UEFA Champions League - Season 2022/23

Кој ќе биде шампион во ЛШ?


  • Вкупно гласачи
    113
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.964
Поени од реакции
35.575
Не се признава ова. Покажи прав тикет уплатен од локалната цица на шалтер, благо засмрден на кромид и барем 1 капка кечап од сендвичот шо го јадела во моментот.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.762
Поени од реакции
13.410
Мислам дека Интер е премногу потценет, како да се аматерски клуб, а имаат неколку фудбалери кои можат да играат во најсилните клубови, не секој од нив во сите клубови и да биде носител, но би имало место, не за џабе се и заинтересирани тие клубови за нив.

Лаутаро, Барела, Брозовиќ, за Лукаку освојувачот на ЛШ пред само две години даде 100 милиони, Шкриниар веројатно нема да игра, но еве може да го ставиме и Бастони кој е сметан за еден од поталентираните дефанзивци и има голем интерес за него. За Онана не сум сигурен, но пишуваат дека е скоро на исто ниво со Мањан, што би значело дека е меѓу неколкумината најдобри голмани. Не сум сигурен, затоа што не бил доведен толку често во ситуација да видиме колку е добар, како што (за жал) беше доведуван Мањан.

Но, небитно, тоа се веќе шестмина, без Шкриниар, односно повеќе од половина тим. За другите веќе може да се дискутира, но сигурно не се аматери.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.334
Поени од реакции
57.900
Интер нема доволно квалитет на клупа за долга сезона во првенство, инаку за еден натпревар има и тоа како доволно, додади ги тука и старците Џеко и Михтаријан, Дамфриз игра сосема солидно кога нема мозочен удар... Дармијан и Ди Марко се двајца од прв состав кои реално немаат квалитет, но првиот покрива неколку позиции и овозможува да одбраната биде покриена кога излегува некој, а вториот јбг, не е Перишиќ ама надополнува колку може со борбеност и срце. Дефанзивно е најслаба карика ако дојде до ситуација да чува играчи во скок игра.

Е сега за жал, секогаш кога правиме измени тонеме како Титаник. Со ликови како Гаљардини и Кореа сме буквално играч помалку на терен. Дамброзио е 4 години подолго во Интер отколку што треба. Беланова, Аслани итн... немаат никаков импакт. Единствено Де Фрај беше играч, што се случи со него никој не знае. Госенс исто така не е ни бледа сенка од играчот што беше во Аталанта.

Затоа не можеме да добиеме натпревар со висок резултат дури и кога водиме 2-0 рано, или да правиме пресврт со посилни екипи. После 3 измени не постои нешто што би го нарекле игра, се руши како кула од карти. Ако сме се уште во игра после 60 минути, Сити ќе не масакрира ако правиме многу измени, оставање Лаутаро 90 минути во игра и држење на имбецилите строго на клупа. Менување нешто ситно, Брозо-Михтаријан тип на измени и тоа е. Ако издржиме добро, ако не здравје.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.762
Поени од реакции
13.410
Мислам дека Дармиан игра подобро од Дамфриз и да не беше повредата на Шкриниар, без двоумење требаше да биде прв избор за десен бек. А кога сме кај бекови и Ди Марко има подобра сезона од Холанѓанецот. Не само во споредба со него, туку општо Ди Марко има добра сезона, неспоредливо со тоа како изгледаше лани.

Иако на Дамфриз физичките карактеристики му се огромна предност, тоа знае да го искористи Инзаги, но џабе кога овој често засерува, затоа што е технички лимитиран, а некогаш се добива впечаток дека и интелигенцијата не му е силна страна.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.235
Единствено Де Фрај беше играч, што се случи со него никој не знае.
Се случи Инзаги и неговата потреба да на таа позиција игра со чистач односно cover а не плеј као Де Фрај.
Е сеа чистачот и каверот има 50 години и со апсолутно ништо не ја подобри одбраната која си прима голови на скоро секоја утакмица.

Димарко е подобар играч од Дамфриз.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.118
Поени од реакции
20.961
Му текна и на Гвардиола тоа, ама малку касно. Затоа и тргнаа по Ковачич за наредна сезона.

За оваа сезона, честито титула интеристи! :smirce:
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.751
Поени од реакции
8.837
Мислам дека Интер е премногу потценет, како да се аматерски клуб, а имаат неколку фудбалери кои можат да играат во најсилните клубови, не секој од нив во сите клубови и да биде носител, но би имало место, не за џабе се и заинтересирани тие клубови за нив.

Лаутаро, Барела, Брозовиќ, за Лукаку освојувачот на ЛШ пред само две години даде 100 милиони, Шкриниар веројатно нема да игра, но еве може да го ставиме и Бастони кој е сметан за еден од поталентираните дефанзивци и има голем интерес за него. За Онана не сум сигурен, но пишуваат дека е скоро на исто ниво со Мањан, што би значело дека е меѓу неколкумината најдобри голмани. Не сум сигурен, затоа што не бил доведен толку често во ситуација да видиме колку е добар, како што (за жал) беше доведуван Мањан.

Но, небитно, тоа се веќе шестмина, без Шкриниар, односно повеќе од половина тим. За другите веќе може да се дискутира, но сигурно не се аматери.
И Чаканоглу е добар играч реално...Интер има незгоден тим и играчи што можат без игра гол да дадат..посебно средниот ред му е еден од најдобрите во Европа ако ги гледаме квалитативно...Барела-Брозович-Чаканоглу можат со сите да се надигруваат технички и да се надтрчваат буквално...проблемот е тоа што бекојте и одбраната(освен Бастони) се како забавени снимки и технички се послаби.

Резервите се веќе сосема друга работа и тука се катастрофални па затоа се добиваше чуство пред неколку месеци дека Интер е многу слаба екипа бидејќи овие тројцата на средина беа претежно уморни од многу натпревари и се играше со ротационите играчи....но кога се одморени тогаш Интер се доста незгодна екипа на еден натпревар.

Е сега реално и Сити се преквалитетни...буквално како лепак е топката кога е во нозете на Грилиш,Силва,Родри,Гундоган и Де Брујне...после 70та минута има да не торпедираат ако е резултатот 1,2-0 за нив кога ќе паднат физички играчите на Интер.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.334
Поени од реакции
57.900
Уште една причина зошто нема да изгубиме е затоа што никој никогаш не изгубил финале од екипа со навивачи со вакви капчиња:

 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.748
Поени од реакции
12.759
Препорачајте која од светските тв да се прати за pre game анализи и емисии? Овие тројцата (анри, кара и мика) повеќе ми се за reels и заебанции, а арена не верувам толку сериозно да пристапи на утакмицата.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.235
Препорачајте која од светските тв да се прати за pre game анализи и емисии? Овие тројцата (анри, кара и мика) повеќе ми се за reels и заебанции, а арена не верувам толку сериозно да пристапи на утакмицата.
На Мтв 1 ќе има емисија, еден од великаните на фудбалските анализи Панче Ќумбев или Срѓан Захариевски ќе биде гостин уз секогаш сочните и задирливи прашања на големиот Зоран Видески - Видара.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom