UEFA Champions League - Season 2020/21

Кој ќе биде шампион на Европа оваа сезона?


  • Вкупно гласачи
    104
  • Гласањето е завршено на .
Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
Со денешното лузерско, пичкарско, и неспортско однесување ќе ги загубат и тие малку интернационални фанови што ги имаат (некои мали деца)
Си имаат и постари фанови имаат дури и теми во фанклуб подфорумот, но самото тоа што има поголема дискусија за ПСЖ и Сити овде отколку во нивната тема ти кажува колку се популарни во Македонија.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.157
Поени од реакции
107.587
Диаз каква партија имаше вчера :eek:
Со глава им изблокира два шута на ПСЖ :icon_mrgr::icon_mrgr:
Многу добар пресинг одигра Пеп, уствари тоа е причината што игра без шпиц, Фоден, Силва, КДБ и Марез се клучните во правењето притисок на противничка половина, Агуеро на пример не може да го испрати тоа темпо. Фернандињо е задолжен да касапи се што ќе им избега на гореспоменатите а вчера одлично го спроведуваше истото.
 
Член од
21 април 2017
Мислења
237
Поени од реакции
703
Вечерва имам некое чувство дека Тухел и Зидан ќе ги сменат концепциите од првата утакмица. Реал пресинг и посед, Челзи да демнит од контри.

Познавајки го Зидан мислам дека ќе ојт all in, со стандард тројка во средина, со Бензема, Асенсио (по шо многу појке покриват позади од Винициус) и Хазард напред, Начо десен бек и ова остало шо мојт да се скрпит во одбрана. Ако имат поволен резултат до 70та, Валверде место Хазард и Одриозола место Асенсио и промена на формација. Ако не, се шо имат на клупа и е офанзивно ориентирано ќе го ставит во игра.

Од друга страна Челзи ги имат сите можни играчи да играт на на принцип "чекај грешка и удри на контра" и не би се изненадил да излезет без класичен шпиц, со Хавертз најистурен, Азпиликуета како трет штопер место Кристенсен и Џејмс десен бек/крило - а се останато исто како првиот меч.

Како и да е - не очеквит партија шах вечер.

Да беше 2014 ќе се тресев како луд, вака после освоени неколку ЛШ изминативе 7 години ќе гледам мирно и баш ќе ми бидит ќејф ако поминит Челзи и го повторит подвигот со Ди Матео :)
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Највеќе ме импресионираше тоа што одбраната на Сити не си дозволи во ниту еден момент да наседне на бескрајните кружења на Нејмар во шеснаесетникот, со цел да изнуди пенал.
Одлично бранеа простор, а овој шарлатанов можеше во милион наврати да шутира и да се обиде да постигне гол.

Диас е веројатно засилување на сезоната (не ми текнува сега на друг). Импакт ала Ван Дајк.
Што вели Стефан погоре, блокираше со глава, рамо, гради. Вчера беше претворен во Тери и Видиќ.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.900
Поени од реакции
84.291
Вечер Куртоа прима гол под нозе
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Вечер ќе се олешам од евтин ,,Пилснер" во стакло купен од ,,ДИМ Маркет".
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.403
Пак ќе напоменам - Сити, ПСЖ, Јувентус, Атлетико, Реал и Барса не освојуваат ЛШ сезонава. Тоа ми е поентата, а не дали Баерн ќе освои или не.
Засега промашив само еден финалист, ќе видиме вечер Челзи дали ќе ми обели образ.

@RATM ...
Автоматски споено мислење:

:coffee:
Значи Челзи има шанса :jeeee:
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.763
Поени од реакции
13.410
* Да ги елиминираш гигантите Барса и Баерн а да те растуре Пеп:sleep:
* Ќелавицата конечно научи како се осваја ЛШ,
Знае уште од 2009 година.;)

А Гвардиола ти е најголемо тренерско име, после ерата на Кројф. Визионери освојуваат помалку титули за разлика од прагматични (моментално не ми текнува подобар збор) тренери, но Гвардиола се покажа успешен и на тој план. Посебно е тешко за тренери визионери да бидат долг период успешни и со различни клубови (Саки не успеа).

Без разлика што ќе направи сега во финале или наредните години, Пеп ќе си остане тренериште. Нормално, како секој генијалец (а овој е генијалец за фудбал) и сонувач, знае самиот на себе да си е најголем непријател.
 

placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.357
Поени од реакции
3.132
Знае уште од 2009 година.;)

А Гвардиола ти е најголемо тренерско име, после ерата на Кројф. Визионери освојуваат помалку титули за разлика од прагматични (моментално не ми текнува подобар збор) тренери, но Гвардиола се покажа успешен и на тој план. Посебно е тешко за тренери визионери да бидат долг период успешни и со различни клубови (Саки не успеа).

Без разлика што ќе направи сега во финале или наредните години, Пеп ќе си остане тренериште. Нормално, како секој генијалец (а овој е генијалец за фудбал) и сонувач, знае самиот на себе да си е најголем непријател.
Види го Зинадинчо...колку помал стаж има од Ќелчото а се отепа од ЛШ титули....не е толку добар како што велиш. Зинадин за него е вонсвемирски тренер:D
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.551
Поени од реакции
52.343
Можеби најголемиот проблем на Сити претходните години беше одбраната. Импактот што го има Диас сезонава е во најмала рака рамо до рамо со ВВД, и мора да ги добие пофалбите кои ги добиваше овој.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom