ManUtdChampions
Lleyton Hewitt
- Член од
- 5 февруари 2009
- Мислења
- 32.412
- Поени од реакции
- 42.670
Фудбалов е паднат за паднат, скоро пишував и јас за тоа на форумов. Кажав и тогаш, да ги тргнеме тимовите на страна, доволно е репрезентациите на Англија, Бразил, Аргентина, Италија, Холандија, Португалија (иако земаа ЕП) да ги споредиш со тие пред 5-10-15 години. И Французите беа срање до пред година, две, но имаа среќа со новиот бран на таленти и според мене уште сега се главни фаворити за СП 2018. Нешто како Германија и Шпанија на претходните Светски, кои од километар се гледаше дека ќе ги освојат.
Треба свежина во фудбалот, и тоа очајно. Пишав и вчера, Роналдо и Меси го украдоа спортов, буквално се се врти околу нив моментално. Доволно е да се видат освојувачите на ЛШ од кога почнаа да играат фудбал и се ти е јасно. Милан, Ливерпул, Арсенал, Јунајтед, Интер, па дури и Валенсија и Лион си имаа посебен шмек... екипи кои се нивоа под тоа што беа пред 5-10-15 години. Иако Јунајтед со парите што ги расфрла сигурен сум дека ќе се врати на врвот. А стварно се надевам и Милан и Интер со новите газди.
Џабе се јаки Сити и ПСЖ кои стварно се екипи без душа. Едните лани стигнаа на сила до 1/2 финале и ги изиграа најумрените 180 минути во нивните кариери, никаква желба за победа не покажаа. Другите успејаа да испаднат после победа од 4-0 против Барса.