USA secretary of state: Грција нема историско право да го спори името на Македонија

Член од
29 септември 2007
Мислења
245
Поени од реакции
17
Иглбергер: Грција нема историско право да го спори името на Македонија

МИА Коментари (0)
23.09.2010 09:50
Лоренс Иглбергер

Непотребен и неоснован е спорот околу името на Република Македонија, бидејќи таа така се нарекуваше и во рамките на поранешна Југославија и тоа не предизвикало никакви проблеми, оценува поранешниот државен секретар на САД Лоренс Иглбергер.

„Земјата која сега се нарекува Македонија беше нарекувана така и за време на нејзиното постоење како република во рамките на поранешна Југославија. Дали овој факт доведе до сериозни проблеми меѓу Грција и Југославија или меѓу Грција и Југословенската Република Македонија? Имаше недоразбирања кои се заискруваа повремено, но тие никогаш не стигнаа до точка на закана по мирот во регионот.

- И зошто би ескалирале до таму? Има ли нешто по незрело и по будалесто од „уценувањето“ на една нација преку тоа што и се негира членство во меѓународните организации, чија цел е да го чуваат мирот и да ги штитат своите членови од агресија од страна на нечленовите“, вели Иглбергер во интервју за програмата „Гласот на народот“ на телевизијата НТВ, дадено на негово барање, поради како што вели, агресивната кампања на грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Друцас на маргините на Генералното собрание на ОН.

Во врска со кампањата што грчката страна ја води кон Македонија обвинувајќи ја притоа за вршење на „антиквизација“ Иглбергер истакнува оти Грција нема право да ја присвојува античката македонска историја.


Димитрис Друцас


„Грција тврди дека Македон или Македонија и Александар Македонски се нејзвини. Тоа е лажно тврдење и редно време е некој да го обелодени тоа. Античките Грци ја сметале Македонија за полуцивилизирана и која за нив претставувала извор на суровини и ништо повеќе. Подемот на Македонија за време на Филип и неговиот син Александар бил дочекан со забележлив немир и со воено спротивставување, чиј резултат бил стравотниот пораз на градовите како Атина и Теба. Филип и Александар биле сметани за тирани кои ја уриваат слободата на Грците. Тоа што современите Грци тврдат дека античкото кралство на Македон е нивно претставува игнорирање на еден историски факт“, истакнува Лоренс Иглбергер.

Тој додава дека поради ваквите факти, тешко му е да ја прифати валидноста на грчкото барање за сопственост врз името Македонија.

„Античките Грци никогаш не се залагале да тврдат дека Македонија е нивна и никогаш не ги прифатиле ниту Филип, ниту Александар како нивни легитимни владетели. Грчкото тврдење за Македонија се заснова на историски погрешни информации и затоа нема никаква фактичка основа“, истакнува поранешниот висок функционер во Стејт Департментот.

Иглбергер јавно ги изразува своите симпатии за македонскиот народ, иако, како што вели, сфаќа дека не е мудро и е опасно за еден странец да се вмешува во внатрешните работи на две други држави.

„Но, моето воодушевување за силата на карактерот која македонскиот народ го покажа за време на оваа дебата го оправдува фактот што јас заземам страна“, истакнува Иглбергер.

source: http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=127768
 
Член од
5 мај 2010
Мислења
20
Поени од реакции
2
USA FORMER secretary of state: Грција нема историско право да го спори името на Македонија
 
Член од
29 септември 2007
Мислења
245
Поени од реакции
17
USA FORMER secretary of state: Грција нема историско право да го спори името на Македонија

многу ти е кејф дека е "former" ?

не се секирај ке биде и "current" поинаку еден ден...

вистината се тенчи ама не се кине
 
Х

Ханзо

Гостин
Вистината сега е дека овој е формер, нешто како ние. Супер што си кажал човекот, но има милиони во САД кои не поддржуваат, и милиони кои не не поддржуваат.

Се додека не е USA current Secretary of State, bringer of holy stately news about the government's policy, овој е важен колку и рандом евролајнарите за кои никој не чул кои зборуваат против Македонија.
 

spaso

Discover the ultimate in relaxed romance with the
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779
Ovoj podobro ni pravi odkolku kretenive od SDSM i sto e uste postrasno koga ke razmislime ovoj e amerikanec , a drugive anti makedonisti si se etnicki makedonci .
Se prasuvam samo uste kolku ke izdrzi ovoj napaten narod da go gleda Crvenkovski i negovata bagra .
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Иглбергер: Грција нема историско право да го спори името на Македонија

Непотребен и неоснован е спорот околу името на Република Македонија, бидејќи таа така се нарекуваше и во рамките на поранешна Југославија и тоа не предизвикало никакви проблеми, оценува поранешниот државен секретар на САД Лоренс Иглбергер.
Земјата која сега се нарекува Македонија беше нарекувана така и за време на нејзиното постоење како република во рамките на поранешна Југославија. Дали овој факт доведе до сериозни проблеми меѓу Грција и Југославија или меѓу Грција и Југословенската Република Македонија? Имаше недоразбирања кои се заискруваа повремено, но тие никогаш не стигнаа до точка на закана по мирот во регионот.
- И зошто би ескалирале до таму? Има ли нешто по незрело и по будалесто од „уценувањето“ на една нација преку тоа што и се негира членство во меѓународните организации, чија цел е да го чуваат мирот и да ги штитат своите членови од агресија од страна на нечленовите“, вели Иглбергер во интервју за програмата „Гласот на народот“ на телевизијата НТВ, дадено на негово барање, поради како што вели, агресивната кампања на грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Друцас на маргините на Генералното собрание на ОН.
Во врска со кампањата што грчката страна ја води кон Македонија обвинувајќи ја притоа за вршење на „антиквизација“ Иглбергер истакнува оти Грција нема право да ја присвојува античката македонска историја.
Грција тврди дека Македон или Македонија и Александар Македонски се нејзини. Тоа е лажно тврдење и редно време е некој да го обелодени тоа. Античките Грци ја сметале Македонија за полуцивилизирана и која за нив претставувала извор на суровини и ништо повеќе. Подемот на Македонија за време на Филип и неговиот син Александар бил дочекан со забележлив немир и со воено спротивставување, чиј резултат бил стравотниот пораз на градовите како Атина и Теба. Филип и Александар биле сметани за тирани кои ја уриваат слободата на Грците. Тоа што современите Грци тврдат дека античкото кралство на Македон е нивно претставува игнорирање на еден историски факт“, истакнува Лоренс Иглбергер.
Тој додава дека поради ваквите факти, тешко му е да ја прифати валидноста на грчкото барање за сопственост врз името Македонија.
Античките Грци никогаш не се залагале да тврдат дека Македонија е нивна и никогаш не ги прифатиле ниту Филип, ниту Александар како нивни легитимни владетели. Грчкото тврдење за Македонија се заснова на историски погрешни информации и затоа нема никаква фактичка основа“, истакнува поранешниот висок функционер во Стејт Департментот.
Иглбергер јавно ги изразува своите симпатии за македонскиот народ, иако, како што вели, сфаќа дека не е мудро и е опасно за еден странец да се вмешува во внатрешните работи на две други држави.
„Но, моето воодушевување за силата на карактерот која македонскиот народ го покажа за време на оваа дебата го оправдува фактот што јас заземам страна“, истакнува Иглбергер.



source: http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=127768
Вие тупете ја дали бил Формер или не ... сепак човеков имал БИТНА функција и не е Било Кој ...
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
1.543
Поени од реакции
42
До кога странци ќе не оправаат и до кога ќе им се радуваме на нивните коментари?
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
До кога странци ќе не оправаат и до кога ќе им се радуваме на нивните коментари?
а шо да не треба да ги игнорираме нивните позитивни коментари и да ја отфрламе подршката која ја даваат?
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
1.543
Поени од реакции
42
а шо да не треба да ги игнорираме нивните позитивни коментари и да ја отфрламе подршката која ја даваат?
Они сеир си тераат со нас и со нашата проста политика во врска со прашањето за името.Ова не се однесува на владејачката партија конкретно,туку општо на целиот однос кон проблемот.Така било и пред 10 години,така е и сега - очигледно Македонија нема да напредне и во цел трет милениум.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Они сеир си тераат со нас и со нашата проста политика во врска со прашањето за името.Ова не се однесува на владејачката партија конкретно,туку општо на целиот однос кон проблемот.Така било и пред 10 години,така е и сега - очигледно Македонија нема да напредне и во цел трет милениум.
Е добро шо сакаш да кажеш ..
да ги маргинализираме и да не им обрнуваме внимание на оние кои не подржуваат? тоа ли сакаш да кажеш ..

па грцине зошто се напред во споров .. поради маргинализација на нивните лобисти и нивните подржувачи или?

кој вика дека некои не тераат сеир .. ама еве овој кој јавно дава подршка зошто да не му обрнеме внимание и да не ги употребуваме неговите изјави?
 
Член од
29 септември 2007
Мислења
245
Поени од реакции
17
позитивно е секако... ова ИМА ефект каков таков, секако е позитивен... посебно што наголемо се оспоруваат лагите на гејлада!

ако не друго барем лугето ке се посомневаат во позициите на гејлада
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
USA FORMER secretary of state: Грција нема историско право да го спори името на Македонија
Ај бе гледај си твоја работа.

Вистината сега е дека овој е формер, нешто како ние. Супер што си кажал човекот, но има милиони во САД кои не поддржуваат, и милиони кои не не поддржуваат. Се додека не е USA current Secretary of State, bringer of holy stately news about the government's policy, овој е важен колку и рандом евролајнарите за кои никој не чул кои зборуваат против Македонија.
И што? Ај ако не да читаме само како ни прават mindfuck и како ни зборат “Е па нема ништо да ви се случи ако го смените името на хартија“. Вакви работи од моќни луѓе се битни за нас како држава. Не е битно дали е формер или презент. Тоа е човек кој бил на висока фунција така што неговото мислење и те како ќе допре до институциите.

Да, треба да се радуваме на вакви работи, затоа што јебига немаме сила, немаме моќ, мала држава сме на политички план особено, така што било каква поддршка е и повеќе од добродојдена. Грците и за песни се бунат, се бунат за филмови, се бунат што во Индијана Џонс имало една реплика за Македонија, а ние ако не дај све да отфрлиме побогу.

Поддршка си е поддршка. И треба да не радува што воопшто некој не поддржува имајќи го во предвид огормното и влијателното грчко лоби.
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630
postoi golema razlika vo tezinata na izrecenoto dali ova go kazuva nekoj official secretary of state ili former secretary of state,kade bil da go kaze ova koga bil official secretary of state,vaka koga ke zaminat od funkcija tropaat se,ne velam deka rekol nesto loso naprotiv, no mislam deka e licemerno da se davaat razlicni izjavi vo zavisnost od toa dali se aktivni vo politikata ili se penzionirani politicari
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
postoi golema razlika vo tezinata na izrecenoto dali ova go kazuva nekoj official secretary of state ili former secretary of state,kade bil da go kaze ova koga bil official secretary of state,vaka koga ke zaminat od funkcija tropaat se,ne velam deka rekol nesto loso naprotiv, no mislam deka e licemerno da se davaat razlicni izjavi vo zavisnost od toa dali se aktivni vo politikata ili se penzionirani politicari
Па не е пензиониран, само не е веќе на функција. Не е лицемерно, целиот тој процес се нарекува дипломатија. Не може официјален претставник на Америка да го каже ова, затоа што ќе ги влоши односите со Грција, која сепак е дел од НАТО и ЕУ. Не дека го оправдувам тоа, ама тоа се правилата на игра во дипломатијата. Кажуваш, а уствари не кажуваш. :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Е добро шо сакаш да кажеш .. да ги маргинализираме и да не им обрнуваме внимание на оние кои не подржуваат?
Не знам дали си приметил како некое непишано правило -повеќето кои во еден одреден период не имаат поддржано (имаше мислам некои од средна Европа, па од Словенија, па американци и онаа Дорис Пак), после извесно време како по правило ни го брцаат ножот. Знаеш, отпрвин -добро, вие имате право, никој не смее да ви се меша...за после некое време да сменат настап во -сепак, ако сакате во еу и нато, морате да размислите...не е тоа ништо страшно, некако да се задоволат грците... Овие се платени да настапуваат (додека ние дремем тука, тие си ги имаат скроено настапите и изјавите за во блиска иднина -као шах што се вели), не дека сум против, но ме плашат нивните следни изјави за некој месец :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom