Два и пол дена ме немаше на форумот, доаѓам и гледам 24 страни во меѓувреме испишани на темава, од тоа 90 посто постови за и контра Пеп. Добро бе, сфаќам да има и фанови и хејтери како секој лик во фудбалот, ама стварно се претера со гледање на работите од денес за утре.
Превара бил Пеп, па уште и требало да добие отказ од Сити. Точно дека со Лион ја утна тактиката, на моменти прави несфатливи ескперименти. Ама ако Пеп треба да добие отказ, треба и 95% од сите тренери во Европа. Човекот го крена клубот на ниво погоре, а беа веќе успешен клуб. Во лига со најјака конкуренција освои скоро 200 бода во две сезони. Што треба повеќе од ова? Оваа година ја загуби титулата ама Ливерпул беа ептен доминантни а и без тоа ретко кој тим може да освојува лига секоја сезона во таква конкуренција. ЛШ уште нема, но и тој трофеј не се освојува толку лесно. И Челзи на Абрамович се мачеше 10 години да освои ЛШ па конечно успеа во сезона во која и никој не очекуваше.
Или ајде споредено со Фергусон... Имаше периоди кога и неговиот Јунајтед не земаше титули во ПЛ. Беа дури инфериорни према златниот Арсенал или Челзи на Мурињо. Па сигурно не го избркаа за една или две слаби сезони во низа. А и за ЛШ чекаше цели 13 години.
Нема причина да си оди Пеп. Сити и следната сезона ќе ги гони сите титули. Јас секако би сакал да се врати во Барса ама па да бидам реален сега ич не е време за тоа.