Тука пишуваме на зададена тема

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Еднаш пиејќи кафе рано наутро, незнам зошто, но ми дојде да те споредам со кафе. Можеби зошто како што кафето помага човекот да се разбуди, расони, така и ти ме разбуди од кошмарот кој траеше долго и се закануваше да земе се од мене. И... како што кафето има кофеин и го крева адреналинот, така и ти со нешто што го имаш во тебе ме збудале.
Отпрвин само ме разбуди. Ми покажа дека надвор сеуште постои свет кој е убав и живот кој допрва треба да се проживее, нешта кои допрва треба да се искусат...
Потоа го направи мојот свет розов. Направи да го сакам животот, да се радувам на секој нов ден, на секоја ситница... направи повторно да се смеам и што е најважно ДА САКАМ! (иако не бев свесна дека сакам). Ми покажа толку нови работи, направи да почувстувам толку нешта... Живеев само за средбите со тебе, за твојата близина, за твоите допири... (пак несвесно)
И да! Како кафе ме разбуди, како кофеин разбранува се во мене. Штета што дејството на кафето и кофеинот е краткотрајно како што беше всушност и ти!
 
Кафе

Го знам твојот обожаван пар на чевли,порасна во нив.Твојата омилена плоча која е изгребана и веќе употребена,но сеуште сакаш да ја пушташ кога се чувствуваш тажно.Онаа бледа роза која овена со твоето заминување,поемите на Буковски без кои не можевме да живееме.Ја гледам сликата од средно кога имаше нескротлива коса,и се потсетувам на деновите кои ги поминавме на плажата,оние денови кои не доведоа овде.
По толку години,верувај,јас сум само јас,тоа е единствената работа која треба да ја зачуваш во твојата книга со соништа.
Ако сликата на мојот лик се уништила во твојата рамка како што безмилосно минуваат деновите,не барам резервен клуч за влез во твоето срце.Велиш-годините не прегазија,но верувај,сеуште сум старото куче со своите болви.
И не знам зошто се сеќавам на тебе после толку време.Можеби затоа што повторно пијам кафе,а ти знаеш колку мразам кафе.Никако не можеше да се заслади,секогаш имаше горчлив вкус.
Можеби кафето ме потсети на тебе,веројатно сега постојат погорки работи во животот од едно глупаво турско кафе.
 
Преку мостот...

Го оставив срцето од другата страна. Секогаш ми беше страв да се качам во 19ка. Не од лудите циганчиња кои се бесат по држачите туку од погледот кон паркот по кој сакал нејќел следи таа. Престанав да ги посетувам и моите омилени пра родители, само затоа што живееа на соседниот рид. Од другата страна ми беше забранет влезот, не од народните власти туку од мојата глава која се бореше со срцето. Имав несреќа мозокот да ми биде посилен и секоја постапка да ја влечам рационално и пресметано, па никогаш не го погазив зборот дека нема да го преминам мостот. Доаѓав до едниот крај и гледав преку реката, жедно и гладно како циганчињата кои трчкаа околу мене. Си седев на клупата со часови, гледав како животот ми поминува таму, барав некоја капка крв да протече од срцето кон мозокот. Сакав желбата да преовлада, а сепак не преминував од другата страна. И кога велат дека на секое рамо има ангелче и ѓаволче, во право се, со тоа што кај мене има цел куп крилати суштества. Денес и е роденден. Би и купил нешто, но додека стигнам до половина мост, ќе посакам да го фрлам, па да се фрлам себе и да завршам со тоа. На крајот ќе се свртам и ќе продолжам со патетиката на хедонистичкото размислување. Златното правило е секогаш во функција... за да има радости треба да има и гадости.


Кафе

Сатанистичкиот поглед на светот мислев дека не бара од нас да пиеме кафе. Мислев дека тоа е привилегија на наконтените богаташи кои мораат наутро да ги отворат очите по напорната вечер помината во блуд и разврат. Јас растев со високата класа, во семејство каде децата пред мене растеа и во едниот и другиот правец па можев да бирам чиј пример ќе го земам. Дали да бидам хиперотворен либерал кој ќе се завзема исклучиво за нетрадиционални идеи со ризик да станам наркоман и да умрам како последен клошар, или да бидам богато копиле кое ќе има три коли и четири совозачки, ќе глуми дека е кремот на општеството а сепак зад себе нема да има никакво покритие за насладување на животните желби пред да легне да спие и да сонува за истите. Одбрав нешто помеѓу. Сакав да бидам реалист, но израснав во слабо едуциран демократ израснат во пост комунистичко општество каде демократијата и не е некоја реалност. Се залагав за либерализација во размислувањата на луѓето и за зацврстување на општествените морални вредности, норми и правила. Ми се спротиставуваа религиозни фанатаци, самобендисани приглупи интелекти кои ме потсетуваа на мене бидејќи егото им беше слично како моето па бевме како рогати овни во борба за квадратен метар и покрај тоа што целата ливада беше наша... но и луѓе кои беа сосема нормални. На крајот покрај целата дебата со денови, месеци и години, борбата со целиот свет ми текна дека ете... и покрај различниот поглед на свет, сите пиеме кафе. Разликата е само во вкусот...
 
Сироти ние, резилски 4 поста на кафе. Никој не пие кафе? Сеедно. Без плачење, нема следната тема да биде млеко... ќе ја крстиме поинаку, и ве молам дајте предлози за следната тема... јас пресушувам. Еве сега за сега ќе одиме со темата ”Виски со мраз”
 
Осамена куќа.. Изолирана целосно од светот.. Однадвор како палата.. А внатре владее темница.. бол.. И нишка злобни мисли.. Спуштена завеса.. Еден човек шета лево десно низ собата и се нервира нешто.. А другиот седнат и само слуша.. Во еден момент се пали столната ламба.. Сега веќе јасно се гледаат двете фигури.. Тој што седеше станува.. Оди до шанкот и си налева оригинално шкотско виски.. Виски со мраз.. Се враќа на своето место.. Понервозен од претходно.. Другиот човек сеуште вика наоколу со надеж дека некој го слуша и обрнува внимание на неговите зборови..
Се слуша глас: "Ако си толку сигурен дека можеш да го направиш тоа.. Ајде.. Повели" -м.. Тоа е човекот што седи.. Човекот со виски во рака.. Човекот во црно..
"Мислиш неможам?" - се слуша од другата страна на просторијата..
Краток одговор "Неможеш".. И две минути подоцна.. Еден истрел.. И ништо повеќе.. Тишина.. Едниот човек излегува од куќата..
А што е тоа што остана внатре?.. Мртво тело облиено во крв.. Црнина.. Мрак.. И една чаша Виски со мраз..



Ај со мало закаснување да пишам на тема КАФЕ

Скромно уредена кујна.. Една жена седната со весник во рака.. Нешто има оставено на ринглата и чека да се направи.. Чита за лошата економска состојба во државава.. За проблемите.. Следно што? ЦРНА ХРОНИКА.. Чита за да и помине времето не за друго.. Станува.. Го вади ѓезвето.. Зовре водата веќе.. Го тура кафето.. Седнува и продолжува со читање.. Ја заинтригира тоа што го виде.. Некој звони на врата.. Го остава весникот и оди да отвори.. Да.. Како што мислеше.. Тоа е ТОЈ.. И повторно моли за прошка.. Но таа не сака ништо повеќе.. Се слушаат крици.. викање.. Женска хистерија.. Тој е пак пијан нели..? Пак моли за прошка.. Паѓа на колена.. Но ПАК е пијан.. Да беа сега заедно ќе ја тепаше.. Како и секогаш.. Уште една бурна расправија и се слуша трескање на вратата.. Се враќа во кујната.. Не и се седи веќе дома.. Сепак.. Го сакаше.. Ја зема чантата и излегува.. Излегува по него.. Сака да го најде.. Што остана сега на масата?.. Еден весник отворен на тема ЦРНА ХРОНИКА.. Една шоља веќе оладено турско кафе.. И врз се тоа блеснува една искра.. Да.. Таа заборави да ја исклучи ринглата..
 
Јас каснам, пет теми уназад сум, ама снемав нет кога ја пишував, а за другиве теми немам инспирација тренутно...:) Па се надевам не е проблем што пишувам на античка тема.:)


Денот кога ме избркаа од рајот

Се сеќавам многу добро. Денот кога ме избркаа од рајот небото беше тешко и сиво. Знам, зошто го гледав одозгора додека ми ја изрекуваа пресудата.
Ти не си повеќе за овде.“
Немо го кренав погледот кон долгокосиот старец; тој тоа го протолкува како да сакам нешто да прашам.
Имаш прашања?
Само оние вечните, што отсекогаш ги имав.“-му одговорив.
Мислев во врска со прогонов...
Знам што мислеше. Ама таму горе, каде секој со секого е фин и добар и љубезен, беше забавно одвреме навреме да пробаш да ги шокираш луѓето, кои потоа со часови ќе зборуваат за тебе трудејќи се да те разберат. Ама ништо нема да разберат, зошто ни самиот не знаеш што си сакал да докажеш.
Дури и во рајот совршенството си има свои маани. Луѓето глумат, се преправаат. Прават се за да им докажат на надлежните дека го заслужиле своето место таму. Никој никогаш не ми кажа кој ги одредува критериумите за прием во рајот и кој одлучува на нивна основа. Секако не беше долгокосиот старец, зошто тој беше премногу сенилен за да биде задолжен за така одговорна задача. Никој никогаш не ми одговори; можеби затоа што никогаш не ни прашав... гласно. Во рајот сите се преправаа дека можат да ти ги читаат мислите, но ретко кој го запозна добро мојот ум.
Да бидам искрена, во мојата глава вечно неодгатната остана една мистерија: како, зошто и по кој пат баш ЈАС стигнав на тоа место. Реално, не бев нешто безгрешна додека живеев долу меѓу луѓето. Не бев некоја светица, вистината е таа. Често лажев, понекогаш крадев пари од тајните залихи на моите родители како дете. Мајка ми ги чуваше парите во орманот, во џепот на едно од сакоата на татко ми; и после толку време сеуште беше убедена дека никој не знае каде ги крие. Понекогаш брцав во џебот од сакото, да здиплам некој денар за такси или за цигари. Бев склона на пороци и роб на навики. Моето мото беше: „Само она што најбрзо може да те уништи, е способно да те задоволи.“ Како хедонист, не ми беше важно какви средства треба да искористам за да стигнам до она што ќе ме направи среќна. Бев исто така себична; ретко помислував на другите, а кога тоа ќе го направев обично пак на крајот завршуваше во моја корист. Бев завидлива; сакав да имам се што има и другиот до мене. Тоа ме одведе кон алчност- никогаш не се задоволував со малку. Бев мрзелива, понекогаш ми беше тешко и да вдишам. Блудничев со разни мажи, а кога не го правев тоа, мечтаев како блудничам. Сакав да пијам многу, бев хроник-пушач. Удрив човек еднаш, затоа што ме нарече неодговорна кучка. Никогаш не им го отстапував местото во автобус на постарите баби и дедовци. Во неколку наврати се фатив себеси како уживам да си поигрувам со чувствата на луѓето. Понекогаш дури и несвесно ги користев сите способности и атрибути за да изманипулирам нечиј ум. Скршив неколку срца; и моето беше скршено не еднаш. Во речиси триесет години колку што живеев на Земјата, само неколкупати влегов во црква; главно поради дизајнот и архитектурата повеќе отколку поради Бога и светците. Напразно го споменував името Господово. Вршев прељуби, мразев. Човечките битија се склони кон омраза. За малку ќе убиев човек на велосипед, додека возев во пијана состојба.
Боже мој... Списоков е подолг отколку што замислував.
Како побогу јас, грешник, стигнав до ова свето место?!
Кога бев малечка, додека сеуште верував во бајки... Го замислував рајот поинаков откаков што подоцна увидов дека е. Го замислував како светло, чисто место, со дрвја и цвеќиња, со девици облечени во бело кои танцуваат грациозно околу голобради мажи кои си играат со насмеани, русокоси деца... Таму секогаш има убава храна, таму вечно мириса на темјан и листови од портокал, таму сите се насмеани, несебични, срдечни, таму никој никогаш не плаче.
Кога стигнав овде, една студена јануарска ноќ, сфатив дека сум имала погрешна претстава... Луѓето овде плачеа почесто дури од оние на Земјата. Мириса на пепел и влажна земја, нема девици, ниту бели фустани, ниту грациозни танцови...
Се прашував честопати- ако волку земско изгледа Рајот; тогаш какво ли е во Пеколот?!
Каде ме праќате?“-прашав најпосле. „Зар од Рај во Пекол ќе одам...
Пекол?!“-зачудено праша една крупна жена со потечени очи.
Да, местото каде одат грешниците, каде страдаат за своите гревови горејќи во вечен оган... Ја читал ли некој од вас Библијата?!“-се вознемирив.
Жената сеуште беше збунета; но долгокосиот старец тивко се насмевна поткашлувајќи, и ми се обрати:
Знам за кое место зборуваш. Сите сме биле таму некогаш...
Ми беше необјасниво како сите биле во Пеколот пред да дојдат во Рајот.
...Само тоа место што ти го нарекуваш Пекол... Нам ни е познато како- Земја.
Долго стоев немо пред старецот додека да ги сфатам неговите зборови.
Нема Пекол...?“-изговорив, или помислив.
Ништо не си научила додека си била на Земјата.“- ме прекори тој.
Интересно е колку се возвишував себеси додека верував дека цело тоа време јас се наоѓам на место каде само малкумина привилегирани ја имаат честа да бидат... И колку верував дека сум среќна што не завршив на местото од кое секој грешник се плаши додека го живее својот грешен живот... И беше малку разочарувачки да дознаам дека всушност сум била на тоа место, еднаш одамна, и таму поминав триесетина години... Старецот беше во право. Илузиите и заблудите се карактеристика за земските луѓе; а јас ги донесов и овде во Рајот.
Затоа сега мора да заминам...
Ги собрав куферите, се збогував со луѓето кои ме нарекуваа пријателка... И следната секунда се разбудив на влажен тротоар, близу до една бандера, во некое место што мирисаше на чад и смог. Десетици луѓе ме одминаа, некои од нив се осмелија да ме погледнат, некои само ме прескокнаа во брзање... Се слушаше силно бучење и гласови; најпосле ми подаде рака еден уличен продавач на весници и станав... Се обзирнав околу себе; се ми изгледаше толку познато.
Фак-си помислив-пак сум назад во Пеколот.
 
Весeло друштво. Се слави роденден на школска другарка. Атмосфера одлична, а јас како и вообичаено ги забавувам сите околу мене. И тогаш влегуваш ТИ. Се поздравуваш ладно со мене и седнуваш меѓу „другарките”. Пред два месеца нашето поздравување беше толку топло, искрено, полно со емоции... цел ритуал-ми помина мислава низ главата и нешто во мене се пресече.
Да! Два месеца откако ти без збор или било какво објаснување се одалечи од мене. Почна измачувањето и вечерта која траеше толку долго и за мене беше пекол.

Виски со мраз”- му викнав на келнерот.

До вчера во кое и да друштво бевме, ти ќе дојдеше до мене велејќи: „Го обожавам твоето друштво” и кажувајќи ми толку мили работи. Сега седиш спротивно од мене и не ни помислуваш да седнеш до мене.

„Уште едно виски со мраз”- извикав.

Те гледам како зборуваш и како им се смееш на сите околу тебе, а со мене веќе два месеца збор не размени. А таа насмевка.... Колку само ми недостасуваат твоите искрени насмевки упатени кон мене. Колку само во секој смисол ми недостасуваш.

„Давај виски и цигара ако имаш!”- почнав веќе да се дерам.

До вчера ми припаѓаше посебен дел од тебе, бевме неразделни... ме викаше душичка и ме обожаваше. Сега ни во очи неможам да те погледнам.

„Вискиии со мрааааз!”- пушам цигара за цигара.

Неможам повеќе! Твоето присуство ме убива. Тоа што си тука до мене, а неможам да седам со тебе, да разговарам, да ми испраќаш насмевки мене, да се смееме заедно, да ме прегрнуваш, срамежливо да те гушкам...- МЕ УБИВА!

„ВИСКИИИИИИИИИИИИИ!”

Веќе полупијана... Во мене плачам, а цело време се смеам и глумам, како ништо да не ми е, како ништо да не се случува. Правам глупости, збеснувам, ги смеам и забавувам другите, а во меѓувреме скришно те гледам и уште повеќе ги голтам солзите кои веќе ме гушат... го стегаат грлото...

„Виски!... цигара!...”

Сликите од минатото се пред мене. Неможам повеќе да издржам и солзите го преплавуваат моето лице. Плачам пред тебе... Која слабост! Од тебе повторно само рамнодушност...
Веќе премногу испив и не ми е сеуште доста. Точи виски, за полесно да се справам со болката, тагата и разочарувањето... Точи виски на се да заборавам!
 
матура и виски
дипломска и виски
и мраз и кока
на ...кола мислам
автомобили течат по стаклото
во рефлексијата
капки во двобој со бришачите
две, по две, по две... пресветло е
молк!
мраз на челото, лактот, коленото
смрзнувачка трансфузија
инфузија, инфузија ... и превртен желудник
струја на скршени ребра.
шише виски за пола тон лимен отпад
шише виски купено со грутки сеќавања
голтка суво виски
 
Виски со мраз

Се слушаа чекори од спротивната страна на масата на која седев сама со својата мизерија.Еден господин се доближи до мене и ми рече-`Слободно е`?
Каков парадокс,сите места беа слободни,тој најде баш до мене да седне.Барем нема да ги слушам цимолењата на гласовите во мојата глава.-Цигара`?ме понуди.
Каква среќа,сум го сретнала најдарежливиот човек на светот.-`Не пушам`-му реков,но сепак ја земав цигарата.
-Сте за една пијачка?-повторно се огласи.
-`Виски...дупло виски со мраз`-му реков.
-`Ох,дамата ќе го дави својот прекрасен лик во плитка чаша со немилосрден еликсир на заборавот`?
Го интересираше мојата приказна,како не.Сигурно е еден од многуте кои замислуваат дека можат да симнуваат ѕвезди на дождливо време.Тапо ја погледнав чашата во кои се наоѓаа коцките мраз,подготвени да ги бакнат моите усни,а алкохолот одвај чекаше да зоврие во моите вени.
-Што прави убавица како вас во еден ваков грд,запуштен,осамен бар?-проговори странецот
-Не е ваша работа-реков.-Ако навистина ве интересира што правам овде,нема ни да ме прашате.
Видно збунет од мојот одговор,продолжи да го следи стариот пијанист кој ја свиреше песната кој сам ја нарекол Лолита.

Поминаа два часа без никаков збор,без никаков гест,само се предадовме на опивната музика од пијаното.Го почувствував близок и го допрев по неговата рака.Возврати.Зборови не беа потребни,телото го кажуваше своето.
Започна да шепоти-Вие сеуште не ми го кажавте вашето име.
-Дамата со виски и мраз-иронично реков.
Само се насмеа и потоа повторно замолча.Мрзоволноста не надвладеа и јас само се потпрев на неговото рамо,бев преморена од сите ноти на светот.Го слушав неговото дишење,толку тешко,неодмерено,неодоливо.Сепак се воздржав да не му се фрлам во прегратка од огромната осаменост.

Утрото се разбудив во мојата постела.Како ли успеав да стасам овде-си велам.На ноќната масичка имаше порака:
Не можев да осквернавам толку грешна,а сепак толку невина,толку грда,а сепак толку убава,толку површна и ладна,а сепак толку страстна девојка како вас.Благодарам што го направивте вискито да биде послатко во вашето друштво.
Тој отиде,а јас однекаде го знаев неговото име,само тој би можел да ме направи да се чувствувам возвишено.А сепак отиде без збор.на образот го чувствував неговиот бакнеж-бакнежот за збогум.Знаев дека повеќе нема да го видам.
Оттогаш го барам со секоја испиена чаша виски...со мраз.
 
Виски со мраз

Влегов дома полека, со мојот клуч за да не го разбудам.Мислев дека спие.
Ја заклучив вртата, го соблеков капутот, чизмите и останав само на белиот фустан со црна ролка.Ја соблеков и ролката, сега веќе почна да ми студи, а надвор, ладно, мраз.
Се приближив до каминот, полека и го соблеков и фустанот.
Останав на елече и на чипкани гаќи.
Наеднаш се заледив.
Чаша виски полна до горе со мраз ми ја ставил на стомакот.
И ми вика...се врати касно.
А јас му велам, да, имав работа.
Ме заврти кон него, сега чашата ми го допираше грбот и почнав да се ежам.
Ме бакна...како да не ме, бакна, ми ги допра само усните.
Си била со друг, ми рече.
Не, му реков.
Гоиспи вискито и замина во другата соба да се опие.
 
Isto separe.. Ista devojka.. Isto vreme.. Ista casa od Ladno Nes.. Prazna.. Isti usni sto TOJ gi baknuvase.. E da.. Ne e se isto.. Nego go nema poveke tuka.. Ni dobroto staro Nes Caffe sto go pievme sekogas zaedno ne e dovolno dobar opium poveke.. Mozebi opiumot bea negovite usni a ne Nesot a?.. Ma neznam.. Treba nesto poveke sega.. Kako kockite mraz sto mu gi topev vo usta se stopi i naseto a?.. Da.. Se stopi.. Ne mu bese toa dovolno mozebi.. Znaese deka sto i da posaka ke mu dadam.. A sepak.. Ne pobara nisto.. Zema.. Zema na drugo mesto.. Se srusi se vo momentot koga se vmesa TAA megu nas.. Toa e.. Zivotot e surov ponekogas znam..

I povtorno nesto za mene?.. Poraka?.. Mhm.. Kakov txt..""Zasto cura sedi sama?.." - Sto ke pies od mene?.."

-Kazi mu da se nosi vo trista lepe pi.. c.. Ma ne.. Donesi Viski.. Viski so mraz..
Od NEGO koj i da e..

A koj e TOJ ustvari?.. Pokraj tolku devojki vo prepoln kafic mene me najde?.. Uf.. Whateva.. Stize viski.. Se sto mi treba sega e samo toa.. Viski so mraz..
I mi treba TOJ no dobro nema da go kazam toa.. Viski i cigara.. Toa moze da me smiri sega.. Nisto drugo Uf..

-Decki.. Donesi uste edno viski..

I.. Do kaj stignaf.. Da.. Dali me sakase toj nekad?.. Dali mozebi seuste me saka?.. Ili zaludno se lazam sama sebe?.. Najverojatno e toa.. Se lazam sebe.. Zasto mislev deka nikogas nema da se zaljubam se dodeka ne dojde TOJ vo mojot zivot..?

-M.. Znaes.. Uste edna donesi.. Neka bide duplo..

A cej cej.. Ustvari od kogo bese porakata seuste neznam a?.. Aj ke go prasam deckovo koa ke doe pak.. Uf.. Me faka ova poleka.. A da poflertuem malce so ovoj FRAEROV so praka lifcinja preku kelneri pa koj go ebe NEGO a?.. Da vidam sto parce e?.. Ili ne?..m.. Mi treba pienje..

-Keeeeeelner..

m.. Sepak ke probam.. A ne.. Ne ne ne lom sum vise..

-Decki aj kazi mu na deckoto so ti go dae lifceto da se prefrli navaka ako nema problem?..

Auch.. Kolku vreme pomina po gavolite odkao ja ispiv prvata casa?.. Si zaminal?.. Uf Ok togas

-Uste edna casa pls.. So pojse mraz ovoj pat
<< "Ne sluzimo pijane goste.. Ne sluzimo pijane goste.." - Good Old Riblja Corba ili?..
AhamZ.. Dobro.. Ok prvpat u zivot sum izbrkana od kafic..
Do tolku li moze da te ponizi edna casa VISKI SO MRAZ?... Ili pa ne e do viskito a?..
 
Чаша виски...
Чад и мирис на цигари...
Празен поглед...
Пиштол на масата и неколку расфрлени куршуми...
и писмо...
проштално писмо со тешко разбирливи букви...
посветено за неа..
барем еднаш и таа да почувствува грижа на совест..
Последна голтка од вискито...
барем да имаше мраз во него
 
Виски со мраз...
Дневната светлина полека но сигурно ја снемува, струјата станува евтина и рапидно се троши за греење на водата во бојлерите зашто е недела и сите се бањаат. Мене не ми прави разлика дали струјата е евтина или скапа а и не ја користам толку за греење колку што ја користам за ладење. Во ладилникот стои последното шише виски купено на фришопот враќајќи се од далечната Турција. Џек Дениелс, ха само уште еден отровен пијалак спакован во поубаво шише и со друго име а не ракија. Влегов се избањав, излегов пурата ме чекаше на масата заедно со сечилото. Седнав, седна и таа до мене чекав да почне натпреварот, финалето на Светското Првенство во фудбал. Додека траеше оној досадниот воведен дел кој што игра станав и го земав шишето виски две чаши и кофа мраз. Го отворив и ставив во чашите, „Прва чаша дупла без мраз!„-ми рече таа. А јас да не испаднам слабак исто така ја наполнив и мојата „На здравје, те сакам„ ми шепна и ја крена чашата со долниот дел нагоре. Ми рече дека сакала да легне во кревет, но фудбалот во тие моменти беше поважен од било што. И реков дека за 25минути сум до неа, и така беше заврши натпреварот браво браво светски шампиони сте, идете славете јас имам работа во кревет. После цело шише виски бурна ноќ следи...
 
Малечок бев и уште незнаев, дека плачат и возрасни..

Повтроно ги отварам очите.. Овој пат насолзени..
Низ глава ми поминуваат сите моменти со тебе.. сите секунди кога стоевме еден до друг и кога ми кажа дека несакаш збогување, дека пак ќе се видиме.. дека пак ќе имам можност да те гушнам, бакнам.. Го чекав (чекам) тој момент.. Знам дека нема да дојде, ама за првпат верувам во нешто што.. се лажам, знам, посилно е од мене.. Би ги изговорил оние два збора што ги сакаше уште мал милјон пати само да сватиш дека чуствата се исти...

Восочни лица, оловна тишина и прекриени огледала...


И незнам кој пат денеска.. незнам кој пат се ежам на тие зборови..
Нешто умира.. денес нешто потонува длабоко во мене, нешто што цело време ме ми даваше елан.. среќа.. насмевка..
Подголтнувам голема грутка тага..Ми недостгаат работи од минатото, ми недостига гласот и насмевката.. ми недостигаш ти..
Пробувам да заспијам..и како проколнат го гледам твојат лик пред мене, насмевнат.. Онаа слатка насмевка која (барем така викаше) јас ја правев, и јас те терав да се чуствуваш така.. пробувам да се помирам со некои работи.. не успевам..

Не ти е лесно знам, мислиш светот се распаднал, а секое лошо за добро е, што и да е ќе помине!

Што и да е ќе помине! - Како да пробува да ме расположи, како да пробува да ме насмевне и да гледам светло на иднината.. Размислувам за нешто кое поминало.. Се навраќам на стари моменти кои ме убиваат, ме распарчуваат.. Ме тераат да се предомислам и да пробам да те заборавам, да пробам да продолжам да живеам како само јас што знам, да се радувам на она што го имам.. А јас само жалам за она што во овие касни часови ми фали, ужасно ми фали, ужасно ме тера да запалам кола и да дојдам да те видам.. Макар и од 100 метра, само да ти го видам лицето, дали ти е среќно.. дали те облива насмевка како што некогаш те обливаше, дали уживаш во моментите што ги доживуваш..

Конечно песната заврши.. се надевам на нешто повесело.. нешто што ќе ме насмевне и ќе ме опушти.. се излажав..

Се трудам да те симнам од среце и од усна, под насмевка ја кријам осаменоста ко лузна.. Твојот лик над мојта тага ко облак уште кружи..

ХАХ, па да сакав да се пуштеа немаше.. и може ќе ми одлетаа овие болни и тажни мисли, негде и ќе се располоежев малце па ќе задремев на кратко.. Неможам да издржам повеќе.. МИ НЕДОСТИГАШ! И пак како да сакам да ми е тешко и да не спијам. Ги листам твојте слики една по една и задоволно се смешкам како да ме гушкаш од зад грб.. А само си правам да ми е потешко.. Само ја зголемувам болката.. Болка во која јас уживам.. Болка која со сласт ја избирам за примарна.. Болка која ме прави среќен и слеп за сите работи..

Кон тебе сакам да сум ладен ко тогаш ти со мене, љубовта што ми ја даде на врв од игла ќе ја збере.. И се што нема да ти кажам пак од внатре ќе ме сотре, и може тоа што те сакам ќе престане од утре...

Пак онаа солена течност без да сакам се лизга по образиве и ми ја мокри усната.. Без никаква цел.. течат.. никој не ги сака.. ама неможе да се сопрат..

Сакам да те изгушкам и да ти шепнам ТЕ ЉУБАМ, и нежно да го бакнам тоа полно муце пак.. сакам само да осетам дали постои онаа врелина пак како порано...

Ти немаш право да прашаш како ми е без тебе, и дали сум сам! Оваа рана на душа ќе ја зашие време и ќе заборавам.. Барем така мислам..

И неможам повеќе, ми треба воздух.. Отидов на цигара..
 
Мраз со виски
Еден страшен, убав ден,
еден човек мал со еден фен,
пиеше пиво, со масло и сол.

Дојде Виски,
познатата ќерка на Ически.
Таа беше прекрасна, јасна,
принцеза од бајките и пеачка гласна.

Зошто пиеш пиво?
Праша таа учтиво.
Така сакам рече тој.
А таа замавна и исчезна в рој.

По пола сат се врати таа,
а што да види, пак тој има маана.
Не сака Виски а сака покана.

Еве ти мраз, му подаде таа,
еве ти и чашка, убава и мала.
Во што ќе го ставиш мразот коцки?
Праша и него му се стресија коски.

Па...Виски дај ми,
ко да моли дами.
Тогаш, Виски замафна со главата,
и одма прославуваше со него, рата по рата.

:nesvest:>:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom