Според ова, може многу реално да се случи група каде што ќе има четири поранешни прваци.
Речиси сигурно ќе гледаме "нокаут фаза" тип на средби уште во групна фаза, со можни дербиња од типот Реал-Баерн, Барса-Сити, Челзи-ПСЖ, Атлетико-Ливерпул и слично
А секако тука се Аталанта, Порто, Ајакс, Лајпциг што играа нокаут фаза...
Нормално, Милан, екипа со историја.
Плус од нокаут фаза ако влезат: Глазгов Ренџерс, Шахтјор, Бенфика, Монако, ПСВ, Селтик или од екипиве во комшии Олимпијакос, Динамо Загреб, Звезда..
Како прва цела сезона со фанови (дај боже) може да гледаме пеколни атмосфери на трибините
Точно, дефинитивно следнава сезона ќе има поинтересни групи од оваа година, која од аспект на квалитет можеби беше најслаба во последниве години.
Ама догодина пак ќе има по 3-4 дерби мечеви во групната фаза...а до душа и поради тоа што постои добра шанса да се погодат пар групи каде сериозни екипи ќе мораат да завршат втори..тоа значи и добри нокаут мечеви ќе следиме, се наѕира одлична следна сезона во ЛШ!
Иако стандард, ќе има една до две типични групи од типот на:
Лил, Севиља, Бриж, Бронби или нешто слично...ама и тоа е дел од магијата на ЛШ
Па добро, се подразбира за нив Горе доле секоја година играат, овие од првиве шешири не се толку битни за спомнување ги знаеме сите.
Поинтересно е да се видат тие од трет и четврт и тука ќе биде битното да не се киксне за овие од првите шешири, дали ќе влезат Глазгов у ЛШ и дали шкотите ќе имаат две екипи, дали ќе одиме пак во комшии на ЛШ у близина ако се пласира некој и дали Адеми и Ристовски ќе играат ЛШ, дали Бенфика пак ќе најде некој млад играч да го продаде за ептен пари и остали екипи што се така по-специфични
А и овие од трет шешир може да се позезнати од екипи од прв шешир ко Спортинг, Виљареал и Лил
Ова ќе донесе повеќе продолженија и повеќе минути во нозете на играчите. Интересно беше тактизирањето со голот на гости, требаше само од продолженија да го скинат можеби пошто тоа не беше фер, ама ај да видиме како ќе фунционира вака.
Јас сум за оваа промена. Не само во продолженијата, некогаш се случуваше дуелите да завршат 0-0 и 1-1 па некој оди натаму со две нерешени што за мене не е баш фер.
Вака ќе има помалку калкулации. Ако некој сака позитивен резултат во гости нека брка нерешено или победа.
Можеле единствено место тие продолженија да стаат одма пенали. Што вика Боро само поише минути у нозете на играчите.
Продолженија (без златен гол) е секако глупа работа општо.
Јас сум за оваа промена. Не само во продолженијата, некогаш се случуваше дуелите да завршат 0-0 и 1-1 па некој оди натаму со две нерешени што за мене не е баш фер.
Вака ќе има помалку калкулации. Ако некој сака позитивен резултат во гости нека брка нерешено или победа.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.