Тука пишуваме на зададена тема

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Kреветот на една проститутка...


Денови кога сеуште го чувствував ременот на мојот татко кој тактираше врз мојот грб,на чело со маестро-ужас,во придружба на долгите доцни часови.

Тоа беше време кога детските солзи беа
најискрени,неисквернавени,невини,предизвикани од желбата за доминација,моќ,припаѓање.Од тој момент ветив дека никогаш нема да припаѓам на никој кој ќе се осмели да предизвика една моја солза.

...Времињата се сменија.Сонцето не свети повеќе како некогаш,а туѓите погледи коваат заговор против грешниците,без да знаат дека коваат заговор против себе.Онаа девојка со евтин парфем и уште поевтино јас,се упати кон собата каде што се играа мимиките на странците.Добро го беше извежбала она слекување на невиното лице-сè со цел да го најде оној кој нема да остави траги на она што останало од неа-тело со потписи на привремените сопственици,усни заробени во некоја бесмислена девственост.

Се слушна задолжителното гребење по чаршафите, изглумени крикови,прелудиум на крај.Тој беше оној кој не остави трага,не ја гледаше како своина,само сакаше да го пронајде своето его во дното на блудништвото.

...И не помислувај дека овие солзи се предизвикани од твојата машкост,јас плачам кога тело ми е перницата,а љубовник креветот во аголот.Само тие разбираат што значи да бидеш прогонет од своите стравови.
 
Патетична слика на празна соба и убава девојка со замислен поглед... Убав голем барокен прозорец со поглед на светот и девојка пред него со тенка дамска цигара која не и прилега во моментот. Рацете и се тресат и во две повелкувања ужива во отровот и во глетката на горење на најситните лифчиња тутун. Димот удира од прозорецот и се враќа на нејзините разголени гради. Лесно е облечена, но сепак се гледаат убавините за кои некој како јас копнее. Креветот до неа е растурен а фикусот е пред овенување. Таа ја сфаќа сликата и знае дека се чуствува како нив. Каде ли погреши? Зар е навистина глупава? Се убедуваше од секогаш дека го прави тоа од задоволство и дека парите се навистина добри, но во секој момент може да каже не. И ете по бедниот секс, еден обичен сликар успеа да ја убеди дека сиот труд вложен во себе и својата умствена надградба може да ги фрли во вода. Залудно време потрошено беа оние часови со добри книги и непотребна била толеранцијата кон сексулно напатените мажи. Сите ја замислуваат како глупава но тоа не и пречеше. А сега наеднаш... целиот свет се сруши заради една обична реченица. Уметникот, надмен како и повеќето, од високо и кажа што работи а таа му спомна дека го обожава Реноар. Навреден што една курва го гнаси името на најдобриот на сите времиња според неговото стручно мислење, и кажа дека од уметност не знае ништо и дека не треба да краде мислења на оние со кои спие во креветот кој патем, како што спомна, е одвратен за секс и во него се чуствувал како да го прави тоа со средовечна жена. И тоа не е толку страшно, проблемот е што нејзиниот свет се скрши само заради големата нарцисоидност на малиот сликар, а кој знае кога ќе сфати дека таа го има светот и ќе умре како божица која знае се`. Тој... тој ќе биде непознат сликар кој мисли дека е добар во кревет, на улица и пред Бога.
 
Змеју мој, спиј сега и сонувај, ти си мојата три тонска уморна курва. Одмарај се во пештерава затоа што утре ќе блуеш оган. А јас дотогаш во моето собиче ќе стварам злато, за да те накитиме и да бидеш најубавиот змеј на изложбата. Испразни ги ноздрите, опушти се, утре ќе блуеме оган заедно...
 
Многу ноќи поминати,многу непознати луѓе,некои анонимни,некои чудни,но сите безначајни. Секоја ноќ иста приказна со различни ликови,од кои малку оставаат спомени од кои повеќето лоши.....
Бела постела,но извалкана со нечистата душа,а напуштена од чувствата,инфицирана со стремежот кон материјализамот.....Нема страст,само навика....
 
Prekrasna mlada devojka.. Lice sto sekoj bi go posakuval do sebe.. No evtina obleka..A i telo.. I veke izlitani usni koi sekogas go gubat svojot vistinski sjaj koga treba lebot da go izvadat od toa.. Malce flert.. Mnogu pari.. Mnogu sex.. No ne e toa sex za zadovolstvo..
Vo nejziniot krevet mnogu pominati neprespani nokji.. Mnogu prazni maski tela.. Erotski nagoni.. Ponekogas i nasilstvo.. Strast.. Lazni orgazmi.. Masko ego.. I na krajot od se.. Nejzinite solzi.. Gorki solzi.. Prodiraat do srceto..
Da.. Ne e taa toa sto ja smetaat.. Ne e klasicna kurva.. Barem taa si go veli toa.. No site se isti na spisokot.. Sex.. Toa e edinstvenoto sto im e vazno na klientite.. Za niv taa ne e covek.. Nema dusa.. Nema karakter.. Za niv.. Taa e igracka.. Plakaat za upotreba na istata..
Uste edna solza se sliznuva po nejzinoto lice.. Taa ne go saka ova.. Saka ljubov.. No ova e toa od sto prezivuva.. Pad na telo mrtvo od umor na mekiot krevet.. Da.. Na istiot krevet kade sto i bese odzemana nevinosta.. Istiot krevet kade sto i se rasipa zivotot.. No.. I istiot krevet kade sto go napravi seto toa sto go ima sega.. Sepak i sama znae deka e zaludno.. Toj krevet BIL i KE OSTANE.. Krevetot na prostitutkata..
 
Навидум обичен кревет...но кога подобро ќе го загледам го сфаќам неговото значење. Чаршавите испишани со стотици приказни, секоја посебна на свој начин, секој пат со нова личност, секој пат со истата личност. Една перница која најчесто ја користеле двајца, еден прекривач под кој најчесто лежеле двајца - туѓинец и таа...секогаш таа истата. На тој кревет се спојувале среќата и тагата. Задоволството и срамот, уживањето и болката. Кога подобро ќе го погледнам како да забележувам толку многу отпечатоци, толку пот и мириси, сите од различен човек, а само нејзините како да лебдат над сето тоа. И покрај целата нечистотија се' што е нејзино изгледа толку невино, толку волшебно. Но зошто пак тука моето срце чука? Зошто тоа познато лице го гледам токму во тоа гнездо на гревот.... „Ангелу, што бараш ти во креветот на проститутката?„
 
Ретко...во последно време навистина ретко излегувам од дома после полноќ. Незнам зошто тоа го сторив баш тогаш. Можеби заради жедта да испијам по некое пиво со некои туѓинци кои ќе ми зборуваат за нивните проблеми,а јас ќе ги давам нив со моите глупости. Никој никого нема да слуша, а се ќе си кажеме. Супер. Преку глава ми е од фразите како криза на карактер, емотивна криза, финансиска криза... Фак. Сакам ладно пиво.

Локацијата ја одбрав случајно. Кафиќот каде понекогаш пијам кафе и читам хороскоп од тинејџерски магазин, таа ноќ личеше на биртија со фин ентериер. Убава промена...ионака кафето не им е којзнае што.

Тотално непознати ликови качени по маси глобално мастурбираат на хитовите од раното творештво на Жељко. Човеколики хиени играат околу марионетките- овие пак едвај чекаат да дојде моментот кога некој храбро ќе им пристапи, ќе ги почести пијачка, ќе им понуди туш и мека постела и ќе вети провод на нивниот живот. Емоциите се насеќаат во воздухот.Човек да помисли дека неможе ни да кивне. Упс....отиде лустерот. Толку од финоќата...Емоциите веќе добиваат призвук на скршено стакло. А и не беше којзнае каков лустер. Впрочем, по ѓаволите со него....

Се сместив на еден барски стол, помалку на страна од гужвата. Се чувствував предаторски. Радарот- подобар од оној на ”Наутилус”- веќе беше активно вклучен во потрага по нешто што би и дало смисол на бесмисленоста на ладното пиво без друштво. Ако не најдам некоја промискуитетна дама, секогаш е присутна надежта дека една добра тепачка сепак ќе ми го направи денот. Замислен и помалку нервозен во исчекување на полупијаното лице на келнерката расмислував дали да и оставам бакшиш. Кучката не го заслужи, ама несакав да си ги расипам шансите кај неа. Може да биде одлична прилика, ако не успеам да конкурирам на тендерот за девојки кои бараат топла вода во туѓиот бојлер. И ако не инсистира да запалам светло дури не замине.

Очите ми светнаа...доаѓа девојката на вечерта - пријателката кригла. Ја земам во рака и започнувам да водам љубов со неа. Првата голтка е хаос... секогаш. По неа ја земам и втората...форсирам.... Одамна ожеднав до тоа ниво кое не ми дозволуваше да уживам во бавното пиење. После неколку голтки, бавно и среќно ја спуштам криглата....Еве кога повторно ќе помислам, дури и сега неможам да објаснам како во сета таа зачадена и пијана гужва под изгаснати рефлектори, ја забележав неа... Во прв момент помислив дека овојпат ловецот ќе биде ловен. Не ми сметаше, искрено. Сепак, кога го задржа вперениот поглед во мене подолго време сватив дека не се обидува да види какви кондури носам, дали од џебот на панталоните ѕиркаат клучеви од новиот модел на Ауди и дали за мојата фризура се грижи некој блесаво доброчуден стилист. Не, не зборувам за љубов на прв поглед. Зборувам за поглед кој делува некако познато. Топло и мило, а сепак таинствено.

Не, не е можно да е таа. Каква среќа имам јас? Низ глава ми помина коментарот на Хемфри Богарт, од Казабланка: ”Од сите кафани, во сите градови, во целиот свет....таа влегува во мојата”. Собери се човеку....помислив. Не е време за ретро патетики. Тргнав накај неа, како маѓепсан и со помалку плашлив чекор, откако ме покани со едно нималку одважно движење на главата. Наближив и полека застанав наспроти нејзината маса. Несакав да сметам на пејачот на групата кој баш во тој момент беше клекнат пред неа и како прасе кое ја пее лебедовата песна и пееше некоја "ја те волим-ти не осечаш" химна на новата генерација... пак проклетиот Жељко. Ама добро, оваа веројатно е од новиот албум. Фак... ова тотално личеше на неа. Се потпрев на ѕидот, запалив цигара, голтнав уште неколку пати од пивото и се насмевнав... Одсекогаш луѓето за неа зборуваа најразлични работи. Сумирано, секој ќе потврдеше дека станува збор за прекумерно ”слободна” девојка. Јас одсекогаш ја гледав како славејче затворено во кафез. Не може да излезе и да ги рашири крилата, или друг да му ја отвори вратичката зошто самото тоа го има клучот, некаде во себе. Ама не сака, или незнае како да го побара.

Младиот Кафанароти со многу гел на косата и малку талент за пеење ја заврши неуспешно сеансата на шармирање на девојката наспроти него. Таа полека стана и помалку неспретно и неграциозно се довлечка до мене. Насмеана и среќна што ме гледа? Можеби да, можеби не... како би знаел?! Помина толку многу време откако последен пат се видовме. Многу долго време од последниот пат кога ме пушти во нејзиниот кафез и во нејзиното гнездо...креветот на проститутката – така го нарекуваа сите лековерни глупаци кои никогаш не го виделе, а се преправаа дека чуле за него - Креветот кој за мене секогаш бил местото каде што се остваруваат соништата.

Се прегрнавме, на почетокот резервирано и плашливо, а потоа се поцврсто и поцврсто. Прво, како да се плашеше да не налета на некој нож кој штрчи од моите гради...Откако во целата гужва по се изгледа успеа да го чуе биењето на моето срце, се опушти. Ја држев во моите раце за момент пред да се сепнам и да побрзам кон пивото и цигарата... Така се осеќав покомотно. Нив можам да ги скротам во секој момент. Неа не успеав никогаш.

Разменивме неколку збора- Како си? Што бараш тука? Од кога не сме се виделе... како оди школото?... Помалку нервозен муабет. А каков и би бил... Ме фати на моментот-изненадување. Се почувствував разоружан. Заборавив со каква цел пристигнав на тоа место, таа вечер. Храбриот предатор во себе го пратив на спиење, а радарот го заборавив некаде по пат. Сега постоеше само таа. Навидум ненаметливо, ме скроти како дресер во француски циркуз. Сеуште го имаше истиот поглед кој oсвежува како некои планински водопади; насмевката која потсеќа на изгрејсонце...и таа не се изгубила низ времето... Научив дека веќе три години е во среќна врска, го мрази факултетот и сеуште напамет го знае мојот број. Изгледа требаше самиот да сватам дека таа вечер е излезена само со една другарка. Без него.

Лицето кое го гледав пред мене повторно ја фрлаше истата отровна магија. Само,веројатно не знаеше дека овојпат јас ја носам нејзината маска која и ја симнав таа ноќ...и ми остана како единствен траг на патувањето до ѕвездите. Веројатно, не ни претпоставуваше дека на себе како амајлија ја носам од денот кога последен пат не ми кажа "Чао". Туку, едноставно исчезна... Тогаш, долго време лежев во нејзиниот кревет. Последното упориште на чистата надеж. Ја чекав долго, долго време дури и откако сватив дека нема да се врати. На крај, заминав засекогаш и ветив дека ќе ја носам маската до денот кога повторно ќе ја видам. И сега што? Стои пред мене. Истата, убава и пожелна... Се двоумев за момент. Само за момент.

Не ја запрашав зошто никогаш не се јавила. Нити пак посакав да се потсетам зошто јас не сум го сторил тоа.

Културно ја одбив и поканата да ги придружувам неа и нејзината partner in crime на забавата на која ќе одат откако ќе заврши фиестата на местото каде што бевме. После неколку минути, и кажав дека мора да одам дома бидејќи утредента, од сабајлечки ме чека важна работа.

Набрзина го допив пивото, промрморев нешто што личеше на поздрав и излетав низ вратата. Не се ни обидев да ги дослушнам зборовите кои ми ги кажа додека заминував а личеа на: "Ќе те побарам дено..."

Заборавив дека утредента беше недела. Изгледа, не бев подготвен повторно да сонувам. Не тогаш... не така....

Почна да врне. Итав према дома. Тогаш, после долго време поинаку ги почувствував капките дожд кои како храбри борци со мисија паднаа врз моето лице... Осеќав пријатно свежо чувство. Можеби, дојде времето повторно да го почувствувам дождот на мојата кожа... Чист и измиен, исполнет со убава енергија.

Ретко...во последно време навистина ретко излегував од дома после полноќ. Незнам зошто тоа го сторив баш тогаш. Знам единствено дека ништо не е случајно. Подготвен ли сум за спиење? А можеби и за повторно сонување? Фак. Сакам ладно пиво!
 
Го гледав градот како се буди. Сеуште нерасонет ги трпи неуморните тркала, неодлучните, нервозно брзи и уморно бавни чекори. Спиеш мирно легнат на мојата страна од креветот, оној кревет во кој веќе цела недела не спиел никој друг освен ти. Несвесно ми го бараш мирисот, ме бараш мене. Низ димот на цигарата ти го гледам обрисот на полупокриеното тело, зачетокот на насмевка на невино релаксираното лице. Сакам да те допрам. Се воздржувам. Се будиш полека, знаеш дека те гледам... чувствуваш. Ме погледнуваш милно, задоволно. Не зборуваш. Со раката ми покажуваш да легнам до тебе. Ме прегрнуваш силно, онака за да се најдам сигурна, заштитена. Убаво ми е...Знам дека би сторил се за мене. Знам дека не ги почитуваш (наместо мразам) тие другите, знам дека сакаш да му вратиш на светот за сите неправди врз мене. Но, јас не сакам и упорно ти тврдам дека така е подобро.
Ја разбивам тишината. Морам да ти кажам се. Не ме прекинувај, само молчи и слушај- прошепотив.
-Секоја жена знае да ги рашири нозете, но не секоја учела како да не биде досадна, ти реков еднаш како одговор на зборовите на твоето растопено срце во моите нежни безобразлуци. Далеку сум од оние емоции кои и сметаат на жената да го изебе мажот и да продолжи понатаму. Не сакам да се скријам како многуте, во безбедноста и предвидливоста на својот живот, не сакам да бидам жален човечки примерок, отруен со проблеми, кој се самопрезира и се дави во сопствените ограничувања.
Ова е мој избор, мој живот. И знаеш, сепак си го сакам. Ги сакам на свој начин и оние мажи чија вештачка самодоверба се симнува пред мојот, за миг, искрен, емпатичен поглед. Ги сакам и оние кои со своите површни судови ги бламираат сопствените животни сопатнички, не знаејќи дека притоа се ништат и самите. А оние ситнодушни мажиња, кои потонале во својата бедна неинформираност, ги обожувам кога мислат дека знаат каде и како да допрат, стиснат или помилуваат.
Сите нив ги оставам во личниот им свет, не се обидувам да им го променам. Не ги осудувам, ниту оправдувам. Само климам со главата, се насмевнувам, искрено сочувствувајќи со нив. Инстинктивно знам што, како и кога сакаат. Тоа е мојот успех. Успехот на мојот кревет.
Не можам да те сакам. Всушност јас и не знам да сакам. Не го барај тоа од мене. Ако можеш уживај во овие моменти што ги крадеш од неа, а ако не, веднаш оди си.-завршувам силно обидувајќи да ја скријам растрепереноста во гласот.
Ме погледнуваш. Солзата се бори да излезе, не и даваш, ја криеш во аголот на окото, небесно сино, проклето убаво. Ме прегрнуваш и не гледаш дека плачам и јас. Сакам да ти кажам дека те сакам, дека едвај го чекам тој толку често проколнуван и очекуван четврток. Но , не можам тоа да ти го кажам овде, не на овој кревет.
 
Без премногу мислење за насловот и што би требало да пишувате... опуштете се и препуштете се на прстите. Не ставам единици за промашена тема. Се` е добро...
темата гласи: Со овие зборови те прашувам...
 
Дали ме сакаш? Знаеш што сакам да кажам, не мора да се правиме дека сме невини тинејџери. Порано...излегувавме низ градот. Ги избегнувавме кафичите бидејќи, знаеш нели, беше премногу бучно па не можевме да уживавме во времето што го поминувавме заедно. Наместо тоа, ќе одевме до паркот, ќе седнеме на зелената трева еден наспроти друг, ќе се потпиравме со грбот и ќе гледавме напред.

It doesn't feel right
So keep going down
It doesn't feel right
Until you start to drown.


Порано те сакав, знаеш. Сега, кога ќе те погледнам, се што можам да забележам се тие ладни очи кои вежбаат супериорност над мене. Порано си симнувавме ѕвезди еден на друг. Водевме разговори кои немаа никаква смисла. Бевме живи.

I want.. .
Pants dropping, slow fucking, floor mopping..
Right now.


Дали ме сакаш?

Pants dropping


Мислам, навистина?

Slow fucking


Te молам одговори ми...

Floor mopping


...добро тогаш. Ќе те заборавам. Ќе си заминам и, со мене ќе си ги земам добрите сеќавања бидејќи само тоа ми остана. Моите сништа и моите сеќавања.

Open up your thighs
Show me the surprise...


Зошто?
 
Свесен си колку те сакам?.. Знаеш ли ти воопшто што е тоа љубов?Да..Да..Знам како сакаш ти.. Знам ШТО сакаш.. Ја не мислев на тоа ИДИОТУ
Само секс ли ти е во глава? Знаеш ли дека со еден поглед го рушиш сиот мој свет? Што сакаш сеуште од мене? Да одиш до крајот? Да бидам уште една што си ја поминал? Е нема.. Со солзи во очи, но дигната глава до крајот.. Зашто ме лажеше ако незнаеш да љубиш?..
21ви век сме да.. Повод за легендарната Love me do.. од Битлси да стане Fuck me do.. од Џери Батлер? хах.. До каде стига светов Господееее.. Ист си како сите знаеш? И кажи ајде.. По последен пат.. Со овие зборови те прашувам.. Знаеш ли за љубов копиле???
 
Ништо не те прашувам со зборови. Зошто се плашам од одговорот.
Те прашувам со поглед, со мисли, се трудам да те пробијам, да прочитам што мислиш, да ти покажам со дела дека сакам да знам... Ама ти си слеп и глув за се што правам, или барем глумиш дека си.

Не ни знам што сакам да те прашам точно, изгубена сум во чувствата... Само знам дека сакам да знам. Што и да е тоа што сакам да го знам, сакам да го дознаам сега. Ама ти правиш се што е во твоја моќ да ме лишиш од она што сакам да го дознаам, го криеш погледот од мене, градиш ѕид од тули во мислите, не можам да го пробијам, премногу цврсто го држиш, не можам да го срушам...

Ништо не те прашувам со овие зборови. Зошто веќе го знам одговорот.
 
Умот ми е на пат. Бара нешто, некој одговор на она што мисли дека не го знае, а го знае. Не одговор, бара потврда.
Обожавам кога себеси се гледам од некое друго место. Малку ми е чудно, ладно ми е на карпава од која се набљудувам.
Знам дека треба нешто важно да сторам. Меморијата ми е како во магла, се обидувам да се потсетам на нешто но тешко ми оди.
Некој му се приближува на моето отелотворение. Црна фигура.
Но умот ми е сеуште на проклетата карпа, заборавен и му студи. Проклета да бидам, знаев дека нешто треба да го прашам! Знаев, но не ми текнуваше на зборовите!
Студот се зголемуваше, а моето тело сеуште стоеше неподвижно и немо пред црната фигура. Вегетираше.
Полека, таа фигура се претвори во сенка, ја снема, отиде и знаев дека веќе никогаш нема да се врати.
Срцето ми се скамени, а умот ја чувствуваше болката на телото кое иронично не се помрдна од местото што ми ја одреди судбината на самотник.
Се присетив. Се присетив на прашањето што знаев дека требаше да го поставам, а не го поставив. Со овие зборови те прашувам...Ќе бидеш ли моја вечна љубов?
Залудно го поставував прашањето, црната фигура не можеше да го слушне.
Останав засекогаш сама.
 
Ме сакаш ли? Јас знам дека ме сакаш, ама имам потреба повторно да го чујам тоа од твоите усни, прави да се чувствувам прекрасно. Кажи ми, дали ќе ме изневериш и ти? Дали ќе ми кажеш ако го направиш тоа или ќе бидеш слабак, ќе го криеш во себе додека ми ги подаруваш ѕвездите... Ќе бидеш ли покрај мене засекогаш, како пријател, како слушател на моите зборови, како раскажувач на нашата приказна... Те прашувам дали ми веруваш? Јас тебе не ти верувам, а се прашувам дали би требало... Понекогаш се' е толку бесцелно, сите прашалници на краевите од речениците го губат своето значење и се претвораат во голема кагва. Ти пречи ли што толку многу прашувам, што сакам да знам? Добро, сеедно, ќе престанам да прашувам, најважно е дека ме сакаш, дека те сакам... Ама само една работа, само неколку букви споени во зборовите со кои те прашувам... Дали се колнеш на вечност, вечност со мене? ... и другото е толку небитно...
 
Со овие зборови те прашувам дали си сама како што сум сам јас, дали ти е како што ми е на мене, или нема ништо што би можело да значи знак на живот за мене од тебе. Со овие зборови ти кажувам дека ми недостигаш, дека деновиве поминуваат бавно без тебе. Со овие зборови те поканувам да излеземе.
Со твои зборови треба да ми одговориш со ДА или НЕ
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom