- Член од
- 11 октомври 2010
- Мислења
- 6.989
- Поени од реакции
- 23.984
Ете баш за вториот дел пишав кај овој placeb, ама изумив да ги спомнам Нејмар и Мбапе кога зборам за проект и пари.Твитот секако и мене безвезе ми е, а и отсекогаш јас тука сум зборел дека ако на пример Шпанска екипа освои ЛШ, тоа не значи дека Ла Лига е најдобра Лига, туку дека тој еден клуб е најдобар во Европа. А во лигата има други 19 тимови. Не може тоа што еден од нив е најдобар во Европа, да значи дека цела лига е најдобра.
Си има квалитетни тимови во секоја лига, ама и секако кога ќе погледнеш некои кои играат во прва лига во Франција или Германија, а не би играле ни во втора во други држави...
Ми беше само за тоа со парите. Нормално дека секогаш се фактор, ама не може веќе таков наратив да се тера. Демек ако отиде играч во Сити или ПСЖ, оди за пари ама ако отиде во Јунајтед или Барса, оди од љубов. А вториве може и поголеми плати даваат. Низ цела Европа веќе топ тимовите даваат високи пари и кај и да отиде еден играч, ќе зима и повеќе од доволно. Ете конкретно за Мбапе, безвезе е да се погледне само факторот пари, а тотално да се негира се друго, како тоа дали друг клуб во моментот бил спремен да плати, визијата која му ја презентирале, фактот што е дете од Париз и игра за својот клуб, и слично.
Претпоставувам и двајцата потпишале затоа што препознале добар проект,ама ако нема пари во тој тим, џаба проект, нели?
Да си замислиме дека има понуда од Сити вредна 20 мил. годишно, Реал 25 мил годишно и ПСЖ 45 мил. годишно.
Верувам дека изборот ќе му биде ПСЖ, кога добри проекти имаат сите клубови, а платата е пресудна за неговата одлука.
Тоа ми беше зборот кога мислам се исциганчи.
Дополнително е тоа што Монако ја прифаќа понудата на ПСЖ која е највисока, а и агентите знаат добро да ги измамат своите клиенти за подобра заработка од тој трансфер.
Ти си брат за жалење, ја да ти кажам.Маде ин чајна. .
Само да се пише нешто... Релативизирање до бескрај....
И јас сакам Интер да е јак клуб.... Ама сега за сега не е'... Кога ќе биде тогаш омаловажувај ги другите клубови и лиги и играчи...
Воопшто не сум омаловажил ниту еден тим, ниту една лига.
Како може да е омаловажување ако кажам дека француската лига е петта најдобра?
Зарем не е така?
Или сакаш да ми кажеш дека е подобра од шпанската, германската или италијанската? За англиската не ни коментирам...години напред пред сите е таа, не се споредува.