UEFA Champions League 2016/17

Абе шампион сезонава е...

  • Вкупно гласачи
    69
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.305
Честитки дечки, сосема заслужена победа. Со онаква трансформација во мизерен тим во второто полувреме и комплетен ментален и тактички колапс, Јуве не заслужи ни да го помириса трофејот.

Дајте видео од ситуацијата со Рамос и Квадрадо кај што се гледа како го гази, ако има негде. Се што најдов беше тоа што го дадоа и на ТВ, ама не се гледа газењето.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Јуве по којзнае кој пат покажа дека е класична домашна екипа, лесно е да им се курчиш на напатени екипи како Наполи, Рома, Фиорентина, Сампдорија и Удинезе ама коа ќе треба да играш против крупни ѕверки на површина искача лузерското. Изнасобраа старци у екипа и мислеа трофејот во ЛШ сам ќе им дојде, им се смееа на Интер што направија екипа само за ЛШ да освојат ама на овие им се врати полошо, сеа имаат демотивирани старци кои ќе треба да ги заменат со 5-6 нови играчи. Среќа што во Италија пак ќе немаат конкуренција па некако ќе се продолжи тој мит за суперсилниот Јувентус во светски рамки.
7 финалиња по ред да изгубиш.......
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.205
Поени од реакции
7.990

Не заебавај и ти, не се по ред:D
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Дајте видео од ситуацијата со Рамос и Квадрадо кај што се гледа како го гази, ако има негде. Се што најдов беше тоа што го дадоа и на ТВ, ама не се гледа газењето.
Па обично работите кои не постојат не се гледаат.
 
Член од
21 април 2017
Мислења
237
Поени од реакции
703
Ако постоеше дилема дали Зидан е тренериште во најава, или само среќлија кому му се вклопиле коцките, одговорот го добивме вчера.
Колку само ја истемпира вчера целата тактика, 90 минути плански одиграна. Прво полувреме ги остави играчите на Јуве да се исцедат, и второ само го зададе крајниот удар. Секоја утакмица во ЛШ сезонава тактички маестрално поставена, секоја чест.

Се обистини она шо го реков и пред финалето - победвит екипата чиј среден ред ќе бидит подобар. Модрич, Крос и Касемиро вчера ја одиграа најкомплетната партија шо еден среден ред некогаш ја изиграл ( барем за Реал, а вервете ме сум гледал мноогу нивни утакмици). Едноставно, можиш ти да ги имаш и Роналдо, Меси и Левандовски во напад заедно, ама ако средниот ред ти е климав, џабе. А вчера овие 3ца 75 минути (освен првите 15) изиграа ко програмирани. Алал.

На јуве му фалат 2 класа везњаци. Да не ги продае Погба и Видал, со Пјанич немаа да имат потреба од нити еден. Вака босанецов можит да бидит господ бог лично, али со Кедира и Маркизио, немат шо да напрајт позначајно од ова.
 
C

Castiel

Гостин
Хехе не им треба средина. Побитно беше за Игуаин да дадат 100 милиони за да дава голово на Кротоне, Пескара и Чезена.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.053
Поени од реакции
17.739
Јуве по којзнае кој пат покажа дека е класична домашна екипа, лесно е да им се курчиш на напатени екипи како Наполи, Рома, Фиорентина, Сампдорија и Удинезе ама коа ќе треба да играш против крупни ѕверки на површина искача лузерското. Изнасобраа старци у екипа и мислеа трофејот во ЛШ сам ќе им дојде, им се смееа на Интер што направија екипа само за ЛШ да освојат ама на овие им се врати полошо, сеа имаат демотивирани старци кои ќе треба да ги заменат со 5-6 нови играчи. Среќа што во Италија пак ќе немаат конкуренција па некако ќе се продолжи тој мит за суперсилниот Јувентус во светски рамки.
7 финалиња по ред да изгубиш.......
Затоа Милан и Интер си знаат воопшто не се пласираат. Едниве славеа пласман во квалификации за ЛЕ, а другиве "намерно" губеа за да не играат таму. Битно Јуве се лузери :D Кога ве гледам вака напатени вас и миланезите ми останува апетитот за домашните титули. За 7 изгубени финалиња по ред не знам кој има, ама знам дека Интер може да се пофали со тоа што наредната 17/18 сезона ќе биде 6та по ред без ЛШ. Ама ќе ве опорави Спалетот (y)

Честитки до фановите на Реал, нема што да кажам плус, не декласираа во секој поглед. Резултатот реално ја отсликува ситуацијата на теренот. Ланската титула најмногу ја оспорував, ама годинава една од најзаслужните титули во ЛШ, на рамниште речиси на Барса од 2015 и на Баерн од 2013.

Роналдо :cuc: може човек да не го сака, ама квалитетот не може да му се доведе во прашање.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.420
Поени од реакции
7.759
Некако ко преимпресионирани да беа. Влегоа океј, одиграа релативно добро прво полувреме.
Но, проблемот е што не дадоа прв гол, и неможеш со Реал некако да се повлечеш до свои 40 метри и да чекаш контри. Со Реал треба да се подготвени 90 минути тежок физички меч да одиграат, со многу трчање, туркање и тн и тн.
Киелини, Бонучи,Барзаљи и компанија се трагичари, еве 3 финалиња губат. Европско 2012та, 2015 со барса и ова вчера. Вчера имам дојам дека влегоа со став као "еј ние сме BBC најјака одбрана во свет, никој ништо не ни може" . И тие епитети кои им се налепија во последно време лошо им делуваа. ептен лошо. Ги кренаа во облаци, а токму тие потфрлија. Се осети дека беа ПРЕсамоуверени.
Искрено, Буфон можеше и мораше подобро да реагира на вториот гол на роналдо, и мислам дека тоа може да се подведе во категорија "се брани". И него ептен го нафураа периодов.
Не дека летањето на Јувентус во облаци и глумење недостижност ради фактот што не дозволија барса (која искрени да бидеме е скапана оваа година) да им даде гол поради ТАКТИЧКА СУПЕРИОРНОСТ (а не играчка), но историјата покажала дека италијаниве секогаш се најзаебани кога се сметаат за апсолутни аутсајдери. Овојпат искрено, пред текмата никој не очекуваше дека ваков ќе биде резултатот.
Со реал мораа да играат поагресивно, мораа tighter маркинг да фураат, барем катенаџо да пробаа да изведат, но тие беа тотално индиферентни и изгубени целава утакмица.
Друг муабет,ќе ме плукате за ова, но Дибала е ептен ептен overrated играч. Ко прво, едноставно детево е ко Меси на 19 години, го пипнеш, одма паѓа. Вчера, уште у први 10 минути му направија ИСКЛУЧИТЕЛНО ПАМЕТНИ (и малце груби, но во граници на нормала) фаули, и го извадија од такт детето, го засенија едноставно, го немаше никаде. Големи играчи не паѓаат после такви ситни провокации. Барем не оние најголемите. За да се нарече "нов Меси" треба уште многу корки леб да јаде, и да се појача малце, а не сучка ваква... помина времето на класичните треквартисти такви што со еден пас ќе решат цела текма... помина тоа време уште од Кака. Мора да го напреднат Дибала во тој поглед. За да не се претвори во Озил и Пандев, да може само 60 минути да издржи на терен.
Игуаин, нееема бе човеков брзина и физичка спремност како Реаловите машини, кога го видам сам против сите трча мислиш со глава ќе бутне ѕид. Не бива така. Едноставно вчера физичката спремност на играчите на Реал се покажа и докажа како пресудна.
Неможе Барзаљи и Дани Алвеш на 34/35 години да трчаат високо темпо во финална утакмица против екстра мотивираните машини на Реал. Нити пак Дибала и Игуаин. Да се разбереме. Неможе Кедира и Маркизио кои имаа 10000 повреди задниве 2 години да трчаат и да покриваат 90 минути хардкор бркање и мавање против Модрич да речеме, кој вчера беше насекаде.
Плус, целиот медиумски хајп кој го добија играчите на Јуве им се тресна од нос, да бидеме искрени.
И незнам зашто не почна Маркизио наместо Кедира.

Стерилен беше Јуве вчера, премногу.
Озбилно сакав да направат нешто повеќе јувенташиве, не бев интераш да идам по цркви да носам брашно и зејтин да не освојат. Иако навивам за Милан.
Ако ништо друго, барем да не се бламираат така ко вчера.[DOUBLEPOST=1496581001][/DOUBLEPOST]Вакви ликови како @ElNinho (иако го сметам за океј форумџија) или некој фан на Челзи стварно ми се тотално нејасни.
Како БЕ МОЖЕ да браните ликови како Серхио Рамос или Диего Коста?
Не сте ми јасни... Океј, капитен ви е(за рамос ќе зборам овојпат), ама секој пат бе кога ќе одглуми наоѓате начин да го браните... мислам, кај ви е рационалноста? бидете искрени сами со себе најпрвин, и соочете се со вистината дека тоа вчера беше ПИЧКАРСКИ потег од Рамос, кој што заслужува секаква критика. Па уште тука го правдаат... нееееееемојте бре луѓе.
Јас знам дека им е најбитна победата, го разбирам тоа, да направеше нешто вакво коа се кршеше резултат, ќе разберев до некаде . Ама па имај усул бе малце што праиш, цел свет те гледа, имај малце почит спрема противникот, биди ферчина. Квадрадо каков таков, не заслужи да добие црвен на веќе решена утакмица и таква бламажа стварно не беше потребна. Човеков се трудел да дојде до финале за да ти ко некое копиле маалско непотребно му го уништиш истото кое повторувам во тој момент ВЕЌЕ БЕШЕ РЕШЕНО. Биди човек пред се.
Како капитен треба прв да го промовира фер плејот. А не да биде најгнасен играч ever.
 
Последно уредено:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Затоа Милан и Интер си знаат воопшто не се пласираат. Едниве славеа пласман во квалификации за ЛЕ, а другиве "намерно" губеа за да не играат таму. Битно Јуве се лузери :D Кога ве гледам вака напатени вас и миланезите ми останува апетитот за домашните титули. За 7 изгубени финалиња по ред не знам кој има, ама знам дека Интер може да се пофали со тоа што наредната 17/18 сезона ќе биде 6та по ред без ЛШ. Ама ќе ве опорави Спалетот (y)
Ако бе, доека се вака боси подобро и да не играат за да не се резилат. Јас сум секогаш за тоа, ако не си способен да победиш (финале) боље не ни играј.
Лузери се Јуве, тим што има порази во 7 од 8 финалиња не може да се нарече поинаку освен лузер. Во вакво мртво калчо без конкуренција нека освојуваат до сабајле се додека во европа јадат бламажи ко оваа вчерашнава. :D
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.305
Некако ко преимпресионирани да беа. Влегоа океј, одиграа релативно добро прво полувреме.
Но, проблемот е што не дадоа прв гол, и неможеш со Реал некако да се повлечеш до свои 40 метри и да чекаш контри. Со Реал треба да се подготвени 90 минути тежок физички меч да одиграат, со многу трчање, туркање и тн и тн.
Киелини, Бонучи,Барзаљи и компанија се трагичари, еве 3 финалиња губат. Европско 2012та, 2015 со барса и ова вчера. Вчера имам дојам дека влегоа со став као "еј ние сме BBC најјака одбрана во свет, никој ништо не ни може" . И тие епитети кои им се налепија во последно време лошо им делуваа. ептен лошо. Ги кренаа во облаци, а токму тие потфрлија. Се осети дека беа ПРЕсамоуверени.
Искрено, Буфон можеше и мораше подобро да реагира на вториот гол на роналдо, и мислам дека тоа може да се подведе во категорија "се брани". И него ептен го нафураа периодов.
Не дека летањето на Јувентус во облаци и глумење недостижност ради фактот што не дозволија барса (која искрени да бидеме е скапана оваа година) да им даде гол поради ТАКТИЧКА СУПЕРИОРНОСТ (а не играчка), но историјата покажала дека италијаниве секогаш се најзаебани кога се сметаат за апсолутни аутсајдери. Овојпат искрено, пред текмата никој не очекуваше дека ваков ќе биде резултатот.
Со реал мораа да играат поагресивно, мораа tighter маркинг да фураат, барем катенаџо да пробаа да изведат, но тие беа тотално индиферентни и изгубени целава утакмица.
Друг муабет,ќе ме плукате за ова, но Дибала е ептен ептен overrated играч. Ко прво, едноставно детево е ко Меси на 19 години, го пипнеш, одма паѓа. Вчера, уште у први 10 минути му направија ИСКЛУЧИТЕЛНО ПАМЕТНИ (и малце груби, но во граници на нормала) фаули, и го извадија од такт детето, го засенија едноставно, го немаше никаде. Големи играчи не паѓаат после такви ситни провокации. Барем не оние најголемите. За да се нарече "нов Меси" треба уште многу корки леб да јаде, и да се појача малце, а не сучка ваква... помина времето на класичните треквартисти такви што со еден пас ќе решат цела текма... помина тоа време уште од Кака. Мора да го напреднат Дибала во тој поглед. За да не се претвори во Озил и Пандев, да може само 60 минути да издржи на терен.
Игуаин, нееема бе човеков брзина и физичка спремност како Реаловите машини, кога го видам сам против сите трча мислиш со глава ќе бутне ѕид. Не бива така. Едноставно вчера физичката спремност на играчите на Реал се покажа и докажа како пресудна.
Неможе Барзаљи и Дани Алвеш на 34/35 години да трчаат високо темпо во финална утакмица против екстра мотивираните машини на Реал. Нити пак Дибала и Игуаин. Да се разбереме. Неможе Кедира и Маркизио кои имаа 10000 повреди задниве 2 години да трчаат и да покриваат 90 минути хардкор бркање и мавање против Модрич да речеме, кој вчера беше насекаде.
Плус, целиот медиумски хајп кој го добија играчите на Јуве им се тресна од нос, да бидеме искрени.
И незнам зашто не почна Маркизио наместо Кедира.

Стерилен беше Јуве вчера, премногу.
Озбилно сакав да направат нешто повеќе јувенташиве, не бев интераш да идам по цркви да носам брашно и зејтин да не освојат. Иако навивам за Милан.
Ако ништо друго, барем да не се бламираат така ко вчера.
Vo vrska so igrackiot kadar, toj so bese rizikot uste koga pocna sezonata, t.e. uste koga zavrsi preodniot rok, posebno za sredinata.
Edna cela postava kvalitetni igraci, se vide toa vo najbitnite mecevi vo LS sezonava, ne ni pravese zameni Alegri, dobro i tie 11 sto izdrzaa do kraj.
Se vide i vcera toa, Dybala izleguva Lemina vlaga :pos: Smesno, ama i nemase koj drug.

Ne deka se bara izgovori, ona u vtoro poluvreme bese bruka od igra vcera, ama mislam deka letovo se ocekuva dosta na pole na transferi od strana na Juve. Spored site indikacii, finansiite ne se problem, pa ke vidime.

Sent from my HTC One mini 2 using Tapatalk
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
[/DOUBLEPOST]Вакви ликови како @ElNinho (иако го сметам за океј форумџија) или некој фан на Челзи стварно ми се тотално нејасни.
Како БЕ МОЖЕ да браните ликови како Серхио Рамос или Диего Коста?
Не сте ми јасни... Океј, капитен ви е(за рамос ќе зборам овојпат), ама секој пат бе кога ќе одглуми наоѓате начин да го браните... мислам, кај ви е рационалноста? бидете искрени сами со себе најпрвин, и соочете се со вистината дека тоа вчера беше ПИЧКАРСКИ потег од Рамос, кој што заслужува секаква критика. Па уште тука го правдаат... нееееееемојте бре луѓе.
Јас знам дека им е најбитна победата, го разбирам тоа, да направеше нешто вакво коа се кршеше резултат, ќе разберев до некаде . Ама па имај усул бе малце што праиш, цел свет те гледа, имај малце почит спрема противникот, биди ферчина. Квадрадо каков таков, не заслужи да добие црвен на веќе решена утакмица и таква бламажа стварно не беше потребна. Човеков се трудел да дојде до финале за да ти ко некое копиле маалско непотребно му го уништиш истото кое повторувам во тој момент ВЕЌЕ БЕШЕ РЕШЕНО. Биди човек пред се.
Како капитен треба прв да го промовира фер плејот. А не да биде најгнасен играч ever.
Треба да се повторам тоа што го пишав вчера:

Јуве не заслужи, Квардадо заслужи. Влезе и се изгуби скроз, врати ја снимката ќе видиш дека почна да ги млати сите. Истото важи за Алекс Сандро.

Рамос овде го насанка школски, овој го чепна, овој падна и толку.

Он има проблем шо не може да го смири карактерот до крај дури и кога тимот е во победничка позиција. Против Барса не чинеше тоа директен пораз. Дури и денеска, токму Рамос со тој потег ги врати тотално умрениве Јувентус у живот да почнат да трчаат. Среќа не беше 1 гол разлика па да се плашиме. За таквото негово дебилно понашање и кај фановите на Реал добива критики, ама ипак головите у последни минути повеќе тежат...
Абе се слагаме за тоа. Пишав, најчесто таквоите потези дури и одат директно на штета на тимот, повеќекратно се десило. Да правеше такви потези Варан на пример ќе беше отпишан.

Но кога ќе ставиш на кантар, ипак неговиот играчки квалитет е пресуден за ова да иде у втор план.

А за лентата пресуден е и карактерот, ко што ти пиша другиот член, подобро капитен кој ќе му ебе матер на противникот, него лицемер кој е најдобар пријател со непријателите на екипата...
Никој не го брани за тие потези кога се обидува да биде Луис Суарез, прво затоа што е моронско, второ затоа што таквите потези многу често го чинеле тимот пораз.

Рамос направил многу поидиотски потези од тој вчера да се виткаш каде што сепак те згазнал ирачот, он има слика на играч кој од добиена ситуација може да направи изгубена, ради непромислен потег.

Но, со головите кои ги даде минативе сезони и со играчкиот квалитет, за тоа му се прогледува низ прсти...

п.с.
приметивте ли вчера на почетокот на мечот коментаториве на МТВ упорно неколку напади по ред за Бензема викаа Игуаин!
Губи Игуаин топка од Касемиро, му ја подава овој на Бензема и Стерјов вика еве го Игуаин во контра :pos:
 
KajzerS

Учителот од Кукуш
Член од
18 февруари 2015
Мислења
91
Поени од реакции
129
Ако бе, доека се вака боси подобро и да не играат за да не се резилат. Јас сум секогаш за тоа, ако не си способен да победиш (финале) боље не ни играј.
Лузери се Јуве, тим што има порази во 7 од 8 финалиња не може да се нарече поинаку освен лузер. Во вакво мртво калчо без конкуренција нека освојуваат до сабајле се додека во европа јадат бламажи ко оваа вчерашнава. :D
Jadenje blamazi e da ispadnes u grupi,a ne da izgubis finale.

Jbg Real gi pomoca u finale,ali bos tim nemoze da ja tepa Barsa taka lesno ko JUve sto ja pobedi godinava.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.420
Поени од реакции
7.759
неќам да звучам сентиментално и као "во наше време ова и она беше најјако" сеа ништо не бива .
Но искрено, какви одбранбени играчи имало во последниве 20 години во фудбалот, ти доаѓа да си кажеш колку фудбалов е паднат од тој аспект.
BBC да ги сметаш за најдобро дефанзивно трио, а и секој поединечно заедно со Рамос спаѓа во категорија "најдобр дефанзивец на планетата"... мислам алооооооооооооо.
Ова повеќе пати е истакнато во темата Сериа а од мене, јер јеби га, носталгија ме фаќа ептен :D
И нема дилеми, триово заслужува апсолутен респект, бидејќи од никој и ништо стигнаа до врвот, за 50 кила семки земени барзаљи и бонучи дојдоа до тоа да играат 2 финалиња во 3 години.
Но, Јувентус еве, какви дефанзивци имале низ историјава... абе неможеш ни одблизу да ги споредиш со сегашниве.
Турам,Канаваро,Замброта, Чиро Ферара, само неколкумина...
Милан со Малдини Барези Костакурта и Тасоти, или малдини + неста и кафу тука би го стаил (стам имаше краткотрајна улога во тимов). Тоа беа играчишта кои на пример Роналдо го ставаа во џеб.
Последна ОБЈЕКТИВНО НАЈДОБРА одбрана во светот на фудбалот, го зборам ова како фан на Милан кој подеднакво ги сака/мрази и Јуве и Интер беше таа на Интер 2010 со Мурињо. Па може да се каже и онаа на Пеп со Барса исто (година-две претходно)
Тоа беше ОДБРАНИШТЕ. без сомнение. Сите цврсти, јаки, искусни, со добра техника, огромна интелигенција и способност за читање на играта.

Не сакам да провоцирам, туку сакам да кажам колку фудбалов е ДЕеволуиран и колку е сменет.
Колку само беше УЖИВАЊЕ да се види како Роналдињо, К.Роналдо,дебелиот роналдо, Зидан, Фиго, Анри Робен, Рибери,Гигс, Сколс, Меси, Ибрахимович како плачеа ко пичиња против тие семоќни играчи и дефанзивци. И што значеше да играат против реално ПРЕЈАКИ дефанзивни 4ки.

Реал ќе остане запаметен како најдоминантна екипа во фудбалот, во еволутивно гледано еден од најлошите периоди во светскиот фудбал.
И, не ... не е носталгичарски кажано као фан на италијански фудбал, но факт е дека крајот на 90-те (иако тогаш гледав фудбал и ништо не разбирав, но подоцна излегоа football classics и многу текми ми се изгледани по 3 пати, онака напушен ќе пуштам рандом полуфинале од 99та меѓу јуве и Јунајтед) и до некаде 2010/2011 беа НАЈУБАВИТЕ ГОДИНИ во фудбалот.

Мое мислење.
 
C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Честитки до фановите на Реал за освоената титула.Дур ги имаат Модриќ и Крос во средина нема зима за нив дефинитивно.
Јуве го одигра најслабото полувреме оваа сезона кое го чинеше титула.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom