Тука пишуваме на зададена тема

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Butrfly жолт картон... :smir:

Туку... Секогаш се жалам дека луѓето немаат отворени погледи. Затворени се во онаа нивна мала школка како ракчиња кога некој поминува покрај нивната конзерва од туна. Се кријат, и од внатре колнат по натрапникот.
Токму неколку моменти пред да почнам да ви кажувам за ова, еден драг мој колега кој се потпишува по некогаш како The King, на кратко се обиде да го каже истото што и јас. Вели "Spread your wings and prepare to fly." Токму тоа и треба сите ние да го направиме... да се опуштиме, да ги рашириме мислите колку можеме повеќе и да одлетаме во фантазијата.
А можеби крутоста е доказ дека сите ние имаме скршени срца. Драгата Пеперутка ни се пожали дека и таа е дел од нас. Добредојде во клубот убавице. Ние сите тука сме исти како тебе, и сакаме да се гушнеме преку овие тажни зборови. Ако речеш дека демократите во оваа просторија се како глинени гулаби, само стојат и чекаат да бидат убиени... нека биде така. Јас сум спремен да учествувам во овој масакр. Потоа ќе бидам двојно по опуштен за егзибиции на оние места каде навистина треба...

Далеку од тоа дека знам како треба, ама убеден сум дека темата нема никакво значење освен поттик и додатна мотивација и инспирација. Насловот е тука само да пополни дел од нашиот мал расказ. Никогаш не се ослонувајте на него потполно...
 
Заглаивме, ја викам слаб Темодавач сум... :) Како и да е, следната тема се вика... Во Барселона под мост...
 
Колку време помина, колку нешта се сменија, а некои нешта сепак останаа исти... еве ме пред прагот на остварувањето на мојот најголем сон, со толку успеси зад мене... Се се промени, само со љубовта се остана исто, сеуште сама...
-„Еј! Што правиш ти тука сама?-го слушнав гласот на другарка ми.
- „Размислувам”- одговорив.
-„Хехе, ти никогаш нема да се промениш, секогаш ќе филозофираш во тоа главчето... Туку ајде станувај, сите сме дојдени за тебе вечерва, треба да се забавуваш со нас, нема веќе долго да те видиме, утре си одиш...”
Станав, ја прегрнав и отидовме во дневната, славејќи го мојот 27-ми роденден и моето заминување во Барселона.
Утредента навечер веќе бев во Барселона... Чекорев по нејзните улици, го вдушував тамошниот воздух, го слушав шпанскиот јазик насекаде околу мене... Не ми се веруваше, мојот најголем сон, да ја посетам Барселона, станува реалност. Како да летав, не да одев.
Брзо се сместив во хотелот и истрчав надвор покрај брегот. Сакав да го допрам морето, сакав да видам толку места во Барселона уште вечерта, но имаше време за се, тукушто пристигнав, си реков- Барселона допрва ќе стане МОЈ град.
Пијана од среќа, задлабочена во мислите, боса шетав покрај морето оставајќи ги брановите да си поигруваат со моите стапала, гледајќи го небото и бескрајната морска шир, восхитувајќи се на убавината на се што ме опкружува. „Полна месечина! сите убави работи ми се случувале на полна месечина” - промрморев.
Звук на плачење ме разбуди од овој занес... Го следев. Се најдов под еден мост што најверојатно поврзуваше две пристаништа. Беше темно, само светлината на месечината ми помогна да ја забележам силуетата... Беше тоа машко, чучнато на песокот, со главата меѓу колената... Се плашев да му пријдам, но сепак му пријдов.
"Estas bien?"- извикав. Ја крена главата, ме погледна. Очите му беа црвени, се гледаше дека долго плачел. Беше и премрзнат што кажуваше дека долго бил тука. Но и солзите неможеа да ги сокријат неговите заносни зелени очи, уште поубави од солзите... А неговата беспомошност и болка истовремено ме натажи и разнежни.
"Que piensas"- ми одговори и ја врати главата мегу колената. Можев да заминам и да продолжам да уживам покрај морето, но јас иако беше крајно глупо и нелогично да седнам покрај некој странец што плаче, во такви околности, сепак тоа го направив. Седнав покрај него и почнав да му кажувам од кај сум, нешто за мојот живот, колку работев да го остварам мојот сон и како сега го живеам... Неговиот плач полека се смири. Ја крена главата, долго ме гледаше и почна да ми зборува за него. Ми ја кажа и причината за неговата болка, му кажував и јас за мојата фобија од љубовта. Беше тоа долга ноќ за двајцата. Си ги отворивме срцата и си кажавме се што ни лежеше во нив.
Дојде и изгрејсонцето... Ми ја фати раката, ми ја бакна и со насмевка ми рече:Diego! Со насмевка му вратив: „Дуде!”. И почнавме да се смееме на цел глас- цела ноќ се си кажавме, а на имињата заборавивме. "Gracias, фала за се”- тивко изусти додека го гледавме изгрејсонцето. „ Се појави во правиот момент, пред да го направам најголемиот грев- да си го одземам животот.”
 
продолжение на горниот текст...

„Ништо“- одговорив. „Фала и тебе на прекрасната вечер... мило ми е што те запознав“. Настапи молк... „ Време е да се вратам во хотелот“- прошепотев. Тој само ме погледна со нов сјај во очите, ја почувствував неговата рака врз мојата... иако беше тишина погледите сеуште говореа... растојанието меѓу нас стануваше се помало... нежно ме бакна... Му се насмевнав, станав и тргнав накај хотелот. Ме фати за рака и ми рече: „ Ќе те видам пак, нели?. Му фрлив картичка од хотелот и му се насмевнав. Милувајќи ми ја дланката полека ми ја пушти раката...
"Las Remblas", La Sagrada Familia" "Casa de Batallo", "Park Guell", "Font Magica"... во негово друштво добија уште поголем сјај и убавина. Цела Барселона беше уште поблескава...
 
пак не ми се испрати цел текст и пак морав вака да продолжам...

... Јас му го спасив животот и полека полека му ги лечев раните. Тој ми го избрка стравот од љубовта. Лечејќи го него се лечев себеси...

Во Барселона под мостот почна бајката која трае ден денес.
Во Барселона под мостот се случи нешто што се вика DESTINO! (судбина)
 
Во Барселона под мост

Додека лежев во калта,препелкајќи се,со извалкано фустанче и насолзени очи,слушнав чекори,се завртев,ја видов твојата испружена рака:"Ајде стани и избриши ги солзите",ми рече.Се насмевнав и ја испружив раката и...тогаш ме удри тоа чувство,од тој допир ми затрепери срцето...
Поминаа години од тогаш...
Лежевме гушнати под ѕвезденото небо,близу до местото каде што се запознавме и разговаравме,се присетувавме на заедничките моменти...во паркот,кај баба на село,на нашето прво заедничко патување...толку прекрасни,како со никој до сега...Никогаш во животот не сум почувствувала толкава топлина во срцето кога некој ќе ме прегрнеше,кога ќе ме бакнеше во челото за добра ноќ,кога ме гледаше со тие сини очи...
Цврсто ме држеше за раката...ми подаде едно плишано меченце,ми кажа дека го имаш од кога знаеш за себе.Ми го подаде и ми рече:"Засекогаш"!Со самиот поглед знаев што мислиш...Останавме гушнати долго време,слушајќи го биењето на нашите срца кои сега...звучеа како едно...
Одеднаш ме оттргна од тебе,ме фати за рацете,ме погледна во очите и ми рече и ми вети...ми вети нешто што толку го посакував,поради тоа и тргнавме на нашето заедничко патување,но...немавме среќа,моравме да заминеме порано,на татко ти му беше неопходна операцијата,па мораше да бидеш со него.
Операцијата не беше успешна...не ни стигнавме на време...сеуште го паметам изразот на твоето лице...беше скршен,изгуби дел од тебе...Седеше,гледаше во една точка,изгубено...Ми рече дека ти треба мир,дека ти треба малце тишина,да бидеш сам со себе за да си ја разбистриш главата...Ми беше тешко,но се согласив...
Поминуваа деновите,тебе те немаше...многу пати се прашував што се случува,но ми беше страв да пробам да дознаам.Колку пати сакав да ти се јавам...сакав да те видам,ми недостигаше...многу ми беше тешко...не можев да издржам,морав да излезам.Чекорев по пустите улици,ми навираа лоши мисли,имав некое лошо претчувство,сакав да знам,но во исто време ми беше страв од она што можев да го дознаам...Се свртев и се вратив дома,но сеуште нешто ме мачеше...решив дека ке издржам,сепак,ти ветив дека ќе ти дадам време колку што ти е потребно иако не разбирам зашто не го сакаше моето присуство...тоа многу ме збуни...
Помина цел месец,повеќе не бев онаа старата...Се облеков,погледнав низ прозорецот,врнеше снег кој беше покрил се'...Решително ја отворив вратата и тргнав,немав што повеќе да изгубам,се беше изгубено...
Стигнав до твојата куќа,одеднаш ме обзеде некое одвратно чувство,знаев дека нешто не е во ред.Се стрчав кон вратата,беше заклучено и како и секогаш,клучот беше под чергичето.Го зедов и отклучав...ја отворив вратата.Внатре мирисаше на мувла,на расипано...Прошетав низ куќата,тебе те немаше,остана само уште градината...
Излегов...тоа што го видов,таа слика,се уште ја гледам навечер,не ми дава мир...останав избезумена,вкочанета,не бев во состојба да се помрднам...
Снегот полека паѓаше и...полека го покриваше твоето тело.Не се помрднуваше,знаев дека не спиеш(а колку само сакав да е така).Кога собрав доволно сила се доближив...солзи почнаа да се тркалаат по моето лице од таа глетка...со доближив до твоето мртво тело...те гушнав и те бакнав во челото како што ти милуваше тоа да го правиш...Немам зборови со кои што би можела да го опишам тоа што го чувствував...Легнав до тебе,лежев неподвижно некое време...
Одеднаш забележав ливче во твојата рака...веднаш знаев што е,немаше потреба од објаснување,толку добро се разбиравме и совршено ги разбирав твоите постапки,желби...го одвиткав ливчето:

"Жалам што не можев да го исполнам ветувањето...ДА ТЕ ЗАПРОСАМ ПОД МОСТОТ ВО БАРСЕЛОНА...знам дека тоа ти беше желбата...

Прости ми,Те љубам...засекогаш"
 
Моето плишано мече... Ти благодарам, ме трогна, многу е убаво...
 
...Некои мигови од нашето детство никогаш нема да ги заборавам. Сеуште се сеќавам како сонувавме дека еден ден заедно ќе ја посетиме Шпанија..а бевме деца и сето тоа беше толку наивно размислување.
...Сите наши детски сништа и желби пропаднаа кога ти се пресели.
Замина далеку.. зад себе остави многу пријатели, неисполнети сонови, горчливи насмевки.. Се прашував дали се сеќаваш на мене, дали некогаш помислуваш на она девојче од први со кое го поминуваше времето. Деновите минуваа, а ти не можеше да се вратиш назад. Веќе оддамна престанавме да си пишуваме.
...Во моментот кога најмалку очекував ми стигна писмото од тебе. Во него имаше само билет за Барселона и едно ливче на кое пишуваше "Те чекам, знаеш веќе каде". Не ми требаше ни секунда да размислам. Знаев што сакам да направам, само ги спакував куферите и тргнав.. Цел пат се мислев дали ќе те препознаам, што попрво ќе ти кажам. Колку брзо ми мина тој пат. Во собата имаше картичка на масата и мапа. Стигнав најбрзо што можев. Го препознав само сјајот во твоите очи. Боже, колку си се изменил. И двајцата незнаевме што да кажеме.. Под тој мост во Барселона беше нашиот прв бакнеж. Потоа веќе беше се полесно. Разговорите продолжија како никогаш да не сме биле разделени. И сеуште траат...како и бакнежите..но ниеден не е како тој под мостот во Барселона.
 
Имав мали крилја.
Сини, со црвено и портокалово и виолетово и проѕирно.
Некои околу мене ги користеа своите крилја за да летаат. Што беше тоа?
Летање. Ширење на битијата до врвот на екстремитетите и раширената кожа и пак назад.
Не сакав да летам!
Зошто ми е потребна сета таа слобода и животворен услов?
За безобразно и безобѕирно да се валкам по небото и да ја мрсам косата.
Што ќе ми е сето тоа кога сепак штом се вивнам низ чадот и се качам во небесните пајажини, неможам да почувствувам ниту боја, ниту мирис, ниту звук на срце.

'Ќе летам и ќе бидам слободна.' Слободата не е туку-таков поим на кој кој стаса ќе му даде силен акцент!
Ниту пак е само оној збор обоен во црвено кој ги вжештува главите и кој ги надразнуваше сетилата на нашиот фрустриран пијан татко додека ги колнеше туѓите војници.

И самата не смее да се спомне без да се доживува и преживува.
И самата не треба да има опис бидејќи секој пат доаѓа исто но поинаку и си оди гласно но нечујно.

Мене, драги Некои Кои Своите Еднобојни Крилја Ги Користат Само За Летање, летањето не ми дава искреност, и е претанок конец за крпење на празните места, срцето ми е преголемо за беден сувенир.
Јас, за промена, би ги раширила крилјата и Ти ќе можеш да го доживееш виножитото.
Би го растерала со нив воздухот потоа, за да те прегрне.
На крај, би ги склопила околу земската лушпа на енергијата што го претставува твоето меко тело.

Би сакала да никнеме под мостот во портокаловата Барселона, сребрената патека од молекули кои од мојата површина градат милиони патишта до тебе.
Бидејќи би престанала да летам за да ти дадам малку од мојата боја.
 
Под мостот во Барселона...

Бледи силуети на ОБЕСЕНИТЕ на ѕидот. Луциден светлински сноп си поигрува со нејзиното Височество – теминината. Додека тишината влегува низ пукнатините на прозорецот, стариот пијан оргулист почнува да го свири сопствениот Реквием. Тоа е неговата борба.
Надвор ноќта веќе ја проголтала шумата. Божествени самовили весело танцуваат околу својот сатир, а повнатре вештерки прават Сабат. Проклети илузии, си поигрува со нас Апсолутниот.
Висат мртвите тела, а додека морбидниот ја мери висината со смрзнат насмев на гадната фаца, пеат тажалките, го жалат сопствениот мазохизам. Се нишаат сенките на НАПАТЕНИТЕ на ѕидот, почнуваат да говарат. Две од нив се фатени за рака ни Смртта не успеала да ги раздели, а пеат една песна, изгледа љубовна и сега ми се гади од неа. Спомнуваат некој Мост, постојано. На него Возљубениот и го подарил сето ѕвездено небо на Возљубената, а оваа воздивнала длабоко треперејќи под месечевата светлина...
Љубовни патетики...
И додека ја славеа Љубовта на она место кое асоцираше на се друго освен на тоа, се вознемири една силуета, подгрбавена и почна да вришти. Од силниот врисок избегаа Патетичниве, ми олесна. Тогаш почна да зборува овој Грбавиов, а јас знаев ме оковал Оној вечно на ова место каде мириса на врагот. И слушав немо, немав избор. Отпрвин празни зборови низ врисок, патеше оваа грбава сенка, болката нејзина огромна беше, поголема од Љубовта на оние. Од неа треперев цела, морници ме лазеа сета штом слушнав. Повторно Мостот, оној на кој некои се колнат на вечна љубов, но под него длабока бездна, потемна од ноќта. Во неа црнеат розите кои ги фрлаат оние одозгора, а делата на исконското зло се тука. Спијат бездомници, прогонети од сјајот на Немиот Град. На бетонот студен се потпираат, благословувајќи го секој најден Лист Весник. Оставени не нечие милосрдие, заборавени од сите, со гладен стомак, распарчена облека, модринки и гребатини на телото и лузни Внатре. А, Градот затвора очи и се храни само со лажниот сјај и патетиката гадна.
Какво кобно време.
 
Оваа Нова Година ја славев во Копенхаген, во бар каде имаше повеќе жени од мажи. Дали половата застапеност во источна Данска е женски поголема или едноставно понежниот пол се свртел кон декадентноста навистина не знам. Но знам дека онаму каде сок ќе те послужат со намрштен лик, масата секогаш е расположена за три работи и тоа временски распоредени по следниов тек. Забава, физичка пресметка, секс. Откако започнавме тивко и смирено за загревање полека влеговме во првата фаза и одлепивме како зајчиња на хероински морковчиња. Потоа алкохолот, кој секако е присутен во целиот процес на оваа приказна, не натера со едно мирно момче од околу 190 сантиметри да влеземе во расправија околу тоа дали неговото шише е на земјата или моето на шанкот. Пред да ме убеди дека ќе ми ја скрши главата со она кое веќе го држеше во раката, јас му докажав дека знам точно колку боли нечие стапало на машките репродуктивни органи. Поточно моето стапало врз неговите. Секако, машка работа е да најде конфликт за нешто друго само не за она кое вистински се работи. Витка блондинка со кратка коса, црно деколте и нагласени гради кои беа такви само заради материјалот на облеката, инаку девојката беше сосема пристојна и не глумеше никаква силиконска насловна страница. Жените се одушевуваат кога витезот се бори во нивна чест. Па оној кој ќе победи по правило ја добива нејзината ”рака”.
Ме одвлечка во нејзиниот стан во северниот дел на градот од каде се гледаа полетувањата и слетувањата на авионите. Без бучава но со прекрасен поглед и уште поудобна кожна фотеља на која можев да ја бакнувам ”раката” цела вечер. Но, откако добро се запознавме во таа положба, дамата сакаше да ми врати со иста мера пред да започнеме со спортската дисциплина ”секс на диви води” бидејќи ете во спалната соба имала кревет на вода. Да бидам искрен не бев импресиониран. Морав да ја бркам нејзината рака цела вечер, бидејќи создавав големи бранови па нашите тела често бегаа од брег на брег.
Утрото тргнав во својот хотел, но само два блока подолу ме сретна висок тип од околу 190 сантиметри кој ми изгледаше ужасно познато. Уште пред да застане до мене, му кажав дека не се сеќавам најдобро, но убеден сум дека се знаеме. Ми рече дека ова ќе ми ја освежи меморијата и со метална шипка удри по местото од главата каде е мозокот задолжен за сеќавање. Во право беше... додека бев во несвест ми текна дека тој е оној со кого спремав кајгана.
Сега се будам под мост. Поминале 3 дена, а јас сум во... во Барцелона? Ух како ме боли под десната страна на градите. Какви се овие рентгенски снимки? Боже, ми извадиле бубрег...
 
Одиме повторно... новата тема гласи Парада...
 
Парада

Мислеа дека можат да го пребродат Моцарт,мислеа дека Лебедовото езеро е почеток на нешто чисто.Чисто во сето тоа лудило.Подиум им беше напуштениот амфитеатар,а публика...публика!?
И што сега?Нема музика,нема раскош,нема светла.Сета темнина е фокусирана на паднатите маски и мртвиот гулаб.
Пародирајте мили,имате уште што да ни покажете...до каде можете да одите?Додека не ви протече крв од стапалата,а очите да ви молат за солзи неисплакани.
Сега се мразите затоа што вашата парада заврши со неуспех.А дно..нема дно,само црна мешавина.Дали е кафе или кал,ќе каже дамата.
И сега што?Почнува нова парада.
Ама ликовите не се исти,хех,не се осудувате да доживеете уште еден неуспех.Па зошто?Неуспесите се послатки,барем знаеш дека некој те мрази поради тоа што си.
Сакате глума,ќе добиете фарса.Слава...чисто фијаско.
Спас?Не мили мои,далечината и разликата помеѓу вас е ненадминлива.Зошто не ме послуша кога ги чуваше неговите солзи во кутија?
И зошто по ѓаволите во ушите ми ѕуни Runaway...

 
Улица. Симбол. Тесна, затворена и мрачна. Уличните светла пригушено треперат низ маглата. Воздухот е густ, леден, и полн со милиони честици бестежинска вода, кои ја прилепуваат косата на минувачот за черепот. Безимени сенки се валкаат по затруените локви вода кои со лажна заледена насмевка мамат и нудат заборав. Луѓето Без Причина одат сами, или во тивки, маскирани парови. Никој не се гледа во очи. Бидејќи ги немаат.
Сите носат електрични фарови во дупките каде што треба да стојат две очни јаболка. Го осветлуваат патот, а самите се слепи. Маглата не ја гледаат, а го пијат нејзиниот отров.
Одеднаш светлата се гасат, со претсмртно крцкање. Маглата отвора процеп за група луѓе. Главите не им светат; Онаму каде што треба да стојат фаровите стојат две бистри огледала-очи.
Фарските снопови го бодат мракот насекаде, понекое жолто светлосно копје поминува и низ новодојденците, но тие отпрвин полека, а потоа се' посмело почнуваат да чекорат по распуканиот асфалт. Се движат во кругови,
елипси почнуваат да го надградуваат и да го шират колото, комплексни форми се прекршуваат и растат, се' поголеми, се' повешти, фатени за раце во совршена прогресија, и одекот од тој склад ги повлекува и фарооките.
Еден по еден или во маскирани парови, тие се придружуваат на парадата, растерувајќи го мракот и овозможувајќи му на кругот да го посматра и поттикнува растот на животот, оаза во една непрегледна пустина на смртта.
Отпочна како одек на последната изнемоштена воздишка на Животот, но од одекот воскресна таа прастара мелодија која повторно фарооките и гледачите ја проткаа низ ткивото на нивното заедничко постоење.

The end. :P

Sith
 
Некои нови сенки се движат околу мене.Ги чувствувам додека воздухот ми станува тежок и непријатен.Тие лебдат во сопствената болна резигнација.Во немоќта да се справат со подебелата сенка,со подлабоката темнина која ги голта безмилосно,претворајки ги во продолжена рака на оваа агонија.Долго се плашев за нив.И тие еднаш беа души.И тие еднаш се смееја,сочувствуваа,сакаа.Не сакав да се случи и со нив она што се случи со многу пред нив.Тие беа војници.Храбри души кои се спротиставија на дебелата сенка.Молскавичната храброст им беше скршена пред неосвоивата порта на новиот поредок која никој не успеа да ја пробие а да не го голтне темнината на реалноста и сегашноста.

Војната одамна е изгубена.Се навикнавме на темнината.Толку долго таа е со нас,па не научи да го презираме сонцето.Не држи покорни и исплашени под закана дека во секој миг може да станеме сенки.Најголемата казна по која следи проклетата парада.Тоа е тоа што не држи.Стравот од парадата.Ќе и служиме на темнината и ќе бидеме нејзини слуги само да не не испрати на тој марш.На кој овие неколку бедни души веке тргнаа.

Сенките молчат.Нивната приказна заврши.Тие сега се изгасени кандила во овој свет.И покрај изгубената надеж која полека станува подебела и се напластува со нови изгубени души,сепак има нешто.Вербата во бајки и витези кои ке го спасат овој свет од злото на кожената фотелја е единственото нешто што ги држи во оваа нивна последна парада.....кон заборавот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom