UEFA Champions League - Season 2020/21

Кој ќе биде шампион на Европа оваа сезона?

  • Вкупно гласачи
    104
  • Гласањето е завршено на .
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.733
Поени од реакции
13.357
Види го Зинадинчо...колку помал стаж има од Ќелчото а се отепа од ЛШ титули....не е толку добар како што велиш. Зинадин за него е вонсвемирски тренер:D
Па токму поради ова и ја напишав таа реченица за титули. Има различен тип на тренери. По твојата логика ќе излезе дека Зидан е поголем тренер и од Кројф.

Секоја чест и за Мурињо (исто тренериште), Зидан или постарата генерација како Капело, Липи и милион други, но после Кројф, мора Гвардиола.

Како што Меси е најдобар фудбалер без разлика што не освоил со Аргентина СП, како што Кројф е најголемо име во историјата на фудбалот (нема некој друг што толку му дал друга димензија на овој спорт како фудбалер и тренер), така и Гвардиола е најдобар тренер, најголем визионер во годините после Кројф.

И нема потреба да се гледа навивачки, дали бил тренер за клуб за кој навивам или за противнички. Јас често сум навивал против него кога беше тренер на Барса, затоа што сакаш некој да го сруши тој систем кој изгледаше толку моќно. Како што сум поголем фан на подиректен фудбал (нормално, има промени во фудбал, еволуција, сега и тој форсира многу повеќе директен фудбал, како и што е се поголем прагматичар)... Но не вреди ради емоции, да се негира нешто што е очигледно.
 
placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.356
Поени од реакции
3.130

Види и јас уживам во фудбалот што го практикува ќелавицата и тоа е за Најголема почит...ама не смеат да се занемарат и резултатите од фудбалската имагинација,,,Како сега Зидан нема визија ,ограничен е фудбалски а ќелчото оти е визионер и тренерски маг го мочаа на смешен начин уназад и ништо не освои после Барса а има отворени раце и пазарува што си сака.
 
Член од
21 април 2017
Мислења
237
Поени од реакции
703
Добро дека Пеп-от со отворен буџет ко бунар и освоени 0 ЛШ во последниве 9 години е најголем тренер меѓу тренерите. Визионер - можеби, али кое фајде ако немат титула да напрајт back up на тој аргумент.

Не дека другите екипи се за жалење, меѓутоа оваа година го имет убедливо најголемиот ростер во топ екипите (побогу, вчера на клупа им беа Кансело, Родри, Лапорт,Менди, Торес, Аке, Стерлинг,Жесус и Агуеро) + освен Де Брујне цела сезона поштено ги служеше здравјето. Така да, за овој успех (а ќе видиме дали ќе освоет) првичната реакција моја би била "шуќур фала курцу" него ли некое воодушевување кое шо го имав ко Баерн освој лани рецимо.

Дека го изврте Покетино како шо мене би ме извртел Каспаров во шах полуфиналево, го изврте и за то немат збор.
Дека од ко е дојден во ПЛ Сити имет освоено најмногу титули од сите екипи во Англија - имет.

Ама за секоја филозофија ти требет играчи, а тој неговата ја барат секоја сезона со трансфери од типот на Аке и Родри од по 60 милиони. Секоја сезона во изминативе 7 од ко е во Сити носит по минимум 2 ца играчи кој шо би играле прв тим во 90% од тимојте во Англија и можит да си досзволит да ја пробат секоја формација на универзумов :)

Адаптацијата на противникот му е одлична, ама па и играчите му се одлични. Шо е доста голема помош и предност пред другите тренери и екипи.
Да не се разбериме погрешно, тренериште е - ама дека е најдобар евер, ќе се прашаме малце.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.648
Поени од реакции
1.538
Дали ако освојат Челзи или Сити ќе се поместат местата за квалификации во ЛШ наредната сезона пример 5 место влегува во ЛШ, 6,7 во Европа Лига и 8 Лига Конференција, и дали влијае нешто доколку Јунајтед освои Лига Европа и директно се пласира?
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.976
Поени од реакции
55.041
Секоја чест и за Мурињо (исто тренериште), Зидан или постарата генерација како Капело, Липи и милион други, но после Кројф, мора Гвардиола.

Кајгана форум на дело, мењање мислења после секоја утакмица.

Пред некое време те мрзеше да ми го објасниш ПЕЧАТОТ на Анчелоти, па сега ќе те замолам да не те мрзи и да ми го објасниш ВИЗИОНЕРСТВОТО на Гвардиола. - Земи ги во обзир тимовите што ги водел и пред се парите што ги потрошил на играчи.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Дали ако освојат Челзи или Сити ќе се поместат местата за квалификации во ЛШ наредната сезона пример 5 место влегува во ЛШ, 6,7 во Европа Лига и 8 Лига Конференција, и дали влијае нешто доколку Јунајтед освои Лига Европа и директно се пласира?
Не, ништо не менува тоа. Единствено ако Арсенал освои ЛЕ и тие ќе играат во ЛШ па Англија ќе има пет екипи. Другото останува исто.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Не, ништо не менува тоа. Единствено ако Арсенал освои ЛЕ и тие ќе играат во ЛШ па Англија ќе има пет екипи. Другото останува исто.
Како што читав последно, нема да има пет, туку тој што ќе е четврто место нема да игра ЛШ.
 
Член од
18 јуни 2017
Мислења
387
Поени од реакции
265
Како што читав последно, нема да има пет, туку тој што ќе е четврто место нема да игра ЛШ.
Ako osvoi Arsenal liga evropa i ako bidi tabelava vo anglia kako se e sega ce igra pet tima ako eventualno Celzi bidi peti vo Anglia a Liverpol 4 i dokolku Celizi i Arsenalo osovojat togas cetvrtiot od Anglia toes Liverpol nema da igra LS
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.503
Поени од реакции
62.308
Мислењево го пишав во средина на Јануари, ама ни сам не очекував дека уште повеќе ке си ја подигне својата игра.

Рубен Диас е трансфер на сезоната.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.733
Поени од реакции
13.357

Кајгана форум на дело, мењање мислења после секоја утакмица.

Пред некое време те мрзеше да ми го објасниш ПЕЧАТОТ на Анчелоти, па сега ќе те замолам да не те мрзи и да ми го објасниш ВИЗИОНЕРСТВОТО на Гвардиола. - Земи ги во обзир тимовите што ги водел и пред се парите што ги потрошил на играчи.
Џонтра батали вакви муабети. Демек ти имаш став, а друг менува мислење од натпревар, до натпревар. ;) А вчера Гвардиола и не направи ништо маестрално, па сега да се воодушевиме и да менуваме мислење за него.

И сигурно немам намера да пишувам и анализирам, за на крај, пак се да се сведе на "хаха", "Петко имал повеќе титули", "ако го бива нека освои со Беневенто".

Самата основа на неговата Барселона го одделува од сите други. Кој друг тренер, како Гвардиола со Барселона има развиено така добар систем на игра, скоро до совршенство доведено покривање на простор, но и игра во длабочина?! Тоа го немаш ни кај Кројф така развиено, а кај Саки имаш одлично покриен простор. Гвардиола успева да додаде и длабочина. Нормално дека се ослонува особено на Кројф (затоа е и поголем од Пеп) и на Саки до некаде. Но, така ти е и во музика, наука, секогаш имаш нешто што претходи, од кое нешто развиваш, менуваш, а нешто исфрлаш.

И секој тренер направил нешто големо со квалитетни фудбалери, тоа ништо не менува во муабетот, освен што знаел како да ги искористи.

Или зошто ти не објасниш кој друг тренер и на кој начин придонел повеќе во развојот на фудбалската игра (во последните две децении), бил поиновативен и како што прочитав пред една недела изјава на Лам за Гвардиола, успеал да завладее со комплексноста на фудбалот, а не да ја редуцира?!
Автоматски споено мислење:

Да не се разбериме погрешно, тренериште е - ама дека е најдобар евер, ќе се прашаме малце.
Кој тврди дека е "најдобар евер"?

Пишав дека најдобар е Кројф, поточно дека е најзначајно име во фудбалот, затоа што никој не придонел за фудбалската игра како него и како фудбалер и како тренер.
 
Последно уредено:
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Како што читав последно, нема да има пет, туку тој што ќе е четврто место нема да игра ЛШ.
Како што пиша и Дарк тоа само во лудо сценарио каде Челзи и Арсенал освојат а Челзи извиси преку ПЛ. УЕФА дозволува максимум пет екипи од една земја во ЛШ. Исто ако Виљареал освои ЛЕ оди во ЛШ па Шпанија ќе има пет екипи.

Е порано максимален број беа четири, па во 2012 Тотенхем остана без ЛШ иако беше четврти во ПЛ пошто шестиот во лигата Челзи освои ЛШ.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.601
Поени од реакции
5.106
Да го видиме што визионер ќе биде у Тотнем, Евертон, Лацио, Милан, Лајпциг.
За у Баерн богами Флик поголем визионер ми изгледаше, какви чуда направи за една година после срањата на хрватот. У Сити и Манчини беше визионерче, го состави костурот на тимот за да му парира на Јунајтед и тоа со помалце пари од Пепот.

Али ајде класика детски муабети, да испаднеа пак, на колец ќе го наденеа тука, каква превара бил и пропалица.
 
Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.121
Поени од реакции
28.870
Член од
16 декември 2020
Мислења
8
Поени од реакции
3
Да го видиме што визионер ќе биде у Тотнем, Евертон, Лацио, Милан, Лајпциг.
За у Баерн богами Флик поголем визионер ми изгледаше, какви чуда направи за една година после срањата на хрватот. У Сити и Манчини беше визионерче, го состави костурот на тимот за да му парира на Јунајтед и тоа со помалце пари од Пепот.

Али ајде класика детски муабети, да испаднеа пак, на колец ќе го наденеа тука, каква превара бил и пропалица.
Очигледно не го разбираш зборот визионер, или не го разбираш во конотација на фудбалот. Баш напротив твоето мислење дека Манчини и Флик се поголеми "визионери" од Пеп заради тоа што направиле поголем успех од него во смисла на освоени титули или освоени со помалце потрошени пари. Пеп е дефинитивно еден од најголемите тренери во фудбалот кој има најголем импакт врз модерниот фудбал и врз филзофијата на најголем број од денешните тренери. Доволно е да видиш само еден Диего Коста или Едни Керол кој се враќаат на пола терен за да примат топка и да отворат простор за крила или бекови за да сфатиш колку фудбалот е променет од 2008 наваму...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom