Ne znam sto im e problemot na cecencive.
Kako prvo nemaat apsolutno nikakva osnova za da sozdadat svoja sopstvena drzava.Nitu kulturalna,nitu tradicionalna nitu istoriska....apsolutno nikakva osnova.
Nivnata istorija zapocna koga rusite zapocnaa da se mrckaat so niv.
Слушај! македонците имале повеќе основа од чеченците за држава?:pos2:. Прво кажи ми ти до 1945 г кој во оваа територија се изјаснувал како македонец? Дали знаеш дека во крушевската република постоел совет на републиката кој се состоел од 60 членови по 20 од секоја националност: грчка. бугарска и влашка(македонска-АШ). Дали си го видел прошталното писмо на Христо Узунов на каков јазик и писмо е напишано?(на литературен бугарски). Синот на Питу Гули [FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
Ташку (Шула) загинал на Султан Тене, во 1918 година, како доброволец во бугарската војска по влегувањето на Бугарија во Првата светска војна. Зошто доброволец во Бугарска Армија? [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Да не ги спомнувам и народните херои како: Ванчо Михајлов, Тодор Александров, Мара Бунева и др. Македонија 5 века е под Турска власт а кренати се прочуените востанија во селото Кресна кое се наоѓа во Бугарија, за кое бугарите тврдат дека е нивно востание, потоа востанието во селото разловци, мариовската буна - ова се востанија? Крушево е ослободено од луѓе за кое зпоменав погоре со какви идеали и верувања биле, а по нападот на турците комитите наместо храбро да го бранат до последен цивилното население тие се повлекле оставајќи го населението на милост и немилост освен четата на питу гули.
Чеченците кои сочинуваат околу 1000 000 луѓе се луѓето кои во првата чеченска војна му одржаа лекција на светската сила на стаклени нозе-русија. Чеченија беше гробница за руските војници по што Русија се повлече од Чеченија. Русите тврдат дека загубиле околу 7500 војници, но самите медиуми во Русија трврдат дека бројот е неколку пати поголем. И во втората војна Русите трпат огромни загуби, само во заземањето на село космополскоје се загинати 116 руски војници, чеченците се непокорливи. Да не ги спомнувам заседите на чеченците. Русите ја држат чеченија колку што америка го држеше Вијетнам.
Русија има секојдневни загуби во Чеченија а Русите од градовите не смеат да излезат.
Еве ти резултати од втората војна во Чеченија објавени од Русите во тој период (пардон од храбрите православни руси):
[/FONT]И покрај неспоредливата супериорност во воената техника на Русија во однос на чеченските сепаратисти
Во Чеченија досега загинаа 10 илјади руски војници
ОД НАШИОТ ДОПИСНИК БРАНКО ВЛАХОВИЌ
Неискуството на војниците најголема причина за големите загуби
МОСКВА - Министерството за одбрана на Русија ги соопшти податоците за бројот на загинатите и повредените од октомври 1999 година до крајот на минатата година - од строј се исфрлени дури две целосни дивизии. Во тој период загинале 4.572 лица, а биле повредени 15.549 припадници на војската и на полицијата кои војувале во Северен Кавказ. Ако се знае неспоредливата супериорност во воената техника во однос на чеченските сепаратисти, тогаш е очигледно дека загубите на руската војска и полиција се прилично високи.
Руските генерали често пати повторуваат ?дека војската ја изврши својата задача и дека веќе нема фронтални судири со чеченските одметници". Меѓутоа, податоците укажуваат дека војската и понатаму има прилично големи жртви. Само во последните четири месеци се убиени 292 руски војници и офицери. Навистина е точно дека во Чеченија веќе нема фронтално војување, бидејќи чеченските сили верни на Аслан Масхадов се разбиени и сега дејствуваат во помали групи, напаѓајќи колони и поставувајќи експлозивни направи на патиштата, кои ги активираат од дистанца или преку електрични долги кабли.
Интересно е дека значително се разликува бројот на загинатите руски војници што го соопштува Министерството за одбрана, од оној што е познат во Комитетот на мајките на војниците. Според таа црна статистика на мајките на војниците, до септември 2001 година во Чеченија и во Дагестан загинале дури 6.500 војници, но ако на тие податоци се додадат и оние за починатите во болница, произлегува дека војната во Чеченија однесе 10.500 војнички животи.
Само по себе се наметнува прашањето: поради што гинат толку многу руски војници во Чеченија? На тоа прашање ретко кој руски генерал сака јавно да зборува. Сегашниот губернатор на областа Улјановск, генерал Владимир Шаманов кој доби ѕвезда на херој за војувањето во Чеченија, тврди дека главната причина за големиот број загинати е што во Северен Кавказ се испраќаат голобради неискусни војници кои лесно стануваат жртви во судирите со далеку поискусните и прекалени чеченски сепаратисти. Неоспорно е и дека во Чеченија војуваат руската сиромаштија и селаните. На прсти можат да се пребројат градските деца. Меѓу војниците никогаш немало деца на раководители од кој било ранг. Кога издаваше команда да почне војната во Чеченија, Борис Елцин планираше да го прати својот внук во Англија на школување и за да стекне добри манири. Московската елита секогаш зборуваше за Чеченија кога требаше да заработи поени за избори од простиот народ. Ако барем еден од синовите на руските раководители загинеше во Чеченија, тогаш веројатно би размислувале како да го спречат крвопролевањето.
Една од причините за големите жртви, според тврдењата на руските офицери, е тоа што во Чеченија не се знае ?кој е душман, а кој мирен жител". Тие ?мирни граѓани" ноќе организираа напади на воени колони и поставуваат експлозив. Поради сето тоа, не е мал бројот на оние во Русија кои тврдат дека Чеченија одамна требаше да се подели и да се земе оној дел што со векови бил руски, а тоа е рамнината до реката Терек. Ридовите отсекогаш биле чеченски и треба да им се остават. Но, на Елцин не му паѓаше на ум да бара компромис, бидејќи тогашниот министер за одбрана Павел Грачов го убеди дека со неколку десантни баталјони може да ја освои Чеченија. Тој генерал, кого народот го нарече Пша Мерцедес одамна седи во топлиот московски кабинет, а во Чеченија и понатаму гинат млади луѓе.
Како споредба, за 10 години војување во Авганистан СССР загуби околу 14.000 луѓе. Годишно во просек гинеле околу 1.400 војници а во Чеченија Русија овие загуби ги почуствува за една година војување во втората чеченска војна.