Тука пишуваме на зададена тема

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Kapki dozd kako da ja obnovuvaat fasadata na mojata zgrada,kapkite dozd kako nekoja devojka sto so nestrplivost gi ceka solzite radosnici na svojot sakan,tie se nejzinata radost i taga,dozdot ubav sto dava blagodet za cvekinjata i za celata priroda taka kako sto on gi omeknuva i im dava neznost,taka nasata tvrda korupka ja topi i ni ja rasiruva dusata.Vo dozdot se krie prekrasniot miris na ranata rosa odsabajle,nejzinata aroma te vozbuduva te vozvishuva i te neguva kako dopirot na tvojot sakan sto nekogas i prirodata go imitira.Moite tuli so koi e izgradena dusata blago go primija dozdot i me potseka na mojata taga kon ljubovta na toa krotko mace koe sto pod strea ceka da bide vdomeno vo nekoja pregratka na edna prekrasna zena,koga ke bide vdomeno toa na nejze ke i dade se sto nejzinite sonista kopneale da i go dadat vo realniot svet.Kolku e samo lesno da se zaljubis vo nesto,a da se odljubis e uste potesko,kako sto dozdot pominuva i mojata taga se snizuva i site solzi otidoa so prekrasnoto vinozito sto go kreirarase mojata mectaja sto moite solzi ti dadoa blagodet za ti da bides srekna nikogas nema da zaboravam se nadevam deka i ti nema da zaboravis na toa sto jas go pravam za tebe.Ima nadez i zatoa nadezta sekogas posledna zgasnuva kako fenix nikogas ne umira.Se raga i umira i samata pocnuva od nisto da se regenerira.
 
истинита прича

се разврна у пичку матер ја наметнав капта на моето дафл палто и се зададов под едни црвени ќерамитки.

Кој кур ме тераше да ја оставам колата на друг крај од градот ,штедам ебате педер си реков сега 100-ка фрлив за кафе муабет,заштедив 3 бона за бензин,ќе настинам 6 капсули вибрамицин и пакетче андол со парацетамол 8 бона башка струја за чај и 5 вреќечки чај ами лимони копук сум,а сакам да се тестирам за менса си викам што ако се разочарам во резултати ,што ако извадам 80 бода па кур тогаш ќе ме боли глуп ќе бидам и официјално и нема да се замарам со ај кју еј кај летна со мозокот стари сега уште некоја народна мудрост да си речиш во тиквата и влезе во мидлајф кризес собери се.



Кај си бе Кирца не прајш здраво ми свика некој до мене.

Се свртив онака малку зашеметен да не размислував гласно сега си викам кај се стори овој со најлонска вреќе на него и корпа ко гледам Деко школскио.

Кај си бе стари му викам не фати дождов море и на снег ќе сврти

Деко ти беше еден тип онака не баш фенси лук баш онака таф гај стално незадоволен со бубуљици баш прав Хенри Кинаски мада со мене имавме коректен однос па не за џаба го спремав по математика

Шо бе стари вака по невремево со најлон вреќа на тебе јас реков некој бајкер од Хелс Енџелс е само сега се адаптирале на рејв културава

Шо рече бе Киро ништо не те разбрав

Знам дека нешто во времето беше така загреан за бајкери ама не му ја продадов форава .Невермајнд ај домаќински муабет да напрам табле ги врзав не ми текнува за работа да го прашам типов,жена,деца

Друже маткаш нешто работиш ,фамилија

Еве не си слеп продавам гевречина и ја поткрена кошницата од под најлонот малку иритирано ми се развика дали некако не можеше да ја скрие немоќта дека нековата професија според наши стереотипи е потценувачка

Е ако бе стари и јас...............................слушам олелелеле нека идат у пичку матер кој будала ја отворил шахтава.Се вртам назад перципирам еден тип со една нога во шахта кара по градоначалник ,држава и сите јавни претпријатија.Онака инстиктивно застанав малку и се стрчав да помогнам ама типов одјури како Док Холидеј така и баш му реков на Деко дошо је тихо и ушо у легенду не сум баш да се смејам на туѓа несреќа али ништо не му беше на фраеров башка и ми продаде спајк немам галје во Брвеница 2001 ко се закачив во еден ров вака слично друг да беше гарант ќе поебеше нога и замина по дождот трчајќи.

Бравос бе машко си реков и еј преврна Деко си бегаме дур не почни пак од кај Селечка е овој можи да залегни(пак народна мудрост ебате буљаш си реков ама време слама продава и пак)
Деко веќе се одалечуваше и ми свика школски се гледаме

Аха обавезно школски дојди некогаш да пијаме кафе ќе ми биди мило(Ебате хипокрит)

Се затрчав со капата на глава накај колата и си повторував глуп ,специјалке ти ќе водиш економија
 
капките дожд и црвените ќерамиди

Денеска решив да врне зошто одамна се спремаше...Денеска целата бура која висеше над мене а ја игнорирав за да не ме наводени - мене одамна расформирана и да се зачува малата гломазна илузиона убавина се истури...И не ми е важно што дождот ги камшикува ќерамидите и што ја истураат нивната крв врз мене...Нека ги наводени и нека измие се лажно од нив - доста ми е од лажна вистинитост која гуши...
Денеска решив да врне, макар и капките дожд да ги избледат црвените ќерамиди до крај...
 
КРВ И МЕСО

Зошто мислеше дека можеш да си играш со мене без да ме повредиш? Зошто помисли дека моите очи не го забележуваат твоето убаво лице? Па јас сум пријателка, соперничка, ученичка, дете, девојка но, пред се, човек! Со секој од твоите проклети зборови ме бодеше, а таа острица од твојот јазик се зариваше во моето месо. Со секој студен поглед, жеден за туѓото страдање ја пиеше мојата крв. Па зошто тогаш мислеше дека сум од камен, кога знаеше дека Господ сите не создал од крв која се суши и месо што се распаѓа!

Капките дожд и црвените ќерамиди.

Ех тие денови. Седевме на истиот покрив постојано, ги гледавме ѕвездите, ги слушавме дрвјата како ни завидуваат на среќата да бидеме заедно без никакви грижи. Но ниту дрвјата, ниту ти ја знаевте мојата тајна. Како би можела да го зачувам пријателството во моето срце покрај тие ангелски очи и медени усни. Точно е дека живеев за тие денови кога дозволувавме дождот да танцува на нашите лица и тела, а сега се е толку различно. Исчезнаа нашите воздишки, исчезна и нашата слика. Ја нема мојата љубов, го нема твојот глас. Останаа само разиграните капки дожд и црвените ќерамиди да ги слушаат дрвјата. Дрвјата кои раскажуваат за едни две души кои некогаш ги бараа ѕвездите во своите очи, а сега ја имаат љубовта во туѓите срца...
 
У досадно попладне кога градот живее за кејот и неговото сонце кај мене пред врата врне. Е јебига лош тајминг имам. Ми се погаѓа секој пут да имам желба за дружење баш коа ќе фати да истура или кога надвор има 78 степени и не е можно да искочиш без да бидеш утоп од пот. Скопје го наебуе секад коа доаѓа пролет. Уствари у тое време најубаво е посебно по партизанска и старите Дебар и Маџир маало, пошто се претрупани со липи и кога убаво ќе фати сонце да ги пече се уморуваат и навечер мирисаат као рајски цвеќиња. Бељата е што секад у пролет врне, па откоа ќе истури и липите се мрштат и после тоа смрди као да умрел коњ у Аеродром. Ја немав избор си купив цреши уште вчера од пазарче, турив столче до џам, испружив нозе на гелендер и ги нападнав црешите. Сега, погледот ми е заебан стварно, можам да гледам кај комшиите у дневна само, ама среќа они се од некое село у кавадаречко па тој ден немаше никој дома. Коа сфаќам дека дожд било многу фраерска работа. Додека капките удираат по црвените ќерамиди а ти си полн со позитивна енергија и љубов кон светот... дождот те тера да сфатиш дека малку работи во истиот зависат од тебе. И во таква една состојба, тотално се опуштив и невино продолжив да ги плукам семките во посебен сад настрана. Во глава можам да ја змислам холивудската сцена на одметникот јунак како безгрижно ужива во својот порок додека надвор истура. Плус звукот на дождот, плус мирисот на свежина од пролетен порој... и толку треба, само доказ дека Фројд беше во право, онаа работа е главна причина за сите работи кои човек ги прави. Кај ми е телефонот...
 
Одамна престана да грми. Веќе не ни врнеше и луѓето почнаа да се растрчуваат надвор. Навистина не им требаше многу време, си реков. Само што преврна излегоа. Не верувам дека уживаа во танцот на дождот со валканите керамиди. Не, трчаат пак, до продавница, до трафиките, паркот, како ништо да не било. Како да немало миење, како да немало големо чистење. Уф, колку ги мрзам вака. Се тргнав од прозорот. Седнав на фотељата која беше свртена кон белиот ѕид. Добро, сив ѕид. Навистина треба да кречам деновиве. Батали тоа, вратчето ми се сврте пак кон отворениот прозор. Опојниот мирис на цутните дрвја кој се прошири со водата пратена од горе се ширеше низ станот, а народот доле, тој народ не знаеше да го цени тоа. Сите брзаа кон банките, аеродромите, брзаа удирајќи ги педалите на велосипедите. Зошто брзате? Не. Знам зошто брзате, не знам зошто јас не брзам. Зошто го сакам овој мирис? Зошто сакам кога е мирно, кога ништо не се случува. И Таа сега ќе се јави, и Таа ита да ми се јави после вакво миење. До тогаш, ќе седам во фотелјава и ќе ги гледам прекрасните црвени керамиди, ќе бидам единствениот кој го гледа тоа богатство. Моето бегство е исто толку скапоцено.
 
Колосек број 3

Железничка станица....сива грдосија која како да виси во воздух близу центарот на Скопје...проклет Кензо Танге...го мразам дождот и чекањето.Возот на колосек 3 ќе доцни уште 3 часа.
И тогаш,ме погоди...бројот 3.Колку многу значење има бројот 3 во мојот живот.
Те гледав 3 недели пред да ти пријдам,те чекав 3 месеци да ми кажеш дека ме сакаш,уште 3 години со тебе во добро и зло,те чекам на колосек број 3 денеска,а возот доцни 3 часа....и уште 3 дена до раѓањето на твојот син.
 
-Kај си бе мали?
Жарко само ги подотвори устата во обид да каже неште, но веднаш следниот момент само одмавна со рака. Малишанот седеше на плочникот пред влезот во зградата, со рацете покривајќи ги крупните, насолзени очи.
-Што се случило? Пак ве малтретираше? Ах да му ебам ѕверот, што човек ќе беше?!? - Зачудено се прашуваше самиот себеси комшијата Борјан.
-Абе не знаеш ти. Штотуку си се доселил тука. Ова се влече со години. Во почетокот се беше в ред, додека не започна со коцкање и пијанчење. Мајка ми мислеше дека конечно нашла човек кој што ке се грижи за нас, но наместо сигурност, кај нас се вселил само стравот!
-Хммм...не знам како да ти помогнам бе младичу-Се чудеше повторно Борјан, овојпат со уште позагрижен израз на лицето.
-Што се случило со татко ти?-
-Загина во сообраќајка пред 10-тина години. Тогаш имав пет години, се сеќавам на него како низ магла. Знам само дека секој ден пред врата го чекав од работа, секогаш имаше нешто за мене.-
-Што е со полицијата? Контактиравте со некого?-
-Не! Мајка ми премногу се плаши од него. Има чувство дека е спремен сите да не убие. Затоа ќути и трпи додека кретенов се иживува над сите нас.-
-Жарко, дома, веднаш!-
-Мајка ми, ке се видиме чичко Борјан-Одвај прозборе малишанот додека ја креваше раката за ”спортски” со единствената особа која што секогаш наоѓаше време за него.
-Борјан, само Борјан, не ме праи толку стар!-Со насмевка му дофрли на момчето.

Додека се качуваше по скалите, ги избриша солзите со ракавот од блузата. Не му се идеше дома, но знае дека мајка му го вика зошто требаше нешто да му се заврши работа нему.
-Што праиш бе? Кај си до сега? Ке ми почнат утакмиците за 10 минути, а јас сеуште неам пиво! Трк у продавница!- У еден здив му се изнавика очувот.
Малиот како по команда ја испружи раката накај мајка му за да му даде пари, и веднаш излета низ влезната врата. За помалце од 10-тина минути, се врати со ќеса полна со пивски флаши. Мајка му го отвори првото, и го постави на столот пред насилникот. Следеше добро позната наредба:
- Ајде сеа у соба, и двајцата, сакам у наредниве два часа да биде тишина у станов!-

Жарко ја гледаше мајка си како стрпливо му ги крпеше панталоните на Петар.
-Кај ли се мувал идиотов!- Слегнувајќи со раменцата се обидуваше да разбере малишанот.
-Ќути бе, немој да те слушне овој!-
-Што ни требапе сето ова мамо? Не ли ќе беше подобро да останевме сами, но да го имавме својот мир?- Упитно ја погледна својата мајка.
-А што ке јадеше? Доста ајде, каков е, таков е, внесува леб у нашиот дом. Треба да го почитуваш тоа!-
Жарко и самиот знаеше дека мајка му и самата не мисли така.
На Биљана тешко можеше да и се примети дека некогаш била топ модел. Сеуште ја имаше својата убава става, перфектно долги нозе, затегнати гради, но лицето веќе одамна ги покажува последиците од трагедијата која што ја погоди нејзината фамилија.
Беше сеуште толку убава и атрактивна што го натерало болниот мозок на Петар да отиде во фирмата во која што работеше да ги натепа и нејзинот менаџер и директорот на компанијата, наводно поради нивните флертувања со неа. После тоа никогаш веќе не и дозволил ни да побара работа. Нејзината работа беше во тие 40-тина квадрати, а главна задача и беше да го задоволи во секој поглед манијакот со кого живееше веќе осум години.
Петар им беше познат на сите во маало како конфликтна фигура, и никој не се ни обидуваше да разбере што се случува во станот број 33, во строгиот центар на градот. Комшиите неколку пати повикаа полиција после бучните расправии во станот, но домаќинката Биљана по наредба секогаш ќе ги дочекаше на врата со насмевка на лицето. Од тогаш веќе и тие престанаа да доаѓаат. Биљана и Жарко беа препуштени сами на себе, во канџите на умноболниот снагатор.

Поминаа неколку недели. Малишанот повторно се сретна со Борјан, овојпат на скалите во зградата.
-Здраво Жарко, како иде денеска?-
-Добро чич...овај Борјан..добро е, еве од школо накај дома-
-Слушај, ме интересира нешто. Но сакам искрено да ми кажеш, и да не се плашиш. Јас сум всушност полициски инспектор, и веќе месец дена го пратиме твојот очув. Ми требаат некои информации, кои што само некој од внатре може да ни ги даде. Ги пратиме сите комуникации на Петар, фиксниот, мобилниот телефон, но сега очекуваме да добие и важен и-мејл. Имате компјутер дома?-

-Да, беше на мама, но само Петар го користи у последно време, влече некои комбинации за кладилници.-
-Ја знаеш неговата и-мејл адреса? Се разбираш у компјутери малку?-
-Мислам дека има 3 или 4 различни адреси. Да, нормално, знам да сурфам-
-Хаха, добро Жарко, значи ова треба да се случи. Со прислушување на неговиот мобилен дознавме дека ќе добие важен и-мејл точно во 20 часот вечерва. Јас ке поѕвонам кај вас на врата, и ке го побарам него да поразговараме. Ти за тоа време стрчај се до компјутерот, мејлот сигурно веќе ке биде отворен. Сакам само да погледнеш што точно пишува. Може?-
-Ова ќе помогне ли да се решеме од Петар?-Праша малиот со важен глас.
-Да, секако. Биди внимателен. Не смее да примети дека си чепкал по комјутерот-
-Немај гајле...дискреција загарантирана!-
-Хахаха..ајде сеа мал ѓаволу. Среќно!-
Малишанот отрча накај станот полн со дечачки ентузијазам. По влегување во станот, веќе и не го слушаше гласот на Петар. Само грозничаво фрлаше поглед накај сказалките на ѕидниот часовник.
Некаде три минути по дваесет часот, се огласи ѕвончето на влезната врата.

-Добро вече чич..овај Борјан. Како сте вечерва?-
-Здраво Жарко, може да зборам со татко ти?-
Да, само да видам да не е зафатен.
-Тебе те бара-Со резерва му се обрати малиот на Петар, длабоко загледан во мониторот.
-Што сака бе?-
-Не знам-
-Кој курац бе сега-Процеди Петар кликајќи на стрелката за минимизирање на страницата.
-Добро вече-
-Добро вече комшија. Што можам да сторам за Вас?-
-Абе сеа у поминување, само да ве прашам, имате ли вие кабловска у станов? Би сакал и јас да се приклучам, па ако може ќе делиме.
Малиот веќе повторно ја отвори страницата со мејлот. На брзина го прочита, и со задоволен израз на лицето повторно ја минимизираше страницата.
-Што кур ќе делам бе со тебе, ќе ми го упропастиш сигналот-Самиот себеси у брада си збореше Петар додека ги затвораше влезната врата.
-Каде бе мали?-
-До другарче едно, на брзина, за домашно-
-Ајде бриши!-

Надвор веќе го чекаше Борјан.
-Кажи Жарко. Што пишува?-
-Пишуваше, субјектот доѓа вечерва. 2215ч, колосек број три. Понеси ја чантата за размена.-
-Одлично! Колку е сега? Осум и петнаесет. Сакаш со мене? Ќе стоиш на страна,и ќе видиш што ќе се случи! Јунак си ти бе!-

2210, Жарко беше со Борјан у теретниот вагон, заедно со 5-6 специјалци. Неколку секунди подоцна, се појави Петар, носејќи ја темно-зелената спортска торба.
Во 2220, со само 5 минути закаснување, се појави и возот. Свиркањето на кочниците го одбележаа неговото влегување на станицата на 3-тиот колосек.
2225, маж на некои 40-тина години изрони од густата магла. Во сред размена на чантите, специјалците по наредба ги опколија од сите страни, и по кратка акција им ставија лисици на двајцата.
-Жарко, свесен ли си колку ни помогна? Петар штотуку беше вмешан у зделка со 30-тина килограми дрога. Без тебе, немаше да го сториме ова!-
-Не го сторив ова за тебе Борјан! Го сторив ова за мене и мама. Таа заслужува подобар човек од оној ѕвер!.-
-Не се секирај-Со насмевка додаде Борјан.
-Ќе се погрижиме веќе никогаш да не го видите. Петар е минато, за иднината, погрижете се самите. Гледајќи те како раснеш, знам дека ќе се погрижиш за мајка ти!-
-Благодарам Борјан. Збогум!-
-Се гледаме наоколу-
 
- Еј, како си?-
- Што знам, сум била и подобро... Во секој случај ќе го преживеам денов...-
- Сигурно си добро? Не изгледаш така...-
- Да, да, супер сум...-
- Да не ти пречам? Ако ти пречам ќе си заминам?-
- Не, не... Воопшто не ми пречиш!-
- Можеби си замислувам, но дефинитивно изгледа дека моето присуство не е пожелно...-
- Леле, те молам престани! Ти реков дека не ми пречиш!-
- Сигурно не сакаш да си одам? Сигурно не ти менува ништо тоа што сум тука? Изгледаш нерасположено...-
- Сеедно! Сеедно дали си тука или не. Ете ти кажав, сеедно ми е!-
- Како сеедно? Ако ти е сеедно што сум тука, значи би ти било и да не сум... Не сакаш да бидам во твоја близина моментално?!-
- Прави што сакаш, оди си! Ти си механизам за малтертирање луѓе! Ме полудуваш, ме исполнуваш со гнев... Понекогаш мислам дека те мразам!-
- Зошто ме навредуваш? Не направив ништо. Јас те љубам...-
- Ахх... Прости ми... Ме извадија од колосек...-
- Кој колосек?!-
- Колосек број 3...-
 
...И ете конечно дојде и тој ден. Посакувам да имавме повеќе време за нас двајцата...посакувам да можеше да останеш подолго...посакувам никогаш да не мораше да одиш. А знаевме и двајцата како ќе биде... Сепак ја избегнувавме таа тема. Но сега веќе немаме избор... Останаа уште само неколку часа... Во мене повторно преовладува онаа желба времето да запре. Но тоа е невозможно, знам, а проклетиов часовник чинам отчукува се побрзо и побрзо.
Се прашувам кога повторно ќе те видам. Зошто те сретнав, кога сега те губам? Зарем не може се да биде како изминативе 3 месеца? Се присетувам на денот кога се врати...имаа минато седум години. Бевме сеуште деца кога отиде. Не ни помислував дека некогаш ќе го почуствувам она што го чуствувам за тебе. Се смеев кога ми зборуваа за љубов на прв поглед. А сега???
...Останаа уште петнаесетина минути.. Сакав засекогаш да останам во твојата прегратка. Но, ти мораше да се качиш во возот. Нема да те заборавам - ти ветив... И не те заборавив. Не го заборавив ни возот на 3 колосек на станицата...ниту пак твојот поглед, го паметам и парфемот кој го имаше ставено. Ги паметам и солзите и твоето ветување дека ќе дојдеш повторно...
 
Колосек бр.3

Погледни ме.Кога дишеш омраза,се храниш со страв,живееш за да умреш,се што треба е да ја пренесеш пораката од шишето на другата страна на верата.Кога стануваш привиден кошмар за тупотот на срцето,се што ти останува е да станеш сојузник на ноќта.Таа бележи крај три пати во својот бележник.Три пати за апсурдна среќа.

Погледни ги моите борци.Плачот на жените ги одржува да не ги посејат со солзи сувите полиња,кои се проколнати од девствените трупови.Нозеве се уморни,но одат понатаму,рацеве се сити од барут,но секогаш останува малку за мене.Проклетство,бев во оган,сега ќе мора да ги гледам пламените.Тројството претвораше вода во вино,а јас велев дека тоа се локви изгубени сништа.Се прашувам,што мислел Возвишениот пред да ја испие последната чаша...вино?

Заминувам некаде каде што ќе ги молам облаците за дожд.Мојот свет се сруши кога го видов бршленот во моите очи.Слеп одам да барам светлина.Мојот бележник се пополни.Сега ми останува само
Destination Anywhere
Ноќ по ноќ се движам и стасав до крајниот колосек.Зар...зар повторно е три?
 
Пресушени солзи, празна душа, скршено срце... Потпадната под комплетна монотонија и постојано со една мисла во главата: „Мора нешто да се смени! Мора да почнеш да се забавуваш!“ И...
Пеколно септемвриско пладне. Сонцето сигурно ни удри во главите, како мене така и на моите другарки. Сите разбрборени нешто, насмеани се движиме кон железничката. Да! Тоа е првата промена- посета на друг град. Прво возење со воз- какво доживување. Скопје не пречекува со сиот свој сјај, а ние сите ready for the good times. Поминавме полудо и отколку што очекував. Враќање кон родниот град. Колосек бр. 3 забележувам на картата- знаев дека ќе стане значаен. Задлабочена во мислите колку може да се помине убаво ако се сака колку е среќата во ситници, ме разбудува свирката на возот. Го напуштаме колосек бр. 3... Заврши една бајка- пак во монотоната реалност...
Но, бајката се случуваше повторно... Повторно со торбицата в рака, одвереме навреме итав кон железничката, во возот кој ме водеше во друг свет. Отпрвин со различни луѓе, па со исти, па со поединци, па со постојано друштво... во различни периоди, за различни настани, поради различни причини... Само едно беше постојано- колосекот бр. 3, каде секогаш исполнета, среќна, со толку доживувања го очекував возот.
И што се случи после некое време? Бајката почна да бледнее и се претвори во уште една монотонија. Немаше повеќе каде да бегам, ни возот не ме спасуваше. Потонав уште повеќе.
Поминаа години и години. Скопската „бајка“ ми стана монотона реалност, мое секојдневие, мој нов дом. Уморна од преголемите обврски, се враќам после толку долго време да го посетам родниот крај. Го поминувам повторно добро познатиот пат кон скопската железничка, седнувам вообичаено на „мојата“ клупа, по навика многу подранувам... Го гледам просторот околу мене и ја забележувам ознаката- колосек бр. 3. Мислите ме однесоа во времето кога колосекот бр.3 го означуваше крајот на бајката. Се потсетив на сите тогашни лудувања со различни друштва низ Скопје. „Беше тоа убав период!“- промрморев и намсевка ми се појави на лицето, „но ништо не се смени после тоа“-додадов.
- „Слободно!“- ме врати назад еден глас. Ја кренав главата и заборавив да зборувам, се вкочанив. Пред мене стоеше најубавото суштество на светот, со најубавите зелени очи, со најубавите усни, со насмевка која не оставаше рамнодушен никого... Повторно збунето и прашално ме погледна очекувајќи одговор. Се свестив и едвај пропелтелчив: - „Да!“
Што ми се случува? Па тоа е само уште една личност на поминување во мојот живот, личност која првпат ја гледам. Зошто вака се чувствувам? Зошто по толку долго време? Колку ги чекав овие чувства, а сега?... Каде ли оди? Во различен правец? Зарем возот ќе не раздели? Нема да се сретнеме повеќе?
- Добри сте?“- го слушнав веќе познатиот мил глас... истовремено и пискотот на возот. „Сигурно се забележува. Не, ова е безсмислено, ова е толку безсмилсено....“- помислив.
- „Добро сум!“- гласно одговорив и истрчав растреперена кон возот. Седнав и се обидував да заборавам на се што се случи, повторувајќи
си- не беше тоа ништо, нема повеќе никогаш да се видите...
Почувствував дека некој седна до мене. Инстиктивно се свртев и ме пресече истата насмевка.
-„ Изгледа ние повторно се сретнавме“
Уште посилно чувство ми ги стегна градите. „Ова е судбина? Зарем конечно се појави и другиот дел од мене?“- се запрашав.
- „Да, Повтроно се сретнавме!“- конечно се појави насмевка и на моето лице.
Возот тргна, а погледот ми застана на бројот 3, колосек бр.3. Дали ќе ми биде судбински? Некогаш го означуваше крајот на бајката. Дали овојпат ќе го означи почетокот на една трајна бајка?
 
Kолосек 3

Погледот и беше вперен во небесното синило. Како да се натпреваруваа со небото. Како да играа “Кој прв трепне“, само што овде борбата беше чие синило е појако. Небесното или она на нејзините очи. Не му попушташе и упорно гледаше во височините и покрај сончевите зраци кои блескаа на небото. Оддалеку очите и светкаа како да беа полни со солзи од силната светлина. Белото лице и црвенилото на усните само уште повеќе го зголемуваа ефектот на нејзиниот поглед. Русата коса леташе на сите страни носена од благиот пладневен ветар. Во раката држеше букет. Полско цвеќе во различни бои. Едноставен букет набран во некоја ледина. Пукаше од бои. Оние први цвеќиња во пролет полни со сила и свежина. Грижливо набран исполнет со најразлични цветови.
Пладневниот ветар полека се засилуваше но тоа не им пречеше на љубопитните минувачи да се збираат во се поголем број. Стоеа и гледаа. Без збор, само со вџашен израз на нивните лица.
Направете место викна некој од позадината. Направете место. Како по договор луѓето се тргнаа на страна. Ветарот го дуваше сивиот мантил кој старецот се обиде да го соблече од себе. Се проби меѓу луѓето. Го рашири и го спушти врз девојката. Клекна до неа. Ја погледна во очите и со дланката го затвори нејзиниот поглед. Засекогаш. Како да сакаше да и каже дека победи, победи во натпреварот со небото. Воздивна и погледна високо зад себе. Погледна во прљавата неонка во форма на 3, обесена на една жица, која се клатеше на ветрот.
- Повторно колосек 3, си помисли и замина газејќи по праговите поцрнети од изгореното шинско масло.
 
Која е убавината на долгите шини што ги привлекува сите? Зошто сите ја сакаат сликата на долги во недоглед железнички пруги кои се губат во маглата или се борат со сончевите зраци? Зошто никој не ги сака обичните каменчиња кои ги сретнува секојдневно по улица а не може да им одолее на онаа група збиени шински придружници кои изгледаат толку неодоливо? Зошто обичната природа е само тоа и ништо повеќе, но кога низ неа поминуваат двете долги линии за воз, наеднаш станува идилична слика или кадар за добра сцена?
Бездомник кој оди во средината на далечен пат најдобро знае зошто е така. Пругата во недоглед ја отсликува судбината на човекот. Ние имаме изградено култ кон неа. Ја обожуваме и се плашиме од неа истовремено, зашто сурово ни кажува како изгледа нашето виреење. Одиме некаде во недоглед, немаме поим што ќе ни се случи а на крајот пак ќе завршиме во станица без излез како и сите други. Сите го одиме истиот пат, единственото прашање по која пруга и на кој колосек?!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom