Тука пишуваме на зададена тема

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Ги гледам буквите како се нижат, некогаш полека, а некогаш брзо се плашат да не не ми ги стигнат мислите. Тогаш сум сама со нив, можам да кажам се, а да не бидам осудена, анализирана, оправдувана и размислувана. Нема страв дека мојата срамежлива недоумица ќе го расипе нивниот тек. Оставам се на нивната непосредност и отвореност. Нема испитувачки погледи кои со ладна учтивост барат скриено лажно наговестување.
Сакам после кога се читам и препрочитувам. Си се чудам на чувственоста што нежно ги прегрнала во закрила. Се воодушевувам на искреноста која ги покрила од студот наоколу. Зачудена од страста заплеткана во меѓуредовите, скриена од сите туѓи погледи, постоечка само за мене... Еве, ќе бидат и за тебе. Сите мои зборови, напишани за тебе, кои ти ги знаеш, нека те прашаат се она што треба да те прашаат.
Нека ги скокнат бескорисните полемики, никогаш доволното надигрување и нашата ненадејна збунетост од нечија искреност.
Нека го прерипаат гласот испрекинат со несигурност во туѓите емоции, нека бидат необично природни...
 
Залутан поглед и брз чекор од Колонија кон Центар. Маршрутата е јасна, Песталоци не ми гине. И откако еднаш тука ја начекав со него, често го одам истиот пат. Секој ден се надевам дека ќе ја сретнам и секој пат дека ќе биде сама. Еве веќе две години поминаа откако тие 96 секунди поминаа и откако го поставив личниот рекорд во брзо потење. Да, за минута ипол чадев од сите страни. Од трема, страв и нула инспирација за да ги најдам вистинските зборови. Да ја уловам неа, да го отстранам неговиот љубопитен слух и да го анулирам светот само за нас двајца. Ги барам вистинските зборови но тие никогаш не испливуваат на површина. Зборувам за некои глупави маалски деца и загубени натпревари а срцето ми зборува за нејзините слатки очиња во кои гледам како тагата плива. Рамнодушноста и е веќе при крај но и неговото трпение. Заминаа и од тогаш копнеам за неа. Пред самата капија од лева страна има неколку канцеларии во една стара комунистичка зграда со рамни жолтеникаво сини ѕидови. Девојка со права црна коса и со цигара во рака. Никогаш не била пушач, но којзнае. Се доближив до прозорчето и подвикнав тивко... Не се сврти на името но внатре беше преполно од луѓе, па ми даде надеж дека можеби не ме слуша. Се обидов погласно и тогаш се сврте. Ми блиснаа очите... но залудно. Не е таа. Се извинив учтиво и продолжив. Чуствувам како уште две години ќе копнеам за неа на ова место и тука. Но и не е така страшно, па тоа го правам секојдневно и насекаде. Не тоа тешко, тешко е што ја нема.
Затоа еве јавно те прашувам... токму со овие зборови... КАДЕ СИ БРЕ?
 
Знаеш што? Не. Не знаеш. Ете јас ќе ти кажам!
Смачено ми е од облачното време кое тежи,смачено ми е од црвените очи полни солзи,смачено ми е од очајната потреба да се исплачам,смачено ми е да сфаќам дека животот колку што е убав толку е и тежок,смачено ми е секогаш кога треба да излезам наутро и кога пред да ја отворам вратата си велам: ”-Па ајде да видиме што носи животот денес’’,а јас само гледам свет во хроматски бои! Смачено ми е да заспивам со плачење и да слушам стихови од кои очекувам знак дека ќе се вратам во нормала,а наместо тоа мене уште повеќе ми е тешко. Не можам да се будам секое утро и кога ќе се погледнам во огледалото да гледам бледо лице со чисти зелени очи како бебе,а во душата да се чувствувам како старец!
Знаеш смачено ми е....
А јас....јас..само сакав да прашам...да,со овие зборови..кои не знам да ги изговорам...зошто и кога плачам се смеам? Зошто наутро кога не сакам да станам има некој кој ми ги тегни очите нагоре да види дали давам знак на живот,а притоа ми се смее кога ќе го види сјајот на моите очи? Зошто има некој кој знае дека треба да замине,а не може да ме остави зад себе лесно? Зошто има некој кој кога знае дека доаѓам очекува вратата да ја отвори мало плаво девојче со локни и да и отрча во прегратка и да ја земи во скутот..а наместо тоа гледа голема девојка...која сепак и оттрчува во прегратка? И..зошто има некој кој секогаш ме критикува,мислејќи дека со тоа ме мотивира..а јас всушност низ тоа се изнурнувам неволно?
Можеби го знам одговорот...после секој дожд има виножито.
 
Со овие зборови...

Полека ги затворам очите во овој магичен круг на љубовта,трагам по зборовите кои ќе допрат до твоето срце,ќе го разнежат...патувам низ времето и звуците,победоносно поигрувајќи со чувствата...толку возвишена од нив заборавам на минатото...сегашноста...иднината на тој раздор во кој што се крие неисполнетата предодреденост на овој живот...заборавам на нештата кои некогаш ме исполнувале и се покорувам на недостижното,барајќи ги зборовите со кои ќе го покорам неговото срце.
Сон..во сонот тој...во него скриена страст...секој ден без него е казна,единствена утеха се спомените кои се премногу скапоцени за да се избришат,премногу драги за да се заборават...
Те сакам!Не,не!Не се тие зборови кои можат да ги преточат моите чувства кои еруптираат како нескротлив вулкан...ни најбистрите води не можат да ги измијат крвавите борби кои ги водев за тебе,за да ги пронајдам совршените зборови...Момент!Совршени?!Зарем постојат?Дали сета таа потрага е залудна?Вечна потрага по совршенството...Но не!
Барајќи го несекојдневното...налетувам на секојдневното...барајќи го едноставното налетувам на сложеното...барајќи ги зборовите налетувам на чувствата...
Потрагата ја завршувам...го пронајдов јазикот на ентузијазмот,на нештата создадени со љубов и волја во таа потрага по нешто што САКАМ и ВЕРУВАМ...
 
“Со овие зборови те прашувам...„
“Со овие зборови сакам да те прашам...„
“Со овие зборови сакам да ти кажам...„


Како ли да почнам?... Боже зошто ми е толку тешко да го напишам ова писмо кое би било толкаво олеснување за мене... лек за моите рани... Ајде пробај пак...

„Што не е во ред?! Еве на ваков начин, конечно, со овие зборови, собрав храброст и те прашувам: што не е во ред?“

Ха! И зошто ли го пишувам ова кога знам дека нема да има никаква корист, пак нема да добијам никаков одговор, и пак молчењето и игнорирањето ќе ме боли, пак нејаснотијата на ситуацијата ќе ме копка. Зошто пак го правам овој милионити очајнички обид да добијам одговор, кога јасно ми кажа дека повеќе не сакаш да зборуваш на таа тема. Кога ќе размислам подобро тоа беше и едниственото јасно и недвосмислено нешто што го кажа изминатава година...

“Мизерно... Смешно е што на ваков начин те прашувам, но... не ми оставаш избор. Повеќе незнам на каков начин да дојдам до вистината која ми е толку потребна, потребна за да ставам крај на моите измачувања и сомнежи. Јасно ми кажа дека не сакаш повторно да зборуваме на таа тема, знам и дека милиони пати сме разговарале на таа тема, но сепак никогаш ништо не сме кажале. Затоа ТЕ МОЛАМ, во име на се она што го имавме (а беше толку прекрасно) потруди се да ми дадеш одговор на поставеното прашање, прашање чиј одговор се развлекува цела година. Мислам дека и вака писмено ќе ти биде полесно да го кажеш она што треба да го кажеш...

Леле... ја барам вистината! А што ако не сакам да ја дознаам? Што ако не е за кажување? Што ако поради некоја јака причина нејзиното кажување се одбегнува? Што ако цело време уствари ТИ ме заштитуваш од поголема болка? Епа погрешно постапуваш, зошто секако ми ја предизвика најголемата болка во мојот досегашен живот , не верувам дека можеш уште повеќе да ме повредиш, а и вистината колку и да е сурова, каква и да е, секогаш е најдобра.

„Кажи ми ја вистината! Кажи ми ја причината за се што бидна и за овој наш сегашен смешен однос... Те молам! Те проколнувам!“

Неможе ни однос да се нарече, пошто нема никаков однос али ај...

„Не се плаши да кажеш се. Вистината е секогаш најдобра. Можеби не сакаш да ме повредиш, можеби и не ти е гајле за мене, а од некои свои причини криеш се... Не е важно! Само одговори. Слабост си ми, и што и да ми кажеш, што и да направиш, може само на момент да те мразам, да бидам бесна, да се лутам... но знај дека во следниот момент јасно ми е дека и покрај се сеуште те обожавам... ТЕ САКАМ...“

Напишав „Те сакам“... леле, будала, можам да ја направам полоша целава ситуација... Како ли ќе биде сфатено ова „Те сакам“? Ауу... повеќе и не ми е галје, доста беше веќе од криење на некои работи и од потиснување на чувствата, повеќе нема ни што да изгубам...

“И да не должам веќе, прашањето е јасно, се надевам дека и одговорот ќе биде. Мислам дека барем тоа го заслужив. И за крај само уште едно знај:
Некои луѓе влегуваат во нашите животи и си одат. Некои остануваат некое време и заминуваат. Некои други пак, влегуваат и остануваат засекогаш при тоа оставајќи траги во душата после кои никогаш повеќе не сме исти!

Еј! Го завршив... Најтешкото писмо е завршено. Сега уште храброст да соберам и да го предадам на личноста за која е наменето...
 
Замисли си град. Нека е голем или мал, сеедно. Можеби е сличен како твојот. Можеби и не. Во него живеат обични луѓе. Сосема сигурно, како оние во твојот.

Во тој град ближи мугра. Се е мирно. Во тој момент, во тој град многу лесно може да си замислиш пијани средношколци, штотуку излезени од некој клуб...крадат жардинерија од некоја куќа која е на половина пат од клубот до дома. Момче и девојка се расправаат на голем паркинг; девојката плаче и се дере, а момчето се тетерави. Така неколку моменти, па одеднаш молк - се чини дека се бакнаа. Бездомник покриен со неколку весници натопени од ситниот дожд, спие на плочникот пред трговскиот центар - се прашувам, дали сонува? Ред пред една пекара. Гладна нација... Пријатна тишина.

Новиот ден полека го мие лицето. Кај и да е, ќе си свари кафенце и ќе ја почне својата приказна. Има само една шанса за тоа. Се надевам ќе ја искористи на прав начин. Можеби и нема да пуши цигаре со утринското кафе...

Светлата се бројат на прсти. Електростопанство пак штеди, а будни се само најосамените. Саботното утро ја има магијата на отстранување на привремената самотија, за оние поснаодливите. Од другите, повеќето веќе одамна се откажале од неподносливата леснотија на лесното живеење. Спијат. Веројатно и хрчат. Само најхрабрите остануваат да го чекаат моментот на соочување лице во лице со гласникот на новото утро. После првиот зрак, ќе се погледнат во огледало... ќе стојат неми 10-на секунди. И ќе заспијат. Некој со недопишана порака на мобилниот телефон силно стиснат во рака, некој со шише водка и пуштено радио... свири некој бљак српски поп рок од 80-те.

Сега, замисли си една соба. Мала, студентска и студена. Судена на траги од восок од свеќите кои секоја вечер како оваа ги пали нашиот херој, додека седи стуткан во аголот и немо гледа према прозорецот на јужната страна. Има меланхоличен поглед. Ужива во ноќта и во свеќите. Му придаваат драматика на моментите како овие, кога се обидува да дознае зошто е така она што е така, а зошто не е така она што сака да биде поинаку. Не, не е грешка... Токму така. Истата збунетост што ја имаш ти, ја има и тој на своето лице.

Можеби и ти си патувал, како него. Не ”можеби”...Знам дека си патувал, на непознати места кои знаат да понудат задоволство до моментотот на лудило. Екстаза. Фрлена коска на гладен пес пред месарница. Можеби и ти си се заљубил во идеал, како него, и можеби и ти си бил тажен – баш како него. Тој не го мисли тоа. За него, целиот свет е мизерно мал во споредба со она што мисли дека го чувствува. Ако ги имаш неговите очи, сега, баш во овој момент ќе можеш да видиш само бледи контури од едно убаво лице. Премрежје? Дестинација. Го знаеш ли чувството?

Можеби и нема да се сеќаваш во целост на лицето на девојката, ама ќе знаеш дека си се заљубил во него. Апсурд? Не... ако ти си тој во овој момент, ќе знаеш дека апсурноста постои единствено како оправдание на немоќните да сакаат. Нема да се запрашаш во што си се вљубил.Оние што знаат да љубат, во еден миг - мал како и ти во тој момент, можат да погледнат многу подлабоко. Можат да нурнат до океанот на човековата душа. Ако си ти нашиот херој, ќе бидеш бестрашен. И нема да знаеш да пливаш во океанот. Ќе почнеш да губиш здив. После тоа ќе ти остане само тапата болка.

Погледот и ноќва ќе ти е вперен према југ...Таму некаде далеку живее таа. Таму се наоѓа Елдорадо на твоите заслуги. Картагена на твоите емоции. Изгубената Атлантида на твојата душа.

Се било толку кратко... Некој би рекол дека траело пократко од едно трепнување со очите. Ама во тој момент, времето за тебе престанало да има смисла. Бројки, бројки и само бројки. Старееш, а не го гледаш тоа. Малку по малку, стануваш престар за неа. Не ти е важно... Трепнување со очите... Ти се чини дека тој момент уште треба да трае. Не си подготвен капаците да ги затвориш толку брзо како што паѓа завесата на крајот на некоја евтина едночинка. Не си подготвен за завршните зборови... побогу човече, па не си ни дошол до кулминацијата, а камо ли да мислиш на расплетот.... И на поентата на целата приказна.

Единствената поента е дека ја сакаш. Со целото битие, распарчено и исцедено. Нудиш се од себе. Се обидуваш да кажеш нешто, да заиграш своја игра, ама таа те опива. Пред да знаеш, ти си тој кој танцува на музика од нејзината харфа. А таа и понатака со лесен,ангелски чекор подскокнува на Лебедовото езеро; Безгрижна како снегулка која за прв и последен пат патува кон вечниот мир...Ужива. Ти си марионета. Беспомошен. Страста те води низ големиот момент кој неизбежно пристигнал. Зборовите веќе губат смисол. Ти упорно ја бараш добитната комбинација. Кажа многу, рече малку. Никогаш доволно. Никогаш правилно. Се обидуваш.... бесцелно. И оваа ноќ. Свеќите ќе догорат, утрото-тој вечен предавник на храбрите сонувачи- ќе дојде. Ќе останеш на истото место, врзан со невидливи окови. Ќе спиеш и ќе шепотиш. До наредната ноќ. Потоа, истата приказна. Прозорецот кој гледа према југ и понатаму ќе остане затворен. Од него како ехо на неделните звона од блиската црква и понатаму ќе се одбиваат неколкуте зборови кои како молитва и клетва те будат секое зајдисонце и те испраќаат на крајот на ноќта.

Мал трепет на усните. Се слуша шепот....”Со овие зборови те прашувам: Дали денеска е денот кога ќе ми го направиш поубав овој град...?”

Нема никој да те слушне. Сонувај.... Новиот ден го свари утринското кафе. Се слуша палење на запалка. Ќе има чад... Сонувај.

Замисли си град. Нека е голем или мал, сеедно. Можеби е сличен како твојот. Можеби и не. Во него живеат обични луѓе. Сосема сигурно, како оние во твојот. Некои се борат со омразата, некои уживаат во сопствената среќа. Некои се задоволни со она што го имаат, а некои не знаат што сакаат. Во овој град, кучињата лаат исто како и во твојот. Петлите веќе не пеат. Камбаните и понатака бијат. Времето минува. Водата е тешка. Времето не. И ти си тежок. Гравитацијата си го прави своето. Свеќите догоруваат. Сеќавањата се забораваат. Чувствата бледнеат. Само зборовите остануваат...да ѕвонат во ноќта.

Отвори го прозорот кој гледа према југ. Отвори било кој прозорец. Не мирисаш ли?

Некој прдна...
 
Со овие зборови ти кажувам...

Овој бесмртник крвави,но ти не ја гледаш неговата крв.Се остана само на некои чувства кои овој пес безмилосно ги отфрли.Само темни облаци откако не си тука,и сега тонам во сопствената кал.Отсекогаш сум бил голем борец,но без тебе во неа се откажувам.
И сега не знам зошто не можам да склопам три тона како некогаш.Виолината плаче и се моли за посветло утро.Нашата песна...не е ни наша повеќе,а дали и некогаш била наша?Сега се ми звучи како крик за помош,помош да се спасам од овој мирен хаос во кој се наоѓа мојата глава,моите мисли...блудничави мисли.
Не успеав како благородник,ни како сиромашен обидувајќи се да краде.Со ова ме потсетуваш на тоа што сум-раскошна бледост во минатото,бедост во сегашноста,смртник во иднината.

Инспирирана од приказна за еден музичар...
 
Намерно ми го правиш ова, нели? Намерно ме провоцираш, зошто сигурен си дека нема да издржам да не изреагирам. Еве баш ова што го пишувам е доказ за тоа. И да, утре ке го прочиташ и кој знае што ќе помислиш??? Можеби ке и се јавиш на твојата нова другарка/девојка што и да ти е....Да те гушка, да ја гушнеш зошто се ова те потсетува на нас, на нешто волшебно, на нешто незаборавно, нели? Зошто ја виде сликата која ти ми ја направи само за мене...онаа каде сме гушнати и вљубени до небесата, каде од очите сите можеа да ни прочитаат колку сме вљубени, колку сме среќни...И што сега помисли на црвените клупи во парк? Ти текнува, 100 пати во минута си кажувавме колкку се сакаме, а 100 пати почесто тоа го покажувавме, со тие топли гушки и врели бакнежи.... Го заборави ли тоа? Знам дека НЕ, всушност и тоа сакам да ти го кажам:
-Која и да дојде, нема да е јас :nenene: а ти биди глуп и ....
....знаеш ти...љубовта е посилна од се, ама ти нашата ја уништуваш
 
Твојот Одраз

Со овие зборови те прашувам...

Зошто ме гледаш како непрокопсана?
Мислиш дека можам да те извадам од мрачното блато, каде веќе одамна гниеш?
Да, знам дека си свесна за внатрешните демони и се бориш со нив, или подобро кажано пробуваш, но сепак не барај помош од мене.
Јас не сум онаа која може да ти помогне.
Знам дека често ме среќаваш. Знам дека сум дел од твоето ЈАС.
Но, не можам да ти помогнам!
Јас сум само твојот одраз во валканото огледало.
 
RatatatatatatatataUuuu Pau Pau Piuuuuuuuuuuu Piuuuuuuuuuuuuuu BENG.. One idiot down.. Bam Bam.. WiyyyyyyyUuuuuuuuuuuuu BAM.. Piuuuuuuuuuuuuuuuuuuuuuuuu ck.. Oh no.. Run for ur life.. Girlll nema vise kursumi..
So ovie zborovi te prasuem..
KAJ KUR MI GI SKRI KURSUMITE? :DDDDDDDD




Ne m izameravajte ZABEGAF :D
 
Мислеше дека мастилото ќе каже се што тој самиот не може...
Сакаше сината леплива течност на белата хартија да ги изгори сите оние кои правеа тој да гори. Веруваше дека зборовите ќе овозмажат да порасне во очите кои правеа да биде мал и невидлив.
Секој удар кој не го возврати, сакаше да го напише. И напишаното да го наплати она што другите без прашање му го земаа.
Почна...Раката се движеше по листот сама од себе...Неговите крици се излеваа заедно со мастилото од пенкалото...Но секое наредно отчукување на часовникот крадеше дел од моќта на напишаното...
На крај веќе немаше ништо во него. Сините букви занемеа. Некои дури и станаа невидливи. Како што зборовите се бришеа од неговот поглед, така се бришеше и црвеното пулсирање од слепоочниците. И тој конечно беше задоволен.За првпат во својот живот почувствува дека припаѓа.Стана дел од немиот просек.Затоа што сфати дека со своите зборови нема што да праша.Нема што да каже.Молкот е сосема доволен.
 
Денес некако не сум во шема, па ќе ви ја кажам новата тема и одам да дремам. Таа се вика Нема дилема...
 
Последен тестамент на Гаврило Пасановиќ, 12.04.1986

Поздрав роднини и пријатели,
Јас умрев, а вие сте живи. Единствената ситуација во која мислевте ќе ме победите, но џабе среќата кога сум јас блажено мртов два метра под земја,а вашие колена се тресат под масата на другар Митариќ. Благодарејќи на правниот систем и можностите што ги нуди тој, можете богато да бидете наградени и по мојата смрт. Мојот драг адвокат Митариќ, ќе се погрижи за распределбата на мојот имот и останатата сопственост.
Михаил Пасановиќ, бивша жртва на жена Маја од Белград, а веќе три години и на курветината Грација од некоја вукојебина од јужна Италија, тебе сине, ти оставам еден пиштол Лугер, (собран од трупот на еден куц германски војник), надевајќи се дека нема и со него да се заебеш туку ќе го искористиш на некој друг.
Марија, ќерко, тебе ти го оставам мојот омилен фрижидер - производство 'Горење', со капацитет од 310 литра, и желба дека ќе чуваш нешто освен алкохол во него. Синот твој, Илија беше двоен повторувач на седмо одделение и како награда за тој успех добива фрижидер, повторно производство 'Горење', но со капацитет од 200 литри, состојба - одлична, сосема е нов не е ни отворен. На младите им го оставаме светот и тие го заслужуваат најдоброто од најдоброто во одност на правилно чување на храната. Неговата сестра Ана како избегана од дома, со непозната состојба и адреса, добива хотелски фрижидер (украден од мене лично од Солун во 1983) со мал капацитет, но солидна вентилација, производство 'Бош'.
Брате Милане, тебе ќе ти го оставев замрзнувачот ама ете, рикна пред да заминам јас. Тоа ти е тоа. Постар брат си ми така да не верувам дека си засекиран за имање залихи на грашок преку зима, а ако веќе си пројавил интерес, околу прашањето, за кој не знам, верувам дека можеш да си дозволиш сам со своите средства.

Се' останато (вклучувајќи го и домот) барам да се продаде на аукција, а со добиените пари сакам да се изгради црква негде подалеку од улицата каде што живееја нашите четири фамилии, затоа што очигледно ним не им е потребна.

Милозливо ваш близу својата Милица,
Гаврило Пасановиќ
 
I povtorno docnis decko.. Si poglednal na saat ti voopsto?
Sto?.. Povtorno si nervozen.. Da.. Nemas vreme.. Ko po navika..
Znam..Znam kolku e tesko da se bide TI..
Dali e toa zenski parfem sto go osekam?.. Da.. Zenski parfem e.. Hah..
Kako ke se izvadis sega?..
Ahamz.. Sfakam.. Sestra ti e kriva sega a?.. Se ebese li so sestra ti be degenu??? Zasto kries?.. Podobro kazi mi i da zavrsime so se.. Bez Dilema povtorno si bil so NEA.. Koja i da e taa..
Mojata ljubomora e APSURDNA??.. Ti normalen si sto zboris?.. Svesen si?..
BEz cimolenje te molam.. Velis deka bilo samo strast?.. Deka ti e prolazno?..
Veke dva meseci li ti e prolazno??????.. Ahamz.. Taa sto ja sakas sum jas vikas a?.. Istoto i go vikas i na nea pretpostavuvam?..
Mi se gadi od tebe.. NISTOZNIK.. E sega.. NEMA DILEMA deka e kraj.. Zabroavi me..
 
Како дете во дебар маало немаш некој многу голем избор што да правиш преку лето. Тука ти е парк кој ти е дојден преку ”илинденска” од попладневни прошетки, импровизираниот баскет терен кој во ова време е неупотреблив освен ако немаш желба за рововска битка и препукување со краставички и сецкани патлиџани спремни за шопска со баба Стојанка од втори спрат, или веќе добро совладаниот материјал од постарите дебармаалци, сеирот. За сеирско уживање опции има повеќе. Тротоарчето пред Апче со досадните дебели жени жедни за боза, универзална која не носи возбудувања или секогаш интересниот Перо, Перо Комшијата. Перо комшијата е родум Струмичко, но се доселил по војната во Скопје и според неговите приказни наликувал на Чак Норис уште во прво оделение, кое патем речено, никогаш не го завршил. Работел цел живот како камионџија и го пропатувал светот. Секогаш спремен за публика па во дворот има направено мини гледалиште од дрвени триножни столчиња, и кога ние ќе седнеме се чувствува како Прличко... голем, моќен и се` што ќе каже мисли дека е чиста вистина. Ние се смееме гласно дури и на оние работи кои не се смешни, очекувајќи ја новата лага... Денес, Перо е десна рака на другарот Тито, и тој лично го возел маршалот во својот ТАМ низ тунелот под Јадранот, бидејќи мерцедесот снемал бензин па на Јованка и него им требало превоз до Рим. Тито ни го опишува обично, војник со смешен акцент а Јованка повеќе личи на Адриана Лима отколку на онаа грда жена што сме ја виделе по учебниците за историја. Инаку, Перо му дал голем број идеи на Тито како да ја подобри Југославија, а овој само запишувал во некое мало тефтерче, и... подоцна, оп, петолетка, неврзаните, и што уште не...
Комшијата Перо го оставаме со комарците а ние одиме дома на вечера, а што ќе правиме утре? Нема дилема, учиме историја кај Перо комшијата. Барем е поинтересна од онаа која ја учиме во јануари три улици подолу...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom