UEFA Champions League 2018/19

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
10 август 2011
Мислења
1.928
Поени од реакции
7.780
Овој Де Јонг е страшен играч. Барса си заврши работа за следните 10 години. Кругови вртеше околу средината на Јуве. Браво за детето. И тоа другото дете Де Бек, или како и да се вика, е добар играч.

Реално Јуве тука го изгуби двомечот и тука има најголем проблем против поквалитетни тимови. Можеби ако играше Киелини (кој го носи на грб цела кариера тој моронот Бонучи), ќе го добиеја двомечот на мускули, ама болната точка пак ќе им излезеше на виделина следната рунда.
Не се толку добар тим, колку што еуфоријата пред почеток на сезона ги натера да веруваат. Еуфоријата што ја предизвика Роналдо. Практично се истиот тим од лани, плус Роналдо во залезот на кариерата.
Средината не им е доволно конкурентна за да се сметаат за главни фаворити за ЛШ. Барса, Сити, Ливерпул, од тие што останаа, се за класа подобри на тој дел од теренот. Играчи како Бентакур и Џан нема што да бараат во тим што конкурира за ЛШ трофеј.

Ако се паметни, на лето ќе почнат со реконструкција и ќе градат полека нов тим, зошто одбраната и нападот им е прилично стар. Ако не, ќе ја бараат вината во тренерот и ќе ја рециклираат оваа сезона и догодина.
 

Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.146
Поени од реакции
40.870
Да навиваш за Милан и да се обидуваш да им правиш мајтап на навивачи на други тимови.

А за Милан навиваш, клуб на кој главно засилување во сезоната му е Бакајоко.


Ха ха ха
Ха Ха ха ха
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.303
Поени од реакции
7.434
Рака на срце со носењето на Роналдо само го уништија Дибала па со тие 200 милиони што го донесоа (со вклучени плати) ќе земеа 3 огин играчи во средина и ќе доминираа во ЛШ на чело со Дибала...
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.928
Поени од реакции
7.780
Оставете го хуморот на оние кои ги бива за тоа, со вакви очајни обиди рушите атмосфера само.

Секоја чест за Ајакс :cuc: во двата меча беа далеку поквалитетен противник 100% заслужија пролаз понатаму, дури и со поубедлив резултат. За Јувентус останува да се избрише од настапи во Европа се додека не научи да игра машки и со квалитет, а не вака пичкарски.

@loophole бујрум друже. Без релативизирање само.
Каде идеме друже? Кај ме каниш?
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.554
Поени од реакции
13.885
Јас искрено воопшто не сум импресиониран од Барселона сезонава, никако не би ги ставил како главни фаворити. Плус против Ливерпул ќе играат 1/2 финале, мое мислење е дека стилот на игра на Ливерпул воопшто не и лежи на Барселона, висок пресинг, јак ритам, многу трчање, нешто со кое Барселона има проблеми. Али ќе има улога овде и битката на Пул во ПЛ за титулата, тоа дополнително ќе ги исцрпува.

Од друга страна се би дал Ајакс да освои, искрено ни против Сити не би ги отпишал иако би било пеколно тешко. Дечките се права поезија, се гледа дека тренерот на Ајакс има многу научено од Пеп, копиран му е стилот на игра, триаголници, утрчувања, прав модерен фудбал. Денес за мене играч на мечот Ван Ден Бег или како и да се пишува, дечкото го изора теренот во Торино, го прекочи цел тим на Јувентус.
Ни ние не сме импресионирани, Ливерпул ќе е најголем предизвик сезонава, не знаеме што да очекуваме. Како што пиша играат во појак ритам, со повеќе трчање, висок пресинг. Мора да е Барса убитачна во напад, како и што е барем засега, не им требаат многу шанси за да дадат гол. Прејак дуел ќе е сигурно.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Нема подобар дуел во моментов од Барса - Ливерпул. Мерак ќе биде да се гледа. Дури е подобро што играат полуфинале а не финале пошто вака ќе гледаме две утакмици.

Инаку за вечерва што да се каже. Меси во full GOAT mode. :D Кој што сака нека каже, човекот е Бог на фудбалот. Ако треба ќе штедам уште од сега ама морам барем еднаш да одам на Камп Ноу да го гледам во живо.

Ајакс :cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.448
Поени од реакции
10.151
Кога се вели фудбалот победи,се мисли буквално на оваа маестрална игра на децата на Ајакс вечерва.
Алал ви вера деца,ја заслужувате сета среќа на светот за да го дигнете ЛШ пехарот.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Ни ние не сме импресионирани, Ливерпул ќе е најголем предизвик сезонава, не знаеме што да очекуваме. Како што пиша играат во појак ритам, со повеќе трчање, висок пресинг. Мора да е Барса убитачна во напад, како и што е барем засега, не им требаат многу шанси за да дадат гол. Прејак дуел ќе е сигурно.
Здравје да помине Ливерпул, да не испаднам ко некој тука што се курчи на недовршено ама тие две утакмици треба да бидат огин, со мерак да се гледаат.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.374
Поени од реакции
42.567
Не ми се верува дека Клоп ќе улета со полна сила на првата утакмица. Многу по претпазливо игра оваа сезона, посебно на потешките гостувања. Многу ќе зависи дали ќе падне ран гол, ама искрено мислам дека нема да има кој знае колку голови, посебно не на првата утакмица.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom