UEFA EURO 2020 - Општа дискусија

Член од
1 септември 2014
Мислења
5.148
Поени од реакции
7.850
Белгија и Франција ми се најдобрите екипи тука, Англија и Италија ми се од втор план за висок пласман. Очекувам слаб настап (за нивни стандарди) на Шпанија и Германија, паднати се некако. Хрватска ќе се избламира, Полска ќе ја тепа Шпанија во група.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Вака кога да видиш, стварно не сме во некоја претешка група. Вака мислам дека најмногу шанси за победа имаме против Австрија, а и најмногу треба да се мотивирани нашите заради двата порази во претходните квалификации. Со Украина некако може да испадне и најтешко. Што знам, некако против такви репрезентации од среден ранг тешко играме. Плус што се многу непредвидлива репрезентација. Со Холандија многу ќе зависи и каква ќе биде ситуацијата пред тоа последно коло. Дали тие ќе бидат мотивирани, дали ќе им треба резултат, со кој состав ќе излезат итн.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.832
Поени од реакции
7.554
Англија - откако пратам фудбал сега има најслаба конкуренција за да освои иако
Франција - машини, очекувам да освојат
Германија - трет фаворит, сепак и покрај моменталната лоша форма имаат одлични играчи
Шпанија - најслаб состав откако ќе се повторам пратам фудбал. Би типувал и група да не поминат
Италија - мех, ништо посебно како и последниве 10 - 15 години. -2006та
Белгија - имаа јак тим ама некако подостаре без освежувања, Азар на хамбургери не очекувам да освојат.
Македонија - Минимален пораз од Холандија, победа со Украина и нерешено со Австрија. Украина и Австрија играат нерешено и губат од Холандија. Како втори одиме понатаму!
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Не знам како Белгија ја ставате во репрезентации со најдобар состав, Франција, Португалија и Англија имаат далеку подобар состав.
Немаат лев бек, играчи на кој времето им измина (Вертонген, Мертенс), мртов Азар, немаат клупа. Еден играч да им се повреди ќе немаат достојна замена за го сменат.

За мене главни фаворити се Франција и Португалија, далеку најдобри состави имаат, па како трети ги ставам Англија само поради тоа што увек чокнуваат.
Франција од што ја гледав периодов очекувам минимум полуфинале од нив. Средината не им е најсјајна ама Дешамп знае да го извади максимумот од нив, многу потценет тренер.
Португалија е состав на ѕвезди, селски Бразил 2002. Роналдо, Б.Фернандеш, Феликс, Жота, Б.Силва, Рубен Невеш, Рубен Диаш. Делува страшно на прв поглед, ама играта не им е нешто посебно, уште оставаат иницијатива и мислат дека ова е истата Португалија од пред 4год.
Англија исто има јак состав, посебно се прејаки во напад. Најголем проблем е кој играчи да се стартуваат, ај Кејн има загарантирано место, ама за другиве.
Крила - Стерлинг, Рашфорд, Санчо, Грилиш, Маунт, Фоден.
Средина - Хендерсон, Рајс, Грилиш, Фоден, Маунт, Медисон, Ворд Праус, (Хендерсон треба да е прва ама кој се другите со него)
Десен бек - Арнолд, Волкер, Трипие, Џејмс, Ван Бисака (волку десни бекови немам видено во една репрезентација)
Стопер - Стоунс, Мегваер, Даер, Коуди, Кин, Мингс (кое зло да се одбере)
Лев бек - Шо, Чилвел (тука се тенки)
Голман - Пикфорд, Хендерсон, Поуп.

Послем ги ставам Германија, Шпанија и Белгија.
Од Холандија и Италија ништо не очекувам.
Не знам само од каде сметате дека Италија има некаков состав. Освен Верати, Барела, Донарума и Бастони другите во ниедна јака репрезентација не би фатиле место.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.663
Мислам дека е многу тешко уште од сега да се одбере фаворит за освојување и од тој поглед дефинитивно не очекува интересно и непредвидливо ЕУРО, како што и беше тоа во 2016та. (Иако таму Франција како домаќин и репрезентација во подем и Германија како актуелен Светски првак се наметнуваа како фаворити)

Ако гледаме наназад низ годините, 2018та беше апла дека Франција ќе земе СП, 2014та исто Германија беше убедливо број еден фаворит, Шпанија во 2012та и 2010та очекувано земаа, па мислам дека конечно влегуваме во едно првенство каде нема тим кој можеш да го издвоиш како неколку класи над другите.


Франција можеби пак изгледа најмоќно на хартија, но да не се лажеме, далеку се од тоа што беа пред 3 години во Русија. Англија е тука некаде и конечно изгледа како средена репрезентација, но мислам дека они како и французите во 2016та не се quite there yet, па очекувам генерацијава да го достигне пикот на наредните две првенства. Португалија изгледа многу моќно и е составена од играчи кои во главно кинат во ПЛ, но како што спомна Кики погоре, на терен некако не изгледаат нешто посебно.

Холанѓаните се консолидираа конечно и се враќаат на големите натпреварувања после 7 години, но немаат лидер и предводник на тимот, како што беше Роналдо на претходното ЕП за португалците. Италија исто се враќа после пропуштањето на СП 2018, меѓутоа мислам дека немаат тим за повеќе од 1/2 финале.

Шпанија, Германија, па и Белгија се репрезентации кои најверојатно регресираа во последниве 2-3 сезони, меѓутоа во секоја една од нив има фантастични фудбалери кои и тоа како можат да решат утакмица и да го носат тимот на грб. Шпанците ми се некако најслаби од сите поголеми репрезентации, мислам дека ги чека уште една слична епизода како во Русија. На Германија и Белгија не би им ги одземал шансите, иако на хартија немаат комплетни екипи и изгледаат ранливо на повеќе позиции.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.977
Поени од реакции
55.046
Не знам како Белгија ја ставате во репрезентации со најдобар состав, Франција, Португалија и Англија имаат далеку подобар состав.
Немаат лев бек, играчи на кој времето им измина (Вертонген, Мертенс), мртов Азар, немаат клупа. Еден играч да им се повреди ќе немаат достојна замена за го сменат.
Немањето лев бек не е некој сериозен проблем со оглед на тоа што Мартинез игра некоја специфична 3-4-3/4-3-3 формација, таму лево горе му игра некој од Караско, Торган или Чадли а левиот штопер се поместува ко бек, Вертонген.

Мертенс е далеку од играч чие време изминало. Везе у Наполи, нема мука.

Кај Белгија јас поише глеам недостиг у менталитетот, некако ко да се чокери, и на последните 2 големи натпреварувања ги ставаа во некои фаворити па не оправдаа.

Италија доста се потценува, ко и секогаш, имаат добра генерација е сеа прашањето е Манчини како ќе се постави, квалификациите ги гази ама друго е на турнирот како ќе пристапи. Имаат разноврсни играчи кои може да се комбинираат у различни формации.
На лев бек се тенки, Емерсон не игра у Челзи, Бираги не е репрезентативен материјал, Ди Марко е млад и сеуште нема настап за А тимот ако не се лажам, Спинацола не е бек за у дефанзивна 4ка.
На десен бек освен Флоренци, друг нема, штета Калабрија се повреди, имаше добра сезона до сега, што е за изненадување рака на срце ама ај може ќе се опраи до јуни месец. Нека изврие Дамброзио таму, нека освои Европско, што кур.
На штопери се океј, Бастони треба да игра по секоја логика пошто е најјак италијанец моментално што се однесува на одбраната, партнер негов ваљда Бонучи како искусен. А и од друга страна се наметнува прашање па како ќе се покаже Бастони у одбрана со 4.
У средина се топ.
Нападот исто, у форма се напаѓачите, Киеза, Инсиње, Чиро, Белоти, Берарди.

Англија има најкомплетен состав у цела историја, сега им е време за исчекор, буквално на слатки маки ќе биде Саутгејт со кој состав да искочи.
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.961
Поени од реакции
25.275
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
После Македонија, ја навивам за Англија. Редно време им е да направат исчекор и да мрднат од таа група на "солидни, ама сепак далеку од борба за медал."
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.852
Поени од реакции
3.320
По она што го видов во квалификациите во Март (и горе долу Лига Нации Октомври-Ноември), мислам дека сите групи се отворени. Веројатно најсигурно испаѓа Словачка.
Во првата група, Турција игра доста добро, а на солидно ниво изиграа и Италија и Швајцарија, па така во оваа група ќе има голема борба. Велс можеби најслаб поради формата моментална, ама не се за потценување. Во Б групата, Белгија е фаворит за прво место, ама Данска може да изненади и да ги заебе Белгијците (иако изгубија во ЛН два пати од нив). Данците одиграа маестрални три утакмици на квалификациите за СП досега (рекордна 8-0 победа против Молдавија, 4-0 гостинска победа против Австрија). Русија има два меча дома и позитивно искуство од последното СП. Згора на се им лежи Финска и стално ги победувале со некои си 3-0. На Финска пак и лежи Белгија, а и играат солидно откако се пласираа на ЕП.
Кај нас во група се бива. Мислам дека ние сме во најдобра форма моментално од сите други екипи. Холандија доста се мачеше (дури и со Гибралтар) со Турција и Летонија. Украина не можеше на крај ни Казахстан да го победи (екипа која веројатно најмногу би ни легнала да ги победиме). Австрија топло-ладно и среќа што со нив играме на почеток кога ќе бидеме баш свежи. Ако бидне да сме втори во група и веројатно би играле со Италија, мислам дека сигурно ќе ги добиеме жабарите и тоа ќе биде убава одмазда за оние 2-3 во Скопје каде заслуживме да ги натагарчиме.
Во група Д, Англија веројатно прва (иако не знам дали и се исплати да биде прва.. или како прва или како втора може да налета на Франција/Португалија/Германија од 1/8-финале), а мислам дека со прикажаново во последно време, Хрватска ќе испадне и ќе заврши последна. Во Е, сите се така-така, освен Словачка која мислам сигурно завршува последна. И на крај во Ф групата не би ги потценил Унгарците. Играат некој интересен фудбал. На прошлото ЕП мислев дека ќе бидат последни во далеку полесна група, па завршија први. Во најмала рака можат една да добијат или да извадат бод. Франција ми е некако заситена (иако се доста јаки), како и Германија. Португалија се труди некако уште и водена од Роналдо ќе цели високо.

За шампион немам некој фаворит. Кој ќе има ден, како ќе се потрефи исходот во групите, ќе влијае доста.
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.609
Поени од реакции
11.153
Кога ќе може да се купат карти?
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.132
Поени од реакции
16.638
Морено и Аспас ако не бидат повикани на Европско на сметка на сопнатиот Мората нека се убијат од селекцијата на Шпанија сите.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.168
Поени од реакции
3.447
Кога ќе може да се купат карти?
Мислам дека на 19-20 април ќе се даде точен датум за купување на карти. За жал шансите за карта со коронава се сведени на минимум :/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom