USA secretary of state: Грција нема историско право да го спори името на Македонија

Член од
29 септември 2007
Мислења
245
Поени од реакции
17
Вокер: Името да се реши пред самитот на НАТО

27.09.2010 09:29

Курт Вокер

До самитот во Лисабон во ноември, НАТО нема да може да реши ниту еден од сегашните стратешки цели, Авганистан, односите со Русија и односите САД - ЕУ, но може да го затвори случајот Македонија, смета аналитичарот на Центарот за трансатлански релации на универзитетот Џон Хопкинс, Курт Вокер, кој до мај минатата година беше амбасадор на САД ВО НАТО.
„Можеме да направиме прогрес за името и да ја вратиме Македонија назад на колосекот за членство во НАТО и ЕУ. Со тоа би ја поддржале движечката сила во регионот. Прво што би направил би ја ставил Македонија на агендата на НАТО самитот во ноември во Лисабон и ласерски прецизно би се фокусирал на решавање на проблемот со името“, изјави Вокер во дебатата по извештајот на центар за стратешки и меѓународни истражувања во Вашингтон за состојбата во западно-балканскиот регион.
Спорот за името предизвикува премногу меѓународни и внатрешни компликации, смета Вокер - блокадите и политичките конфликти би можеле дополнително да ги подгреат националистите во двете земји.
„Мислам дека е трагично што едно обично име стана брана за подобра иднина на неколку милиони луѓе. Срамота е што граѓаните на Македонија не се ставени на колосекот за зачленување во НАТО под старото име како што беше предвидено со спогодбата од 1995“, рече Вокер, нагласувајќи дека долгогодишниот спор најмногу штета му нанел на македонскиот народ.
Затворањето на спорот пак ке значи стабилизирање на целиот Балкан. Извештаите на влијателниот институт од Вашингтон имаат големо влијание во формулирањето на политиката на актуелната американска


Извор: http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=127944

Се отвараат работите полека...

Се надевам дека конечно ке не огрее сонце, а предците наши ке се смират... сега е потребна сплотеност на народот да застане и отворено ја каже вистината што сите ја знаат, а малкумина ја кажале на глас!

Република Македонија, Македонски народ, Македонски јазик, Македонска историја!
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
Нема што да се решава од наша страна. Ние знаеме кои сме и што сме.
Ние сме Македонци, зборуваме на Македонски јазик и си имаме наша богата Македонска историја култура и традиција.
Јас го решив ова одамна, а вие?
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Нема што да се решава од наша страна. Ние знаеме кои сме и што сме.
Ние сме Македонци, зборуваме на Македонски јазик и си имаме наша богата Македонска историја култура и традиција.
Јас го решив ова одамна, а вие?
Јасно. Сега работата е како да се изигра, со тоа што имаме пета колона во државата која ни ја поткопува позицијата и се уште се надева да ќари власт преку трговија со името (Бранко/СДСМ, А1, Утрински, итн.).
 
Член од
27 август 2010
Мислења
16
Поени од реакции
0
Г'рција никога нјама да се откаже от спора за името и нјама да направи компромис, те са такива там. Ако Македонија не направи компромис, този спор ште се протаква оште д'лги години...което е само и единствено в'в вреда на Македонија.
Какво се чува последно, вашите политици склонни ли са на компромис?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.283
Г'рција никога нјама да се откаже от спора за името и нјама да направи компромис, те са такива там. Ако Македонија не направи компромис, този спор ште се протаква оште д'лги години...което е само и единствено в'в вреда на Македонија.
Какво се чува последно, вашите политици склонни ли са на компромис?
да, спремни се.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Иглбергер: Грција нема историско право да го спори името на Македонија

МИА Коментари (0)
23.09.2010 09:50
Лоренс Иглбергер

Непотребен и неоснован е спорот околу името на Република Македонија, бидејќи таа така се нарекуваше и во рамките на поранешна Југославија и тоа не предизвикало никакви проблеми, оценува поранешниот државен секретар на САД Лоренс Иглбергер.

„Земјата која сега се нарекува Македонија беше нарекувана така и за време на нејзиното постоење како република во рамките на поранешна Југославија. Дали овој факт доведе до сериозни проблеми меѓу Грција и Југославија или меѓу Грција и Југословенската Република Македонија? Имаше недоразбирања кои се заискруваа повремено, но тие никогаш не стигнаа до точка на закана по мирот во регионот.

- И зошто би ескалирале до таму? Има ли нешто по незрело и по будалесто од „уценувањето“ на една нација преку тоа што и се негира членство во меѓународните организации, чија цел е да го чуваат мирот и да ги штитат своите членови од агресија од страна на нечленовите“, вели Иглбергер во интервју за програмата „Гласот на народот“ на телевизијата НТВ, дадено на негово барање, поради како што вели, агресивната кампања на грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Друцас на маргините на Генералното собрание на ОН.

Во врска со кампањата што грчката страна ја води кон Македонија обвинувајќи ја притоа за вршење на „антиквизација“ Иглбергер истакнува оти Грција нема право да ја присвојува античката македонска историја.


Димитрис Друцас

„Грција тврди дека Македон или Македонија и Александар Македонски се нејзвини. Тоа е лажно тврдење и редно време е некој да го обелодени тоа. Античките Грци ја сметале Македонија за полуцивилизирана и која за нив претставувала извор на суровини и ништо повеќе. Подемот на Македонија за време на Филип и неговиот син Александар бил дочекан со забележлив немир и со воено спротивставување, чиј резултат бил стравотниот пораз на градовите како Атина и Теба. Филип и Александар биле сметани за тирани кои ја уриваат слободата на Грците. Тоа што современите Грци тврдат дека античкото кралство на Македон е нивно претставува игнорирање на еден историски факт“, истакнува Лоренс Иглбергер.

Тој додава дека поради ваквите факти, тешко му е да ја прифати валидноста на грчкото барање за сопственост врз името Македонија.

„Античките Грци никогаш не се залагале да тврдат дека Македонија е нивна и никогаш не ги прифатиле ниту Филип, ниту Александар како нивни легитимни владетели. Грчкото тврдење за Македонија се заснова на историски погрешни информации и затоа нема никаква фактичка основа“, истакнува поранешниот висок функционер во Стејт Департментот.

Иглбергер јавно ги изразува своите симпатии за македонскиот народ, иако, како што вели, сфаќа дека не е мудро и е опасно за еден странец да се вмешува во внатрешните работи на две други држави.

„Но, моето воодушевување за силата на карактерот која македонскиот народ го покажа за време на оваа дебата го оправдува фактот што јас заземам страна“, истакнува Иглбергер. [/quote]

Почина овој голем пријател на Македонија.

Сајтот на град Скопје, меѓу другите, му оддава почит.

http://www.skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=335



Лоренс Иглбергер



Лоренс Иглбергер (Lawrence S. Eagleburger)

Лоренс Иглбергер (Lawrence Sidney Eagleburger) е познат како Лоренс од Македонија заради неговиот придонес и помошта што ја има пружено на градот Скопје за време на катастрофалниот земјотрес во 1963 година.Во тој период тој работел во Амбасадата на САД во тогашната СФРЈ, како Втор Секретар за економски прашања. Како млад дипломат во тоа време, Иглбергер ја менаџирал и координирал големата американска помош за настраданите од земјотресот и има огромна заслуга за промптното подигање на Американската воена полска болница во Скопје. Заради неговата несебична ангажираност во тоа тешко време и големата приврзаност што ја покажувал кон Македонија, тој го добил прекарот “Лоренс од Mакедонија”. Уште во тој период, Иглбергер покажал видлива пристрасност кон Македонија и кон Скопје.

Токму заради големиот гест околу помошта за градот Скопје, Лоренс Иглбергер во текот на својот мандат како амбасадор на САД во Белград (1977-1980 година), стекнал голема популарност. Од тогаш често доаѓал да ја посети Македонија и Скопје. Во едно од многубројните последни интервјуа, тој вели: Не сум бил во Македонија и Скопје најмалку десет години, но се сеќавам многу добро на 26 јули 1963 година. Се сеќавам многу добро на храброста на граѓаните на Скопје по катастрофата и се сеќавам колку напорно работеа за да го изградат повторно градот. Со голема наколонетост се сеќавам и на Скопје и на Mакедонија”.

Лоренс Иглбергер е роден во Милвоки, Висконсин во 1930 година. Дипломирал и магистрирал на Универзитетот во Висконсин. Од 1957 година бил ангажиран во надворешната политика на САД, работејќи во повеќе амбасади и конзулати на САД во светот.

Иглбергер е истакнат американски дипломат од кариера. Во текот на својата богата кариера, тој секогаш бил на високи функции во Стејт Департментот. Од 1969-1971 година работел за администрацијата на Nixon како асистент за националниот советник за безбедност. Во периодот од 1973 до 1977 година бил Заменик на тогашниот државен секретар на САД, Henry Kissinger, а од 1977 до 1980 година од страна на Jimmy Carter бил именуван за амбасадор на САД во тогашната СФРЈ. Во 1982 година Иглбергер од претседателот Ronald Reagan бил назначен за Државен подсекретар за европски прашања, а од страна на George H.W. Bush во 1989 година е именуван за Заменик Државен Секретар на САД. Во 1992 година Иглбергер бил именуван на функцијата Државен Секретар на САД, што е втора по ранг функција во Соединетите Американски Држави.

Лоренс Иглбергер е влијателен американски политичар кој во својата политичка и дипломатска кариера има постигнато големи резултати во смирување на односите при крајот на студената војна, промените во тогашниот СССР, како и конфликтите на Балканот. Заради посебната приврзаност кон Македонија, тој секогаш бил заинтересиран за нејзиниот политички развој и лобирал за јакнење на позицијата на Република Македонија на меѓународен план.

Лоренс Иглбергер сèуште е активен во политиката на САД и активно ги следи и анализира политичките збиднувања во САД и во светот. Негува голема доза на пријателство, симпатии и почит за Република Македонија и градот Скопје и редовно ги следи актуелните состојби во државата. Во неговите коментари и интервјуа што ги дава во последно време, Лоренс од Македонија постојано ја потенцира поддршката што ја дава САД на нашата земја, неговата лична заинтересираност за иднината на државата и стабилноста на регионот.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
Г'рција никога нјама да се откаже от спора за името и нјама да направи компромис, те са такива там. Ако Македонија не направи компромис, този спор ште се протаква оште д'лги години...което е само и единствено в'в вреда на Македонија.
Какво се чува последно, вашите политици склонни ли са на компромис?
Ние дечко ако не си знаел веќе го направивме компромисот, сменивме устав, сменивме знаме. Нема поголем компромис од тоа. Уште името ни остана и ако и тоа го смениме тогаш ние сме направиле 3 компромиса а Грција 0. И каде е тука еднаквоста и праведноста? Грција се на ред да престанад да се педерчат. Така да немој многу муда за бубрези да шиткаш.
 
Член од
6 декември 2010
Мислења
238
Поени од реакции
158

Oва видео е дел од распитот на идниот Американски амбасадор во Македонија пред да биде официјално назначен.
По прашањата и изјавите на сенаторот, кој ја ословува Македонија со ФИРОМ btw, и на идниот амбасадор, јасно може да се види каква е ОФИЦИЈАЛНАТА политика на сегашната администрација на USA во однос на спорот со Грција. Се обвинува Македонија за иредентизам, дека има територијални претензии спрема Грција, децата се учеле за голема Македонија, јасно се нагласува дека е спор за идентитетот, а не само техничко прашање за името итн, итн. Очигледно е дека на Грција се гледа како на жртва во целиот овој спор од страна на САД и дека признавањето на Македонија по уставното име не значи ама баш ништо.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Мендез е прватра перјаница на грчкото лоби, секогаш ни правел проблеми.

Треба Турците да го решат некако.

Мене повеќе ме беспокои бирократот кој што ќе дојде во функција на амбасадор, многу бер'бетрнички се однесуваше.
 
Член од
25 мај 2011
Мислења
321
Поени од реакции
52
Да! Најнамерно е!

И тоа е за таквите како тебе да се лажат уште малце... Полека полека излегува на виделина вистината и затоа си преплашен ти и тој што те плака, па се факате за тоа мало зборче former :vozbud: Патетични сте! :baeh:

Ама знаеш ли што?

Јас, ти и шефот твој добро знаеме дека кога станува збор за политика и дипломатија, посебно од човек што бил на таква позиција во САД и своевремено бил асистент и учел од Хенри Кисинџер, и не е така мала работа. Кажува тоа и други работи во позадина!

е затоа рипаш како млад мајмун на зборче :smir:

ајде продолжи да се нервираш... зашто те плакаат? :salut:
former значи дека не е позиција на американската држава, а мислење на поранешенполитичар
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
САД ја условува финансиската помош за Македонија со преговорите за името

22.07.2011

Помошта од Американската влада наменета за Македонија е условена од конструктивноста на земјава во преговорите со Грција.

Во документ на 160 - тина страници усвоен од Комитетот за надворешни работи не само што се условува финансиската помош за земјава туку за прв пат по признавањето под уставното име, Македонија се ословува како ФИРОМ.
Образложението на Конгресниот комитет е дека Македонија, за разлика од Грција, не покажува волја за водење на преговорите и, напротив, прави потези кои се провокациски и кавгаџиски кон јужниот сосед, со што ја прекршува Времената спогодба.
- „Грција демонстрира енормно добра волја со тоа што зборот Македонија може да биде вклучен во идното име на Поранешната Југословенска Република Македонија (ПЈРМ), бидејќи терминот е комбиниран со географска одредница, што појаснува дека нема територијални амбиции кон северната покраина во Грција наречена со истото име Македонија, стои во нивното образложение.
Подолу стои: ПЈРМ ја прекршува Времената спогодба во ОН меѓу двете земји со тоа што има подбуцнувачка реторика и пропаганда, со што паѓаат во вода обидите на САД за напредок на преговорите за да се постигнат долгоочекуваните цели на САД и на ОН за наоѓање на взаемно прифатливо решение“, се вели во образложението.
Конгресмените заклучиле дека помошта на САД за Македонија треба да биде условена со покажување волја на ПЈРМ за водење на суштински преговори со Грција.
За оваа одлука на Комитетот за надворешни работи на Конгресот реагира Мето Колоски, првиот човек на Обединетата македонска дијаспора.
Според него, документот е донесен под влијание на грчкото лоби во САД и прогрчки настроените конгресмени и апелира за помош да се спречи оваа одлука на Комитетот да помине и во Конгресот.
Тој потенцира дека проблемот е ургентен и додава дека за прв пат во официјалните документи на САД земјава се нарекува со привремната референца, откако администрацијата предводена од поранешниот претседател Џорџ Буш ја призна Македонија под уставното име во 2004 година.

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/sad-ja-uslovuva-finansiskata-pomosh-za-makedonija-so-pregovorite-za-imeto
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
уште да дадеше некој превод..небаре сите знаат гејски овде..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom