Twisted

Член од
6 ноември 2012
Мислења
29
Поени од реакции
13
Серијата не води низ животот на шеснаесетгодишниот Дени,кој се враќа во својот град откако ја убил својата вујна пред пет години,кога имал само 11.Сите го гледаат како психопат,го мразат и покажуваат со прст кон него.
И тогаш се случува уште едно убиство;соученичката на Дени, популарната Регина е пронајдена мртва во својот дом откако гостите од нејзината забава си заминуваат. Нормално, сомнежот паѓа врз Дени. Дени заедно со неговите најдобри пријателки од детството Џо и Лејси ќе се фрли во потрага по вистината со цел да го исчисти своето име.
Но тој крие и една тајна;зошто ја убил својата вујна?
Одлична серија,нова од ABC Family.Има излезено две епизоди,па ќе видиме како ќе биде понатака. Ја препорачувам бидејќи е уникатна и непредвидлива.
Па друштво,ја пратете ли вие серијата?Ако не,ви препорачувам веднаш да се фрлите на гледање.

 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.501
Поени од реакции
33.643
Него кога сме кај трилер, еден тинејџерски пилот, умот ми го зеде. Цела недела чекав втора епизода, за на крај првата да била ликната, од Јуни навондо почнувала. 10тина денови ми е во глава и си правам разни филмови и сценарија и можни исходи. А инаку ептен ефтина серија, тинејџ како што реков. Се вика Twisted. Не ја барајте на IMDb, ретардираниве спојлери пишаат како опис. :tapp:

Го пуштија пилотот месец два порано. Позитивно ме напна некако, ќе и дадам шанса во сувите летни ноќи.
Сепак е тинејџ, со цензури и све, а пред све фемили шоу е.. ама тоа е.

Сакам школо немало потреба цел пилот да го раскажеш.
 

Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
Изгледана прва епизода и си ги спуштам сега другите. Пошто обавезно гледам по некоја тинејџ серија, гилти плежр тоа е, оваа ми направи мерак... Глумците нормално бирани ко за на избор на мис и мистер, ама и приказната ми е интересна, што ли ќе се окрие понатаму :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.217
Прости им Io Sono Interista, не знаат што прават. Мене пилотот ми беше катастрофа, можи удел имаше и тоа што го прочитав воведот на темава, ама мислам дека и без тоа ќе ја баталев. Има многу подобри дури и за guilty pleasure.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.501
Поени од реакции
33.643
Првиот збореше дека Dexter е боља од Breaking Bad.
Вториот ниту гледа Breaking Bad.

Прости им Anne. немаат вкус. :)

Читајте поубаво. Знаеме што како е и ние, само трилер моментот убаво не истрила. Затоа.
 

Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
Прашање на време беше кога ќе се деси ова. :)
wot очигледно не потпаднале на магијата на секси бркчето на убиецот :icon_lol:

Јас ги изгледав сите излезени епизоди и засега планирам да си ја продолжам. Ме интересира што всушност се случува, а не е некоја серија која ќе ме измори. :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
6 ноември 2012
Мислења
29
Поени од реакции
13
Серијата е стварно добра,а сеуште се првите епизоди.Понатаки ќе биде се подобра и подобра, кога ќе се откријат некои работи,па што како.Иначе едвај чекам да дојде среда да ја симнам следната епизода,не знам дали сте го виделе sneak peek-от,ама изгледа доста интересно. Полека почнуват да се замрсуват работите и станува возбудливо.Веќе почнувам да си стварам теорија во главата и според мене(се надевам дозволено е да се става мислења :))Дени не ја убил својата вујна.Мислам дека нешто татко му има врска со сето тоа,тоа негово исчезнување ми е некако сомнително.Иначе омилен лик ми е Фиби,ја обожавам девојката :)
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Интересен пилотот, мистерии еден куп кои не знам како планираат да ги решат. Летна серија, ништо сериозно, ама ме заинтересира. Баш гилти плежер.

Стопати подобра од Under the Dome.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
945
Поени од реакции
1.196
Мене ми се допаѓа. Малку ме нервира што треба да чекам, бидејќи повеќе преферирам маратонско гледање поговото drama/mystery серии. Можеби ќе ја гледам едаш месечно да ми се соберат повеќе епизоди, ако успеам да издржам. Во секој случај надежна серија.
 

Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
И да си пишам, ако имате нешто слично на ум давајте. Лето е, не треба многу да се замара мозокот. :X3:
 

Sassy

sultan instead of the sultan
Член од
5 ноември 2008
Мислења
329
Поени од реакции
72
Просечна тинејџ драма/мистерија.
Уствари колку на мометни е нелгоична и детска, заедно со прити литл лајрс во ист кош ги ставам, сакаат да праат нешто крими/мистери серии за тинејџери ама не им успева идеата, барем мене ми се досадни.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom