Тука пишуваме на зададена тема

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Нешто ги снема другите?:) Ништо страшно, одиме понатаму.
Ајде да видиме следнава тема дали ќе ве инспирира повеќе.

Да претпоставиме дека сте добиле желба да напишете книга. Ајде да видиме како би изгледал прологот. Дајте ни некаков вовед, доловете ни за што сакате да пишувате и каква приказна би разработиле во вашата книга.
Самите одлучете дали ќе има и дијалог и дали ќе пишувате во прво лице.


Насловот на темата е:
Пролог
 
Јас малце каснам со темиве, се надевам нема да ми замерите :helou:

Преку мостот...

Повторно јас и ти, повторно мостот пред нас, а никој нема сила, ниту пак желба да го мине. Никогаш не сакав да знам што има таму, што се крие, среќа или уште една грешка. Секој проклет пат кога ќе го направев првиот чекор подалеку од тебе и поблиску до него, секој проклет пат кога ти насила ќе ме бутнеше за да конечно ставиме точка на нашето, јас како уплашено детенце се стрчував кон тебе, гушкајќи те доволно силно, како да не сакам никогаш да ме оставиш. Стара љубов со нова се лекува, мислам дека кога најмалку сакав да заминам, кога и ти не сакаше да ме пуштиш се појави некој нов. Некој посебен. Се појави љубов. Знаеш, сега, по толку време, можам да ти кажам таму е рајот. Ти текнува, таму, каде што водата ја однесе нашата излитена приказна, каде што изградивме пат од зборови, каде ме привлече, како магнет, тоа златно срце. Таму е рајот, таму... преку мостот.

Кафе.

Никогаш не сум сакала кафе, ниту пак сум имала потреба од него. Смешно е тоа што сум го споредувала отсекогаш со животот, така ми беше поинтересно да го нарачувам. Не ретко велев „Турско горко, горок ми е животот!„ , не дека стварно ми беше, ама се осеќав скапано. Поминаа илјада седенки во ветеното место и сосема незабележително нарачав благо. И точно е, ми беше слатко, се чувствував слатко, ми беше лесно. Немаше да биде ништо посебно во тоа да се занесувам дека кафето го пијам во зависност од расположението, додека не реков „Сеедно, какво било...„. Мислам, кафето глупаво не е ни важно, важно е дали се чувствувам некако... Дали е навистина сеедно? Не би рекла...

Виски со мраз.

Каква елеганција, какво совршенство. Ладно и остро, место срце - мраз, место чувства и слатки зборови - само лута течност, течност која опива. Најубав мирис, кој го зашеметува умот. Зарем има нешто подобро, зарем има нешто поценето? Секако дека има - љубов. Откако те запознав, се опив, откако ме изгоре внатре и уништи надвор... јас не пијам виски со мраз, само љубам и, секако, живеам.

Снеговите во август.

Снежна бура ми го скамени срцево. Ветришта кои ми ја потресоа душата и ги истераа сите позитивни мисли. Толку долго време е вака. Секоја солза, смрзнат дијамант. Секое отчукување на моето срце, смрзнат шилец во мојата утроба. Цела планина се создала, во неа да се скријам. Снегови ме затрупале, во снежна бајка, а од ангелите само по некој залутан пердув. Толку долго време е студено, немам срце, само камен што бие. Од врелата крв, кристали останало. После дождот солзи, сега твојата суровост со снег доаѓа... а надвор август со сонцето ме убива.

Ментална хирургија.

Многу сакам да возам точак. Надвор врне. Тој пие сок. Некаде е зима. Ми го направија интернетот. Има некоја грешка. Таа се забавува. Светот е досаден. Јади шпагети. Дали е некој гладен? Ми се спие. Бебето плаче. Човекот се лигави. Ми се исполни сонот. Нема место за паника. Нема место за сонување. Трудот го создал човекот. Сите се мрзливи. Ќе одам во рајот. Ќе одите во пеколот. Ја каменовале до смрт. Го запалиле на клада. Немам чадор. Избегнувам да носам чадор. Немам чадор. Немаш ни ти.
- Зошто?
- Затоа...
- А зошто не постои ментална хирургија?
- На некои луѓе едноставно им нема спас!
- А мене?
- Кој си ти?
- Не знам...
 
Никој не посакал да пишува нешто повеќе од расказ?:pos:
Значи јас сум единствената. Мутава изгледа:pos:
А на темава можевте што сакате да си пишувате, слободна тема да не речам:)

Нема врска. Кога се гледа дека се нема желба, нема да губиме денови и да стои џабе темава.

Одиме со нова тема, едвај со Серпико се договоривме за насловов. Држ - не дај, еве го:

Чекајќи го моментот
 
Чекајќи го моментот


Шепотења. Не! Не шепотења. Тоа се само гулаби, се бркаат на таванот. Се будиш во ќошот на собата. Девет дена си тука, закован одвнатре во овие 23 квадрата. Навечер не уклучуваш сијалица, мочаш и сереш во дупката на ѕидот. Сонуваш неповрзани работи како кучиња и соби со столици. Утре доаѓа претседателот, а ти ќе го убиеш.

Зошто ми треба потсетување? Помогни ми. Смирете се гласови. Го чекаме господинот Момен Тот да го стреламе. Престани. Еден си, нема други, не потсетувај се што треба да направиш. Знаеш што треба и како треба. Во главата. Го гаѓаш додека не падне.
Го гаѓаш додека не падне. Го гаѓаш додека не падне. На шест саата ти ја проверуваат состојбата преку малото радио што го имаш. Одговораш на трите прашања. Трансимисјата трае не повеќе од 40 секунди. Кечапот е истурен? Да. Амбулантата е на паркингот? Да. Ринглата ја исклучи? Да.

Ново утро. Промрдуваш. Си ја чешаш десната нога подолго од вообичаено. За седум саати, под коленото на таа нога ќе стои кожено крпче. Ќе стоиш на отворениот прозор и ќе го убиеш претседателот. Веројатно.
 
Чекајќи го моментот
Седам, сам, осамен,
Не, не тебе те нема.
Чекам и чекам за тебе да те видам,
но, не тебе сеуште те нема.

Мразам, зошто толку многу те сакам,
Мразам зошто толку празно чекам.
Живеам само тебе да сретнам,
Спијам за тебе да те сонувам.

Но, тој момент никако да дојде,
А патем ти кажав, тука сум.
Чекав а времето си пројде,
Заминав, а ти тогаш дојде...


Хехе :smeshko: :icon_razz
 
Исчекувањето убива... но и онака сум веќе мртов.
Уште 42 минути....

Размислувам за тебе... но се трудам да те заборавам, ти и онака не ни знаеш каде сум, ни јас самиот не знам каде е ова место - на крајот на светот. Го нема на ниедна мапа, никој не слушнал за него... тогаш како би знаела ти?
Уште 23 минути...

Мојата мисија е важна. Некој ќе рече лудост... јас сепак би рекол важна, важна за мене, за тебе, за сите нас... За овој свет.
Уште 16 минути...

Ама стои времето - 1 минута делува како часови, немам никој во близина, тогаш која е целта да го живеам ова? Надежта? Уште таа ми остана и ...
Уште 15 минути...

Почнав да го бројам секундите.... 60, 59, 58, 57, 56..... уф ова станува напорно, почнувам да тонам во сопственото лудило, дали е можно од мене да зависи целиот човечки род? а времето е се побавно и побавно
Бројачот покажа уште 8 минути....

Не - нема да го спасам светот... не ми е гајле ни за тебе, ни за мене, ни за сите кои ме познаваат... ако тие можат да ме отпишат од нивните животи тогаш можам и јас... можам.... иако мојата мисија е благородна тргнав со цел да ја освојам љубовта да докажам дека сум вреден.... можеби себично, но сепак - благородно... Јас можам да докажам дека сум достоен да пијам виски [SIZE=-1]MacCutheon со нејзиниот татко.... достоен...
Уште 4 минути.....

Се слушаат алармите.... звукот кој е навлезен во мојот живот последните 2 години, звукот чиј едноставен ритам го знам и ќе го знам наредните 50 години... ако го преживеам ова....

На компјутерот незнам по кој пат ја внесувам старата комбинација: 4, 8, 15, 16, 23, 42

Светот е спасен, а мојот живот пополека се распаѓа на парчиња

Но барем имам нови 108 минути....
[/SIZE]
 
Чекајќи го моментот

Го направив и невозможното,ја потрошив и мојата суета,оној сјај во очите повеќе го нема,се изгуби со последната ѕвезда во ноќта.

Ги чекам ладните зори да го стоплат моево срце,крвта да истече,а месото и челикот да бидат едно.Се надевам дека овој дожд ќе ги измие дамките на белата кошула.
Чекам кога ќе нурнам во бојата на вечерното сонце.Можеби овој последен момент бил суден да ја пресудам животната расправа на мистичноста на челото.Гудалото пробива во коскиве,ја доживувам стигматата на проколнатиот музичар.

Ги погледнувам страниците од мојот живот.Ја криев мојата плејада напишана со невидливо мастило,за љубоморните гитари да не го украдат клучот од тајната соба.Сè што сакав беше само моја приказна,а сега имам празна страна како наслов.
Го чекам мастилото да го каже мојот наслов...
 
Мрзам чекање. Ме чеша носот а комшиите мрчат нешто на тераса. Чкорчиња у двор. Кој кур им сметаат не знам. Согорени до филтер баби и дедовци, од оние за у пепељара што имаат догурано. Кај и да е некој ден ќе ги изгаси нешто- дали нервоза, дали мрчомудењето кое кармички ќе ги пукне у глава, нешто такво, ама набргу. Немаат веќе што да чекаат, освен денот кога ќе им ја опнат најубавата слика на задња страница у весник. Во меѓувреме црвите веќе навелико ќе имаат почнато да мезат со ракија на нивните трупови.
Гледам на саатот. Расипан е. Вотрпруф куров ми.
Ваљда ќе да е околу пладне. Или не.
Кашлам се почесто у задње време. Цигара по цигара по цигара- прилично прецизно можеш според нив да го мериш времето. Кога ќе ми се испразни кутијата, пак останувам сам со расипаниот саат. Чкарт Касио од зелен пазар, зелено ми се кези со сказалките застанати на десет и десет.
Телефонот почнува да се дере од ходникот. Влегувам и ја кревам слушалката. Безбоен, можеби намерно, прецизно одмерен глас од другата страна го пригушува веселиот џагор на невеселата геријатрија-
-Добар ден, се јавуваме во врска со резултатите од тестовите.
Осеќам како ми трнат стапалата.
-И? Што испадна?
Земам длабок здив и се згрчувам во очекување.
-Жалам. Резултатите се позитивни. Канцерот во вашето лево белодробно крило метастазирал. Кога ќе ви одговара да дојдете на преглед?

Без некоја посебна причина, саатот повторно почнува да отчукува.

Sith

 
Чекав и чекав... колку долго време чекав, не гледав никој, не правев ништо, само чекав... чекајќи го моментот со тебе ги изгубив сите други...
 
Чекајќи го моментот...

Се родив... Растев и живеев... Секогаш насмеана, весела и толку жива и немирна... Сонував за љубовта... Се околу за мене беше љубов. Со љубов се хранев, за љубов живеев (колку се прекрасно и едноставно беше тогаш). Љубопитно ја набљудував љубовта и вљубените, чекајќи го моментот кога и јас ќе се вљубам. Чекав долго, но го дочекав тој момент. Дознав и јас како е да си заљубен, го почувствував цел тој занес и енергија со која можеш да сториш се. Живеев среќна со тоа но... ми здодеа. Сакав нешто повеќе... Сакав возвратена љубов.
Нестрпливо чекорев чекајќи го моментот кога и јас ќе ги вкусам плодовите на љубовта и сите нејзини благодети. По не многу долго се случи и тоа. Бев толку возбудена, исплашена, растреперена пред ТОА, а излегов толку замислена и малку разочарана после. „Зошто не беше ни малку од она како што си замислував?“ - се запрашував. „Сигурно зошто нештата со време си избледеле“- брзо си одговорив. „Љубовта конечно ти е возвратена, но ти овој пат не си вљубена“ - си реков.
И така продолжив напред, чекајќи го моментот, еден бакнеж да ме стопи и да размрда се во мене, еден допир да ме растрепери и направи зависна од него, едни очи во кои ќе потонам, насмевка која ќе ја сонувам, поглед во кој што ќе се изгубам... По кратко, толку ненадејно пристигна и тој момент и се ова, колку и да не ми се веруваше стана реалност. Колку само не верував дека такви нешта се возможни...
За момент открив колку е сладок бакнежот кога си навистина заљубен, колку е моќен допирот, колку се доволни само очите, насмевката и погледот на љубениот за да те однесат до ѕвездите. И се беше така совршено, но овојпат љубовта не беше возвратена од другата страна. Бев свесна дека и никогаш нема да биде, а сепак не се откажував и мечтаев чекајќи го моментот.
Чекајќи го моментот таа љубов да ми биде возвратена, изгубив толку љубови, толку прекрасни, драгоцени моменти, толку неповратливи нешта...
Чекајќи го моментот изгубив толку солзи, нерви... ја изгубив насмевката, позитивната енергија, живоста и немирот... мојата толку голема жед за животот.
Чекајќи го моментот изгубив толку пријатели, драги личности... ја изгубив довербата во луѓето, вербата во љубовта, вербата во СЕ. Се затворив во себе, се повлеков од светот. Престанав да забележувам и да го ценам се она околу мене.
Чекајќи го моментот изгубив многу! А пред се се изгубив себе си... го изгубив се она што бев јас... се она што ме претставуваше мене...

И еве ме сега на дното, со трошки од она што бев, барам сила да те заборавам и да се откажам од бесмисленото, залудно чекање на моментот кој никогаш нема да се случи. Ветувам... ќе најдам сила да излезам од ова и трпеливо ќе си ги враќам делчињата, парчињата што ти ги искина од мене.

„Сонувај, сонувај сонувај! Никогаш не ќе имаш време да очајуваш!“

Така патем, ќе го чекам моментот кога повторно ќе се заљубам, ќе го почувствувам сето ОНА, но и таа љубов ќе ми биде еднакво возвратена.
Чекајќи го моментот- ќе сонувам!
 
Време е за нова тема, нели?:)

Зошто мораше токму сега?
 
Ni bese ubavo... Zaedno pominavme niz mnogu nesta... Te sakav.. Tvojata blizina me ispolnuvase, mirisot na tvojot zdiv me vozbuduvase, rvoite dopiri me osvojuva, a tvoite baknezi... exxx tvoite baknezi.. tvoite baknezi me magjepsuvaa. Te sakav... Te sakav premnogu, no nikogas ne ti go kazav toa. Sakav da ti kazam.. no... go cekav momentot...
Se sekavas li togas koga se baknuvavme na dozdot? Sakav da ti recam: Duso te sakam, no... go cekav momentot. Sakav da ti kazam i togas koga na polnok sedevme pregrnati i go gledavme odrazot na mesecinaa vo ezeroto, no.. ne beese toa toj moment.Se sekavas... Se sekavas li koga edna zimska nok sedese pod mojot prozorec? Kolku li samo sakav da ti doviknam deka te sakam.. Sakav da ti kazam i togas koga nikoj ne znaese kade sme.. koga dva dena ja galev tvojata ubava kosa.. tveto ubavo lice... koga bevme sami, najsami na svetot.. oddeleni od site onie koi ne sakaa da bideme zaedno...
Sakav da ti kazam deka ti si sonceto koe go gree mojot svet togas koga na polnok se baknavme pod ognometot,no ne ti kazav. Zborovite mi zastanuvaa vo grloto...
Tri godini go cekav momentot za da ti kazam: te sakam, a toj ednostavno pomina kraj mene bez da go setam, bez da go iskoristam... bez da se obidam da ne spasam nas,nasiot svet koj dodeka go cekav momentot se raspadna.

leleee.... malku sum zakasnila....e toa ti e koa odma odis na nov post,....
nema veze... valjda mi e prosteno :smir:
 
-Toa e се, не ли?
-Немаш ништо повеќе да ми кажеш?
-Имам!
-Што?
-Еби се!
-Што рече?!?
-Реков еби се! И ти, и твоите ебени другарки, и твоите кожени панталони, и Гучи цвикери, и ,мајка ти, и татко ти, и комшиите дебили што дркаат на секоја твоја појава на прозорецот. Решив да се посветам на самиот себеси, и на некоја што ќе знае да го почитува и моето време.
-Заминуваш? Навистина?
Да, имаш против? Веќе те чекаат обожавателите со удрвени стапови! Твоите вртогузечки шепурења пред нив вродија со плод! Јас искачам, 30-тина влагаат! Тоа ти се вика продуктивност!

Замавнува во широк лак накај него, но тој силно ја грабна за дланката. Со брз потег ја доближи уште еднаш накај себе, и ја бакна за последен пат. Нејзиниот здив овојпат остави поинаков вкус во неговите усни. Грозничаво се тресеше целата додека го гледаше во неверица.

Замина не свртувајќи се. Можеби е и подобро така. Подобро да остане запаметен во светло во кое што и се представи во претходните 3 години, се додека не го сретна тоа проклето душкало вчера во маркетот.

Искачајки од зградата прво панично се сврте неколкупати околу својата оска, го издвади мобилниот, и влегувајќи набрзина во колата започна конверзација со пријателот.

-Горазд, буден си?
-Кажувај бе!-Се слушна нервозниот глас од спротивната страна.
-Слушај морону, имаш 15 минути да се спремиш, палиме од тука!-
-Што ти е бе?-
-Видов еден од нив вчера у маркетот кај нас. Не најдоа и тука!-
-Што збориш? Сигурен си?-
-Секако...знаеш дека јас фаци никогаш не заборавам! Мислам дека имаме предност бидејќи копилето не ме виде!. Пакувај се, и те чекам пред пред врата за 15-тина минути-
-Да ти ебам...-

Кристијан беше познат како ситен лопов по емигрантските квартови во Њу Џерси. Неколкупати беше сослушуван од полицијата, но никогаш не им појде за рака да најдат цврсти докази против него, Горазд, и останатите од групата.
Идилата беше прекината кога за време на општа тепачка во еден бар на Менхетн, Горазд во пијана состојба вади пиштол и испукува цел шаржер во вис. Од создадениот рикошет, еден куршум завршува во градите на еден од Колумбиските нарко-босови, Хозе Естрада.
Неколку часа подоцна, Горазд и Кристијан веќе беа на летот за Кејптаун, прва дестинација за која во тој момент имаа шанса да набават билет. Шест месеци подоцна, се најдоа повторно на Скопскиот аеродром од каде пред 13 години тргнаа да го остварат “Американскиот сон”.
За среќа сепак еден од пријателите успеа да им го прати кешот што им остана во Њу Јорк, со кој што по неколку месеци отворија бар, кој што им беше популарна дестинација на локалните градски “ѕверки”.

-Ја викам да им идеме назад у “NY” и да го средиме ова еднаш за секогаш!-Нервозно започна Горазд, ставајќи ја торбата во гепекот на БМВ-то.
-Не можам веќе вака да бегам као пичка, и да се кријам од сопствената сенка!-
-Горазд, сето ова е поради тебе ебате идиотот! Ти реков да не го носиш “парчето” со себе таа вечер, зашто веќе пред искачање беше клен! Магаре да беше, ќе ме послушаше!-
-Кај ке идеме сега? Кој ќе направи трансфер на пари?-
-Ќе видиме за парите, а овојпат идеме кај Владимир у Москва! Му се јавив сабајлево, ќе не чека на аеродромот утре! Се организирав, има и работа за нас. Не заборавил човекот дека му го спасивме животот во “Jаболкото”.
-Се е тоа во ред човеку, но зарем ти се остава пак сето ова? Што ке биде со Катерина?-
-Тоа не доаѓа в обзир. И реков дека најдов друга, и дека идам у три лепе! Знаеш и самиот дека овие немаат обзир за никого, тие би ги истепале и златните рипчиња коа би ги начекале кај тебе.-
-У право си, но да знаеш дека ова е последен пат...доста е бегање!-
-Ќути бе мајмун-

Штом стасаа на аеродромот, истрчаа со куферите накај влезот на аеродромската зграда. Одеднаш пред него истрча Катерина.

-Мораш да ми објасниш! Те молам, мораш да ми кажеш кај згрешив Зошто мораш токму сега да заминеш!-
-Немам време..слушај...ова нема ништо со тебе, и знам дека нема да разбереш! Јас не сум тој за каков ме сметаш. Те молам, тргни ми се од патот, брзам!-
-Дозволи ми макар да те гушнам уште еднаш, за среќен пат-
Во тој момент се слушна истрел.
“Стрелецот” беше изненаден од брзата реакцијата на Катерина погодувајќи ја со проектил во задниот дел на вратот.
Веќе следниот момент Кристијан го држеше безживотното тело на Катерина, облиен со крвта на девојката што прв пат по толку години му го освои срцето.

Се сврте накај Горазд, и со глас полн со омраза процеди;

-Провери кога е следниот лет за Њу Јорк. Време е да се расчистат сметките-
 
Зошто мораше баш сега?

Ти дојде, но зошто?
Зошто дојде кога е веќе касно?
Изгледа не ме знаеш,
Изгледа стварно не ти е јасно.

Дали можеш да замислиш, баш сега,
Баш овде, колку ми требаше?
Дај, размисли малку за утре,
изгледа незнаев, мислеше.

Несе грижи ни секунда,
ни секунда дека друга ќе најдам.
Изгледа ништо не ти значев,
и Зоштпо баш сега плачев? :cry: :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom