„Време е да одам,авионот ќе полета’’..„Време е да одам ќе задоцнам’’...„Време е да одам,треба да чекирам на време’’...„Време е да одам,автобусот ќе тргне’’...„Време е да одам,биди паметна и учи’’...„Време е да одам,грижи се за себе’’...„Време е да одам,ќе ти се јавам кога ќе стигнам’’......
Клише...големо клише...
Летаат низ просторот вакви реченици и ме удираат по носот. Во ушите ми зуе екот на полетан авион и чкрипот на тркала по пистата....мирис на мазут...каков мазут бе! Тостерооооот!!...Трчав кон тостерот,заборавив дека сакав да јадам. По пат се удрив од еден куфер со сто налепници и паднато тркало..Ауч,боли.
На пиџамата си најдов налепница од некој аеродром...Airport of Bei Jing..тато! Заборавив што ќе правев,тргнав ко хипнотизирана кон телефонот. - Бео..изволите? - Добар дан,на телефон је Ангела,могу ли да добијем свог тата? - Ангела,твој тата тренутно је на састанак,очеш оставити неку поруку?-Пренесите му само да сам га потражила,хвала.
Тит...тиииит....тиииит...I'm not able to answer at the moment,please leave a message after the beap,thank you...тиииииииииит. Трес.
Ништо битно,само да прашам кога ќе си дојде. И од тоа ништо.
Ќе пробам кај мама. Тит..тииит....тииит....претплатникот не е достапен,ве молиме бирајте подоцна. Шајзе. Повторно никој нема да ме гледа на претставата...ни да ми мафнува за поддршка,ни да ме слика..ниту да ме носи на сладолед за признатиот вложен труд.
Ќе пробам пак,си реков. Тиит...тит...-Хелоу? Ништо.Нема знак. Тит...тииит....-Кажи мама? -Маааам,едвај те најдов. Кога ќе си дојдеш? -Не знам,уште ќе трае состанокот,се слушаме,време е да одам назад сега. Чао,биди паметна и пази на тостерот!..-Ок,ча..биип.
И мене ми е време да одам..и сега и секогаш! Е едвај чекам кога јас вака едноставно ќе се спаковам,ќе им напишам телефони за контакт на фрижидерот и ќе му ја летнам! И кога тие на сред ноќ ќе станат за чаша вода ќе се сопнуваат од куфери,торби,ранци,ќеси,ташни..!
Време ми е да одам.....да го изгасам тостерот!