USA secretary of state: Грција нема историско право да го спори името на Македонија

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Кажаното од Иглбергер има голема тежина и никако не може да се споредува со некаков кретен од ЕУ - тип Дорис Пак.

Иглбергер секогаш стоел зад Македонија, а исто и неговите луѓе. На пример, еден Американски амбасадор во Бугарија, кој што е од школото на Иглбергер, буквално првиот ден им кажа на Татарите за постоењето на Македонци во Бугарија па будалите направија скандал.

Инаку, ова е втор пат последниве неколку месеци човеков јавно да се заземе против промена на името. Многу јако им го плеска на јужниве во лице со оглед на тоа дека имаме зголемен притисок.

Без разлика што е поранешен државен секретар, Иглбергер е еден од водечките луѓе за меѓународни односи во САД.

Голема благодарност до него!
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Не знам дали си приметил како некое непишано правило -повеќето кои во еден одреден период не имаат поддржано (имаше мислам некои од средна Европа, па од Словенија, па американци и онаа Дорис Пак), после извесно време како по правило ни го брцаат ножот. Знаеш, отпрвин -добро, вие имате право, никој не смее да ви се меша...за после некое време да сменат настап во -сепак, ако сакате во еу и нато, морате да размислите...не е тоа ништо страшно, некако да се задоволат грците... Овие се платени да настапуваат (додека ние дремем тука, тие си ги имаат скроено настапите и изјавите за во блиска иднина -као шах што се вели), не дека сум против, но ме плашат нивните следни изјави за некој месец :)
Уф .. нема тотално врска споредбава Лурц ..
Имаше такви кои рекле ве подржуваме па ни збрцале нож, но само тоа и рекле „Ве подржуваме“ ...
а овој не е само на Јас/Ние ве подржуваме .. прочитај го она што го подвлеков и болдирав во предходната страна .. http://forum.kajgana.com/showthread.php?53649-USA-secretary-of-state-Грција-нема-историско-право-да-го-спори-името-на-Македонија&p=3795881&viewfull=1#post3795881

а до оние шо упорно го намалуваат значењето на ова со тоа шо бил формер .. џабе зборат ..
формер или не .. Бил на значајна функција и има влијание човекот ... сакате да кажете оти е бивш државен секретар нема веќе влијание? ... глупости .. сакате да кажете дека Тони Блер нема веќе влијание? Буш нема веќе влијание? Клинтон нема веќе влијание? (не се/не биле на иста функција но колку шо овие погоре напоменати имаат и сега влијание, толку и овој има влијание во САД)
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Грција нема историско право да го спори името на Македонија

Иглбергер: Грција нема историско право да го спори името на Македонија




Непотребен и неоснован е спорот околку името на Република Македонија, бидејќи таа така се нарекуваше и во рамките на поранешна Југославија и тоа не предизвикало никакви проблеми, оценува поранашниот државен секретар на САД Лоренс Иглбергер.

- Земјата која сега се нарекува Македонија беше нарекувана така и за време на нејзиното постоење како република во рамките на поранешна Југославија. Дали овој факт доведе до сериозни проблеми меѓу Грција и Југославија или меѓу Грција и Југословенската Република Македонија? Имаше недоразбирања кои се заискруваа повремено, но тие никогаш не стигнаа до точка на закана по мирот во регионот. И зошто би ескалирале до таму? Има ли нешто по незрело и по будалесто од „уценувањето“ на една нација преку тоа што и се негира членство во меѓународните организации, чија цел е да го чуваат мирот и да ги штитат своите членови од агресија од страна на нечленовите, вели Иглбергер во интервју за програмата „Гласот на народот“ на телевизијата НТВ, дадено на негово барање, поради како што вели, агресивната кампања на грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Друцас на маргините на Генералното собрание на ОН.

Во врска со кампањата што грчката страна ја води кон Македонија обвинувајќи ја притоа за вршење на „антиквизација“ Иглбергер истакнува оти Грција нема право да ја присвојува античката македонска историја.

- Грција тврди дека Македон или Македонија и Александар Македонски се нејзвини. Тоа е лажно тврдење и редно време е некој да го обелодени тоа. Античките Грци ја сметале Македонија за полуцивилизирана и која за нив претставувала извор на сировини и ништо повеќе. Подемот на Македонија за време на Филип и неговиот син Александар бил дочекан со забележлив немир и со воено спротиставување, чиј резултат бил страотниот пораз на градовите како Атина и Теба. Филип и Александар биле сметани за тирани кои ја уриваат слободата на Грците. Тоа што современите Грци тврдат дека античкото кралство на Македон е нивно претставува игнорирање на еден историски факт, истакнува Лоренс Иглбергер.

Тој додава дека поради ваквите факти, тешко му е да ја прифати валидноста на грчкото барање за сопственост врз името Македонија.

- Античките Грци никогаш не се залагале да тврдат дека Македонија е нивна и никогаш не ги прифатиле ниту Филип, ниту Александар како нивни легитимни владетели. Грчкото тврдење за Македонија се заснова на историски погрешни информации и затоа нема никаква фактичка основа, истакнува поранешниот висок функционер во Стејт Департментот.

Иглбергер јавно ги изразува своите симпатии за македонскиот народ, иако, како што вели, сфаќа дека не е мудро и е опасно за еден странец да се вмешува во внатрешните работи на две други држави. - Но, моето воодушевување за силата на карактерот која македонскиот народ го покажа за време на оваа дебата го оправдува фактот што јас заземам страна, истакнува Иглбергер./миа

Извор: Канал 5 ТВ


Браво за типов! Конечно некој странец да им ја плесне вистината во лице на гејците!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.664
Поени од реакции
12.060
Последно време (со еден исклучок за грецкиот премиер) сум малку повоздржан, ради надежите во минатото. Но Дајбоже, штом е така како што велите...добро е.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
112
Поени од реакции
26
hmmm..mozebi ke zvucam paranoicno no..nadupi levo, nadupi desno..koga ke dojde vreme i povolnost za toa, stvori vojna..prodaj mu oruzje levo, prodaj desno..potoa dojdi nebare se zalagas za mir..pa zaposedni gi prirodnite resursi..huhhhh...
se iznagledavme kurvinski scenarija od site svoi komsii, iznapateni sme od site niv i sega se pazime od senkata..ne pak od izjavite na amerikanci..kolku i pozitivni zvucele vo momentot..
 
Член од
5 мај 2010
Мислења
20
Поени од реакции
2
многу ти е кејф дека е "former" ?

не се секирај ке биде и "current" поинаку еден ден...

вистината се тенчи ама не се кине

Не коментирам дали ми е кеф или не но former е важно уточнение, според мене изоставено намерно :toe:
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
vistina e vistina, poveke pati povtoruvana laga ne e vistina, sto e nase ke si dojde
 
Член од
29 септември 2007
Мислења
245
Поени од реакции
17
Не коментирам дали ми е кеф или не но former е важно уточнение, според мене изоставено намерно :toe:
Да! Најнамерно е!

И тоа е за таквите како тебе да се лажат уште малце... Полека полека излегува на виделина вистината и затоа си преплашен ти и тој што те плака, па се факате за тоа мало зборче former :vozbud: Патетични сте! :baeh:

Ама знаеш ли што?

Јас, ти и шефот твој добро знаеме дека кога станува збор за политика и дипломатија, посебно од човек што бил на таква позиција во САД и своевремено бил асистент и учел од Хенри Кисинџер, и не е така мала работа. Кажува тоа и други работи во позадина!

е затоа рипаш како млад мајмун на зборче :smir:

ајде продолжи да се нервираш... зашто те плакаат? :salut:
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
^^ шо му обрнуваш внимание и му даваш повод да спамира и реплицира ... батали таму ..
 
P

Princ

Гостин
Сега една телевизија (патриотска наравно) ќе прати еден способен новинар и двајца камермани каде и да се наоѓа типов, и ќе направат едно долго и опширно интервју со него да ги објасни убаво неговите ставови.
Ова нема да се случи, ама онака викам, што е правилно да се случи.
 

антонија

модел
Член од
22 август 2010
Мислења
144
Поени од реакции
6
многу ти е кејф дека е "former" ?

не се секирај ке биде и "current" поинаку еден ден...

вистината се тенчи ама не се кине
баш така
вистината е бавна но е достижна
вистината може да се сакрива но не може да исчезне,сонцето се сокрива зад облакот ама не може да исчезне - елвис присли
 
Член од
22 август 2009
Мислења
615
Поени од реакции
221
Сите го знаат тоа, ама овој од некоја причина јавно го кажа.
Само замислете што ќе беше ако кажеше дека Грците се во право, тогаш ќе пишеше ли некој со големи букви Former. Немаше да пуштам А1 неколку месеци, на глава ќе ни се качеа. Ама вака бил само поранешен секретар, нема никаква функција.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Браво за типов! Конечно некој странец да им ја плесне вистината во лице на гејците!
Помош е добродојдена од било каде, а посебно од високи инстанци!

А неговово е баш плескање во лице, мислам дека е смислено, .зошто некои структури сепак не даваат белосветските комуњари, вкл. ги и тие во САД, да прават што сакаат. Сходно треба да му се даде публицитет што можно повеќе - насекаде! - бидејќи и онака сме притиснати, а притисокот расте.

Инаку “Лери’’ во времето на Студената војна ја започна кариерата во Скопје. 3атоа е познат и како “Лоренс од Македонија’’. Во тоа време, Иглбергер палеше и гасеше, беше еден од тие кој направија Југославија да добие авиони од САД во замена за земјоделски производи и други работи, го протера проектот “Југо’’ да се увезува во САД, итн., итн.
 
Член од
29 септември 2007
Мислења
245
Поени од реакции
17
знам дека веке има пост за настанот ама чисто да има трага и овде дека ништо не е случајно...

а каде е ова платеникот пак да каже "former"? :smir:

Средба Иванов - Обама, охрабрувачки пораки од САД

24.09.2010 - 18:10 Она што требаше да биде само ракување меѓу Иванов и Обама, прерасна во средба со охрабрувачки пораки за Македонија.



На вечера приредена за шефовите на делегациите Обама и Иванов имаа можност да разговарат дури два пати.

Она што Обама му го пренел на Иванов е дека во моментов Грција е под силен притисок за името.

Неофицијално, првиот човек на САД на македонскиот претседател му пренел дека Вашингтон е меѓу оние кои најсилно притискаат кон Атина за решение.
Позитивната порака на Обама доаѓа само еден ден по средбата на Папандреу со заменик претседателот на САД, Џо Бајден.

Иванов деновиве се сретна и со генералниот серетар на НАТО, Расмунсен, првиот човек на Европската Комисија, Баросо и австрискиот претседател Фишер.


извор: http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/sredba-ivanov-obama-ohrabruvachki-poraki-od-sad
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Да беа комунистите на власт ке го окркавме стапот со името све ке сменеа.. Но има луѓе кои сеуште се борат и покрај тоа што има секакви гомна во државата!!!!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom