Тука пишуваме на зададена тема

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Додека сонував,дејството што траеше беше изминато во реалноста одамна,една снимка се повторуваше како касета,одеше до судбоносниот момент,а јас ја паузирав и повторно ја вртев наназад,не ни сакав да ја пуштам да оди,сакав да застанам во периодот на...периодот кога не знаев да зборам,периодот кога не знаев дека постојат златни работи,а камо ли пак лоши.
Темнина....прекрасен сончев ден...Темнина?!?
Светло е,но дали е важно како е надвор,или како е внатре во мене,дали е тажно кога гледаш како кристална солза истекува од моето лице,или кога на некој ќе му се скрши срцето а ти сепак не можеш да го видиш...
Зошто воопшто Господ не создал?За да придонесуваме нешто за да го направиме светот прекрасно место за нашите идни деца..внуци..би направил се за нив,но дали е убаво чувството да се живее во прекрасен свет во кој ти си предонесол нешто,но ти исчезнуваш...
Некој ја создал мајка ми,некој ме создал мене,добив се од неа,а таа од мене не го дочека ни моментот сериозно да и се заблагодарам и да и кажам дека без неа,немаше никогаш да бидам тоа што сум...Светот би требало да биде розов свет за нас младите...но јас одамна го искусив чувството да живееш во црниот свет кој понекогаш зема жртва која од најраните години треба да дознае за се што може да следува во наредните години,и истото тоа да го пренесе и на неговите млади,и да ги научи,да ги спреми....дека се може да се случи во животот,бидејќи мене никој не ме беше припремил за лоша работа,а не пак да се случи истата...тогаш не го живеев оној розов свет,јас го живеев светот од фантазиите,каде што и да посакаше можеше да го добиеш,но едно нешто кое го изгубив никогаш немав можност да го вратам ниту преболам...
 
Стол. Маса. Грамофон. Светлината е пригушена.

Ликот: Лузер сум бе, добро. Губитник. Кукавица. Гомно. Зар не сме сите исти гомна?. Не сум ништо подобро гомно од другите. Некои мирисаат подобро од мене, некои полошо. Ама порано или подоцна сите завршуваме на исто место- во канализација.
Ти се сметаше себеси за подобро гомно од другите. Мислеше дека си излегол од подобар газ. Денот кога брат ти ми се јави да ме покани на погребот... Почувствував кнедла во грлото, зошто помислив дека се загубило добро гомно. Мислев дека светот беше подобро место за живеење кога те имаше тебе. Не заплакав тогаш, зошто бев презафатена трудејќи се да ја истуркам кнедлата од грлото. Кога мајка ми влезе во собата и ми го виде изразот на лицето, посака да повика доктор. Дојдов при себе, и се расплакав. Ебати светот и ебати животот. Гомно си, ама гомно што ми беше потребно покрај мене.
(мала пауза)
Денот кога те нашле во превртената кола, беше најубавиот и најтопол ден од Февруари. Место снег, некое срамежливо сонце ѕиркаше меѓу облаците, и се беше необично радосно и раздвижено тој ден. Мразовите по улиците почнаа да се топат, луѓето се растрчаа наоколу.
А ти мртов. Каква иронија.
Да знаев дека вечерта кога пиевме виски во станот на Игор ќе биде последниот пат што ќе те видам, ќе искористев да ти кажам некои работи. Ќе ти кажев колкаво гомно си, ќе ти кажев дека не го заслужуваш воздухот што го дишеш. Ќе ти кажев дека не можеш да ја платиш мојата наклонетост. Ќе ти кажев колку те сакав додека те идеализирав и додека мислев дека си посебен, и искрен, и вистински пријател, и колку се разочарав кога работите излегоа поинаку. Ти ми беше идол, човече. Сакав да станам како тебе, силна, издржлива, непокорлива. Да го правам она што сакам, и секогаш да испаѓа исправно. Да можам да и погледнам на опасноста во очи без воопшто да затреперам од страв. Ти отсекогаш ми викаше дека не знам да живеам. Дека премногу размислувам пред да постапам, и додека смислам, шансата веќе ми поминала. Ми викаше дека ризикот секогаш вреди да се превземе, без разлика на последиците. Ме нарекуваше плашливка и ми викаше дека се плашам да се покажам. Дека се кријам. Се чувствував немоќна покрај тебе. Како бубачка што секој миг можеш да ја прегазиш, ама сеуште е жива поради твојата милост. Верував дека ме учиш да бидам поразлична, посебна, силна. Како тебе. Сакав да бидам како тебе. Храбра. Непокослива.
Денот кога се заљубив, ме нарече слабак. Отсекогаш тврдеше дека љубовта и чувствата се карактеристика на слабите и немоќните. Дека вљубените ги затвораат очите пред опасноста, и на крај, секогаш завршуваат во бездната. Велеше дека човек не може да биде повреден, ако нема слабости. А вљубените имаат слабости. Вљубените би продале бубрег за оној кој го љубат, би убиле човек за него. Никој не вреди толку за да се жртвуваш за него, ми зборуваше ти. А јас бев среќна, блескав, луѓето не можеа да ме препознаат. Сите мисли и насмевки и секој подвиг што го правев и секое помрднување на моето тело и секој збор и секое трепнување на окото и секој здив што го вдишував- му ги посветував него. Се трудев да ја скријам пред тебе толку очигледната заљубеност, зошто знаев дека не сакаш да бидам како другите слабаци. Ама беше посилно од мене, а и ти добро ме познаваш. Брзо ме сфати.
Ме нарече слабак, ми рече дека си се разочарал. Дека си мислел дека целам кон повисоки нешта во животот, отколку да го губам времето со некој мочко. Беше изнервиран, ми викаше гласно, не можев да сфатам што ти се случува. Ми рече дека кога ќе бидам повредена и разочарана од оваа моја глупава идеологија, ќе дојдам кај тебе да плачам, ама ти нема да ме примиш. Зошто веќе си ме предупредил дека ништо добро не произлегува од чувствата. Само разумот не носи до успехот.
Колку ми изгледаше решителен тогаш.
Можеше барем да глумиш љубезност спрема него, во мое име. Ти си дозволуваше да го нарекуваш со секакви имиња, да му зборуваш глупави работи и да покажуваш во секоја можна прилика колку не го поднесуваш.
Затоа и бев изненадена кога ми се појави пред врата еден ден и ме викна да се повозиме. Беше пијан, иако ретко пиеш. Беше многу пијан. Почна да возиш забрзано, да зборуваш глупости, да составуваш неповрзани реченици. Ми спомнуваше некакви дати, кога сме се запознале, кога прв пат сме излегле во исто друштво, кога славевме роденден заедно, кога ми ја подари книгата, кога сум се вљубила и целосно сум се променила спрема тебе... Ми зборуваше и за пријателството и за тоа колку не веруваш во тоа зошто е само “глупава, слепа работа за слабаци„. Се беше глупаво за тебе. И сите беа слабаци. Ама чекај, нели сме најдобри пријатели? Излези од колата, ми рече.
Излегов.
Стоев на топлиот дожд неколку минути, кога ја видов твојата кола како се движи во моја насока. Влези.
Влегов.
Уште десетина минути неповрзан муабет на кој не се сеќавам, знам само дека имаше бес и револт во твојот глас... Те сакам. Ги слушнав зборовите и мислев дека доаѓаат од радиото. Ме слушаш ли, те сакам. Да, јас силниот, закоравен радикалец, што не верува во љубов и слични патетични срања. Ајде, каменувај ме.
Те гледав упорно цела минута, ја изгасив цигарата и ти реков да ме однесеш дома.
Ама ме слушаш ли?! Ти кажувам дека те сакам, дека цело време бев заљубен во тебе, дека го мразам тој скот што те украде од мене, да, јас кој тврдев дека ништо добро не произлегува од чувствата. Те сакам, у курац, проклета да си. Те сакам зошто си посебна, а јас сум слабак како тебе. Извини што ти го кажувам ова...
Однеси ме дома. Излегов од колата.
Следните неколку месеца правеше се што е во твоја можност да ми го загорчиш животот. И тоа само зошто ти сметаше дека ќе можеш да ме направиш посреќна одколку што бев со него.
Вистината беше дека ти мразеше порази. Мразеше да губиш, затоа и беше толку упорен. Стана толку налудничав што почна да ме плашиш. Љубовта е карактеристика на слабаците, така беше? Кој е слабак сега?!
Колку силно си стоеше на своите зборови додека ме учеше како да опстанам на светов. Како да бидам силна. Кога беше моја потпора и мој учител. И се што сакав да станам, а не можев. Зошто сепак сум човек.
Сега испадна најдобриот актер меѓу сите нас. Гледаш, на крајот сепак испадна најдобар во нешто. Тоа и го сакаше, нели? Најдобар актер во театарот наречен живот, ете ти.
Кога отидов да ти положам цвеќе, сакав да поразговарам со тебе. Да ти кажам некои работи. Ама немав што да кажам. Дури и да имав, не знаев како да го кажам. Сега те нема, и нема кој да прави да се чувствувам ниско и побезвредно од колку што навистина сум. И немаше кој да ме задржи кога ќе се сопнев и да ми подаде рака кога ќе паднев. Или да ме гушне и утеши кога ми е тешко, кажувајќи ми колку е мизерен мојот мал живот. Да ми каже колку сум посебна додека ми ги брише солзите, иако по стоти пат ми повторува колку сум слабак.
Ретко доаѓам да те посетам, ретко мислам на тебе.
Почивај во мир, ебате.
(завеса)



(не е моја автобиографија:))
 
( Се слуша силно ТРАС со затварањето на влезната врата. Се појавува млада девојка. Бесно ги фрла чевлите. Летаат на две ралични страни од ѕидот, оставајќи темен траг. Јакната ја фрла со силен замав, ама место да слета на креветот, паѓа на малата маса, па на земја заедно со шолјата полуиспиено кафе.)

У ПМ, до кога ма, до кога? Ма се у курац! И ѕид и кафе и јакна , ма се! Да ти ебам будалата, да ти ебам! До кога ќе си имаш работа со такви недозреани, недоделкани, неприземни створења?

( Се мава со раката по чело, така силно, да останува црвена трага)

Јбг ни самата не можам да си поверувам...( Застанува пред огледалото, си го гледа изобличеното од гнев лице и на таа слика уште толку се намрштува и почнува да си збори, гледајќи се.)

-Гледаш, пак го нема. Два дена не ти се јавил, го заболе за тебе. Знаеш?
Делигле, ма он е обично делигле! Копиљ со превише пари, копиљ што имал превише пички у животов, кои му се нуделе сами; копиљ кој лаже и око не му трепнува, иако ти културно му укажуваш дека лагата си ја сконтала и копиљ, јбг што одлично добро ебе.
Е ова последново ти ги направи сите проблеми. Сите!
Нели ма можеше само да се ебеш без чувства, а? Нели само факбади ќе ти беше и тоа не за долго, туку така да попуниш време, во недостаток на нешто поконкретно. Првите два-три пати и ти беше, ама после тоа покварено невините плави очи, па тоа слаткоречивото усте, па тоа ...ништо од онли секс. А бе, у ПМ !
Се навлеков на него, ко маче на салама, море ко куче на варен пилешки џигер зачинет со Вегета ! Е ова го знаеш од домашниот ти пес, што би се рекло од лично искуство! И сега , место да остане само на тоа, срање, влезе у помија до гуша. Ама, не џабе рекле – Не се бори со свиња, ќе пропаднеш у кал, но на неа тоа и се свиѓа. Како минува времето, уште подлабоко и подлабоко тонеш. ЕЈ! Свести се ма, имаш ли ронка разум, имаш ли троа нешто таму под косата? ( Нервозно подига дел од косата и го мафта )

- И сега почна - па кај си ти, па зошто те нема, па сакав да те видам.. Дрн, дрн...И тоа само си го мислиш, никако да ти излезат зборовите надвор од глава, ама јбг сепак те уништуваат лично. Не ти беше доста еднаш? Сакаш пак, а?
- Ма кои се тие емотивни глупоштини ? Коиу се тие баналности? Нели ти сметаа? Нели ќе беше у чил аут муд? Нели не сакаше љубов, а за врска да не праам муабет..нели..?
( Од џебот на потопената со кафе, јакна, се слуша тивко звукот на мобилниот телефон. Се стрчува ко луда, додека бара по џеповите, ја прскаат капки кафе)

- Па кај си, маму ли ти ја твоја?
...колинг
( Во истата секунда, блажена насмевка и го огрева лицето)
- Ало? ( во гласот ни трага од лутина, цвркоти ко кај врапче пред парење)
- Еј, здраво...ни што , еве по дома. Ти?...Супер...Кога? За пола саат? ...Ок, те чекам.
- ЈЕС! ЈЕС! ЈЕС! (раката високо ја крева во победничка поза)

- Туку дај брзо да се избањам, ќе немам време...
( Тргнува накај купатило, поминува покрај истото огледало од прееска и застанува пред него)

- Ќе дојде за пола саат. Да, да, ќе дојде...Ај, ќе си се порадуваш на саламата...
( Си се насмевнува сама на себе во огледалото, онака значајно и си потпевнува весело соблекувајќи се на патот кон купатилото).
 
Значи новата тема ќе ја крстиме Следниот ден во 8...

Мојата замисла е од текстот подоле да одберете еден лик и да го сработите. Убаво е да одберете различни ликови. Може што прави ликот за време откако ”јас” поминувам од кај него дома, но главниот дел е Следниот ден во 8... како бадниковата вечер ќе се одвива останува на вас...
(инспириран од претпоследната тема, кога членовите убаво се сплотија во заедничка тема)

Лани, пред Бадник имавме намера да кренеме оган до небеса. И се организиравме убаво. Јас бев прв помошник на чичко Боро, стариот од карши, што живееше сам, кој си зеде задача да го организира целиот настан. Среди за ракија, набави дрва, се цакум-пакум. Јас имав слободно време откако ме остави девојката и го шинав палецот на раката, па тренинзите не доаѓаа во предвид, и го искористив со чика Боро. Ми рече да поделам покани низ маало и јас си тргнав. Баба Благица ми рече дека ја боли грбот ама ми даде сто денари, рече дека толку има, и не пропушти да ми се пожали како нема за лекови. Веднаш до неа, родителите на Злате неволни ми дадоа двестотки и тивко без да изустат збор ми ја лупнаа вратата. Злате се отсели со жена му, не го ни очекував. Добрила и Диме очекував да ми прават проблеми, па ме испитаа кој ме пратил и зошто, кај ќе одат парите и како тоа токму мене мораат да ми ги дадат. Им искамчив 50 денари. Трајче го начекав на вечера. Фин човек, веднаш насмеан ме покани, ”Влези де комши, ќе каснеме”. Учтиво го одбив и му реков ќе се вратам подоцна откако ќе заврши да му го проверам новчаникот. Рече благодарам, со време да ги скрие еврата, кои, меѓу другото јасно е како бел ден дека ги немаше. Од Крки ми беше глупаво да барам па ја пратив баба ми. Живееме сто години тука преку една куќа, на цело маало им вика добар ден, мене ни збор да ми каже. Човекот изгледа е фин, ама нешто кај мене не му се допаѓа па на баба и дал 200 денари. Карши кај тие адвентистите незнаев ни како да им барам, ни од кого да им барам. Се појави една женичка со црна кратка коса, рече се вика Марија и ми тутна 500 денари. И велам многу се, а таа ”нека се најдат”. Во зградата краши мене, од кај Мики земав уште стотче и закажав серва задутре ако биде добро времето, а на втори уште на врата ја начекав баба Трајанка како ми го шпиунира муабетот од први спрат. И објаснив, неволно ми даде 50 денари и бомбончиња. Фина бабаичка, само бомбончињава од пред два века се... Имав доволно собрано па и реков да им каже на другите да дојдат вечер и да донесат нешто ситно придонес. Ме мрзеше да се качувам а и имав вишок бајаги од овие секташиве. Се вратив кај Трајче и му кажав дека сум средил, да помине утре во 8, и да не пие пред тоа многу. Ќе има ракија колку сакаш. Проба да ми даде пари но не успеа, му се размавтав со петстотката... ”Американциве се пуни ко брод”, имам и повеќе од доволно, уживај. Следниот ден во осум...
Викторгг напиша:
Значи новата тема ќе ја крстиме Следниот ден во 8...
Мојата замисла е од текстот погоре да одберете еден лик и да го сработите. Убаво е да одберете различни ликови. Може што прави ликот за време откако ”јас” поминувам од кај него дома, но главниот дел е Следниот ден во 8... како бадниковата вечер ќе се одвива останува на вас...
(инспириран од претпоследната тема, кога членовите убаво се сплотија во заедничка тема)
:zlo: И нека премсета некој шо пари собравме, па најмалиот член ќе иде по пиво (не ракија, многу е јако) :vozbud:
 
Добро, што не е јасно во постов на Виктор? Се` избришав и ве молам убаво прочитајте која му е замислата и поентата. Точкест, врска нема твојот пост со тоа што треба да се пишува.
Плус, со болдирани букви е напишано кои се ликовите и од кои можете да одберете, па да создадете приказна.

На сите ви препорачувам да го прочитате ова уште еднаш.
Викторгг напиша:
Убаво е да одберете различни ликови. Може што прави ликот за време откако ”јас” поминувам од кај него дома, но главниот дел е Следниот ден во 8... како бадниковата вечер ќе се одвива останува на вас...

И одберете еден лик (пожелно е да ни доловите за кој лик се работи) и потоа другите да продолжат со останатите.

И размислете пред да пишете, дајте да направиме убава приказна. Замислата е добра, останува на нас како ќе изгледа крајно.

SWEDEN е баниран од темава. И покрај тоа што и по пп му објаснав што треба да прави, продолжи со глупости на темава. Одмори малку, па ќе те одбанираме.
Се надевам дека ќе се појави некој што сфатил што треба да се прави со зададената тема:pos:
 
Баба Трајанка седи на омилената столица во својот дом. Црно-белиот тв приемник менува интензитет на светлина. Мириса на вариво.Доаѓа од шпоретот.

На масата се забележува весник. На некоја од последните страни, кај тажните помени има слика од едно момче. 24 години. Леукемија.

Баба Трајанка го гледа и полека зборува:

"Мореј, сато 6 и пол се стори, а почна галамата. Дечишча будали, дал имаат татко и мајка... Се разгракале, пуштиле музика, вреснале, човек да не можи серија на Пинк да си гледа на рает... Интересна серија. Најуба ми е. Заш ми е најуба?

Секое сабајле Цвета ќе ми тропни на пенџере да ми кажи дека кафето е готово. Знам дека со неа и со Голабе ќе си прогориме за.. чекај сега синко, ќе ја грешам...Како пиши на веснико тука? "Лимонадас уно нон цукеро" да и името не било да и не бидит, неможам да го погодам. Сега да ти кажа ја, знам оти овај Диего е расипан, параспур. Курвариште било, да не бидит. Абре со сестра му љуБоф да прајт бивало, ал не? Ами како не знаел оти му е сестра, јас како знам.. Е... Диего, Диего... арно ми ти беше со Глорија. Проклетија луѓе, парите саде проклетии носат.

....

Музиката не прекинва бре. 8 сатот дојде. Да знаев оти вака ќе трескаат немаше да им дадам бонбони. Налет за петте миљарди, бонбоните од неста ко су била су ги чувала. За коледе саде по 2-3 су давала и никому друг. Не дека некој дома ми влегол многу од како ми си отиде Теодос.. Ете бре синко, да не пукниш, кандилото на Света Ѓорѓија ќе заборавев да го запалам.

Ауу, ова ли е бре музика...Синко, џиздојве почнаа да скокат, цела зграда сосе мене се тресеше... Па едни огној што вивнаја... Да можев со бастунчето да им фрлам по тоа радијата од втор спрат, да би им по глава скокале, па неможам да заспијам...Што? Бадник? Абре каков бадник во ниедно време.. Си бев јас в црква, свешта си запалив, толку. Треба да се спие на време. Денес младинава нигде не оди. Глеј бре синко, колку саде се дроговет? А? Како знам? Еее.. знај баба Трајанка, знај... Гледа на вести. И то за некој ленти со липој-плипој некој, како ги викаа... Све ти знај баба Трајанка. Секој ден, во 8 си ги гледам вестите. Вистина, одкако си замина Теодосије мој, нема кој да ми праи костени во 8 и пол... Ам како заш? Вести ко вести, да си позбораш со некој дури траат. Кој? Цвета и Голабе? Е, бре синко, тие бетер од мене се. Цвета жими еднашка ко бевне помлади, накај шеисе и три имавме, ме однесе на боза. Да би пуста кукала, да не пукни бозата многу уба беше.Ден денес памтам. Мераци. Ама овие нозеве да ми не биле, да би, не ме крепат веќе. Од тогаш еве тринаисе години минаја, врт-заврт по дома само. До на доктур едино ако ме однеси внучето мое, само тогаш излегувам. Внучето? Злато убо, секој месец ми иди. И шудо бре едно...истио ден и пензијата ми стига. Секој месец среќа ми е тој... Поштаро ко да го прати него, та и пензијата во исти ден ми ја носи. И јас зато му давам по некоја банка. 300 миљарди де, колку и ти сега... Да си купи чиколатче и сокче. Невеста да почасти. Голем е веќе. За женење. Како бе колку има? Ами седумнаесе наполни пред два месеци... Абре синко право да ти кажа..."

БУМ!

Одеднаш, се слуша силен пукот. 08 и 17 минути. Врискотиници, збунетост и очај. Кршење на стакло. Прозорите кај Баба Трајанка прскаат на милион делови. Неколку секунди, тотална збунетост. Баба Трајанка паднала на земја. Делува мирно... Едно од парчињата стакло ја беше погодило во вратот. Модра, измачена крв бликаше како од чешма. Со последни сили, и во бунило ја подотвори устата и промрморе:

"Бегај синко... Германците дојдоа... Бегај кај партиз.....Фашисти. Бегај..."

Последен здив...Каков Бадник еј...!!! Крај на патот. Бесмислен крај. Нели?

Пискотниците продолжуваа со посилен интензитет однадвор. Никој не го забележа последниот поздрав на старицата која секој ден од 15 до 16 висеше на прозор, гледајќи кој кога дошол од на работа, што ќе прави за ручек и со кого си заминува дома. Истата старица која кога ќе ја приметиш дека шпиунски виси на прозорот на втори учтиво знаеше да каже: "Добар ден комши! Шоубо време, си излегов малу воздух да ме фати..."

Неа ја нема повеќе. Останаа само бастунот, старите коски и подзамижаните очи, сини очи на чудната старица. Се гледаше од нив и од цртите на лицето дека некогаш била вистинска убавица. Крадец на погледи, убиец на соништа. Вистинска дама. Одгледала 2 деца. Синот веќе одамна не зборуваше со неа. Не ја ни посетуваше дртавата старица со излапен мозок- како што ја нарекуваше својата мајка. Ќерката доаѓаше секоја година на нејзиниот роденден, 27-миот ден на месец мај. И носеше мал букет набран од некоја градина во комшилукот и сутлијаш; бабата одамна ги беше загубила забите, вистина, ама меракот за сутлијаш никогаш не и гаснеше. Ако Трајанка ја познаеше ќерка си - заминуваше весела. Ако не, ништо ново ќе прокоментираше.

Каков бадник... Мирисот на изгорено дрво веќе беше потполно непрепознатлив. Се чини... мириса на изгорен човек?!

Каков бадник.
Наместо музиката, се слушнаа сирени....
Парче весник леташе во воздухот вознемирено, како златен лист кој го пее посмртниот марш на патот кон вечно ладната земја.

Хартијата е на земја. Може да се прочита напишаното со големи лилави букви: Честит Бадник!

Каков бадник...
 
- Зошто му даде бре толку многу пари? Знаеш ти колку се 200 денари? - дрско светнав со очите откако ја треснав вратата. - Баш стоев тука за да видам колку ќе извадиш од џебот, па како за инат сите му ги даде! Сега што ќе правиме? Со што ќе купиме чоколадо за Томе кога ќе одиме задутре на роденден? Внуче ни е ееееј! Со празни раце ќе се појавиме? Пу јаз`к да ти е! Огон да те изгори!
- Де бре жено улава, доста се дереш! Преку глава ми е од твоите коментари! Поради тебе никој не ме поздравува од комшиите, како алапача некоја си и уста не затвораш! - заминувајќи во дневната го слушнав Митрета како продолжи да се расправа.
- Немој ти мене алапача, неспособен еден низаеден! - продолжив и јас кога се појави во собата. - Знаеш дека живееме со мизерна пензија, едвај крпиме до петнаести, а ти ми се правиш некој богаташ со тоа што се расфрли со парите. Мислиш дека со тоа повеќе ќе те ценат? Мислиш детиштево што дојде на врата ќе рече дека ти си му дал најмногу од сите? Ќе те видам како ќе се усрамиш кога ќе се појавиш пред гостите и кога ќе ти се стрча Томче златното да види што сме му купиле.
- Аман мор престани да ми ги јадеш живците, престани еднаш засекогаш, затни ја таа муцката! Па празник е, ќе се собереме со комшиите, Господ грев ќе ти пише што трескаш со таа устата! Ќе седнеме како луѓе, ќе се напиеме по една ракија, ќе замезиме и ќе си одиме дома среќни.
- Пијаница една, ракија ќе пиел тој! - веќе не се трудев да внимавам колку го повишувам гласот, крвта ми зовре. - Малку ти е што секој ден си пијан? Малку ти е што како труп заспиваш на масата пред телевизор и потоа јас треба да те облекувам во пижами, да го гасам пустион телевизор и да спијам на кауч за да не ми б`здиш на алкохол? Ти се плукнам во животот! Да бев малку помлада немаше ни да се мислам дали да те оставам сам да пукнеш и да црвосаш во гнасотии! - продолжив да наддавам, не можев да престанам како и секогаш кога ќе почнев. - Морееее кога ќе ми текне каква грешка направив, ми иде да се фрлам од терасава. Будала јас. Требаше пред дваесет години да си заминам со тој што дојде со мерцедесот на гости кај комшивката, убаво ми велеше дека ако заминам со него ќе ме гледа како кралица, дека ќе имам живот со него. Ама јас будала, глупава жена. Останав овде да те крпам, да ти готвам, да те перам, нозе да ти мијам. Сега како госпоѓа ќе си живеев во Америка, па сите да кршевте глави!

Додека зборував, Митре си го зеде чавчето и шишето со ракија. Знаеше дека нема да престанам за брзо. Со забавено движење си тури, па на екс ја мавна. Си тури уште една. Знам дека го стегаше во срцето секогаш кога ќе почнев да дрдорам за минатото, кога ќе го потсетував дека поради него живеам мизерно и сиромашно. Јас го разбирав, знаев колку го погоди тоа што го избркаа од работа и не можеше да најде нова, а ни пензија не оствари ни бутур. Пропадна после една година, остаре наеднаш, се пропи и немаше ни трага од тој човек за кој се омажив.

- Земи ја метлата, земи ја. Немате пари да купите една првосмукалка, раце ти отпаднаа од метлата распадната, - не престанав со расправање, а и тешко ми беше да заќутам кога ќе почнам. - Та и оној син ти Злате аир да не види, не` запусти. Давај, давај, давај се` што имаш, за после да замине и очи да не му видиш. А онаа ашчетијана негова? Господ да би не дал да ти е в куќи! Додека не направија пари знаеја овде да чмаат двајцата, да ги гостам и перам сите. Им тргна тро работата и одма изјавија дека сакаат да си одат на страна. Ни да помогнат сега, ни ништо. Не дошол да види и да праша дали имаме пари да платиме струја и вода. Мореее само онаа негована е виновна, таа го набоцка против нас, па сега гледам дека и внучено не не` гледа со исти очи. А ти будала пак да ја почитуваш и честови да и` правиш и „невесто” со полна уста да ја честиш! Бу-да-ла у! Еден да не се видите!
- Доста мори, престани да ломотиш, преку глава си ми со твоите змии од уста што ти излегуваат! Отровнице! Ме дозапусти, мамата ми ја расплака! Ти ги избрка, ти си крива што си заминаа од дома! Стојанка секој ден плачеше поради тебе и твојата погана уста, нормално дека ќе бара да бега од таква дијанија како тебе! - веќе се плеткаше додека зборуваше, очите му беа крвави и устата му светеше.
- Мрсулка! Таа најде да ми кажува мене дека не треба алиштата да ги перам на 20 степени, таа ми кажува дека супата е подобро да се вари на тивко, дека чаршафите се за перење!

Најверојатно гласот продираше и низ пукнатините на ѕидовите, чув тропање. Тоа беше комшивката, баба Благица тропаше со бастумот како и секој ден. Сигурно и` пречеше бучавата, ама ич не ми беше гајле.
- Да не дојдеш и да ми мислиш ти за домашниве работи? Ајде сиктер таму, спиј старо дртало едно, - се раздрав во правец на ѕидот од каде што доаѓаше тропањето и малку ми фалеше да отидам и да и` се растропам на врата. - Ах и овој Бадник како и претходните немаше да се нервирам и живци да корнам, само ако си заминев со тој за Америка. Млади и двајцата, јас нагиздена од работа се враќам, а тој дотеран во костум со црвена ружа во џебот и ми тргна во пресрет, - занесена продолжив да раскажувам, како и секогаш кога ќе се сетев на господинот. -Нозете ми се стресоа, како сега ми е пред очи. Убав како од некој филм излезен, умот ми проработе, очите ги ококорив, устата можда и подзината ми остана. Ама проста, си реков дај да се смирам, мажена и со мало дете сум. Тој малку застана, го фати шеширот, ме поздрави учтиво, а јас осетив како се зацрвенав целата. После некој ден, како вчера да беше, комшивкава Трајанка дојде и ми кажа оту странецов ме бендисал и ја пратил да ме праша дали сакам да побегнам со него. Пустата секогаш прати се`, животите ни ги знае како со нас да живее. Ах, да си заминев.

Следниот ден во осум требаше да се соберат комшиите, знаев дека сите ќе се развеселат, ќе има музика, јадење и пиење, ама мене како сите да ми беа виновни и не ги сакав. Кого ќе гледав? Чашиткана од втори? Баба Благица која само се жали дека е болна и нема по апотеките лекови и ги кријат? Скржавците и ситничарите Добрила и Димета? Боро пијаницата што ќе се фати со мојов да бистри политика? Е жими Трајче што е така добар човек, сите други до еден не чинат.

Дојде и тој ден. Арно ми се јави Томе да ме развесели со тоа што ми рече дека нема да прави роденден ако не му бидат таму баба и дедо, ме расплака пустинката, ми го омекна срцето. А како да одам? Што ќе му купам? Со празни раце се одело така? Што ќе речат другите? Тоа чекаат сите, да те озборуваат после, а детето си чека некоја играчка или фанела. Целата со солзи на очите зедов да барам што останало за да испечам од колачите што ги сака Томче, не можев и оваа година да го лажам со тоа дека баба ќе му купи најубав подарок кога ќе има пари. Се зафатив со работа, а надвор се слушаа гласови и сите беа растрчани за да подготват софра за вечерта. Решив да се обидам две тури да направам колачи, знаев дека едвај ќе успеам во тоа, ама веќе решив. Ги испеков колачите, пробав едно и се израдував што никогаш поубави не сум направила. Или така само си мислев. Не ми беше важно.
Неколку минути пред осум веќе се слушаше музика, ечеше улицата. Ѕирнав скришно низ прозорецот, видов како комшиите вртат оро околу огнот, сите беа весели. Оној мојон пустиот беше фатен на оро, игра ли игра. Ми се врати пред очи слика како го запознав на една игранка, ликот му беше ведар, лесно потскокнуваше и како некој дечко ми делуваше. Си реков одам и јас. Се појавив со табака полна со колачи, ја оставив на масата и побрзав да се фатам на оро. Како млада си бев играорка, не ми беше тешко да заиграм, ах младост лудост.
И сите така развеселени не забележавме дека сите сме тука, а само баба Трајанка ја нема меѓу нас. Случајно го свртев погледот и видов пригушено светло и си реков во себе: „Сигурно е зафатена со своите серии на Пинк” и продолжив да играм. Занесени од светлината на огнот, опиени од ведри насмевки, ослободени од секојдневните грижи и расправии не` освести еден силен пукот и кршење на стакло. Сите прво како стаписани стоевме од шок, па почнавме да пискаме и во паника да бегаме. Се слушаа сирени. После тоа не се сеќавам на ништо.

Од тој ден поминаа пет години. Секој Бадник Томе, пустинка тој, сака одново да му раскажувам за тој Бадник кој и јас самата никогаш не можам да го заборавам и ми остна при срце засекогаш. И секогаш среќна раскажувам, но најсреќна затоа што не заминав за Америка.
 
Марија , нова беше во маалото . Изгледаше како пристојна и фина жена со многу тажни очи , со сите беше пријатна ама на дистанца , се тргаше често настрана.
Живееше сама , имаше само една бела мачка на која и посветуваше големо внимание .Мачето и беше друштво и утеха во тешки моменти како вечерва , празници се а на мене никој не се сети. Двете ќерки живеат во Германија , и одкако заминаа таму на школо ја заборавија и нивната мајка . Ако , ке бидат родители дај боже и двете , ќе сфатат колку боли кога се жртвуваш за свое чедо а тоа те заборава и одфрлува како крпа.
Мислите и се прекратија од звончето, на врата стоеше комшивчето и бараше некој динар за бадник.
Му дадов 500 денари , знам многу се ама ако јас имам пари од мене толку од господ појќе. Комшиите ми беа утеха , ќе излезам малце од овие четири проклети зидови и разменам мисли со нормални луѓе .
Ке месам една погача да го означиме денот , се насмеав. Прв пат после долго време сакав нешто да направам за мене . Ми дојде убаво на душата , знаев од истиот момент дека јадот помина . Ме обли благосостојба .
Следниот ден во 8...
Се собравме сите комшии , беше весело. Тука беше и чичко Боро , го погледнав и ме поздрави со чашка топла ракија . Поцрвенета му возвратив на здравицата и го понудив едно парче погача . После веднаш на сите им раздадов лебче , за да не се примети кое влијание има Боро на мене , ама некој ми фалеше. Се опулив уште еднас наоколу и ми текна дека Трајанка не е со нас ..
Мислите ми се прекинаја од сирени , истрчавме сите надвор да видиме што се случило , Трајанка , баба Трајанка викавме сите уплашени , но таа не беше веќе со нас .
 
Ме прати внукот до кај Крки комшијата,па ми даде тој две стотки. Доста се,си велам.Ваљда се доволно. Ми рече оди ти,не сме во “фини’’ односи. Е добро де. Внук - како да му речеш не.
Зимава не беше многу ладна. Али затоа луѓето се сторени бетер мраз. Веќе не ни ги препознавам. Дали мене ме мачи пердето на очите или тие ми ставаат перде за да не ги гледам - не знам,али штом внукот вели не ја бива работата,е стварно е така. Паметен си е тој на баба. Порасна и тој,како низ сон! До некни му купував мастичиња од железните парички,а сега ми вели се скарал со девојката. Еее,внучко,реков,тука не можам јас ништо. Срце каже,срце питај. Скисна детето,не велам не. Јас зготви,тој не јаде,јас прашај го,тој занесен некаде..а и прстот си го шинал па ни на тренинг не оди сега. Остана дома. Добро што го ангажираа парите да ги собере,инаку..ништо. Да е здрав и жив,па за другото ќе си пројде.
Целата оваа збрка,околу парите гледам на комшиите не им се допаѓа,ама што е тука е,на сите џебовите им се дупнати,или само така велат. Јас да пробам да месам нешто ако можам. Ако не ме издадат очиве и рацеве што се тресат бетер суви гранки. Не е работата што ќе се јаде или пие,важно е луѓето за миг да заборават кои се и зошто се и да си простат се,барем на миг.
 
Боривоје Поп Атанасовиќ не е алкохоличар. Далеку од тоа. Тој е само љубител на добрата чашка. Можеби најдобиот не-пијаница кој постои на светот. Здивот редовно му мириса на кој знае што не, а неговите мисли се весели без исклучок.“
-Е да, така ме опиша малиот мој комшија од спротива. А нема врска. Еве пред некој ден беше бадник нели? Сум купил ракија за цело маало, и два дена стоеше кај мене не ја пипнав. Нели не сум пијаница? Го пратив овој малиов од карши, на Славка внукот, да собере пари. Јас ако одам сите ќе мислат за ракија барам. Малиот, алал вера, ги собра за час. Имаше и повеќе од доволно. Рече дека сите биле фини, и дале колку можат. И се заврши добро. Утре дента за бадник... се спремно, организирано, ја кога правам мора да биде цакум-пакум. Мене во војска сакаа капетан да ме направат, ама им немаше значки на тие главните. Жими све. И сега, некаде околу 6 навечер, немам работа, да запалам цигара... немам ни ќибрит. И отидов до мене одма шо се овие во зградава, ама на први немаше никој па се качив кај Трајанка. И тука сега бидна бељата... Ми вели немам ни јас, оди запали ја ринглана, нека се стопли па и кафе ќе свариме. И направив, ама се замубаетивме, стари луѓе заборавивме и на цигара и кибрит и рингла и јас отидов да спремам оганот пред зграда. Почнавме и да пиеме, и да се веселиме, и да џагориме... Кога пукна од кај Трајанка, бог да ја прости, ми текна на ринглата дека ја заборавив. Таа се згреала, а веднаш до неа стои боцата со плин, се загреала, сигурно пукнала. И тоа е друже полицаец, било је несеќа. Шта да радимо, ако треба да се лежи ќе лежимо... А само да знам како успеав толкав оган пред зграда да запалам... кај ли си го најдов ќибритот???
 
Мики е една од најомилените фигури во маало. Секогаш весел, насмеан, спремен да ”подметне” грб кога треба да им се помогне на луѓето што ги почитуваше.
Како малечок имаше нескриена желба да стане политичар, но животот го однел во сосема спротивен правец.
Беше талентиран воен пилот, но при еден рутински лет го загубил авионот, но и видот како последица од падот што за среќа го преживеал.
Падобранот касно се отворил, но сепак доволно за да заврши само со еден куп скршеници. Видот го повратил, но недоволно за да ја продолжи пилотската кариера.

Ја напуштил академијата, и по враќањето во градот се здружил повторно со луѓе од детството, кои се бавеа со сомнителни зделки на времето. Дури стигна и да одлежи 15-месечна затворска казна поради учество во грабеж на бензиска пумпа, и покрај тоа што неговата задача беше само да вози.
Всушност затворот му дошол како логично продолжение на судбината на татка си, кој што беше убиен одлежувајќи ја затворската казна од 20 години за убиство на двајца локални грубијани кои беа обвинети за силувањето на неговата ќерка, сестрата на Мики.
Од пред 7-8 месеци, Мики е горд сопственик на скромен сервис за миење коли во непосредна близина на зградата. Кај него веќе се запослени четворица клинци, некогашни деликвенти кои што Мики ги тргнал од улицата и им пружил втора шанса во животот. Кога има гужва во сервисот често знае да им се придружи и неговата долгогодишна девојка, Ана која што ја запознал спасувајќи ја од самоубиствената намера да скокне од горната тераса на зградата. Мики никогаш не можеше да разбере како тоа битангата Ѓоре Црниот можеше до толку да и го искрши срцето за да се одлучи на таков радикален чекор. Но сепак немаше доволно благодарност кон Црниот што отфрлајќи ја од себе практично ја втурнал во неговиот живот.
Каква иронија, не ли? Викаат после дожд секогаш изгрева сонце, но кај нас у маало, знае и да зачука град. Ова не е приказна за неколку обични парчиња ДНК од нашата секојдневица, ова е приказна за личности од комплексот згради кај што флањето ѓубре од 6-ти спрат е нормална појава, комшиите се маваат со шрафцигери, а децата ги вртат ливчињата од кладилница наместо сликичките од Светско Првенство. Плус она срањето со експлозија кај Баба Трајанка. Ќе се случи ли нешто нормално тука во догледно време?
 
Чичко Боро беше најстариот во нашето маало.Ќе седнеше во својот двор околу два попладне,со салатичето,ракијата и весникот и секогаш велеше:-''Море,се изменија времињата.Сега девојка треба да ја возиш во порше,а во мое време привилегија беше да се отиде и во Ванила''.После ручек имаше обичај да ги викне малите во својата градина за да си играат.-''Улиците се опасни за топка,а и мило ми е кога повторно се слуша детскиот џагор во мојава куќа''.

Навидум весел човек,кој има се што му е потребно и ништо не му недостасува.Остана вдовец на млади години,жена му почина од рак,а за децата се грижеше самиот.Имаше два сина-едниот е женет и има две девојчиња,а другиот работи во странство.-''Му велев јас-синко,пуста туѓина,никој немаш таму за да му се пожалиш,не е се во парите и кулите од куќи,тој не ме слуша...еве,како 6 месеци не знам ништо за него,ни дали е жив,добар ли е,дали има гроб за да можам да плачам на него''-раскажуваше чичко Боро за својата животна приказна,а ние внимателно слушавме.

Еден ден поштарот дојде подоцна од очекуваното.Беше 8 часот претпладне,на Бадник.-''Аман бре,и вас ли уште ве мачат на работа-велеше чичко Боро.Одете со фамилијата одморете се,видете се...брее расипана држава,делник празник исто му се фаќа''.
Поштарот само грчеше рамена,и бргу бргу му го подаде писмото адресирано до чичко Боро.Сите се чудевме кој би можел да му пише,тој освен комуналии,не добиваше ништо.

Се што видов потоа беше бледото лице на чичко Боро,како цел свет да се сруши пред него.Тој човек со румени образи пребледе како крпа.Се струполи на земја.Среќа што имав љубопитен нос па ги ѕиркав соседите секојпат кога ќе ми се пружеше прилика.Викнав по помош,амбулантната кола пристигна и го однесе чичко Боро во болница.Јас набрзина го земав писмото и на никој не го покажав,ионака тогаш сеуште не знаев да читам.

Сите се прашуваа-што се случи со чичко Боро?

Тој умрел на патот кон болницата од излив на мозокот.Не успале да го спасат.
Пред некое време го најдов писмото сокриено во некој шкаф со работите од моето детство.Бев заборавила на него и неговата содржина.Кога го прочитав,се ми беше јасно.

Неговиот помлад син,оној што работел во странство,бил убиен од тамошните мафии.Го повикуваа да ги земе посмртните останки...без да знаат дека и овде едно осамено срце згасна.
 
Трајче

Ситуација.... Следниот ден Трајче ухапсен, се од фамилија дома заклано. Ладнокрвно убиство, Трајче ни пет ни шес на судијата му вика: „Ги убиф друже судија, ама че да ви објаснам!“.
Судијата расположен за прикаска му рече да продолжи.

Трајче - Се почна од чера вечерта ко дојде, тој матрапазо од комшите пари да ми бара за коледе. Јас го избркаф поштено не му дадоф пари. Ама та жената ми почна лања да ми јади.

Значи, вратата се затвора Трајче се враќа да вечера:

Женатаму - Кој беше бе?
Трајче - Абе овај малио од комшите нешто драпа мадиња.
Женатаму - Оти шо?
Трајче - Шознам бе, пари ми бара таму оган ќе палеле за Коледе. Како не бе, многу го ебам јас него. Така сол немам вочи да си фрлам, него пари ќе му давам.
Женатаму - Абаман Трајче шо чурук чоек си значи, шо не му даде едно стотче барем, колку муабети да не ти вадат.
Трајче - Абе шо, куро ме боли шо сакат нека зборат. Ама ти гледам многу почна да ми се расфрлаш со пари. На овај баламуро сеа пари да му давам. Шо муабет?! Ќе почнам строго од сега нема лабаво. Шо е ова?!?
Туку остај ти то, дај собирај ја ова вечерата тука и ела да си легниме.
Женатаму - Е шо ќе прајме толку рано Трајче, 9 и пол е сато рано е за легвање.
Трајче - Да се чудиш шо ќе прајме. Ќе те клецам шо сакаш да прајме, оро да не сакаш диграме.
Женатаму - Ах не мом сега, какво клецање уморна сум и плус то утре треба за на работа рано да станвам.
Трајче - Абе аман шо мизнакажа. Шо си се сторила мори ти ваква за нигде. Море газ стопанкин дебам, шо е ова работа.

И така, после манаф една партија со МиЛЕВА и Десанка, пошто жена ми ич од кур не ме мана и си легнаф. Сабајлето, станаф за на работа уште со рано-рано и ја скорнаф женатами да напрај нешто да мезнам. Каснаф тро колку да се речи и ојдоф на работа. Ко се вратиф дома умрен за јадење. Влегвам фкујна шо да видам, на маса ништо за јадење, во фрижидеро такуѓере тек тук по некоја зимница смрдена и една манџа черашна. Ааааа рекоф пичурник мајчин дебам ќотепам некој.
Судијата - И зато ги отепа сите?
Трајче - Не бе друже судија, разбирам и жена ми сима работа можи нема време да зготви.

Туку после то, слушам ми офка некој во спалната. Влегвам шо да видам, Цане бавчата качен на жена ми ја клеца. Збеснаф!!!

Судијата - И ги отепа, а?

Трајче - Не бе, разбирам сеа сима жената потреби. Јас ич не сум дома, по цел ден на работа. Биологија е во прашање, нема тука шо.

Ама после влегвам кај син ми всоба, гледањеееее. Па поарно, ќор да беф да мубам мајкада, ќерка ми вуста земено куро на син ми, а тој со шприцо дирек в вена се мава.

Судијата - Ах, те разбирам премногу беше, мораше да ги убиеш?

Трајче - Не бе, имам разбирање за тие работи јас. Знајш како е, млади луѓе сеа експериментират не мојш да му забраниш.

Судијата - Е добро да мубам мајката, зошто ги отепа тогаш?

Трајче - Како бе зошто?!?!?! Влегвам во дневната, ШО ЌЕ ВИДАМ!!!!! На скапа струја ПЕЧКАТА НА 3 ЗАБОРАЕНА. Е не можеф појќе, збеснаф.
 
Okay, шо е тоа е... последнава тема некако разочарувачки за мене, или пак очекував сензација. Изгледа треба да се помирам со фактот дека случајната љубов изгледа поубаво од режирана еротска сцена... како и да е... време е за новата тема... таа гласи, заради одреден сплет на околности... Време е да одам...
 
Време е да одам...

Дами мои,не ме чекајте да дојдам во ноќта.Ноќта е веќе изнемоштена за да ги поднесе сите неправди кои ви ги нанесувам на веќе вашето кревко срце.Бев за вас единствен,но вие бевте многу за ова срце кое само на чуден начин ја бараше вистинската љубов.

Дами мои,кога светлата ќе се изгаснат,не помислувајте на страста која ја водевме под завесите на глумата.Се беше со цел да ја најдам онаа која и покрај моите карти за тактичка заводливост,ќе ги остави светлата запалени.
Не ве научив што е љубов,но вие ме научивте на преданост со душа и тело,нешто што никогаш не ми поаѓало од рака.Живеев за забранетите погледи,без да вкусам од шербетот на нежноста.

Дами мои,кога веќе ја најдов вистинската,таа замина,остави само порака.''Која личност ја запознав?Дали си ти тој вистинскиот под маската на суровоста и бескрупулозноста?Како и да е,се плашам од твојата љубов,не барај ме повеќе каде што зората и утрото се бакнуваат''.

Дами мои,време е да одам.Ги собирам сите љубови,сите проколнати бакнежи,сите незаслужени чаши вино испиени од вашите усни.Отидов да го барам вкусот на нејзиното вино,да ја претворам ноќта во зора,да го втерам во прогон моето срце...да ја барам неа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom