- Член од
- 23 јуни 2008
- Мислења
- 4.002
- Поени од реакции
- 4.245
Да ја обоиме темата во жолто п.с прва сезона има 6 епизоди, втора започнува на 14 јули и ќе има исто така 6 епизоди. Да скратам, мора да ја изгледате!
„Utopia“ е британска заговор трилер серија која дебитираше на Канал 4 на 15 јануари 2013. Како што ја нарекуваат Британците, Утопија е вистински “феномен“ како од визуелен апсект каде што јасно се гледаат неверојатно добро снимените кадри така и од актерски истакнувајќи се феноменалната глума.
Во центарот на приказната е мала група на луѓе кои се наоѓаат вовлечени во мистерија и потрагата на ракописот на вториот дел на графичкиот роман "The Utopia Experiments" во кој што се мисли дека се предвидувале најголемите катастрофи од минатиот век. Тие ќе бидат следени од бескруполозната организација „Мрежата“ и која мора да ја одбегнуваат доколку сакат да останат живи. Користејќи го ракописот тие ќе мора да ги откријат скриените пораки во страниците за да спречат катастрофите да станат реалност.