Година дена со една иста дилема... Враќање на мислите во минатото...
„Многу си ми мила и драга личност... на некој начин за мене посебна, од секогаш си ми била... секогаш знаеше да ме расположиш со твојата позитивна енергија, да му го разубавиш денот со твојата насмевка, да ме насмееш со твоите глупости... секогаш ми беше мило кога ќе те сретнев, секогаш се радував кога ќе дојдеше во мое друштво...”
„Имам јас пријатели... пријатели ми се со години, блиска сум со нив, но врската со тебе некако ми е друга... ти си душичка, тебе без страв се ти кажувам и знам дека тоа ќе остане во тебе, а и знам дека секогаш ќе ми кажеш нешто паметно, некој совет... ”
Признанија... Зближување... Остварување еден посебен контакт, посебна блискост... Прекрасен период... Среќа! И одеднаш... бум! Се исчезнува. Блискоста, пријателството, љубовта, конткатите... Следува период на болка и тага... Очај!
После еден долг период...
„ Што сакаш да ти кажам... бидна што бидна и знаеш зошто бидна... не ми беше ни мене сеедно цел тој период, тешко ми беше... но сега е се ОК, ти си пак таа личност- единствена на која можам да и кажам се... И зошто мислиш дека се тоа меѓу нас било лага? Еј, цело време се обидувам да ти го докажам спротивното- кажи ми на кој начин друг да пробам?... и можеби не покажувам многу и не се гледа но се е ОК меѓу нас... Жал ми е што те повредив... Ми значеше, се она меѓу нас беше вистина и уште ми значиш... ”
И се прашувам, после сите овие признанија и уште многу други, после сите тие зборови, заеднички моменти, после сета таа блискост... Дали остана нешто, дали имаше вистина во сето тоа? Се гледавме секој ден... Си титкавме по милиони пати во текот на денот... Ме чуваше, галеше, мазеше... како бебенце. Се грижеше за мене како никој пред тоа. Поминувавме луди викенди во кои не се оддели од мене и каде и да излегуваше ме бараше мене... Понекогаш без мене ти беше и празно...
Но,и после сето ова, пак е во мене дилемата, пак го разработувам минатото, се враќам во него обидувајќи се да ја решам дилемата... Помина долго време и на крајот мислам дека ми станаа јасни работите, иако јас тешко да ја признаам вистинитоста на заклучокот поради се низ што поминав поради тебе сепак длабоко во мене знам, чуваствувам... нема дилема, ти значев- МЕ САКАШЕ!