Тука пишуваме на зададена тема

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Каков прекрасен ден. Секој миг поминат со тебе е најубав, најромантичен, секој миг со тебе е нај, нај. Не можев да сфатам како некој може со погледот да ми ги подари сите љубовни зборови, не можев да разберам како само со еден допир некој може да ми го растрепери целото тело, сега не само што знам... сега чувствувам. И така времето минуваше, а јас и ти секоја секунда ја пиевме нашата љубов, уживајќи и подарувајќи си ги најискрените насмевки. Не знаев дека нечија прегратка ќе биде мојот топол дом, дека нечиј бакнеж ќе биде мојот најголем копнеж, но најмалку од се' бев свесна дека, кога сум во твоја близина, времето лета. Толку бевме и сме среќни заедно. Па зошто мораше токму сега да заминеш ?!
 
Зошто мораше токму сега...

Можеби срцето ми беше искршено, душата веќе уморна и празна, мислите распарчени.... но сепак успевав да наоѓам сила и да се радувам на ТИЕ моменти кои се случуваат еднаш во животот. Без разлика во каква состојба бев, ги искористував, ги живеев и апсорбирав до макисум... Што чувствував? Како се чувствував долж тој период? Не можам да одговорам веродостојно. Многу измешани чувства беа тоа. Повремено среќа, повремено тага, повремено возбуда, исчекување, жалење, носталгија... сепак... беше тоа крај на еден период од животот, можеби и најубавиот.
Оставив се позади мене и му се радував и го чекав блескавиот крај. И кога се изгледаше толку совршено, прекрасно, волшебно, се појави една мала црна сенка и малку по малку ги покри зраците од сонцето кое тој период блескаше само за нас. Се уништи СЕ, падна во вода се она што се градеше и блескаше четири години. Се запрашав: „Зошто мораше токму сега?!„... сега кога крајот беше толку блиску, а се она што беше создадено за да дојде тој крај- току совршено. Се урна уште нешто во мојот живот што мислев дека е вистинско и вредно, падна уште една шминка, уште една фасада... уште една илузија. Ме пресече тоа многу остро и длабоко, но овојпат останав на нозе.
Се смеев, а во мене плачев... И кога миселв дека преживеав се, ете ти неочекуван удар на кој не успеав да останам така цврста и рамнодушна. Па, како и можев кога беше од личноста на која најмногу и верувам...
Во тие моменти помислив дека цел свет ме напушта, бев бесна на сите... изгледаше дека сите ми згрешиле но... доволен беше само еден поглед, неколку збора од личноста за да сфатам колкаво ѓубре сум и како без да забележам можам да повредам некого, току силно.
Колку само често правиме некои нешта кои ги повредуваат луѓето околу нас, а не чувствуваме, нити забележуваме. Колку само еднострано ги гледаме работите и колку само не е секогаш се како што изгледа...
Да го вратам времето- неможам, да ги поправам грешките- уште помалку. Ми останува само да чекам да ми биде простено и некако да се избавам за болката што ја нанесов, а и да се помирам со се она што се уништи. Негативната енергија завладеа, си најде свои канали и ќе и треба време додека се насочи и замина некаде подалеку...
Јас сеуште со солзи во грлото што ме гушат се прашувам: „Зошто токму сега“, во ваков life time период? Но изгледа така требало... така е- она на кое највеќе му се радуваш и најсреќен го очекуваш, секогаш се уништува.
 
Иако не сум нешо посебно талентиран ќе си пробам.
-----------------------------------------------------
Сонце над глава,трева под гз,до мене битие вредно за трошење време и зборови.Свежина,слобода,широка перспектива,тука само двајца ќе те слушнат како се изјаснуваш неартикулисано и нема да ти преречат.Едниот сум ја,другиот е друга,не преречува,само ќе се придружи во изјаснувањето на гласни жици.Премногу си опуштен за да мислиш на работи,на ситници,дали ќе се озелениш од тревата,или дали некој инсект ќе ти напраи проблем,неее,тука се глеа само големата слика, а таа е ја и љубовта на место без време.
Одеднаш нешо у стомак се побуни,незгодна работа се зафати на работа,си го знае таа моментот,нема што, го погоди за да биде крајно незгоден.
Зошто мораше баш сеа пролив да ме фати?!?!
 
Мораше ли да бидам морален и нормален,
секогаш фин, а пасивен и нем?
Мораше ли баш сега да се срушам,
и глув внатрешни гласови да сакам да слушам?

Мораше ли да бидеш иста како тогаш,
убиец на сништа со самовилско лице?
Мораше ли баш сега повторно да те видам
и повторно со тебе да сакам да бидам?

Мораше ли да бидеш убава и мила,
а јас без концепт и сила да сонувам идила?
Мораше ли баш сега за тебе да не се борам,
со страв повторно во огинот да горам?

Мораше ли да те пуштам така лесно
и сега напразно зборови да зборам,
зборови кои незнаев да ги кажам
кога мислев дека подобро ќе минам ако лажам?

За тебе знам се или ништо;
Интровертна кучка или уплашено дете.
Мораше ли баш сега и овде
Да бидеш во исто време и двете?
 
Најверојатно оваа е последна тема која ја кажувам, Виктор ќе си продолжи понатаму. Мислам дека се врати:)

По договор со двајца форумџии, новата тема гласи:

Крв и месо
 
Трепери последната капка
од утринската роса
прашливо свивајќи се
над златната постела
во зората на новиот ден;
се слуша немир пред првиот зрак.

Апатична последна игра на пеперутката
и две молњи од синиот бескрај
го рушат комфортот на овој заспан борец;
предизвикот неочекуван, а присутен,
непосакуван, а реален
се извива над мојот свет како бран над песочен дворец.

Ме буди прекорот на стариот другар
предавникот во моите гради;
сонувачот на златни плажи и ведри утра,
витезот на времето чиј роб еднаш бев
заробен во оклопот од неверство
изгубен меѓу редовите на епитафот од страст
напишан со крвави букви:
Не се обидувај!
Мермер, немоќ и плач под зелената идила.

А која ли си ти што со нечујни ноти
ткаеш безгрижна симфонија која е толку нежна,
прекрасна како допирот со бесконечноста
прекрасна и немоќна како снегулка во априлска ноќ?
Зар се осмелуваш да бидеш Христ
кој ќе го воскресне
загубениот;
митска искра која го разгорува жарчето
што тврдоглаво тлее
во замрзнатата утроба, домот на гнев и болка
каде некогаш виореа топол ветер, оган и смев
околу последниот цвет на дивата ружа.
Не, не се обидувај.
Оди си веднаш,
напиши го моето име на камен
и фрли го длабоко во бездната од каде го подигна
со песната на присутна верба!

Работ на се што некогаш сум знаел
се лизга под моите нозе.
Стравот од гордоста да се биде слободен
расте во овој бескраен момент на живот или смрт
како семето на надеж кое го сееш со
двете молњи во твоите очи.
Не знам од каде долета на крилјата на најзлатниот зрак
врз мојата ладна плоча.
Не знам зошто толку многу се плашам
да ти ги отворам портите на напуштениот дворец
зад кои на еден конец од старото јаже
мојата папочна врска со изгубената желба
сеуште стојат зборовите:
Остани засекогаш и дај ми живот
Бакни ме, дај ми да те вдишам
и со еден здив исполни ми ги градите
со просторот помеѓу два света
на две случајни души кои летаат,
летаат кон вечниот сјај.
О боже, зошто ли ја прати
кај невидливиот давеник
кога конечно заборавот завладеа над
океанот од солзи.

А ти сеуште безгрижно играш си судбински восхит,
храброст и верба во она што го носиш во себе,
глува за сите крици на ранетиот лав;
на фениксот кој го издигнуваш од својата пепел.
Со насмевка на ведро утро ги скина оковите
од портите на камениот дворец.
Влезе, непоканета а посакувана од оваа исплашена душа
одлучна да ја подигнеш на своите дланки
и да ја споиш со својата.
Вети ми само едно,
со тој поглед кој ја чисти земјата меѓу моите прсти,
со твојата бескомпромисна верба во новата зора
која ме раѓа повторно и за последен пат само за да те имам
за момент или за вечност...
Вети ми дека ако некогаш дојде денот
кога ветрот пак ќе те дигне во синилото
на новите хоризонти онака случајно како што и дојде,
и се она што ќе бидеме
ќе биде само мала точка во недогледот
на она што сме можеле да бидеме,
нема да ме оставиш бавно да чезнеам по изгубената
Атлантида на човековата душа
туку ќе го земеш мечот, залиен со екстазата
на неповторливата страст и благодарност,
ќе го зариеш во моите гради...
и ќе ми дадеш вечен мир.
А јас ќе бидам среќен,
зошто нема друга љубов која повторно
може да се роди врз топлината
од секој момент поминат со тебе,
нити има таков ден кој може да биде светол
како оној кој ти го донесе на крилјата на најзлатниот зрак
со двете молњи од синиот бескрај кои веднаш видоа низ мене,
итајќи на симфонијата од едноставност, храбра безгрижност
и искрена милост...

Капката утринска роса се заниша уште еднаш,
подготвена за последен пат да танцува низ просторот
дефиниран од единствениот мотив за живот.
И само за момент,
во тој последен момент кога конечно се спои со
крајот на својот пат и почетокот на бесконечноста,
брз златната постела од суви есенски лисја
зашуми звук и како ангелска стрела полета нагоре,
онаму каде црнилата се осмелуваа да излеат нов елегичен порој
врз безживотното тело на паднатиот борец.
Одекна силен екот, кога стрелата ги проби црните облаци
Како што ти го проби срцето со твојот меч
на оној кој го заборави своето име, а го знаеше само твоето;
Во сето тоа сивило се појави златен зрак;
Го осветли тој неповторлив сонувач
за да го покаже чудесниот мир
и насмевката на неговото лице.

Силен сјај го подигна високо од ладната земја
Еден момент пред да го распрсне на милион делови,
Милион парчиња крв и месо кои знаеја
единствено бескрајно да те љубат,
милион соништа во кои како меури од сапуница лебдеше твојот лик,
милион птици кои се вивнаа нагоре кон неповторливото бескрајно
синило,
пеејќи ја неговата лебедова песна, крајот на твојата нежна симфонија,
прекрасна како допирот на бесконечноста:

Обиди се.
И можеби ќе дознаеш
зошто вреди да се живее.

Љуби.
И можеби ќе дознаеш
Зошто вреди да се умре.
 
Крв и месо...

Добро... Ќе сфатиш ли... ќе сфатите ли сите дека и јас сум од крв и месо, ранливо, несовршено, уплашено и вечно во сомнежи човечко суштество како и вас. И јас имам чувства... и јас чувствувам болка, радост, задоволство, страв, несигурност, немоќ... и јас плачам, се смеам, се разочарувам, паѓам и се кревам. Спијам, се хранам... љубам! И мене ми е потребна љубов.
Да! Од крв и од месо сум и тоа ме прави толку ранливо суштество...
Го гледате сето ова? Тогаш зошто не сфаќате, зошто и понатаму се однесувате со мене како со предмет? Ме газите, ме сечетe, ми нанесувате удари, повремено си поигрувате, се забавувате, занимаватe, залажувате и потоа ме фрлате како некоја стара играчка. Ветувате, зборувате, се колнете и се тоа на крај излегува дека е ништо повеќе од празни зборови.
Но јас, ете, сфаќам- сфаќам дека сте несовршени, сфаќам дека грешки се прават и со широко срце знам да простувам- јас просто незнам да мразам. Но, каде сте вие да ми простите мене, да разберете дека сум несовршена како вас, дека и јас правам некои работи, а не сум свесна за нив. Јас простувам, заборавам, ја оставам љубовта да надвладее после се, над се, вечно се прилагодувам на сите и сите ги разбирам (колку што може да се разберат). А да се прилагодеше некој на мене? Да ме разбереше некој мене, да ме ислушаше- моите желби и потреби, маки... Тешко тоа- изгледа судбински сум предодредена јас да бидам вечниот слушател, советник, мотиватор, поттикнувач, охрабрувач....
Трпам се! Но до кога? Од крв и од месо сум. Хартијата трпи се. И јас исто... До кога? Хартијата после ќе се згужва и фрли. А, јас сум ЖИВОТ- животот не трпи се!
Се прашувам кога ли ќе се прелие чашата и што ќе се случи потоа....
Луѓе! Од крв и месо сум, човечко суштество оставено на милост и немилост во овој cannibal world. Ми треба љубов за да преживеам во него!
 
..Си беше еднаш едно девојче Пипи,кое живееше на периферијата на градот. Имаше портокалева коса во репчиња,пеги на лицето и чорапи во риги..- читаше детското гласче. - Оо..па ти многу убаво читаш...ајде сега да одиме кај баба ти! - се нагна непокретната жена во години да стане со силата која ја немаше. - Баба,седи те молам,да ти прочитам уште малку! - се обидуваше да ја смири баба си девојчето..
После неколку бурни месеци и сцени кои ги паметам како денес,таа почина.
Пуф.
Ја нема веќе.
Нема кој да ме вика Анжела.
Ја нема.
Имав 10 години и беше зима. Ладна,ама немаше снег. Не ме пуштија да одам на погребот,оти сум била мала. Успеав само да и го бакнам ладното чело низ солзи кои не можев да ги сопрам како за збогум.
Ме пратија кај некои роднини,да си играм со нивните деца.
- Зошто челото и беше ладно? - прашав.
- Паа..знаеш..срцето престана да и работи,кога телото не функционира нема топлина и ладно е..
Океј... - ми се лизна една солза по образот.
-Зошто плачиш? Немој да плачиш..
Зошто плачев? Зошто плачев?!
Затоа што мојата баба почина и тоа беше се што јас можев да сторам. Да плачам. Од крв и од месо сум...нема друго.
Не бев јас од оние невоспитани внуци кои грдо разговараат со нивните баби и дедовци,ги пцујат,удираат по нив и им се инаетат. Нити пак таа беше било каква баба. Имаше срце поголемо од сите,кротка насмевка и благороден лик.
Таа рече дека јас сум посебна.

Секое ново одење на нејзиниот гроб е нов погреб за мене. Знам дека ако одам таму ќе се исплачам и ќе се вратам дома носејќи ја ведрината на нејзиното лице во мене.
Во мојата нова насмевка,во мојот чекор.
Секогаш и се заблагодарувам за се. За нејзината поддршка,љубов и за тоа што ми е баба. Па дури и од на небо.
И се извинувам по милионти пат што и глумев еднаш кога ми побара чаша вода,а јас и дадов откако ми рече - Остави,не мора... Не можам да си простам.
Да беше жива ќе и се извинев многу многу многу повеќе!
Си ветив дека моите деца ќе ги научам да ја сакаат и ценат нивната баба како што треба. И да не и глумат кога ќе им побара чаша вода.
Се сеќавам на нејзината бела виткана коса,големите дебели очила со кои читаше Нова Македонија секој ден,нивната бордо кожна футрола,црвениот телефон на кој понекогаш се јавуваше, тенките и долги прсти и нежни раце, како дремеше и се смешкаше кога мижеше и слушаше вести на радио,како ме молеше да не лежам додека јадам чоколадо,додека ми мачкаше лебче со слатко од смокви,кога игравме карти Џандар збира и Елица Пепелица Домазара Докатара.......

Си мислев дека луѓето се егоистични што умираат.
Подоцна пораснав и сфатив дека тие само оделе на подобро место. На место каде што заслужуваат да бидат.
 
Крв и месо

Свет...свет во кој стакленото звоно ми беше гранична линија,марионетите на Неговото величество ја забавуваа мојата меланхолија,најдобри другари ми беа порцеланските кукли со тажни очи,кои ги знаеја сите мои тајни.Само тие се осмелуваа да молчат.

Беше дождлив ден.Девојката по толку години беше доволно спремна да замине малку подалеку од дозволеното.Сакаше да го вкуси секое овошје од градината која се гледаше од прозорецот,да го помириса секое цвеќе кое секое утро ја поздравуваше од балконот.

Го вкуси задоволството,слободата.Дождот ја миеше нејзината бледа става додека нејзиното срце се скаменуваше.Стана статуета во тајната градина.Статуета која низ годините ги слушаше приказните за нејзиното спасување,за избавувањето од светот кој сама го создала.
Додека ја украсуваше градината со својата појава,некој подаде рака кон нејзините гради.Се обиде да го омекне нејзиното срце.Тие раце ја чуваа од ѕвечарките кои навидум невино го покриваа нејзиниот срам од сопствената сенка во квечерините.Се до моментот кога падна првиот снег.А со првиот снег падна и првата солза.

Оваа девојка сфати...сфати дека научила да чувствува.Поглед кон сонцето,крик на звездата.Повторно се слушаше струењето на ветерот низ нејзината коса.
И така се додека не се разбуди во истиот кревет,со часовникот кој одамна беше престанал да ги брои минутите за нејзиниот господар.Капка крв на подот и залутан поглед-тоа беше се што остана од романот во кој опстојуваше.Ја сакаше главната улога.
 
Fortune напиша:
Најверојатно оваа е последна тема која ја кажувам, Виктор ќе си продолжи понатаму. Мислам дека се врати:)

По договор со двајца форумџии, новата тема гласи:

Крв и месо
А навистина се надевав дека ќе можам да уживам на туѓи теми :)

Инаку... која разликата меѓу оние кои ги гледам тука и кои ги видов таму? Сите се исти, иста крв, слично месо... сличен продорен поглед со слични гримаси желни за истата онаа работа која сите секаде и секогаш ја посакуваат. Ние сме само животни, желни за жива радост и живот со блуд, страст, и перверзии. Жнеењето ни е се пократко, жетвата се побогата а жедта и желбата за храна се почеста. Па веќе не бираме дали е вкусно или барем на изглед добро. Сакаме да се омрсиме и пред и по Велигден. Размислувајќи на оваа тема дојдов до заклучок. Јас сум скриен христијанин. Пропагирам ерес а толку добро се придржувам до божјите заповеди. Мирен, тивок и верен. Каков кретен...
 
Ех, ксмет... :) Новата тема...............

Капките дожд и црвените ќерамиди...
 
Мислев дека ќе експлодирам. Денот ми беше вистински напорен. Се обидов, но не најдов начин да ја испразнам таа негативна енергија некаде. Се јави ти. Беше весел и насмеан. Знаев... Само ти го можеш тоа, да ме смириш, да ми помогнеш. За кратко се најдов во твоите раце. Седевме на терасата и се гушкавме. Целата се топев во твојата прегратка. Секој допир...мммм... Така нежно ти се лизга рацете по лицето мое, мислам дека лебдев. Почна да дува, да ми студи. Уште толку се припив до тебе, а ти се посилно и посилно ме стискаше до себе. Почна да врне, да грми. Лежев на градите твои. Ме галеше, ми кажуваше за нас, за тоа колку ме љубиш. Треперев од среќа. Капките дожд се лизгаа по црвените ќерамиди на околните куќи, небото беше сиво, се беше така мрачно. Се, освен твојата насмевка. Ти светеа плавите очи, блескаше целиот, насмевката...неодолива ти беше. Ах, дождот...
Мислам дека тоа тропкање по ќерамидите, тоа ладно ветре... ја надополнија ситуацијата... Прекрасно беше. :back:
 
Капките дожд и црвените ќерамиди...

Небото плаче,а на петтата авенија од темната улица се игра танцот на меланхолијата.Вештоста на сејачот на солзи повторно ја покажа својата умешност.
Ми се понуди невино внимание,и излегов на кровот да видиш дека сум овде,дека не се плашам од твоите допири по моето лице со лузни.Не сакам да го кријам повеќе,доста ми е од иронијата на сенките кои ме прогонуваа во овие четири ѕида.
Како наивно девојче верував дека твоите допири ќе ја исцелат оваа болка која не боли,оваа рана која е невидлива,овие очи кои не гледаат.Ги подадов рацете кон тебе.Да себична сум што го сакам цел дожд за мене,нели?Себична сум затоа што не верував во тоа што бев.
Сакав да лебдам во твојата глува мелодија,а тогаш сфатив дека сум на работ кој ме делеше од пропаста.Црвената ќерамида ме потсети дека не секогаш пајчињата стануваат лебеди,дека самовилите сепак имаат скршени крилја,дека станува се поладно во овие коски.
Небото се смее, а на петтата авенија од темната улица се игра танцот на глувонемиот.Сејачот на смеата повторно покажа дека е трговец со лаги.
 
...kapkite dozd i crvenite keramidi...

...povtorno sonuvam so ochi otvoreni...sonuvam...placham , placham...ve molam nekoj neshto , probudeteme me...
...eve go povtorno doaga , da me razbudi od mojot sladok nedospan son...ubiecot na mojot spokoj...da , da mozam da go pomirisam toj dobro poznat miris koj poleka no sigurno mi vleguva vo setilata...vetrot zapaden , i so nego oblacite vishni koj nosat beriket...za nekogo da...no za mene samo spomenite bolni ... dozd... kapka po kapka kako decka igra , melodija prispivna,navistina magichno , no se toa bi bilo nishto nevoobichaeno ako ne se keramidite na sprotivnata kuka,tie istite crveni kakvi sto bea pred edna godina...nesmeneti stari ispokrsheni i so pomalku bleda boja-isto kako moite spomeni stojat seushta cvrsto i na mesto na pokrivot kako da mu prkosat na vremeto i na moejot spokoj...chuden , navistina chuden zvuk...a vratata shirum otvorena e ...mozno li e ???...dinamikata sto ja sozdava zvukot i kapkite dozd...ne mi se verua...kako da go slusham tvojot glas nadvor,pomeshan so zvukot na vetrot koj ne prestanuva da vee i go menuva toj sladok ton...kako da se odalechuvash...kako da velish zbogum...povtorno...ne , ne ,nesakam da zaplacham.nesakam da umram...toa e samo ushte eden den,nishto na patot moj,znam...znam...ke mine...no koga prokleto koga???!!!...velat posle dozdot sonce doaga...bi sakal sledniot veter da mi go donese sonceto...
 
Велигденски јајца, весели украси со пиленца, раздвижени луѓе... празнична атмосфера за сите освен за мене. Велигден- мојот омилен празник. Само неколку часа до неговиот блескав пречек, а мене како да ме прегазил воз- чутлива, со тажен поглед, со солзи во очите... нема ни зрно од онаа возбуда што ја чувствував пред секој Велигден.
Излегувам... Надвор врне. Одбивам да носам чадор, дождот е мојата сродна душа вечерва. Застаната на прагот со мисла дали да тргнам или не, две капки се слизнаа по моето лице. Го кренав погледот и видов како уште многу такви капки дожд се лизгаат по црвените ќерамиди над мене... Тргнав.
Плоштад, пред црква... Како цел град да излегол даго прослави воскресувањето Христово, ни дождот не успеал да ги запре во тоа. Насекаде насмеани лица со свеќи во рацете.
Безживотно одам кон нашето друштво... Како да одам на бесилка се чувствував, зошто знаев дека таму ќе бидеш ти и секоја секунда по малку ќе ме убиваш, дури само и со твоето присуство. Не згрешив- беше полошо и отколку што мислев. Едноставно не можев да го издржам тој наш однос.
Камбаните почнаа да бијат. Јас физички бев тука, меѓу сите, но ништо не слушав ниту зборував, само на моменти те погледнував и го прашував Господа што се случува со тебе, што згрешив јас и се потсетуав на величествените Велигдени пред мизеријата на сегашниот. 12.00- точно на полноќ. Се скривме под една стреа, се кршеа велигденските јајца. Капки од дождот повторно се слизнаа по мојата кожа- го кренав погледот и повторно доаѓаа од црвени ќерамиди. „Има ли некој знак во сето ова?”- си реков.
Се движиме кон нашиот кафич... Забава?! Ма кому му дошло сега до забава- мене сигурно не! Мене срцево ми плаче, душава исто, а малце ми треба и очите да ме издадат. Посегнувам со раката и те допирам со мисла да го прекинам целовечерниот молк меѓу нас. Продолжи напред без да се свртиш... Тоа беше премногу.
Кафичот... Сите разиграни, распеани, со пијачки во рацете... Ти меѓу највеселите, додека јас умирам од болка.
Истрчувам од кафичот и како луда трчам накај дома. Капките дожд силно ме удираат насекаде по телото... Созлите го преплавуваат моето лице и се мешаат со капките дожд кои како да сакаа да ја скријат мојата болка. Стигнувам дома со чувство како да сум била благословена од дождот...
Во темница, со мала пригушена светлина, на парче хартија ги пренесувам зборовите што немо извираат од моето срце, потикнати од болката. Мастилото се меша со моите солзи кои непрекинато паѓаат на хартијата. Од постојаните солзи во моите очи не гледам ни што пишувам. Но зарем е важно- болката како да се намалува. Листови и листови напишани... Созлите престанаа...
4.40. наутро. Излегов надвор. Забележав дека и дождот се беше посмирил. Седнав на скалите пред вратата и погледнав нагоре кон црвените ќерамиди (од нив почна ноќта), капките сеуште се лизгаа по нив и паѓаа. Но овојпат не можеа да ме дофатат. Ја пружив раката и овојпат јас ги дофатив нив.
Станав, ги раширив рацете, погледнав кон небото и оставив капките овојпат да ја галат мојата кожа. Целата треперев од студ... го сакав тоа чувство.
Беше тоа ноќ во која највеќе плачев. Капките дожд и црвените ќерамиди, секогаш ќе ме потсеќаат на неа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom