Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.

И после тест се заборавам што сум набубала на памет, ке добијам 5 ама знам дека ми е незаслужена. А кога ќе добијам 1 не се нервирам зошто бубањето ме нервира но мора да се применува 
Мислам дека можеби требаше прашањето да се постави поинаку, зошто или не се сите искрени, или се погодиле сите паметни студенти на форумот, затоа што и според мене повеќе се учи за оценка во нашите факултети и универзитети.
Прашањето според мене би требало некако да се форимулира како:
Кога имате прашање на колоквиум или испит...
Дали го пишувате она што го пишува во книгата т.е. она што сака да го слушне професорот (дали пишувате за оценка)
или како одговор на тоа прашање, давате свое мислење и ризикувате професорот да го оцени тоа прашање како грешно одговорено.
Мислам дека свое мислење би требало веќе да имаат постипломците, затоа што веќе еднаш ја имаат поминато таа материја и имале можност да прочитаат нешто што е надвор од книгата на професорот, додека студент од 1ва или 2ра година не верувам дека може многу да ризикува и да го напише како одговор своето мислење во поглед на тоа прашање. Мислам дека помладите студенти, слепо се држат и одговораат точно онака како што е запишано во книгата, што се разбира не мора да биде точно. Се разбира има и исклучоци, но јас го пишувам ова од мое искуство.

се зезам