Ne bi rekol, minatiot vikend Lyon u shishe gi piknaa u prvo poluvreme i samo Areola gi spasi da izedat 3-4 komada ushte u prvi 45 minuti. Neymar e pola ekipa, ushte i Cavani ako ne igra se' ke se cheka na Mbape. Chupo-Moting im e zamena na ovie, smeshki.PSG e seushte podobar od United.
Многу тимови имале ваков пресврт, откако ќе сменат тренер. Всушност најголем дел од тимовите кои мењаат тренер во тек на сезоната имаат серии на резултати на еуфорија, разликата е само колку време траат. Проблемот е што таквите серии не траат вечно. Позитивната атмосфера почнува да се губи, мотивацијата опаѓа, противниците се прилагодуваат и на крај работите се враќаат на почеток. Тоа најчесто се случува, што не значи дека ќе се случи истото и со Јунајтед. Мада јас би се изненадил ако Јунајтед е исклучок. Мислам дека многу луѓе им го преценуваат квалитетот на тимот во моментов, исто како што го потценуваа додека им беше тренер Мурињо.Значи откако дојде Солскјаер не само што почнаа да играат препородено туку и некоја луда среќа ги прати мајката... Не паметам ваков позитивен пресврт за една екипа за толку кратко време. Кога беше ждрепката во декември на Јунајтед му давав максимум 20% шанса за пролаз со ПСЖ. Сега би рекол дека шансите се некаде 70% за нив.
Неможеш да го споредиш Јунајтед и Милан во никој случај моментално. Мора да се земе во предвид дека дел од играчите играа далеку под своите можности баш поради Жозе Мурињо. Значи не е само еуфорија и моментум, туку Погба, Рашфорд и Марсијал пред се играат во опсег на своите спобности и го прикажуваат токму тоа што се очекува(ше) од нив.Многу тимови имале ваков пресврт, откако ќе сменат тренер. Всушност најголем дел од тимовите кои мењаат тренер во тек на сезоната имаат серии на резултати на еуфорија, разликата е само колку време траат. Проблемот е што таквите серии не траат вечно. Позитивната атмосфера почнува да се губи, мотивацијата опаѓа, противниците се прилагодуваат и на крај работите се враќаат на почеток. Тоа најчесто се случува, што не значи дека ќе се случи истото и со Јунајтед. Мада јас би се изненадил ако Јунајтед е исклучок. Мислам дека многу луѓе им го преценуваат квалитетот на тимот во моментов, исто како што го потценуваа додека им беше тренер Мурињо.
Најсвеж пример на кој ми текнува, е Милан од лани. Го ставија Гатузо, имаа серија добри резултати, меѓутоа после определен период резултатите се нивелираа. Ми текнува и на една сезона на Интер, кога го ставија Раниери на полусезона и имаа серија од 7 или 8 победи по ред, што потоа ги следеше серија од 7 порази по ред.
Јас уште мислам дека ПСЖ се благи фаворити, за нијанса. Во секој случај, треба да биде многу израмнет двомеч
Не навлагам во подробности за клубот, кој што изјавил и сл., зошто не ги знам доволно. Само ќе ти кажам дека истиот аргумент го имаа и навивачите на Милан лани со Монтела, дека играчите потфрлаат ради него и дека не го искористува полниот капацитет на тимот. Мислам дека сега го имаат истиот став и за Гатузо.Неможеш да го споредиш Јунајтед и Милан во никој случај моментално. Мора да се земе во предвид дека дел од играчите играа далеку под своите можности баш поради Жозе Мурињо. Значи не е само еуфорија и моментум, туку Погба, Рашфорд и Марсијал пред се играат во опсег на своите спобности и го прикажуваат токму тоа што се очекува(ше) од нив.
Земи ја во предвид исто мрвата атмосфера што ја создаваше Мурињо и лузерскиот менталитет кој го наметнуваше пред и после секој натпревар. Кој нормален менаџер изјавува "nothing new for this club" после СРАМЕН пораз од Севиља, со цел да ја оттгрне вината од себе? Исто така при пласманот во 1/8 финале сезонава пола саат дрндаше на пресот како тој се пласирал во нокаут фазата во ЛШ во секоја сезона што ја играл и како тие 2 сезони што не играл ЛШ освојувал ЛЕ. Чекај малце, кој ќе игра осмина финале во вторник, тој или Јунајтед? Нормално, сакаше да им го плесне на Сколс и Фердинанд што јадеа гомна за него, бидејќи Манчестер има 2 пати излезено во групите во 2005/06 и 2011/12, но на сосема погрешен начин.
Се согласувам дека моментумот има влиание, но ете имаа катастрофален меч со Барнли, сепак успејаа да дојдат до поен и да победат рутински на следните 2 утакмици. Исто така огромна позитивна промена во карактерот и менталитетот.
Ќе видиме, наредните 3 меча се со ПСЖ, Челзи и Ливерпул. Ќе покажат многу за реалната ситуација во која е клубот, тоа е сигурно.
Тоа е затоа што Солскјер играше во МЈ и знае како се однесува екипата, го сакаат од раководството, а мислам дека им беше тренер и на младинците, пред да стане сега тренер на сениорите.Значи откако дојде Солскјаер не само што почнаа да играат препородено туку и некоја луда среќа ги прати мајката... Не паметам ваков позитивен пресврт за една екипа за толку кратко време. Кога беше ждрепката во декември на Јунајтед му давав максимум 20% шанса за пролаз со ПСЖ. Сега би рекол дека шансите се некаде 70% за нив.
Вие како сте со повреди/суспендирани?Томас Мение исто се повредил. Потврдија ПСЖ
Милер суспендиран за двата натпревара. Толисо повреден и Робен сеуште не е спремен, но до тогаш можеби ќе биде спремен. Ноер исто пропушта тренинзи али ништо сериозно.Вие како сте со повреди/суспендирани?