Тука пишуваме на зададена тема

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Мислев долго, што е тоа за кое вистина не се двоумам...
-Љубовта?
-Пријателството?
-Чувствата?
-Среќата?
-Успехот?
Хммммммммммммммм. Дефинитивно знам, НЕМА ДИЛЕМА првата љубов никогаш не се заборава:back:
 
Ги затворам очите... некогаш гледав само темнина, некогаш пак, гледав еден познат лик, а сега... Хех, зарем има потреба да објаснувам, да кажувам, и повеќе од јасно е дека сега те гледам само тебе...и нема темнина, само светлина која чувствувам како ме гали по лицето, светлина која произлегува од твојата насмевка, од најубавата насмевка на светот. Одеднаш го слушам твојот глас, ги отворам очите и ете си ти, најпрекрасното суштество на земјава, ме гледаш мене, ми се смееш мене, живееш само за мене. Не е ни прв, ниту пак последен пат што те гледам, што ме допираш, не е ни прв, ниту последен пат да лежам во твојата прегратка, а сепак треперам. Моето тело реагира на секој допир со твоето. Толку е се' едноставно кога лежам кај тебе, како да не постојат проблеми, како да не постои светот воопшто. Тогаш знам, свесна сум, тогаш нема дилема... многу сум се заљубила...:)
 
Нема дилема...

Постои ли некој да ми каже што се случува со изгубените души?Што се случува кога ангелите не се повеќе ангели,а демоните изгубени души?Кога талкаш сам во ноќта без никаква цел,и сфаќаш дека цел живот ти поминал пред твоите очи а ти си го пропуштил последниот свиреж кон рајот?Кога само две силуети шетаат во дождливата ноќ и стравуваат од појавата на сонцето?Кога љубовта прераснува во разочарување,а потоа во омраза?Кога живееш од ден за ден,а болката е твојот водич?КОга дознаваш дека идеалистот во тебе е битие со маани и потреби?Кога верата умира пред твоите очи а се што останало од неа е сувата крв пролеана на асфалтот?
Нема дилема,тоа е моќта на времето,и немоќта на животот.
 
Иронично се насмевнувам на минатото, уживам безмилосно во денешницата додека нетрпеливо ја чекам иднината. Сама. Сакам да сум сама, со зборовите што реално ме отсликуваат како огледало. Сама со мислите во кои преживувам се по неколку пати и тоа што поминало и тоа што ќе биде. Сама, чувствено испразнета, предадена на имагинацијата која ми дава упатства. Те пуштам и тебе таму, иако ретко. Си поигрувам како дете кое се радува на нова играчка, иако ти не си нова, стара си. Ама ако, убаво ми доаѓа. Грубо ќе си ја задоволам потребата и ќе те отфрлам, без благодарам, без ниту еден збор. И ниту свесно , ниту потсвесно не жалам. Напротив, максимално задоволство ми прострујува низ телото, како после совршено добар сексуален акт, кога блажено се насмевнуваш, целосно опуштено, а ноздрите ти се преполнети со телесни мириси. Ги вдишуваш уште посилно и се трудиш да ги меморираш, да ги складираш во некоја ќелија, која ќе си ја отвараш по потреба.
Нема дилема, себична сум.
 
Ја зедов напивката, посегнав по тоа шишенце токму тогаш, токму кога не сакав да застанам и сакав да продолжам со чекорот. Еликсир?
Посакав да го обиколам светот, да трагам боса по пустински песок за да го најдам значајното зрно кое би го чувала блиску до срцето за да почувствувам нечија посебност. Кога ќе се роди желбата да тргнеш некаде, било каде, најтешкиот дел е - каде да се оди? Кој предел би те чекал со патоказ? Кој дел од небото би ти подарил сонце за очите да се разбистрат? Која вода би те пречекала со широка насмевка за да ги измие сите залудни потраги? Кое напуштено место со траги од оган кој претходно бил распламтен би те разбудило наутро за да бидеш свеж за трагање? Дали го има ова во пустина? Прашувам, бидејќи таму сакав да тргнам.

Што е она што бараме? Која мудрост може скришно да го поткопува скриеното жарче? Дали е нов предизвик ако рашириш раце и вдишеш воздух доволно за целиот свој свет? Каде ќе те одведе фијакерот на твојот живот ако сакаш да те води?
Потрагата која била присутна, жарот кој молежливо гледа и чека да биде распламтен, предизвикот кој бара мотив за да стане движечка сила, светот кој живее во целото твое битие - дали вредат за да бараш едно зрно кое е скриено некаде меѓу останатите?

Дали вреди да поминеш денови, месеци и години во потрага по своето прочистување? Да клекнеш исполнет со надеж дека прстите ќе го најдат токму твоето зрно, токму она кое чека да биде пронајдено? Да се трудиш да го препознаеш гласот на вистинското меѓу сите кои испуштаат крици и го чекаат својот спасител? Дали треба да отстапиш тогаш кога некаде во далечина го слушаш и препознаваш гласот за кој ушите се веќе подготвени?
Нема дилема. Продолжувам со рацете во жешкиот песок.
 
...и стигнав на крстопат. Пак. И како безброј пати до сега, се одушевував на се што видов околу мене и пак и пак и пак, оној лик и оние ѕидови ми се појавија пред очи. Поминував крај Сена, на кејот каде Ајфеловата кула се гледа одлично а туристите се луди по малото ѕидче за сликање како да има рамка зад нив па не мора да трошат дополнително. Убав поглед, пријатна атмосфера и едно момче депресивно за својата дома. И пак знам дека оваа убавина не е мојата. Прекрасно е, но јас би ја гушнал неа на третата клупа лево од мостот со поглед на Кале.
Од секогаш имав сон да поминам попладне на Менхетн и да пробам да се разминам во онаа гужва од растрчани зелени банкноти. Безлични типови гладни за кермички прасиња да ги полнат додека душата им е празна. Крстопатот тука лесно го поминав, знаев дека гужвата дома ја немам во таа мерка но и подобро е без неа. Јас ја имам другата неа, онаа која на вистина ја сакам.
Од секогаш се прашував каков е ориентот. Знаете каков е? Никаков! Програмиран за малите љубопитковци со црвени обравчиња и уморни ноџиња да трагаат по смислата на животот на врвот на планината и да го најдат Далај Лама седнат на лап топ како се обидува да склопи формула во ексел за да живее плус петнаесет години. Љубовта се бере на посебни дрва во англиски пабови кои се наоѓаат во центарот на Токио, но еве токму сега не им е сезона на цветање. Следните плодови, ми рече газдата, очекувајте ги набргу, за само 89 години... седнете почекајте, напијте се пиво или специјалетот на Јапонија, Саке. На другата страна на шишето вели пакувано во Малезија. Хм, мислев дека е древен јапонски напиток, само што сакав да се почуствувам како камикази, ми светна крстопатот... Не сакам да живеам во место каде за љубов се чека со години. Сакам да ја почувствувам сега и тука, на самото место. Да ја бакнам неа, да отворам очи да го видам мојот убав град. Да и се пофалам каде живеам, бидејќи тука ми е убаво. А не затоа што со првата плата можам да го обиколам светот. Тоа не ме прави среќен, ме прави таа среќна. Да и ја покажам месечината, бидејќи од тука најубаво свети. Ех, нема никакво двоумење, има дилеми но за ова никогаш. Неа ја сакам... тука, и најбргу што може. Штета што од ден на ден се претвораме во Токио, а дрвото на љубовта во овие краишта не вирее најдобро па и цветовите подоцна се појавуваат...
 
Не ми се допаѓа атмосферата во мојот дом. Нечисто е,напнато е,растурено е, а јас не си го помрднувам задникот ни малку од столицата. Да можев ќе се сошиев за неа.
Нема ни зрак светлина,а надвор и да пукаше сонце тука ќе беше истото. Нервоза,пресија,депресија,намрштени фаци,а веројатно и по некоја исцедена низ заби пцовка лебди тука некаде. И некој момент на спонтана насмевка..колку да се биде коректен.
Расположенијата и карактерите ни се менуваат на минута,полоши се и од оваа пролет.
Тешко е кога човек се наоѓа во таа безтежинска состојба.
Кога не може да каже дали е среќен или дали е тажен,дали му се плаче или смее,кога му се спие,а не може да заспие и кога се смее,а всушност мисли дека е Апокалипса. Кога не знае да каже како се чувствува.
Еден влегува,друг излегува,еден јаде,друг гледа,другиот јаде,едниот гледа,третиот е вишок,двајца се малку,четворица таман,дилема има,а сите велат дека дилема нема. Све је у реду ко у Бечу,а сите се чувствуваат како да има светски заговор против нив.
Важно никој не се жали,сите се лажеме себеси како најголеми слепци на светот,и секој нов чекор претставува прошетка по минско поле заградено со бодликава жица со висок напон.
Шит хепенс еври деј,анд ви лав ит!
 
Кревам ролетни. 10 минути за осум. Пак закаснав за на предавање. Кој ли минус ми е овој по ред.... Плакнам уста со паста за заби. Се облекувам и си одам дома. Боемски, во сакич, панталона и ципела. Осум и десет наутро. Имам тежок чекор и алко-look. Никој не ме есапи...сите брзаат некаде. Добро е.

По пат за накај дома, застанувам на кафе и пелистерка. Неможам да ја одбијам екипата, а плус и добро е за утринскиот мамурлук. Кој ми е крив кога правам печатни грешки...АПСИНТ-енција наместо апстиненција. Ќе се пресоблечам подоцна, откако ќе испиеме кафе, ќе промениме локација и ќе го започнеме денот со пивце. Во меѓувреме, минувам низ факултет како човек кој е во супермаркет и единствено има за цел да купи само пола килограм лимони. Ми звони телефонот... доаѓам веднаш, лавови мои морски. Забавата продолжува. Добро е.
...
Седум саат попладне. Конечно имам можност да се оптегнам на кауч.
Дремка и заслужен одмор за мускулите-беа вредни...Добро е.
...
Их, кога дојде девет и пол... Темно е. Палам ТВ, го гледам Латас. Гасам тон. Веднаш потоа, и телевизорот. Делкам литро био-јогурт дури го слушам Жобим. Девојката од Ипанема никогаш не звучела подобро. Можеби е до јогуртот. Здравата исхрана секогаш ми создавала пријатно чувство на грижа за себеси. Филингот ми го крши празната кутија црвен Вест.

Телефонски повик, краток туш и експресно облекување. За час, веќе сум надвор. Стоп до првата продавничка... Вдишувам чист воздух. Нозете сами чекорат. Одморени се, а и си ја знаат маршрутата. Помалку работа за мене. Добро е.
...
Еден и пол наутро. Имам пивски очила. Розеви се. Желудникот ми крева револуција. Заборавив да јадам. За цела среќа, пивото има хранливи состојки,а Мистер Џек ќе ми даде една кочанка варена пченка. Ти ми подаваш ливче со адреса. Уште една од нога, па влегувам во такси. Таа ли е зградата?
...
Пазарот помина добро. Ќе траеше 15 минути помалку да не беше последното пиво. Веќе осеќам замор. Во ред е. Петнаесет за четири после полноќ. Ми зборуваш некои неповрзани работи. Мене ме боли патлошката. Преносно и буквално. Го чекам последниот свиреж на судијата дури сеуште имам минимално водство на гостински терен....еве го-Блек аут. Добро е.

Како ли ќе е утре? Веројатно исто како и денес, вчера и пред шест денови. И минатиот месец и....немам време за блиц морална математика. Имам поважни работи за правење. Полна месечина е. Волк сум, а не вијам. Хрчам. Нема дилема. Добро ми е.
 
Година дена со една иста дилема... Враќање на мислите во минатото...

„Многу си ми мила и драга личност... на некој начин за мене посебна, од секогаш си ми била... секогаш знаеше да ме расположиш со твојата позитивна енергија, да му го разубавиш денот со твојата насмевка, да ме насмееш со твоите глупости... секогаш ми беше мило кога ќе те сретнев, секогаш се радував кога ќе дојдеше во мое друштво...”
„Имам јас пријатели... пријатели ми се со години, блиска сум со нив, но врската со тебе некако ми е друга... ти си душичка, тебе без страв се ти кажувам и знам дека тоа ќе остане во тебе, а и знам дека секогаш ќе ми кажеш нешто паметно, некој совет... ”

Признанија... Зближување... Остварување еден посебен контакт, посебна блискост... Прекрасен период... Среќа! И одеднаш... бум! Се исчезнува. Блискоста, пријателството, љубовта, конткатите... Следува период на болка и тага... Очај!

После еден долг период...
„ Што сакаш да ти кажам... бидна што бидна и знаеш зошто бидна... не ми беше ни мене сеедно цел тој период, тешко ми беше... но сега е се ОК, ти си пак таа личност- единствена на која можам да и кажам се... И зошто мислиш дека се тоа меѓу нас било лага? Еј, цело време се обидувам да ти го докажам спротивното- кажи ми на кој начин друг да пробам?... и можеби не покажувам многу и не се гледа но се е ОК меѓу нас... Жал ми е што те повредив... Ми значеше, се она меѓу нас беше вистина и уште ми значиш... ”

И се прашувам, после сите овие признанија и уште многу други, после сите тие зборови, заеднички моменти, после сета таа блискост... Дали остана нешто, дали имаше вистина во сето тоа? Се гледавме секој ден... Си титкавме по милиони пати во текот на денот... Ме чуваше, галеше, мазеше... како бебенце. Се грижеше за мене како никој пред тоа. Поминувавме луди викенди во кои не се оддели од мене и каде и да излегуваше ме бараше мене... Понекогаш без мене ти беше и празно...

Но,и после сето ова, пак е во мене дилемата, пак го разработувам минатото, се враќам во него обидувајќи се да ја решам дилемата... Помина долго време и на крајот мислам дека ми станаа јасни работите, иако јас тешко да ја признаам вистинитоста на заклучокот поради се низ што поминав поради тебе сепак длабоко во мене знам, чуваствувам... нема дилема, ти значев- МЕ САКАШЕ!
 
Додека сеуште имаше млечни заби во устето, со светнати очиња гледаше во хипнотичкиот отсјај на екранот кој рефлектираше вестерн филмови. После секој филм, како опиен ги земаше дрвените боички за да ги нацрта тие чичковци од ветената земја. Го восхитуваше нивната самодоволност и бестрашност, која се граничеше со нон-шалантна рамнодушност. Беше цврсто убеден дека еден ден и за него најголема награда после некој двобој ќе биде милувањето на ветрот кој мириса на апсолутна слобода. Се што требаше да направи е да почека да порасне.
Годините минуваа..Се смени неговиот глас, а се сменија и некои соништа. Каубојците беа складирани некаде длабоко во меморијата. Сега му требаше нешто поголемо од личната корист, поголемо од самиот живот. Неговата сопствена бура бараше агресивна катарза. Ниче и Че Гевара му послужија како катализатори. Преку нив го чистеше светското црнило, иако во реалноста не можеше да ја исчисти ни онаа мала црна дамка која беше во и околу него. Сепак сметаше дека треба да почека за големата "чистка"...Веруваше дека е уште мал.
Се одронија уште неколку камења од карпата на неговиот живот. Ниче и Че Гевара беа симнати од пиедесталот. Дојде време за нови ѕвезди водилки. Овојпат светлината која го носеше се викаше Буда. Низ неа најде смисол во своето инертно лежење на троседот и млаките емоции кон сопругата и децата. Но, сеуште сакаше нешто да се смени...
Сега, српот на смртта го дразни неговиот грклан. Нема буквално ништо што може да промени. Иако на неколку минути пред крајот на чинот наречен живот знае ...Дозна зошто сите негови, а и светски револуции пропаднаа. Затоа што и тој и тие чувствуваа глад. Нема дилема човекот мора да јаде. А, после се останато.
 
Нема Дилема

И повторно сум сам..лежам на овие неколку јастуци на подот од мојава трошна куќарка..И повторно лежам и размислувам..размислувам за еден огромен спектар на теми..сега е 3часот по полнок..се слушаат морничавите крици на нокта,а јас осамено ги следам минутите како одминуваат.Зарем самотијава е за мене пресудна? Зарем ѕвездиве треба да ја покријат оваа снага? Снага која наскоро ке биде предадена на милост или немилост на природата.Да изгние на подот од засолништево.Никој ниту свеќа да запали,ниту солза да не пушти врз овој збир од мускули и коски. Зошто тоа се случува..
Ех..и самиот понекогаш се прашував..
Зошто ли ја одбрав самотијата,кога таму имав СЕ! Во целосна смисла на зборот имав СЕ! Богатство - не ми правеше задоволство, Друштво - сите беа лажни личности научени на корист! Но сепак тмау беше една личност..ТАА!
Оф колку ја сакам..Само небото најдобро знае како се чувствувам..
И до ден денес се двоумам.Зошто не ја послушав кога побара да се сменам? Зошто ли го одбрав патот на самотијата? Зошто не и дозволив да дојде поблиску до ова изгниено срце?
Каков глупак..Само едно е сигурно..и нема никаква дилема..ТАА МЕ САКАШЕ..НО ЈАС НЕ ЈА ЗАСЛУЖИВ!

(можеби не одговорив на темата..но ова ми лежеше на срце и пробав да ја укомпонирам во склад со темата ..се надевам нема да ми замерите на аристичкото празнење)

патем..МНОГУ ДОБРА ТЕМА:.ОЧЕКУВАЈТЕ МЕ ПОЧЕСТО
 
Темата е ”Спротивно од тоа...” Е сега, мојата идеја за темата е да вклучиме имагинација и да напишеме пасус добро и пасус лошо, дел јинг и дел јанг, малку бело па малку црно. Секако вашата идеја можеби е подобра, па би сакал да видам како ќе изгледа тоа. Еве го веднаш мојот придонес...

Во вчерашната турканица пред портите на рајот можев да го покажам мојот вистински талент за премостување на секакви пречки. Мојот карактер е ист како и моите убедувања што е сосема логично... до целта се стигнува по секоја цена и секоја пречка е малечка како штичка. Некое напалено младо момче мислеше дека сум и јас еден од оние дунстери кои ќе се извинат кога некој им згазил на нога, па му го покажав неговото место обрнувајќи му внимание на блиската канта за отпадоци. Неговата реакција беше бурна а мојата правилна и исправна. Два дена подоцна тој лежеше дома со три конци на главата а јас ги поминав стражарите на портата половина час подоцна.

Во вчерашната турканица пред портите на пеколот одвај извадив жива глава. Неколкуте ѓаволи со големи трозапци упорна ја бодеа толпата да се врати на своето место, па купчето глави од височина изгледаше како разбрнувано море одејќи напред назад. Ние внатре можевме само да се препуштиме на струјата и да делуваме како едно. Во целата таа фарса некако успеав да повредам едно големо момче и му се извинив за тоа но тој сакаше да го решиме проблемот кој секако не постоеше. Потоа ја побара бељата кај некој сличен нему и завршија во тешка расправија надвор од брановите. Мене ми беше навистина жал и за двајцата и ги замолив да го решат проблемот на мирен начин, дури им се извинив и на двајцата од нивно име, но тоа ништо не помогна. Брановите во следните пет минути ме внесоа внатре, па времето го поминав тагувајќи за немилиот настан... навистина мразам насилство и сакам мир во светот...
 
м..
Ок.. Што е курва.. А што е дама?
Две персони со тотална спротивност.. Поинаков поглед на животот.. Поинакви желби и начини на размислување.. Но всушност.. И едната и другата се жени.. Луѓе од месо и крв.. Имаат чувства и душа.. Срце кое што не добило шанса да покаже дека уствари знае да сака.. Или можеби срце кое што потонало во црнила поради тоа што знае да сака..
Курвата нема амбиции.. Ок можеби и има.. Прљави и неисполнливи..
Жена што е плукана од сите.. Можеби и не го заслужува тоа плукање нели?.. Но кога си со ЕТИКЕТА.. Нема назад.. Така пропаѓа животот.. Кога желбата за секс и гладот за пари ќе се искачат над желбата за ЖИВОТ и ПОЧИТ..
А што е тоталната спротивност на тоа барем ВО НАШИ ОЧИ?
Дама.. Богата фамилија.. Углед..
Секогаш на врвот.. Без разлика дали заслужува да биде таму.. Најелитни кафичи.. Најскапа гардероба.. Тотална РАЗГАЛЕНОСТ..
м.. Сепак НЕ постои тотална спротивност.. И тие таканаречени дами да немаа моќ да си го ПЛАТАТ доброто лице.. И збор.. Ке беа бештии.. Можеби и многу пониски од другите.. Курвата да имаше кеш немаше да стане тоа што станала нели?..
Сепак спротивностите се привлекуваат нели?..

[admin]Олабави малку со коментари, за да не мора да те банираме од темава, па после да немаш каде да тепаш досада. Aко не ти се допаѓа некоја тема, има каде да ја оцениш од 1 до 5. - Fortune [/admin]
 
Знаеш дека вчера те видов...како сонце ме огреа твојот лик, ми ја разубави вечерта твојата насмевка. Иако беше премногу далеку од мене, иако не те почувствував, не го почувствував твојот допир. Беше со некоја другарка, толку топло ја гледаше, го обожавам тој твој поглед, секогаш се топам пред него. А како нежно и ја држеше раката, дури и сега се наежив кога се потсетив, кога се потсеќам на нежноста со која ме галеше, а истовремено ми ја гореше кожата со љубов. Ахх не можам да го дочекам утрото, не можам да дочекам да те видам повторно, овој пат пред мене. Не можам да дочекам да ти кажам колку те сакам, да чујам како и ти ми го велиш истото!

Знаеш дека вчера те видов...како веднаш да падна магла, твојата насмевка го уништи секое добро расположение во мене. Беше премногу далеку од мене, сигурна сум дека ме виде, а ја сврте главата, проклет лажливецу. Беше со некоја од твоите курви, видов по погледот, немој да мислиш дека не забележав како ја гледаш, како ја ебеш гледајќи ја, а таа свршуваше пред тебе оближувајќи си ја устата. Како и ја држеше раката, дури и сега се наежувам кога ќе се потсетам, ми се гади, кога ќе помислам дека мене ме допираш со тие валкани раце. Аххх не можам да дочекам да дојде утрото, не можам да дочекам да ти го видам лицето кога ќе бидеш во тесно, кога пред мене ќе мораш да признаеш. Не можам да дочекам да ми кажеш дека ме сакаш, а јас да ти кажам дека знам дека повторно ме лажеш!
 
Нема дилема
Не, нема дилема за тоа...јас сум лудо заљубена во човекот на мојот живот или можеби не сум.
Не знам ни јас сама сама, да за тоа нема дилема, не знам!
Тивко си седам сама во соба, чукам по тестатурата со моите совшено нацртани нокти, размислувам и доаѓам до еден едноставен заклучок...за се има дилема!

Спротивно од тоа
Еххх, спротивно од ова што ми се случува, катастрофа.
Поглед, ништо, допир пак ништо.Изгледа со мене нешто не е во ред, можеби и сум премногу ладна или пак дечкото до мене не знае како да го извади жарот.Хммм, да спротивно од ова би било уживање.
Па нека биде тогаш!

Еххх, спротивно од ова што ми се случува, прекрасно.
Поглед, твоја сум, допир и ме имаш.Изгледа со него нешто не е во ред, можеби сум премногу топла или пак не знам како да го извадам од него жарот.Хммм, да спротивно од ова би било катастрофа.
Нека остане вака!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom