека не се обидел да ја разоткрие шифрата.

"Овој таен код не може да го разбие никој, освен личноста за која истиот е наменет", изјавил младиот студент по информатика, нагласувајќи дека единственото нешто што е познато е фактот дека сите пораки доаѓаат во ист формат, но нивното дешифрирање претставува невозможна мисија.

Морничава локација

Рускиот студент Егор Есвејев ја истражувал претходната локација од каде што наводно доаѓал сигналот. "Како и сите напуштени места, така и тоа е прилично морничаво. Луѓето беа многу чудни. Се сеќавам на еден човек на велосипед, кој доаѓаше од правецот на шумата. Со себе немаше ништо, а одеше кон полињата кои што се простираа до бесконечност. Ништо не ми беше јасно, ни каде оди, ни од каде доаѓа", изјавил Есвејев во разговорот за "Daily Mail".



Тој додал и дека биле пронајдени и бројни воени документи, поради што се појавил сомнежот дека мистериозната станица била користена за некој вид на интерна комуникација помеѓу руските шпиони и војската. Сепак, како и сите други, така и оваа теорија е основана само врз база на претпоставки.

Интернет

Во шпионското натпреварување, по распадот на Советскиот сојуз, станицата е првиот воен известувачки медиум "приклучен" на интернет и тоа по отцепувањето на Естонија од СССР.

Теории на завера

Еден научен магазин од Москва навел дека радио станицата служи за испитување на далечни светови, а голем е и бројот на оние кои мислат дека "Зујалото" е експеримент на вонземјани.

"Ако било кој може да ни даде веродостојна информација за почетокот на инвазијата од вселената, тогаш тоа се членовите на опсерваторијата која го користи овој емитер", истакнал Ари Бендер од Амстердам, велејќи дека станицата е најава за пристигнувањето на освојувачите од вселената.



Сигналот од "UVB 76" досега бил прогласуван за сигнал од некогашната станица во Чернобил, преку вонземјанска порака, па се до тоа дека руската, американската или кинеската војска со ваквиот сигнал ги контролираат умовите на луѓето.

Во прилог на шпекулациите за шпионската намена на емитерот се и настаните од летото во 2010 година, кога на военоизвестувачка служба во Јасеново и беше припишана вината за откривањето на руската известувачка мрежа во САД со убавата шпионка Ана Чепмен. Личната вина му беше припишана на вториот човек во тајната служба, генералот Јуриј Иванович.



Најновите сателитски снимки покажуваат дека базата на емитерот е во околината на Поварово, близу Москва и истата е напуштена. Сепак, сигналот и понатаму се емитува од нова локација во близина на руско естонската граница.

Неуспехот при разоткривањето на тајната која што овој сигнал ја крие, станицата "UVB 76" ја прави уште поголем и пострашен феномен кој повеќе од четири децении ги интригира луѓето ширум светот.

http://tocka.com.mk/5/147047/najgolemata-misterija-vo-svetot-se-emituva-cuden-signal-a-nikoj-ne-znae-zosto
 

ferdzo(hacker) :)

Македонче
Член од
19 април 2013
Мислења
115
Поени од реакции
14
Една недела преку WEB SDR пробвам да го добијам сигналот и само еднаш го слушнав ама со многу шум. Ајде активирајте се :D
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Една недела преку WEB SDR пробвам да го добијам сигналот и само еднаш го слушнав ама со многу шум. Ајде активирајте се :D
Друг пат сними што ќе слушнеш и прати го тука. :)
 

ferdzo(hacker) :)

Македонче
Член од
19 април 2013
Мислења
115
Поени од реакции
14
Ок ама ретко се факја и не слушнав ни букви ни бројки туку ко воз да иди
 

TheMessenger

Кодош
Член од
18 февруари 2012
Мислења
370
Поени од реакции
473

ferdzo(hacker) :)

Македонче
Член од
19 април 2013
Мислења
115
Поени од реакции
14
Кога е снимено ова?
Сега или декември или јануари.
Oва е снимено во Скопје?
Во Битола е снимано.
Ова само навечер се слуша? И дали антената треба да биде минимум 16 метри (λ/4) за да се прими сигналот, или може и помала?
Ќе се распрашам ќе ти кажам со колкава се прими сигналот.[DOUBLEPOST=1429806740][/DOUBLEPOST]Треба 4-5 метра можи и покје гола жица да клајте и кратко бранов приемник ти треба.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom