Употребете ја имагинацијата и освојте награда

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.610
Поени од реакции
8.782
Веб-сајт
www.flickr.com
Mokta%20na%20imaginacijata.jpg


- Имате помеѓу 14 и 30 години?
- Сакате да фотографирате?
- Сакате да се натпреварувате со луѓе од целиот свет?

Ова е Вашата можност!

ПСМ Фондација во рамките на Глобалната Недела на Претприемништвото 2012 организира прелиминарен национален натпревар за интернационалниот натпревар на тема „Моќта на имагинацијата“ организиран од Универзитетот Висмар од Германија.

За што се работи?

Натпреварот има за цел да ги охрабри учесниците да споделат уметнички поглед во интернационален натпревар. Ние ги бараме најимпресивните и инспиративни фотографии кои прикажуваат како верувањето во претприемачката идеја може да направи разлика.

Како да учествувате?

Фотографирајте една фотографија со значење кон темата „Моќта на имагинацијата“, нагласувајќи ја моќта и потенцијалот на претприемачките идеи. Предлозите треба да ги испратите електронски на yes@yes.org.mk со назнака „Моќта на имагинацијата“ со следнава содржина:

- Една фотографија
- Еден текст документ со краток опис на фотографијата

Краен рок за испраќање на фотографиите е 15ти Септември.

Доколку имате желба за учество задолжително прочитајте ги правилата на следниот линк.

Извор.
 
Краен рок 15ти септември.
Due tomorrow - do tomorrow.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom