UEFA Champions League - Season 2020/21

Кој ќе биде шампион на Европа оваа сезона?

  • Вкупно гласачи
    104
  • Гласањето е завршено на .
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Да парафразирам, не очекував дека топката ке биде кај Челси толку многу, и дека ке ги остави Атлетико толку многу да се обидуваат да прават полушанси и дека ке им стојат толку длабоко.
Не се Челзи добри, само кружат и се додаваат. Како да е лесно против Атлетико Мадрид на гости постојано да ја имаш топката, постојано да играш високо со трите линии и постојано да се наоѓаш на последната третина од теренот против колектив кој не само што тешко прима голови, туку со контра-пресингот и не дозволува ординирање на противникот во тој дел.

Тоа што Челзи е очаен во final third е друг проблем и што не знае да користи шанси. Ти одговарам на прашањето, бидејќи гледам дека другите ти одговориле по малку и површно.

Не беше сјајно, фала Богу. На гости против силен опонент во 1/8 финале, Тухел тактички го надмудри Симеоне и поприлично храбро и напаѓачки ориентирано истрча на терен.
Најјако е што навивачи на Челзи го банализираат изданиево, а ти неутрален со две реченици доловуваш поента и даваш одговор.
А навивачите на Челзи и во најдобрите свои денови, на гости во оваа фаза од ЛШ знаеле исклучиво само на дефанзивни партии и ,,што биде нека биде".

Еве, ако некој очекуваше 15 шанси во двобојов и торпедирање на Облак, нека го фрли првиот камен.

Букмејкеру @dragonsky, а кој зборуваше за квотите во обложувалници непосредно пред мечот? Повредите и отсуствата на Атлетико го направија своето. Јас зборував за фаворитската улога доделена на Атлетико по завршувањето на ждребот пред два месеци.
 
Последно уредено:

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.097
Поени од реакции
4.938

Пред 2 месеци беше Лампард , и денес да беше Лампард гарантирам и со пола состав ќе не победеа тактички со неколку контри.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Пред 2 месеци беше Лампард , и денес да беше Лампард гарантирам и со пола состав ќе не победеа тактички со неколку контри.
Па тоа де, не само за конкретниов двомеч. Секогаш имало вакви излети. Еве, што може да се случи во период од два месеци.
До тој момент Атлетико игра одлично, Челзи не игра ништо. Во меѓувреме Челзи менува тренер, малку доаѓа при себе, се консолидира, Атлетико се соочува со повреди, коронавирус, отсуства, лоша форма. На крајот, Атлетико не ни беше домаќин и играше на туѓ терен.

Имајќи предвид низа фактори, ти се осудуваш да прогнозираш ,,сигурни победи и пролаз во 1/4 финале". Несериозно, надвор од умот.
 
Последно уредено:
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Атлетико беа криминално лоши вечерва. Ама не би брзал со прогнози дека Челзи оди натаму. Чоловци знаат да бидат гадни баш кога сите ќе ги отпишат. Ливерпулци си знаат најдобро од лани. Уште три недели има до реваншот плус Челзи остана и без Маунт и Жоржињо ради жолти картони.

3/3 порази за шпанските екипи до сега. Се надевам трендот ќе продолжи и утре ќе биде 4/4 пошто цело е кога има се’. ;)
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.500
Поени од реакции
6.128
Жиру кое играчиште е. Да игра во средена екипа ала Сити или Баерн ќе пука по 40 по сезона из шале.

За Абрахамовци, Вернеровци е Роналдо дебелиот.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
Жиру кое играчиште е. Да игра во средена екипа ала Сити или Баерн ќе пука по 40 по сезона из шале.

За Абрахамовци, Вернеровци е Роналдо дебелиот.
Затоа и за Франција 20 гола даде на СП.

Друга му е улогата. Ептен потценет играч и испадна одличен трансфер, го обожавам. Ама не треба од потценет да го правиме преценет.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.470
Поени од реакции
5.472
Затоа и за Франција 20 гола даде на СП.

Друга му е улогата. Ептен потценет играч и испадна одличен трансфер, го обожавам. Ама не треба од потценет да го правиме преценет.
7 гола помалце од Анри (-18 утакмици).
Коа веќе правиме муабет за Франција.
Screenshot_20210224-091830_Samsung Internet.jpg

Иако се сложувам со тебе, обично друго му е "работата" на терен.
Но сепак, играчиште е Жиру. Дефинитивно најпотценетиот шпиц у Европа.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Јас искрено им се заблагодарувам на Баерн и нивното џентлменство што застанаа на бројката 4. Редовно ги следам (само Лацио поредовно) и ако не застанеа, ќе примевме 10 ко од шала.
Разликата во класи е евидентна, нема тука што, таа е вистината. Ќе си почека Лацио подобри времиња за мерење.
Сега само се надевам дека ќе бидат џентлмени и на алијанц :icon_mrgr:
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Затоа и за Франција 20 гола даде на СП.

Друга му е улогата. Ептен потценет играч и испадна одличен трансфер, го обожавам. Ама не треба од потценет да го правиме преценет.
Жиру е сорта играч која е на изумирање, белец, висок, ем осет, ем снага и акал! Знае да биде тивок( втор) центарфор што спушта топки, добива воздушни дуели во полза на останатите напаѓачи, знае и да финишира! Накратко класика центарфор, не бизон од кого се одбиваат топките и руши све пред себе! Во поновиве генерации ми бил урнек за центарфор.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom