Автомобилот иташе по автопатот.
24 часа откако младата девојка конечно реши го смени воздухот кој го дишеше со години,мораше назад во истиот тој вакуум од смог,прав,нерегулиран сообраќај и очајни луѓе кои со малото прсте не мрдаат,а се жалат на невработеност и сиромаштија.
Нагази на гасот.
Избезумено иташе,а всушност беше многу смирена. Нешто ја чекаше преку мостот. Нагло закочи пред семафорот. Се слушаа свирки,пцовки,провокации.
Дали таа ги слушаше? Просто се сомневам.
Иташе кон болницата. Кон смртната постела на својата мајка.
Се двоумеше дали воопшто да го премине тој мост. Погледна лево,па десно. Посака да сврти сосем лево,или пак сосем десно.Во вода.
Не можеше да ја сфати реалноста. Не можеше да сфати како баш неа и се случува ова и како се најде таа овде. Си рече:-Ако е ова сон..тогаш од утре одам на психијатар.
Не се предаде. Го премина мостот и реалноста повторно ја удри по нос, кога почна да сфаќа колку губи. Кој го губи.
-Каде е таа?
-Ве молам смирете се,нам навистина ни е жал,правиме се што можеме.
-Гледам. Каде е,сакам да ја видам. - го губеше трпението.
Човекот во бел мантил се трудеше да биде благ и да ја ублажи целата ситуација,ама очигледно не му успеваше.
-Сеуште е во шок соба. Не инсистирајте на посета,забранети се.
Девојката не знаеше дали да се смее од иронија или да паничи со хистерии.
-Дали сте вие свесен дека се работи за мојата сопствена родена мајка?
-Да. Сосема имам разбирање,но имајте го и вие,ве молам. Таа не е во состојба да.. - Нема да имам разбирање. Не го заслужувате. Мојата мајка лежи на смртна постела,а јас седам овде и дискутирам со вас во врска со тоа дали да одам и да и кажам збогум. Мислите дека не знам што се случува? Мислите дека не сум свесна што се случува? Е па тогаш дозволете ми да ви кажам дека сум! - бледнееше толеранцијата од нејзиното лице. Сега веќе беше способна да го задави чичкото во бел мантил со голи раце.
-Знам дека сте,но таа не..-Не,не знаете. Дали вие имате мајка? Дали сте изгубиле родител досега? - младоликиот доктор не личеше за така. Се забележуваше дека го истренирале добро за вакви ситуации,но не можеше ни одблиску да замисли како е да немаш родител. Без збор повеќе,девојката го тргна од својот пат и продолжи по ходникот. По неа трчаше обезбедувањето,медицинските сестри,еден тон луѓе кои глумеа покорност кон правилата на болницата,а всушност само се плашеа за својата плата.
Милион пречки од кои ниедна не успеа да ја запре.
Во белата соба ја виде неа.
Нејзиниот идол,нејзината хероина,нејзината поддршка,нејзиното срце. Ги гледаше како гаснат во белата постела. Тивко..безшумно. Таа соба мирисаше на очајна борба за живот. Мирисаше на солзите на девојката што надоаѓаа и на бледото тело кое беспомошно лежеше.
Седна до неа и и рече плачејќи...-Плачам бидејќи не можам ништо да сторам. Бидејќи немам моќ што ќе те врати назад. Бидејќи не можам да те гледам тебе вака,бидејќи ти не го заслужи ова. Не сега. Не сега....- веќе липаше.
Луѓето учат да живеат со она што животот им го носи. Ги навикнуваат нивните солзи,воздишки,депресии,разочарувања,скршени срца..се.
И токму тогаш кога животот удира во нашите најслаби точки,учиме дека тоа е реалноста,и дека ние живееме во неа,ма колку и тоа да болело. Вербата и борбата се составен дел од нас,без разлика колку и да сакаме да избегаме од нив...- се чу аплауз.Восхитени беа луѓето од нејзината приказна.Некои од нив дури и плачеа.
Една блага насмевка повторно беше родена на нејзиното лице и се поради вината на мајка си. Поради нејзиниот лик кој го гледаше насекаде.