ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
Државата нема намера да ни дозволи бесплатно да се лекуваме, па не ни останува ништо друго освен да умреме среде Каменица, едногласни се стотина трудови инвалиди од рудникот „Саса“. На третата недела од штрајкот со глад тие низ солзи, разочарани кажуваат дека Владата не покажала интерес да им излезе во пресрет и да им ги реши барањата.
Поранешните ударници што стекнале инвалидитет во јамите на рудникот „Саса“, бараат веднаш да се рестартира рудникот, а на трудовите инвалиди да им се овозможи да станат корисници на инвалидска пензија.
Малиш Стојменовски неодамна преживеал мозочен удар, но сепак е решен до крај да остане на протести.
- Лекарите ме советуваат да останат в болница, но тоа ми изгледа невозможно бидејќи нема со што да го платам лекувањето. Откако ми кажаа дека за три дена поминати во болница треба да платам 4.500 денари, веднаш самоиницијативно се облеков и си заминав - вели тој.
Стојменовски се жали дека не може да си дозволи ниту 500 денари за да ги купи потребните лекови.
- Го загубив окото во рудникот, имам околу 25 години работен стаж, а немам право ниту на социјална помош, бидејќи жена ми е вработена. За да биде иронијата поголема, таа нема земено плата веќе пет месеци. Ниту децата не можам да ги пратам на факултет иако средното образование го завршија со одличен успех. Од каде да им најдам пари за тоа - вели низ солзи поранешниот рудар Миле Митревски.
Рударите немаат намера да ги напуштат двата шатори што самите ги поставија во центарот на Каменица и велат дека ќе останат таму се додека државата не им ги исполни барањата. Досега за време на тринеделниот протест ниту еден претставник од Владата не ги посетил прегладнетите рудари.
- Што повеќе да бараме од премиерот и министрите кога никој од нив не најде ниту пет минути да не посети и да ни ги слушне проблемите. Не ни е воопшто тешко да штрајкуваме со глад од едноставна причина што и немаме што да јадеме, ниту пак знаеме како да ги прехраниме нашите семејства - вели Миладин Атанасковски, кој боледува од епилепсија.