Тука пишуваме на зададена тема

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Филозофија на моментот.

Момент.

Крај.
 
Филозофија на моментот

Момент. Момент...што е тоа? Дали може да се дефинира? Не...Не може да се дефинира. Може само да се живее. Еден момент...Еден поглед...една насмевка...Еден бакнеж. Моментот трае онолку колку што сакаме да трае. Нема тука некоја голема филозофија. Секоја полемика е излишна. Секја мисла е беспотребна. Чувстото е важно. Љубовта ( независно од кој тип) е важна. Момент...Моментот помина...Чувството остана...Тоа е важното:back:
 
Деновиве некако сум патриотски расположен па како од прво оделение ќе одекне следната тема... Македонија
 
Ах, ќе пишуваме за најсаканата, а сепак најклеветена, никогаш заборавена, а сепак отфрлена. Ќе кажеме за нејзината страшна историја, за нејзините паталски денови, години, векови. Ќе го спомнеме и нејзиниот народ, оспоруван, избуткан од историјата. Напуштени од самите себеси, гледајќи како ги глодаат нејзините коски, дали ќе пуштиме солза?
 
Македонија...земјата во која што сум родена и во која што планирам да умрам.Првиот изговорен збор,првата созла,првата љубов,првиот бакнеж,првите нервози...се што е прво.
Како да не ја сакам оваа земја,која не е толку совршена,а баш тоа ја прави да биде прекрасна.
Сите спомени,моето детство,се што имам се наоѓа тука,не знам како би постоела на друго место,кога спомените ми живеат тука?
Кога го дишам овој воздух,се чувствувам слободна,затоа што знам дека сум дома,меѓу луѓето што ме сакаат(и кои не ме сакаат се разбира :)),моите омилени места за седење...
Многу работи сум преживеала и доживеала тука...
Летните распусти кои со душа ги чекав,а сепак ми здосадуваа по малце,колку и да не сакав да признаам,првиот одмор со друштво во Охрид и отеченото колено...
Првите вечерни излегувања,возбудата и нетрпението да дојде петок...
Првата петка и првата единица...
Игрите без крај што ги играв во маало,возењето ролери и точак(секогаш пропратени со модрици).
Се' се тоа можеби ситници,небитни работи кои можеби и не се толку фундаментални,но мене многу ми значат.
Сите овие,а и многу други работи ме врзуваат за Македонија,која и покрај тоа што има милиони проблеми,ја сакам,се гордеам со неа и не би ја напуштила никогаш.
 
copy&paste (напишано некаде `98/`99)

Македонија

Еј, девојко…кучко!
- растргната
кучиња, кинат бесно,
парчиња од твоето месо

Еј, девојко наивна
твојата ѕвезда свети,
но не на твоето чело,
(туку на твојот грб)
за да не може да го видиш
да не може да го заштитиш од кучињата клети
своето тело

Еј, девојко… Ти!
Ти натежнале твоите дојки
но не од млекото за родот твој
Ти овиснале од змии кои цицаат:
крв - црвена,
млеко - бело,
живот - црн.
…А твоите деца пискаат,
ја имаат бојата црвена во очите гурелави,
препечени од црното сонце

Еј, девојко, стани!
На вратот крлежи ти се накачиле,
сакаат да продрат до `рбетот, до сржта,
…нека не ти прават рани.
Еј, девојко! одмазди се, врати!
На сите, тебе што те намачиле
 
-Која е поентата шо стално носиш црно?
-Дефинирај ми живот и најди ми поента.
-Не,најозбилно.Сакате да докажете нешто со тоа?Мора да има цел.
-Цел е измислен поим.не ме гњави...
-Ја баш веруам у такви работи.Со причина сме се родиле,живееме во македонија и ќе умреме како алки во синџирот на Глобалната Смисла
-Чмарко...тоа шо си се родил е природна непогода.Доказ ми е тоа колку само исповрати од коњакот у кофата.Тоа шо живееш во македонија уште толку требало да ти ја долови неправдата,бесмисленоста,да ти го активира гневот и омразата.А ќе умреш како и сите.Или како богата стока затворена у дрво,или како сиромашна стока завиткана у картон.
-Другар Македонија е баш тоа шо ми дава сила.Искубана,каменувана,кршена,дробена...саката,ама жива.Уште ја глодаат стаорци,мршојадци играат околу неа,а малата мрда.Оти верува.Дека има иднина,има смисла,има утре.
-Плукни у езерото.Ќе ја погодиш Албанија.Ќе те изрешетаат граничари или па ќе лежиш 80 години в зандана.А си плукнал на наша земја.Ебати смислата.Оди Солун.Мафтај бело знаме ФИРОМ,пиј кисела вода за 5 евра,немај за леб 2 месеца.Биди циган во својот главен град.Нека ти се смеат покондирани Грци-екс Македонци.
-Клопчето се одмоткува....
-Клопчето не постои!
-Клопчето се одмоткува.Старата вистина удира толку силно,превртува и уништува.What goes around,comes around.
-Still sucking their dicks.Your grandchildren will suck their dicks,or some random dick.во крвта ни е уште од Турчето.
-На се има крај.
-Нивата е рамна глупоста е вечна.Ние ги имаме и двете и се многу поврзани една со друга.Извади го селанецот од село,ама извади го селото од селанецот....800 години село бе еј!На кого тие глупости?!Ние сме цицка!Молзи комши!
-Не сум цицка.Ти затоа ли носиш црно?Оти мислиш дека си цицка?
-Ја сум само дел од мазохизмот.Исто колку и ти.Ама ти си глуп а ја црно носам оти таму се наоѓам....ем и сум предвесник на модата во Македонија за едно 10 години.
 
(copy&paste пак, напишано 2004)

Република Абортус

Нé остави здрави
Да имаше барем заби
на вагината,
ах, мајчината!

Со главата потпрена на плочките
стенка, јачи - јачете!
Мајка - чедоморка
со водата пријателка
брич за врвцата папочна.

Се слева плач на новороденче
по канализацијата, по цевките

Некаде долу, нé јадат стаорци
А, трчаме повторно кон неа
со распетлани панталони
ја пренесуваме заразата
и забораваме на „Нема да се повтори“
 
колку ли пати сум се запрашала зошто сум родена овде? од толку држави во овој свет баш оваа? ова е некоја грешка, размислувам враќајќи се од работа, првата моја работа, платена помалку од колку што би требало да биде, изложена на злобните коментари на газдарицата моја штотуку влезена во критичниот период на климатериумот... Денес не беше убав ден, еден од премногуте такви денови кога се измачувам себеси со нештата кои во моментот изгледаат како да немаат излез. И пак се враќам на фактот дека сум родена во Македонија. Македонија име за кое многу луѓе не се ни чуле, држава која не значи апсолутно ништо во светот. Денес се ми изгледа црно. Но државава од секогаш ми изгледала таква, црна, без трошка надеж за мене, за младината наша, за моите идни поколенија. Колку ли само луѓе ја напуштиле оваа држава барајќи спас во странство... Но дали тоа е излезот, дали тоа ќе и помогне на нашата црна Македонија??? Секако дека не... Но ете можеби проблемов не е во државата. Државата е таква каков што е народот... Но што значи тоа? Ќе видеме ли барем малку сонце на хоризонтот без да ги чуеме нашите баби и дедовци како пуштаат глас на ТВ приемникот слушајќи нови шокантни вести?
Не знам.
Одсекогаш сум била песимист, скептик.
Иднината ќе дојде доволно брзо...
И нашава Македонија ќе остане тука, на истово место, без разлика дали ќе продолжиме да се движиме со истово темпо или ќе преземеме нешто, без разлика дали ќе ни го сменат името, ние, македонците, ќе си останеме тука, среќни или не, задоволни или не, тука сме и нема бегање од судбинава.
 
Наидов на еден мал бар во северниот дел на Марсеј, каде за чудо луѓето не личеа ни на мароканци ниту на туристи... класични французи а и барот е наречен "Pettit madmоiselle", што секако човек би помислил дека е бордел иако од надвор доста наликуваше на оние наши сеирски кафулиња со коклици покрај прозорите и дневен печат до вратата. Универзално демек, можеш да си и македонец со својот сеир, или ако не си рапосложен, имаш весник да бидеш европеец со утринското кафе.
Полумрачна атмосфера во попладневни часови во сончев град делува како да се спрема сцената за нов филм на Родригез и Тарентино, а ситуацијата ја надополнува возрасниот шанкер, кој личи на роднина на Карлос Тевез. Очекував дека ќе плукне и ќе ја раскопча кошулата а на неа ќе има огромна тетоважа на градите со ликот на Богородица. Намрштен ја прифати нарачката.
Седнав на шанкот покрај еден “растурен“ господин кој веројатно минатата вечер се забавувал во вистински бордел, а тука налетал со надеж на продолжување на забавата. Сфатил бргу, но мирисот од омлет ги соборил неговите сексуални амбиции а веројатно и вијаграта помешана со виски.
Читаше “Гардиан“ што значи дека не е локален па му се обратив на англиски...
-You`re not from around aren't you?
Ми објасни дека е англиски компјутерџија од село близу ЊуКасл, а тука е на работа. Се зафативме како нормални странци за времето, французите, политиката и секако заглавивме во Македонија.
- I had a girl from Macedonia, did you know that? Bloody mess...
Ми објасни како девојката го третирала како ѓубре, му ги собрала сите пари и емотивно го ослабнала до тоа ниво што за малку ќе ја загубел и работата. Ја сретнал тука, додека била на одмор со пријателки. Останала кај него уште еден месец а потоа си заминала без збор. Му го загорчила животот а сепак вели, ја сакав како да е лик од руска бајка, принцеза од леден град...
- You are doomed to live there with all those women. I`v never tasted anything like it. Man, she swiped my mind like a rolercoster in just two weeks. I couldn`t get in to her panties for fucking five days. But it was all worth it at the end. A fell in love with her that day. I tell you, you are not lucky with those women. A natural English woman is ugly, but you have sex on the very first date.
Вели, можеби не се идеалните жени на светот, но наполно сфаќам зошто вашата земја не се движи во вистинска насока. Вие сакате да просперирате и одите напред а општеството ви е заглавено со девојки кои немаат секс. А сите знаат дека сексот опушта и полесно се мисли по него, а исто така и сите знаат дека жените го контролираат светот. Зар мислиш дека еден политичар сам донесува одлуки? Најверојатно оние кои се највлијателни или немаат жени или се геј.
Ми се допаѓа таа ваша Македонија, би дошол да ја запознаам, личи на место кое стои во времето. Таму можеш да бидеш што сакаш и колку сакаш, единствениот проблем е да решиш дека сакаш. Тоа кај нас не може, се знаат правилата на игра, кај вас ми се чини поинаку.
Тогаш ме честеше виски, заглавивме до доцна во ноќта а тој потроши речиси 10 проценти од неговата плата. Јас за да се оддолжам, му ја приближив Македонија во Марсеј... му дозволив да чести и го слушав како да е најпаметниот човек на светот.
 
Ах патриоти.

Во нашата сакана татковина има едно растение кое по многу наликува на нашиот народ. Добро, се сложувам, освен плевелот... мислам на сончогледот. следната тема се вика Сончоглед
 
Сончоглед?

Брат ми го викаа сончоглед. Трчаше гол низ полиањата со пченица, велеше дека го брка сонцето, не сфаќаше дека сонцето мрзи нудизам. Еднаш се премачка во зејтин и стоеше на едно место неколку часа додека се вртеше во насока на сонцето.

Ослепе.

Доби срцев удар.

Умре.

Наредниот ден го најдовме. Изгледаше ко човекот-рак. Црвен, згрчен, со очи широко отворени кои гледаа којзнае каде.

Имаше грст лушпи од сончоглед во раката. И кондом кој заборавил да го извади.

Пфффт..хахахахахахахахахаааа!
 
Мојата вечна инспирација!Сончогледите и нивната душа.Сите нивни погледи кон она без кое не можат.Целата нивна убавина.
Сакам да се разбудам помеѓу нив.Едно најобично утро како ова.И да погледнам таму каде што гледаат тие.Да го искривам својот врат кон небото и да уживам.
Тие секогаш знаат без што не можат.А јас секогаш талкав по погрешни патишта.Се обидував да заборавам и да се изгубам во својата болка.
Само тие не се откажаа од она за што живеат.Да се искривуваат од задоволство додека се будат во неговата светлина.
А јас повеќе никогаш нема да се будам сам,зошто сега ги имам нив.Сончогледите и нивната душа.
 
Sonchogled

Pametno rastenie , se vrti si bara mesto pod sonceto. Ama na kraj mu ja cedat masta za da imame na sto da przime meso, jajca . E sea muabetot mi e na sekoj mu doaga krajot pa i na sonchogledot . Ama vazno e da se vrti nesto neli ?
 

...ти ме гледаше со полни очи восхит, и јас те гледав. Ти мислеше дека сум прекрасен, но јас не мислев така за тебе... и кога сонцето замина од над тебе јас ти свртив грб, јас него го гледав.... не тебе!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom