Тука пишуваме на зададена тема

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Кога тоа ми го кажа црвчето јас се налутив и излегов од рајот и кључот им го стегнав на портата. После тоа незнам што се случи. ц ц ц ц Изгледа и камиончијата повеќе Јогурт не им носеше, ни Мексико џакузи не им даваше... Што да правам? Кај да одам? И речив да се одморам. Си легнав јас под едно дрво и кога се разбудив го гледам велештрумф пред мене. Каде сум? -прашав јас. А тој: Па во пеколот. Па како се најдов тука? А Веле: Камо да знаеше колку тежиш, кил фатив од тебе. Тогаш станав и УПС несакајќи го шљакнав на подот. Е сега шо прам? Го зедов и испратив кај Тарзан. Продолжив понатаму. И? Каде да одам? Во блиската далешина здогледав една гооолема темноцрвена порта. Се доближав до не. И што да видам?? Портата била црна. Тропнав на неа и Црни го видов. Ми рече повели, влези. Ова е пеколот, добредојде. Кога влегов тамо се чувствував многу подобро отколку во рајот. Насекаде жени, Ана Курникова, Мадона, Памела, парис абе ситее. Ми подари Црни едно крилце и ми рече дека кон крајот на деценијата ќе добијам уште едно. Јас се согласив и отидов кај Али Ахмети и му го зедов крилцето. Во последно време само јадам. Многу слабеам, незнам што да правам. Најчесто јадам баничка со фишек, а понекогаш и тенџере граф, но сепак вецеата помагаат многу. Имам супер друштво. Едниот другар ми се вика Смугре а....

Ту би континут :)
 
Јас утрово патувам на далечен пат (океј се правам фраер не е толку далечен) и морам да ја кажам оваа тема сега, за кога ќе се вратам да видам кушче текстови за моја уживанција. Темата нека биде нека биде... ”Преку мостот”
 
Преку мостот
Градот поделен на два дела со еден мост. Од убавата страна на мостот живееш ти, а темната страна останата е за мене. Викендите ги поминувам седејќи на убавата страна и чекајќите да дојдеш ти, да го слушам твојот глас, да ги видам твоите очи. Се случувало и да чекам безцелно цела ноќ, да останам само јас и моите солзи на таа убава страна. За да не ја затемнам, да не ја расипам брзо ја поминувам и тивко исчезнувам далеку зад мостот кај сивилото. Мостот го срушиа, сега има само една голема дупка. Дупка помеѓу убавиот и грдиот дел на градот, дупка помеѓу мене и тебе.
 
...а другиот...леле види го мостот. По,по колкав моост. Јас се завртив и гледам, да да гледам МОСТ :nesvest: Тргнав на кај него, но како сите да сакаа да ме спречат. Ама јас продолжив, одев одев и стигнав. На него беше малото лошо бубаче. И јас го прашав дали можи да си поминам на мостот?? Но, тој не ме пушташе. Добро реков и почнав да го минувам. А бубачето молчеше, а јас не се предавав. И наеднаш мостот се сруши а јас се најдов кај Велеѓаволот. Е ај сега да те видам, ми рече. Но јас сеуште не се предавав и зедов кофата вода и го потурив, а тој прдна, се насмевна и умре. Времето се врати, јас пак одев по мостот и конечно го преминав, но што да видам. Гледам едно....

Ту би континуд3 :)
 
Преку мостот

Тој беше уште еден од напуштените ангели кои бараа прибежиште во световите кои ги создаваа.Бргу се навикна на правилата кои ги наложуваа сопствениците на неговите мисли.Пријател му е свирежот на возовите кои секое утро пренесуваат различни приказни од кои тој се инспирираше.Беше слеп за туѓите омаложувачки погледи,глув на музиката на својот непријател.
Со текот на времето сфати дека момчето кое пред долго време го нацртал на еден од многуте ѕидови покрај неговиот кревет,ја променил својата фигура,своите чувства.Ѕидот беше влажен во оној дел каде тој беше најслаб-своите очи.Се тешеше дека тоа мора да е од покривот кој протекува секојпат кога ќе заврне...а покрив му беше сивото небо.
Неговиот господар го виде тоа,па го заклучи неговото срце и мисли,а клучот го фрли некаде во далечината.Никогаш не знаел што чувствувал,никогаш не се одразила среќата во неговите очи.Се обидуваше да им удоволи на сите и на никој.
Тоа дете веќе не го гледаат повеќе...на овој старец повеќе не му е грижа за другите.Овој старец се обидува да умре чесно...овој старец сум јас.
Кон оваа пригушена светлина на затворот кој ми стана омилено место,видов поинаков свет,тоа беше оној за кој сонував во ладните ноќи.Претходно требаше да поминам долг пат...за на крај да го најдам клучот на мојот господар кој го беше фрлил одамна.Го пронајдов одговорот на сите мои прашања,но предоцна.Го пронајдов за да завршам на другата страна преку мостот-на онаа страна од каде сите сништа избледуваат.
 
Неговиот допир на мене, чувствувам ми ги брише солзите.Се обидува да ме утеши, да ме стопли, ми ветува дека ќе се врати.
А јас плачам ли плачам, не ми се прекинува и да можам да прекинам, нема.Зошто да си оди...зошто и го колнам мостот, проклет мост.
А тој стои до мене и ми вика да не го минеме мостот заедно, дека ќе се врати, а јас знам дека нема, дека нема....
Дека мосотот го однесе мојот љубен.
 
Преку мостот навечер не оди. Ќе загинеш од залетан куршум. А и кај плоштад не ти е безбедно.

-Народна поговорка
 
Подобро преку мостот отколку под него.

Луѓе мочаат таму.

Смрди.

А картоните слабо греат деновиве.

Sith
 
Преку мостот...

Затворена во себе... Оградена со цврсти ѕидови кои не дозволуваат никој и ништо да помине преку нив. Исплашена... го носам во себе се она што е меѓу тие ѕидини, обидувајќи се да го ставам во ред, повеќе да не ме мачи. Мислам дека ако не примам ништо и никој од надвор, полесно ќе ми биде да излезам на крај со се меѓу моите ѕидини. Плашејќи се да не бидам пак повредена од светот надвор, не ни се обидувам да преминам преку мостот. Преку мостот после кој ме чека нов свет... Никако да соберам храброст за да го поминам, ниту пак да најдам сила и да го оставам минатот зад мене.
И така потисната од сите страни меѓу ѕидините, неможејќи повеќе да издржам, преминувам преку едно мовче. И ете сме јас и ти. Како и вообичаено се караме и препираме. Се обидуваш да ми побегнеш смеејќи се, а јас те прегрнувам и не ти давам да си одиш. И сето тоа со некое си ограничување и со оној вообичаен страв што го чувтвувам секогаш кога сум во твоја близина, кога ти зборувам и воопшто допирам... Се сврте! Се гледавме очи во очи, се туркавме и одеднаш се најдовме паднати на подот. Ти беше над мене. Уште поисплашена од ситуацијата целата треперев од твојата близина и ми беше страв да не го забележиш тоа... ми беше страв како ќе изреагираш. Задлабочена во мислите осетив усни на вратот... тоа ти ме бакнуваше. Останав шокиран. Но се беше премногу брзо и преубаво за да можам да мислам и реагирам, само се препуштив. Твоите усни се движеа по мојот врат, нежно. Ја чувствував твојата коса по рамената и градите... ги почувствував и твоите усни на моите... се случи еден кратко бакнеж по кој следеше за прв пат поглед очи во очи, насмевка, а потоа еден долг бакнеж кој ме однесе некаде...
Одеднаш се почна да бледнее. Истрчав и се вратив преку мовчето во моите ѕидини. Се разбудив! И твоето име беше првото нешто што ми помина низ глава и си реков: „Зошто ваков сон?! Зошто кога се обидувам да ставам крај на нештата, кога ги потиснувам... Зошто кога мислам дека се е завршено, кога престанувам да мислам на тебе повторно се појавуваш?”
Затворена во ѕидините... Забранетата љубов продолжува да ме труе... се повеќе се оградувам од светот и со сомнеж повремено погледнувам преку мостот... Градам уште поголеми ѕидини, не сфаќајќи дека тие не ме заштитуваат, туку само ме изолираат!
 
Автомобилот иташе по автопатот.
24 часа откако младата девојка конечно реши го смени воздухот кој го дишеше со години,мораше назад во истиот тој вакуум од смог,прав,нерегулиран сообраќај и очајни луѓе кои со малото прсте не мрдаат,а се жалат на невработеност и сиромаштија.
Нагази на гасот.
Избезумено иташе,а всушност беше многу смирена. Нешто ја чекаше преку мостот. Нагло закочи пред семафорот. Се слушаа свирки,пцовки,провокации.
Дали таа ги слушаше? Просто се сомневам.
Иташе кон болницата. Кон смртната постела на својата мајка.
Се двоумеше дали воопшто да го премине тој мост. Погледна лево,па десно. Посака да сврти сосем лево,или пак сосем десно.Во вода.
Не можеше да ја сфати реалноста. Не можеше да сфати како баш неа и се случува ова и како се најде таа овде. Си рече:-Ако е ова сон..тогаш од утре одам на психијатар.
Не се предаде. Го премина мостот и реалноста повторно ја удри по нос, кога почна да сфаќа колку губи. Кој го губи.
-Каде е таа?
-Ве молам смирете се,нам навистина ни е жал,правиме се што можеме.
-Гледам. Каде е,сакам да ја видам. - го губеше трпението.
Човекот во бел мантил се трудеше да биде благ и да ја ублажи целата ситуација,ама очигледно не му успеваше.
-Сеуште е во шок соба. Не инсистирајте на посета,забранети се.
Девојката не знаеше дали да се смее од иронија или да паничи со хистерии.
-Дали сте вие свесен дека се работи за мојата сопствена родена мајка?
-Да. Сосема имам разбирање,но имајте го и вие,ве молам. Таа не е во состојба да.. - Нема да имам разбирање. Не го заслужувате. Мојата мајка лежи на смртна постела,а јас седам овде и дискутирам со вас во врска со тоа дали да одам и да и кажам збогум. Мислите дека не знам што се случува? Мислите дека не сум свесна што се случува? Е па тогаш дозволете ми да ви кажам дека сум! - бледнееше толеранцијата од нејзиното лице. Сега веќе беше способна да го задави чичкото во бел мантил со голи раце.
-Знам дека сте,но таа не..-Не,не знаете. Дали вие имате мајка? Дали сте изгубиле родител досега? - младоликиот доктор не личеше за така. Се забележуваше дека го истренирале добро за вакви ситуации,но не можеше ни одблиску да замисли како е да немаш родител. Без збор повеќе,девојката го тргна од својот пат и продолжи по ходникот. По неа трчаше обезбедувањето,медицинските сестри,еден тон луѓе кои глумеа покорност кон правилата на болницата,а всушност само се плашеа за својата плата.
Милион пречки од кои ниедна не успеа да ја запре.
Во белата соба ја виде неа.
Нејзиниот идол,нејзината хероина,нејзината поддршка,нејзиното срце. Ги гледаше како гаснат во белата постела. Тивко..безшумно. Таа соба мирисаше на очајна борба за живот. Мирисаше на солзите на девојката што надоаѓаа и на бледото тело кое беспомошно лежеше.
Седна до неа и и рече плачејќи...-Плачам бидејќи не можам ништо да сторам. Бидејќи немам моќ што ќе те врати назад. Бидејќи не можам да те гледам тебе вака,бидејќи ти не го заслужи ова. Не сега. Не сега....- веќе липаше.

Луѓето учат да живеат со она што животот им го носи. Ги навикнуваат нивните солзи,воздишки,депресии,разочарувања,скршени срца..се.
И токму тогаш кога животот удира во нашите најслаби точки,учиме дека тоа е реалноста,и дека ние живееме во неа,ма колку и тоа да болело. Вербата и борбата се составен дел од нас,без разлика колку и да сакаме да избегаме од нив...- се чу аплауз.Восхитени беа луѓето од нејзината приказна.Некои од нив дури и плачеа.
Една блага насмевка повторно беше родена на нејзиното лице и се поради вината на мајка си. Поради нејзиниот лик кој го гледаше насекаде.
 
Бојан и Марко имаа по 5 години. Живееја од левата страна на реката. Имаа среќен живот, имаа се што ќе посакаа... најубавите играчки, најубавата облека... Често слегуваа со лифтот од нивните раскошни станови и играа пред зградата... и тука имаа се, парк, игралиште нишалки, птици кои пееја... се што го прави еден детски свет... а го имаа целиот целиот свет... односно скоро целиот...
Ништо не им беше забрането... освен една работа... да одат преку мостот на другата страна... а таму? И таму живееа деца, но немаа зграда, немаа најнова облека, ниту пак играчки, немаа ни уредено игралиште, но имаа ливада на која играа фудбал. Топката често им паѓаше во водата, па со денови не играа фудбал...

Но, детската љубопитност е поголема од се.. Еден ден Бојан и Марко зачекорија по мостот... заминаа на еднинственото место каде немаа дозвола...

По еден час Марко се врати сам:
- „Бојан падна... игравме фудбал и падна во водата” - со пелтачење изговараше тој...

Одеднаш се изгубија песните на птиците, цвичењето на нишалките... се слушаше само плачот на ротителите на Бојан и.. полициските сирени кои беа се поблиску и поблиску...

Телото на Бојан го најдоа неколку дена подоцна, неколку километри подолу
 
- Што ќе правиме сега? Уморен сум веќе. Ми се оди дома. Ми се спие.
- Чекај. Ќе одиме преку мостот. Имам работа.
- А?
- Те носам преку мостот.
- Што има таму?
- Точкарот.
- Точкарот? Што бараме кај точкар?
- Точкарот. За точакот... Имам заборавено дека понекогаш си стварно бавен.
- Хехе. Расипан ти е точакот?
- Аха. Тркалото ми се откачи во сред возење пред некој ден. За малце ќе ме удреше кола, да не зборам дека ќе се испокршев паѓајќи. Ќе загинев на нашана улица.
- Знаеш дека ми се има случено истото и на мене? Кога бев мал...
- Да?
- Да... Всушност кога ќе размислам, не знам дали ми се откачи тоа или беше ланецот. Не, дефинитвно не беше ланецот. Тоа често паѓа нели? Откачено тркало!? Тоа е реткост...
- Како и да е, треба да го собереме Никола во дванаесет од пред негова зграда. Живее одма до паркот.
- Кој е Никола?
- Никола е бербер.
- Мислев одиме прво кај точкарот.
- Одиме де. Прво треба да се најдам со Никола да ми го даде точакот, после ќе одиме кај точкарот.
- Што бара точакот кај Никола?
- Никола мислеше може да го поправи.
- Тој мисли дека знае да шиша.
- Што ти е на тебе? Не го ни знаеш Никола.
- Знам со какви комуницираш.
- Какви?
- Идиоти...
- И со тебе?
- И јас да... И со мене.
- Ти не си идиот?
- Ќути. Те немам видено видено две години, не мислам да се караме.
- Добро.
- Иако стои тоа што ти го кажав.
- Море Милане...
- Мене пак ми се спие... Би поспал да не знаев дека за брзо време ќе го поминеме мостот. Па кај берберот, па точкарот...
 
Еден поглед.. Размислувам.. Што по ѓаволите имам тука?..
Само празни ветувања.. Темнина.. Страв.. Болка.. Како сонцето да не грее тука..
Војни.. Понижувања.. Луѓе - Овци водени од едноок овчар..
..Корумпирана маса.. Епа тогаш што е тоа што ме тера да останам тука?.. Во овој пекол.. ЕГОИЗАМ.. ЦИНИЗАМ..
Мала напатена шугава државичка што полека го губи и името.. А чистиот образ го изгуби одамна.. Епа?.. Зашто по ѓаволите не го поминам веќе еднаш тој ебан мост и никогаш повеќе да не се свртам назад?..
Што ме тера да останам тука.. Дали можеби чувството дека тука сум МЕЃУ СВОЈТЕ?.. Хм.. Па тука се продаваме меѓусебно за власт..
Но на крај краишта.. Што ако го поминам мостот?..
Таму е подобар животот.. Можеби.. Но не е тоа животот на кој сме навикнати.. Не е животот за кој што сме создадени.. Бог не создал вакви затоа што.. Хм.. Можеби затоа што ТАКА ТРЕБАЛО.. Сигурно и за нас има ПОДОБРО УТРЕ.. Па и Македонија ќе ги дочека својте 5 минути бе аман.. Значи.. Ај да го срушиме тој ебан мост.. И да си живееме на нашето изолирано островче а?.. :helou:
 
Знаете ли кое е најдоброто? Она, превриено во мачји желудник, претходно донесено со бродови на погон: робови, собрано од рацете на некоја прекрасна бразилка, наквасено од нејзините солзи и потни раце.
кафето оди со сеир, широк сокак, тесни маички, кратки сукњи, штикли, кукли убавици, потпетици, темни очила, замижаност, последни 40 денари, локум или случајно заскитана коцка чоколадо и тутун(!!!).
оди со муабет од типот на: толку долго се познаваме и нема што да си кажиме.
црно е, без млеко и без шеќер, и расонувачки добро.
секогаш кога го пијам оценувам дали е вешто подготвено и сервирано во филџан без црвени остатоци. на гости понекогаш, се случува да Ви го сварат(?) со вода од бојлер.
а кога имам гости пак, да им го направам прејако. нека ги дрма!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom