Тука пишуваме на зададена тема

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Беше сабота рано на сабајле во Рајот, не дека кога приказнава се случи значи нешто, знаете вечност и се' тоа, а мене ме разбудија три мали ангелчиња после саати пријатен, пријатен сон. Беа веќе влезени во куќата, и ѕвецкаа со мали ѕвончиња. Кретени. Уште бев полу замижан и едвај свесен кога едното прозборе со невозможно крескав глас.
- Повелете, господине, услужени сте.
Малото суштество ми подаде едно плико, потоа се поклонија смешно трите, едното затруби на трубичето и испарадираа надвор оставајќи ја вратата отворена. Морони. Јас седев сонливо со писмото во креветот. Го помирисав неколку пати. Ванила. Инвентивно господа! Инвентивно!
Го скинав од страна и го извлеков ливчето од внатре. Почнав да ги читам божествените букви. Здраво Спасена Душа #646422... Бла бла бла..Ве известуваме...Бла бла... Со жалост... Бла бла... Ревизија на заповедите... Да се отстраните...Бла бла бла...До крајот на денов... Бла бла... Ве почитуваме и жалиме... Бла бла... Неможност за поднесување жалба кај Советот на Ангелите... Со големо жалење... Автобусот ќе ве земе во седум...Бла бла бла... почит.
На крајот стоеше потпис од некој идиот што очигледно не знае да пишува али бил фин, свет и се тоа по ред и стасал до висока позиција каде глуми нежност и сочуство на работи каде што не треба. Почит и ебано жалење! Како и да е, тоа е тоа, кретените ме избркаа од рајот и мораше да заминам до крајот на денот.



Не ми беше толку важно како ќе биде кај Сатаната (бидејќи шанса да ме вратат жив немаше никаква) туку сега седев, концентрирано гледајќи го фрижидерот. Позлатен со пиратско злато. Скапа работа која лади фантастично и при големи жештини. Квалитетна изработка. Плус, го добив за ич пари. Требаше некако да го изнесам, а да не ме приметат од Службата за Контрола и Одржување на Божествен Мир и Вечна Љубов, нити да ме видат некои загрижени спасени души кои само уживаат во улизување на Ангелските газови. Цело претпладне го поминав мислејќи на начини на кои може позлатена техника да се префрли од рајот во пеколот без оштетување. Служба за транспорт на имот тука немаше, макар и да сакал да се преселиш во друг дел на Рајот. Најголем дел од буџетот беше користен за купување за златни труби за ангелчињата кои сите до еден свиреа бедно затоа што беа неуки голи деца со језиви насмевки и желба за музика како ретардирана рипка; купувани беа и златни туркачи за облаци (Кој ѓавол го тераше господ да стави толку многу на небото. Добро, тој ѓавол, ама зошто Боже дозволи да те надебат така здраво?) како и масивни залихи на златни притискачи за хартија за огромната количина на истата која ја ствараше бирократскиот систем кој грчевите се обидуваше што по неефикасно да ја врши работата. Дркачи.



Денот одминуваше, саатот отчукуваше, и врел бран на паника ме обземаше. Правилно одржување на храната е важно, а јас без прво класно ладење не заминувам во пеколот! Барем така се набедував за побрзо да најдам решение. Наѕираше ручек време и каснав малце грозје, сирење и вода. Винце не ми се пиеше, се плашев да не ме успие. По ручекот дојде комшијата на посета.. Бараше совет за купување косилка. Можеби бил речиси безгрешен и такви работи, ама не се разбираше во косилки. Нити јас, па го препратив кај што треба – Советувалиште за Купување Градинарски Косилки и Останати Градинарски Алати. Да, ме слушнавте, имаше Советувалиште за Купување Градинарски Косилки и Останати Градинарски Алати, но немаше селечка служба. Четири и пол часот.



Во изминатите кратки два саата, мојата нервоза и паника, се претвори во чист прекрасен гнев, кој беше предизвикан од веста дека телефонот ми го исклучиле додека сум уште неодселен. Тоа дефинитвно на помогна на се што чуствував. До пет местото, тоа до тогаш прекрасно средено и дизајнирано парче од рајот, изгледаше – концептуално. Завесите успешно ги откорнав и залепив со смеса на шампон, згмечени овошја и фецес за ѕидот. Душекот беше наместен на прозорот и ѕверски прободен со ногарките од масата, убавите порцелански вазни ги зачував цели, но ги наполнив со храна и малце вода, и ги ставив внимателно под даските на подот да гнијат за следниот станар. Одмаздата храни. Кутриот прекрасен фрижидер седеше во ќошето на пространата соба. Сам, неоштетен, совршен. Срцето ми се смируваше, седнав да одморам. Капка солза ми се спушти по образот. Ова беше збогум. Чао прекрасен запирач на тении, вируси и салмонела во прехранбените продукти, збогум ти ефикасен, еколошки потрошувач на електрична енергија. Се најубаво. Немав срце да го уништам.


Шест часот и педесет минути, седев со шапка на главата на прагот пред живеалиштето… Во вакви моменти сфаќаш дека никогаш всушност мртва душа не размислува за шверување на фрижидер во пеколот се додека не е потребно, кога е потребно, а верувајте евентуално станува потребно, кога моментот на вистина наближува, тогаш веќе е доцна.Саат подоцна, веќе си на возот 34 и чекаш пред портите на Пеколот каде што уште поспората Сатанска Служба за Миграција, облечена во црно-црвено ги процесира влезовите на новодојдените. Супер. Уште помпезни кретени.
 
Абе станувам сабајле и што да видам. Никој не се смее, никој не игра. Повеќе старците не се собираа да играт карти, повеќе не ја гледав мајка Тереза намуртена, повеќе не ги видов младите дА се сончат и да жнеат. Тревата ги моли, не газете ме, ме боли. На 2Пац куќата му гори и само вамо тамо оди. Јас така изгубен на сите ги прашувам: Што е што се случи? А тие ми климкаа со главите. Уплашен така се тресам, рикам... Кај да одам? Што да правам? Тргнав на кај Господа да ми кажи што е работата. Го сретнав Ангелчето. Се зачудив! Што ли јаде пача? Никогаш не јал. Го прашав но тоа одлета и седна до клупата. Јас со мака, продолжив, одев, одев, одев и одев. Помина денот, дојде ноќта и решив да преспијам на дрвото. Но верверичката ме избрка. Легнав на клупата, но бездомникот ме избрка. Легнав на земјата, но пак бев избркан. Но, зошто? зошто сите ме тераат?? Уште едно утро пристигна а јхас стигнав до портата на Господа. Тропнав, но никој не отвори. Тропнав, пак никој не отвори. Додека 3 пат тропав црвчето ме изненади. Ми рече: Госод се сели. А јас : КАКО?! Зошто да се сели. Црвчето: Па се сели со сите од рајот! Јас: Па како? Што бараш ти тука тогаш црвче. А црвчето: А бе остај ти јас гледај си за тебе, туку бегаат заради тебе! Јас: Зошто бе заради мене? Тоа: Епа оти...

Ту Би Континијуд :)
 
“Дента кога ме избркаа од рајот“

Беше тоа еден тмурен, грд ден. Јас плачев, небото исто. Шетав низ градот како изгубена. Цвеќињата околу мене беа свенати, лисјата на дрвјата паднати. Се беше така морничаво, тивко...
Јас одев, не запирав...
Некој викаш зад мене. Ми требаше долго време да се свестам, викаа по мене, а јас...незнаев каде сум. Застанав, помислив, дали си можеби тоа ти, дали ме бараш назад, дали можеби веќе ти недостигам? Се свртев и не, не беше ти. Знаев. Продолжив да одам таму некаде, никаде...Мислите сиви ми беа, рацете модри, а душата...душата празна. Зошто?
Јас бев крива, знам. Јас заслужив да ме избрка од таму, јас...
да, јас му го правев рајот РАЈ, и кога требаше и кога не заслужуваше. За после што да дојде друг ангел на моето место, со друг ангел да лета, со друг ангел да го дели небото...
Глупава сум. И што сега, ќе се печам на жешково. Крвта ми врие, би убила за да бидам пак таму. Несакам овде. Овие демони околу мене...одвратни се...несакам...несакам да сум покрај нив. Не ги сакам тие топли, не, не се топли врели прегратки, крила...
Несакам....
САКАМ НАЗАД, кај мојот ангел...Неможам овде, горам, гадно е, мрачно ми е...
Го мразам тој ден, засекогаш ке го мразам ДЕНОТ КОГА МЕ ИЗБРКА ОД РАЈОТ...
 
Денот кога прв пат те бакнав, денот кога ме избркаа од рајот! Се сеќавам како вчера да беше. Не врнеше дожд, не дуваше ветар, дури бевме внатре во најобична соба, а ништо не беше обично, се беше посебно, твоето лице, твоите допири, твојот поглед. Гледајќи те, те сакав. Сакајќи те, правев грев, а кога те бакнав...тогаш ги прејдов сите граници, но зарем беше тоа важно во тој волшебен миг. Не жалам, не сум зажалила за ниеден бакнеж, за ниедно чувство, за ниеден љубовен збор упатен кон твоето срце. Понекогаш ми недостигаат рајските градини, мирисот на косена трева, ведрото небо и туѓите насмевки. Понекогаш ми недостига чистотата на љубовта, чистотата на мојата безгрешна душа, невиноста во мојот поглед. Но денот кога прв пат те бакнав, тоа е ден за помнење, тоа е ден кој избриша се' друго...тоа е денот кога паднав на земјата како обичен смртник благословен со љубов...тоа беше денот кога го запознав најубавото чистилиште за моето срце, кога нашите усни станаа едно, а во твоите очи го забележав сјајот...тоа беше денот кога сама си заминав од рајот! :back:
 
Дента кога ме избркаа од рајот...

Одев наоколу,бев само уште едно лице во толпата кое се обидуваше да се засолни од дождот.Го видов кралот на бунтовниците носејќи круна од картон,се прашував дали и јас ќе завршам како него.Човекот на аголот пееше песни за промените...секој си го носи крстот што го закопал деновиве.
Девојката дојде во мотелот на булевардот по засолниште,со торби полни соништа...изгледа се обидуваше да стане идниот Џејмс Дин.Ги испробала сите свои маски,не останала ниедна за вечерва.Никој не сака да биде во сопствената кожа деновиве.И сеуште нема на што да се потпреме..останаа само тие проклети денови.

Мизеријата сака друштво,ми се допаѓа како звучи.И се обидувам да најдам смисла за да можам да ја запишам.Надвор светот гори,тешко ми е да поверувам.Секој ден знаеш дека си чекор поблиску до излезот..од лулката до гробот.Му реков на ангелот да најде нов сонувач на кој ќе му ги пее песните за добра ноќ.Го гледав моето срце како се претвора во камен..и мислев дека сум оставена да го обиколам светот сосема сама.Ако не верувам во Исус,како можам да верувам во надеж?Ако нема од што да се преживее,како можам да верувам во грев?
Ова е мојот делириум...да останеш нем покрај толку зборови.
 
Ќе платиш дебело за твоите добрини!! Скапо ќе те чини твојата наивност! Ти зборувам,ама ти не ме слушаш!! Како крилјата да ти ги затнале ушите! Свести се,не може ѓаволот ангел да стане,па ако сакаш и позлатени крилја дај му! Ѓаволот искинал многу опинци,но прв пат сретнал наивна ко тебе што ќе проба да го направи ангел! - ми викаше со саати и удираше со златниот чекан по масата како да ме осудува на смртна казна. А тој всушност само ме казни да спијам на тврд облак.
Мора да бил судија во Апелационен во претходниот живот.
Додека беснееше поради мојата ненамерна наивност белата перика на главата му се тресеше. Изгледаше како да излегол од средновековен филм. - Не си играј со твоите крилја!! Тоа што ти стои над главата не е ѓеврек!!! -Редергин?Кафетин?Шумечи витамин Це??Побогу човеку смири се,си мислев во себе.
Пред да зинам да кажам А,се смири и ми рече: ....одиш ”долу’’.
-Хм?-Долу?Мислите на....-На земјата,да!Побогу ангелу,зарем твоите крилја се заразени со птичји грип??!Разбуди се,ова не е реклама за влошки со крилца!! -О...значи овој пат..тоа е тоа...
Ми ги зедоа крилјата, ”ѓеврекот’’ и харфата на која обично свирев.
DEPARTURES: Down. - прочитав пред себе.
-Ангел Ангела?! - Јас.-се јавив. - Паа,да видиме..-рече старчето и го отвори тешкиот тефтер.-Два испади?Од ѓавол си правела ангел?Се надевам дека ќе ти дојде умот таму долу.Бон воајаж!
Златните рајски порти ширум се отворија,а виножитото ми нудеше превоз...За мене беше пеколен оној ден кога ме избркаа од рајот.
Го мразев бидејќи знаев дека долу ме чека дожд,а уште повеќе бидејќи знаев дека судијата ми ја одзеде функцијата на Ангел-чувар и сега нема да можам да внимавам на луѓето што ги сакам како досега. Тоа е лоша казна за еден ангел.
Ми се вратија сликите во главата.....Еднаш го спасив брат ми од сообраќајка,татко ми од срцев удар,мајка ми од кражба,вујко ми ќе беше прегазен од автобус,а тетка ми ќе беше убиена и ограбена на патот за дома...Можеби сеуште можам да се вратам!
-Отворете!!Отворете ми,не можам да одам долуууу!Не,не можам!Ве молам дајте ми уште една шанса!!Дајте ми ги крилјата назад!-молев и удирав по златните порти. -Ве молам,сакам назад! Јас не можам да одам долу! - викав низ солзи. - Ве молам..се плашам..вратете ми ја мојата моќ..бип...биииип..бип-бип..бип-бип...биииип..бип-бип....биииииииииип...-Сакам назад!Ве молам!Не сакам долу!-врескав и удирав по нечие тело. -Еј малечка,отвори ги очите!-ми рече некој бришејќи ми ги солзите. -Ама ти имаш кошмари??-ја видов мајка ми пред себе како се шегува со мене. -Мама?? -Јеап,баш таа,лично и персонално. -Јас сонував...она,бели облаци, и имав на главата ѓеврек и еден човек...и ме караше,ми велеше,ми ги зеде крилјата...-дрдорев збунето и беспомошно.Зборовите ми го плеткаа јазикот,не знаев што да кажам прво.-Ќе задоцниш,а исто и јас.Ајде станувај ќе ти се олади чајот. Помини прво и до поштата,ок?
Чекав во долгата редица 30 минути,веќе и го губев трпението.
Скоро и заспав стоејќи. Некој одназад ме потапка по рамото.
Сонливо се свртив и пред себе видов еден виииисок човек,педантно уфирцан....и имаше некој познат лик...-Госпоѓице,вие сте следната,побрзајте,јас веќе доцнам! О,не!....- Господине судија?! -Да,и тоа во Апелационен!Ме чекаат!...-Да..веднаш..ете..-збунето го гледав.
- И госпоѓице?
-Да?-реков.
-Имате нешто на вашето рамо.
Посегнав слепо,не гледајќи и дофатив нешто меко...пердувче?Бело пердувче?
 
дента кога ме избркаа од рајот...

Беше тоа необично убав ден. Иако секој ден во едемската градина беше светол и пријатен, сепак овој се разликуваше. Можеби разликата лежеше во тоа што во Рајот деновите беа како близнаци, слични еден на друг, речиси без никакви разлики. Како секој ден да го проживував истото. Истата светла опкруженост, истите мириси, вкусови, чувства... Одозгора Божјиот престол на небото, а веднаш долу стравот од Судот на истиот.Не знаев за темни зборови, за навики, за грижи...Да, беше безгрижно, но само навидум. Иако Божјата рака даваше се на располагање, рајската патетика постоеше. Се провлекував од ден на ден, бесцелно шетајќи по градините, талкајќи сама знаев дека имам се, а сепак ми фалеше нешто. Имав потреба од тоа ,,нешто". Дел од мене како да не припаѓаше таму, бараше нешто повеќе. Многу често се плашев од овој дел, се трудев да го потиснам, да го сокријам. Од една страна стравот од Бога, а од другата потребата од тоа ,,нешто". Тој ден, оној навидум мал дел преовлада. Чудно е тоа како малите нешта можат да влијаат. Сеуште се сомневам во минималноста на тој дел, иако сум свесна за големината на Апсолутното. Во Рајот имавме правила, бев запознаена со последиците, иако реално ги немав доживеано. Така тој необичен ден, талкајќи бесцелно низ Едемот го видов Огледалото. Тоа беше забранетиот предмет. Пронаоѓањето на овој предмет, побуди едно ново, дотогаш непознато за мене чувство. Тука го нарекуваат искушение. Се чувствував двострано. Еден дел во мене напоменуваше и потсетуваше, а другиот ме влечеше кон Огледалото. Тоа беше оној истиот, претходен дел, но сега делуваше многу поголем. Се препуштив на него. Не размислував воопшто. Тргнав и застанав пред Огледалото. Во него го видов одразот на ,,малиот" дел во мене. Во тој миг, торжествен тресок блесна од небото, од Огледалото останаа само парчиња, а одразот го проголтав. Тоа беше првото вкусување на Гревот, спознание на демонското и првото прекршување на Заветот, за што секако бев казнета. Така прогонета од Рајот, излегов од неговите златни бедеми, а на прагот спознав едно ново чувство. Неговото име е Слобода.
 
Кога ме избркаа од рајот...

Рај?! Кој рај? Што е тоа рај? Постои ли тоа воопшто? Ја незнам за него!
Што е рајот? Какво ли е чувството да се биде во рај? Што треба да ти се случува? Што ли треба да направиш за да го допреш тоа волшепство? Како да стигнеш до него? Што земско може да те однесе во рајот?
Љубовта можеби?! Онаа unconditional love, која носи чувства на среќа, исполнетост, преданост, мир, спопкој, потполност...
Но што ако веруваш во неа, а истовремно и не веруваш? Што ако ако веруваш длабоко во тебе дека постои, а пред сите други ја негираш и не веруваш дека таа некогаш ќе може тебе да ти се случи. Ја одбиваш ли со тој скептицизам, бегаш ли од неа и од еден од пасошите за влез во рајот?
Уништена, разочарана, повредена... Колку од ова место, сега, од оваа состојба, ми звучи далечно рајот, колку недостижно. И се прашувам кога ќе станам достојна зз да го допрам барем малку.
Кога ќе размислам подобро, еднаш, во еден краток миг, во еден дел од секундата можеби допрев некое мало делче од рајот. Да! Мора да е тоа, зошто тоа беше најпрекрасното чувство што вопшто сум го имала, такво нешто неможе да биде земско...
Цената од тој допир со рајот беше превисока... и колку само брзо излегов избркана, протерана, исфрлена од него, а не ни успеав да влезам комплетно во него. Но ако тоа беше само влезот, делче од рајот, и ако чувството само од тоа беше такво, тогаш вреди да се помине низ СЕ за да се допре вистинскиот рај, да се влезе во него.
Незнам сеуште што е навистина рај, но ќе се борам за него.
 
Откако избегавме од рајот претрчавме до соседството, темното гето на избрканите ангели... ”Моето место во подземјето”
 
Хехе, моето место во подземјето... најверојатно тоа го заслужувам многу повеќе, отколку место во рајот. Кога најчистата работа на светот - љубовта, ја претворам во грев и кога лагата ми станува сопствена вистина, тогаш сигурно ќе бидам во погорните кругови, во погрдите кругови. Се прашував во една моја песна „ Зарем заслужувам нешто повеќе од камшици од срам и вечен плач по смртта?„, сега мислам дека одговорот е и повеќе од јасен. Заслужувам многу повеќе. Ама знаеш, сигурно дека и ти ќе гориш со мене, ќе гориме заедно...тогаш никој нема да ни може ништо, а оганот ќе гори во наша полза правејќи рани на нашите тела, рани на кои ќе се лепи нашата грешна љубов, рани кои ќе ги лечат твоите допири и кои повторно ќе ги создава огнот. Нема да ми пречи ниедна болка, залечена со твој бакнеж, само ќе жалам за очиве. Ако ги изгубам ќе ја изгубам и твојата слика, а тоа ќе ми го скрши срцето. Можам да истрпам се', додека ти си до мене, но без твојот лик, твојата насмевка, твоите солзи, мојата сила се множи со нула, мојата среќа се фрла во жив песок. Дали со таа сила ќе владееме во подземјето, дали ќе затропаме на вратите на рајот, повторно, барајќи вечен мир разделени или ќе останеме обични клошари кои талкаат по земјава копнеејќи по мигот кога повторно ќе се гушнат. Нели ова ти изгледа толку безначајно, нели е сеедно? Моето место во подземјето е загарантирано со билетот кој го купив денес, а ти знам дека ќе одиш во рајот. Но ќе ти кажам една тајна, билетот кој го купив денес, знаеш...не е билет во еден правец!
 
Мојот круг во пеколот

Да, еве сум, јас Грешникот. Стојам пред црната порта од која никој не излегол. Морници поминуваат во мене на самата помисла што има зад неа. Не сакам да размислувам, стравот ме демнеше одамна, но овој пат мрзнам од него. На самата порта натпис:
,, Овде згаснува секоја надеж"
Зарем има и такво место, каде надежта умира? Од секогаш сметав на таа блудница -НАДЕЖ, но овојпат очигледно и таа ме напушта. Така сама, напуштена и празна го поминав црниот праг носејќи во торбата само гревови.
Колку и да беше ужасна самата помисла на ова место, неспоредливо е ништожна со тоа да бидеш навистина тука. Колку и да се трудам , не можам да најдам доволно ужасни зборови да го опишам, како што тоа го стори Големиот Данте, но сепак со сета моја ништожност и малост би кажала само:
Ужасно е! Конфузија на чувствата, чиниш си создаден само од месо. Дразби на секаде, те допираат со остри предмети, те боцкаат, те туркаат во оган, а потоа во мраз, мрзнеш од страв, гориш во сопствената грешност. Немаш време за бесцелни размислувања, за празно бладање како горе. Тука со соочен со сегашниот миг, а тоа е само миг на ужастија и гадост. Ако имаш среќа ќе те фрлат во гнилото блато, каде полека ќе скапува твоето тело, а вечно ќе ја задеваат твојата грешна душа. Но, тоа е само во најдобар случај.
Смрдеа и мрак те обзема однадвор, а одвантре се слушаат морничави вресоци на душите кои горат. Големиот казан на среде поставен стои, а во него врела и густа течност. Околу демоните чувари- редари во таа Анархија на стравот, повикуваат по име, а ти чекаш на ред, ја чекаш казната своја.
Во тој казан веќе си проголтан од Гревот.
 
Моето место во подземјето...

Засекогаш лишена од рајот и фрлена во подземјето...
Околу мене само ужас, болка и солзи... немоќни крикови, сурови мачења, изразена злоба... очај, раздор, лицемерие, завист...
Во мене... борба! Сурова и мачна борба против себе си, борба да не ме обземе сета мрачнина што ме опкружува, борба да не се убијам самата себе си во сето тоа масовно лудило околу мене.
Ставена во најмрачното место на подземјето, осудена на најголемиот пекол- да го гледаш она што најмногу го сакаш постојано околу тебе, до тебе, а да неможеш да го имаш, да биде твое...
Година дена на истото место, во постојан мрак... И после година постојана борба во мене, од мене, ништо не остана. само една празнина и трагите од војувањето. Празна, испиена, грда и морничава слика.
А сепак сепак никако да престанам да посегнувам кон она што неможам да го имам. И веќе уништена, собирам последни сили... посегнувам и... по мене удари од илјадници камшици... освежување на раните, на болката која повеќе и не ја чувствувам.
Паѓам... Ползам... и иако свесна за својата судбина не се откажувам од макар и близината на тоа што најмногу го сакам. Не се откажувам од борбата која наизглед е попуста.
И таква искрвавена, изгорена, во момент на слабост се прашувам- вреди ли веќе да се живее така? Што ќе и се на птицата крилјата ако не може да лета? Што ќе ти е допир на нечии усни кога насмевката на тие усни за друг сјае? Што ќе ти е живот, кога те убива она за кое живееш?
 
Uf.. Treperam.. Pa neli po gavolite ova bese toa so go sakam? I toa sto mi treba?..
Ma ne.. Kakov pekol.. Viva La Heaven.. Uf.. Goram.. Ogan nasekade.. Gori a sepak temninata i studot kako da mi se vo gradi.. Potisnati vo veke sekoj eben i nemoken muskul na moeto telo.. Se grcam pri samata pomisla deka me isfrlija od rajot i NEMA NAZAD.. Na tronot sum tuka.. Tamu kaj sto sekad posakuvav i mislev deka zasluzuvam da bidam.. No neznam da go rakovodam ova.. Kako mozam da gi drzam pod konec demonite koga nemozam ni samata sebesi..? FUCK.. Se osekam kako da sum zatvorena vo kafez.. Kako zatvorenik zazidan vo 4 zida.. I nema nazad.. Nema iskacanje od ovaa bezdna.. Go postignav toa sto go sakav.. No podzemjeto e pomracno od sto mislev.. Uf.. Dali zasekogas treba da ostanam tuka?.. Podobro dushata da me napushti.. Sepak.. Sfakam deka SOODVETNO mesto za mene nema.. PA sto sum po gavolite jas? Izrod? Ili kopile????
 
Mоето место во подземјето...

Изгубен во овој кварт што пее за своите жртви,го барам моето ќоше.Нашите идеи се кошмари за родителите кои се плашат од обоена коса и пирсови.Се` што е кажано е страшно во куќа која дозволува богохулење.Сам со својата музика,во ладната зона,се обидувам да се изгубам во ова парче хартија и графит.Тие сакаат моја претстава-дворскиот шут кој ги забавува кралевите на хистеријата.Ја отварам устата,но зборовите не сакаат да излезат.Се шегуваат,се шегуваат сите...времето истече.Назад во реалноста.Ооо..еве ја гравитацијата.Го римувам моментот,пеам за него,зошто утре можеби ќе се најдам на погрешно место,во погрешно време,со вистинските лица на околноста.
И оваа плавуша сеуште лежи до мене,додека го сонувам филмот кој што ќе избледи кога ќе бидам мртов.
Тие велат дека музиката е твоето кралство.Ако е така зошто тогаш овде се` што останало од неа е наполнет пиштол и кесичка хероин?
 
Дента кога ме избркаа од рајот...

...и ми рекоа, момче, доволно беше. Ти не си за тука, од денес веќе не си под наша одговорност. Крилата можеш да ги задржиш а се друго останува на тебе како ќе ја трошиш вечноста. И јас морав да излезам. Се поздравив со Свети Петар, излегов низ големата порта и си седнав веднаш до неа. Внатре изгледа како бразилска хациенда но однадвор големата порта личи на обичен мексикански кварт во Лос Анџелес. Пуста улица со високи зидови ишарани со графити, и едно момче, јас, како седи на аголот со сомбреро на главата размислувајќи за својата иднина. Сите мразат да се симнат од коњ на магаре, а јас имав опција единствено да одам во пеколот што за мене е втора лига во трката до Господ. Па решив да поседам тука едно 50тина години додека решам што понатаму. Питав и пиев текила, кусо разговарав со минувачите но почесто размислував со погледот вперен од спротива кон уличката за пеколот. Оние педесет години поминаа за миг, и додека се мислев кој правец да го земам, педесет години поминаа во предворјето, меѓу двете порти. Можев да стекнам слава било каде, а одбрав да не одберам. Сега гнијам на истото место, на истиот агол со гомила други несреќници, само никој не не гледа, бидејќи ми ги одзедоа и крилата а вечноста допрва доаѓа во очај, досада и патетика...

Моето место во подземјето

Бр.1 таблоид: Од кога се занимавате со оваа работа, како ѓаволче?
Јас: Па видете, јас сум практично тука роден и израснат, но активно и професионално, веќе 7 години.
Бр.1 таблоид: А што ве натера да се занимавате со оваа тешка работа?
Јас: Хех, тешка... не е воопшто тешка ако навлезете во играта, ако ги научите сите мали финеси и детали. Инаку да одговорам на вашето прашање... јас може да се каже дека морам да се занимавам со ова, бидејќи моите родители се тука запознаени и тука сум роден... тие беа своевремено ѓаволчиња и јас на некој начин ги наследувам во нивната работа.
Бр.1 таблоид: Кој се вашите успеси?
Јас: Јас не би сакал да се фалам, иако тоа е во доменот на она што ние тука секојдневно го правиме, еве кратко ќе кажам за нејголемите успеси... масакр во нуклеарна централа во Русија, авион во Малезија, и можеби најголемото достигнување на светското првенство во ѓаволштини во блискиот исток, бомба на пазарот во ерусалим кога загинаа преку 100 лица...
Бр.1 таблоид: Дали очекувате унапредување набргу?
Јас: Не би сакал да бидам нескромен, ќе одговорам да, по мојот успех во Израел се надевам дека шефот ќе има разбирање за мојот труд и ќе ме внесе во неговиот елитен состав на најдобри ѓаволи. Тоа можеби би било врв на мојата кариера иако сум сеуште млад, неискусен и надежен.
Бр.1 Таблоид: И за крај, како го гледате вашето место во подземјето, како се пронаоѓате себеси?
Јас: Моето место во подземјето? Добро прашање, Знаете, целиот живот е натпревар. И не е важно дали сте ѓаволче или ангелче. Јас ги презирам нив, но имам голема почит кон истите. И мојата филозофија е... дури и да сте со таква несреќа да работите во тим со ангели, сторете се` за да бидете најдобри во вашата средина. Ако мојот колега успее да направи дело за почит, јас ќе го почитувам но ќе се потрудам моето да биде подобро. И ќе го сторам тоа со сите свои сили... Ги гледам често смртниците, се жалат од разни проблеми... би сакал да знаат дека се таму со причина. Не ја знаат бидејќи никој не им ја кажал ниту одредил, туку тие самите треба да си ја постават. И кога ќе ја најдат и осознаат, треба да се изборат да стигнат до врвот. И кога ќе бидат најдобри, треба да најдат начин како да станат подобри и никогаш да не престанат да се борат. Бидејќи кога ќе дојдат тука, во најдобрите состави на ѓаволите и ангелите, земните достигнувања нема да бидат ништо во споредба со она кое треба тука да го сторат... Тоа е моето мислење...
Бр1 таблоид: Благодарам многу...
Јас. Благодарам и на вас...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom