Тука пишуваме на зададена тема

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Беше видливо среќна.Го испробуваше снежно-белиот фустан за својата венчавка.Го гледаше својот одраз во огледалото,одразот на својот љубен.Белите рози ја украсуваа нејзината руса коса,а очите и блескаа како два дијаманта.Сите и се воодушевуваа на нејзината појава,ангел од небото.Дојде и тој миг-кога зачекори кон олтарот.Како да сакаше да полета во прегратките на саканиот.Тој ја гледаше со љубов,како најсветото суштество на светот.Обредна церемонија,срамежливо-невин бакнеж,овации,отворен пат кон живот исполнет со радост,разбирање,љубов.


Беше видливо тажна.Ја испробуваше својата вечерна униформа,знаејќи дека најдобро и стои.Го гледаше својот одраз во огледалото,одразот на својот најлош кошмар.Русата перика ја прикриваше нејзината долга црна коса,а очите и беа темно нашминкани за никој да не види дека плачат.Сте се чудеа кога ќе се појавеше-ѓаволот од рајот.Дојде и тој миг-кога зачекори пред сопствениот суд.Чекореше бавно,како да сакаше да ја одложи нејзината казна.Тој ја пиеше со поглед,како да е неговиот купен ангел.Валкан танц,перверзен бакнеж,тишина,отворен пат кон живот исполнет со тага,посесивност,омраза.
 
Преку ден се смеам, ноќе плачам. Седам и мислам на тебе, спијам пак мислам на тебе. Живеам за да умрам, умирам за да другите живеат. На среќата и го заборавив ликот, тагата ми стана најдобра пријателка секој ден си пиеме кафе. Белата позадина се изгуби во кантата, црната позадина преовладеа на мониторот. Те сакав секој ден, те мразам секоја ноќ. Ми недостасуваш како лик, одбивна си ми како психа. Имав надежд, надежта последа умира значи дојде крајот надежта е мртва, но личноста е жива. Пасивно те набљудувам, активно те избегнувам. Апсурд...
 
Спротивно од тоа..

ying-yang..
Јинг јангот претставува возобличение на животните спротивности!
Црниот надворешен круг го претставува животот/универзумот со еден збор СЕ! внатрешноста е исполнета со два облици исполнети со црна и бела боја! Кога го гледаме симболот на јинг и на јанг добиваме импресија дека тие се константно во движење од јинг кон јанг и во обратната насока..тоа се двете енергии кои преовладуваат во човековото битисување..
Црното "YIN" симболично претставува темнина, пропаст , ладност, пасивност и уште неброено многу мрачни работи!
Додека белото "YANG" претставува светлина, чистота , издигнување, активност, емоционалност и ведрина!
Секојдневното соочување со доброто и злото како најголеми спротивности јинг-јангот го илустрира тоа на една едноставна шема. дека во секое добро има понешто што не треба да биде така (црното поле во белиот облик) и спротивно од тоа (белото поле во црниот облик).
Во овој краток есеј нема никакви измислувања..едноставно ова е малку подиференцирано опишување на темата.
Со почит
Иван Ѓорѓиевски
 
”Спротивно од тоа...”

Ја затворив полека врата и ги скрстив рацете,се затворив во слика и постојано си ја повторував случката...кога се сретнавме,кога ја бакнав,беше совршено...после се,таа не беше веќе малото девојче со кое секојдневно игравме криенка,легнав задоволен на креветот,знаев дека тој ден ќе ја сонувам но не сакав да спијам,знаев дека тој момент долго ќе го памтам но не сакав никогаш да го заборавам,истрчав надвор и се слеав кога ја видов како поминуваше од спротивната улица со нејзините другарки,нејзиниот поглед беше свртен кон мојата куќа,знаев дека мислеше на мене,и таа ме виде како стојам пред сината,висока врата,ми намигна и продолжи...не сакаше рајот што го создадовме да се претвори во пекол од љубомората на нашите таканаречени пријатели,и секако родителите кои љубовта на нашите години како да ја сметаа за грев,го зедов цветот кој беше го донела како спомен на местото каде што нашите усни ја загубија невиноста и го ставив во вазната покрај креветот,тој беше цветот што го скинав на местото каде што прв пат ме снајде чувството на лебдење, каде што се појави првиот момент на љубов,несигурност,плашливост и уште милиони други чувства соединети во едно чудно,но прекрасно чувство кое дојде како плод на нешто не-доживеано досега...размислувајќи за денот поминат ги затворив очите....но нешто не сакаше очите да останат долго отворени,и наеднаш го слушнав гласот на сестра ми која изнервирана ме прашуваше каде и го оставив моливот за цртање,и зошто сум го зедол без да ја прашам...моливот го најдов,сеуште нерасонет забележав дека цветот го нема...се натажив,но си реков...нашата љубов никогаш нема да биде сместена во еден цвет,туку во многуте часови заедно...бевме договорени да се сретнеме во 12 пред паркот...не можев да чекам толку долго...веќе бев го почувстувал нејзиниот бакнеж,но чукањето на срцето не сакаше да престане да чука забрзано и веќе во 11 и 30 бев ја расчистил клупата и седнат со цел букет за неа...чекав....времето минуваше,дојде и 12 и 15,но неа ја немаше....наеднаш слушнав чекори,ја препознав!Таа беше...излезе во пресрет и силно викнав...Ангела!Се сврте,и рече...Михаил,што правиш?Јас среќно и одговорив непрестанато те чекав да дојдеш,и ги дадов цвекињата....но таа ме погледна чудно и ме праша,што ти е Михаил?....Јас зачудено ја погледнав и си помислив во себе...зошто така ми прави...дали сака да игра некаква игра со мене.....Застанати се гледавме меѓусебе,без да си кажеме збор,без да се запрашам што се случи што направи таа да ме негира ја бакнав...ми залепи шлаканица и избега.....ги гледав нејзините раце како го покрија нејзиното нежно лице а неколку солзи се сронаа на тревата...не можев да издржам,заплакав и јас,седнав на веќе расчистената клупа ја наведнав главата и го видов цветот кој требаше да стои до креветот, прегазен под мојата нога, како го испушта својот последен лист, означувајќи го крајот на нешто што никогаш не беше почнато
 
Те гледам! Со поглед полн со љубов... Го гледам секој дел од твоето тело, лице... Ја гледам твојата прекрасна насмевка и се насмевнувам и јас. Ги гледам твоите очи и се топам. Го гледам и следам секое твое движење... Впивам се од тебе. И повторно ги кршам сите ветувања дадени на себе си... повтроно паѓам пред тебе... повторно се заљубувам!
Застануваш до мене, ми зборуваш, ме задеваш, ми се насмевнуваш- МЕНЕ! Потсвесно, интуитивно... очајно ја користам близината и ти крадам по некој наивен допир. „Боже! Што правам?” си мислам во себе и ми поминува мислата дека всушност со тоа станувам свесна колку сум заљубена, колку те сакам... Ме маѓепса! Цела вечер како да бев во рај!




Те гледам... Со поглед полн со омраза... Го гледам со бес, гадење секој дел од твоето тело, лице... Ја гледам твојата вештачка насмевка и правам некоја искривена фаца. Ги гледам твоите очи и се потресувам од сите лаги во нив. Одбегнувам повеќе да те гледам... Отфрлам се од тебе...
Останувам верна на ветувањата дадени на себе... не паѓам повторно пред лажноста на твојот изглед, шарм... те мразам!
Ме одбегнуваш, се понашаш, ме игнорираш, праќаш ладни погледи.
Свесно, осмислено го будам „лошото” , одбрамбеното во мене и со секој збор и постапка ти давам до знаење колку те презирам... правам се за да те повредам. „Боже! Што правам?” си мислам во себе и ми поминува мислата дека всушност со тоа станувам свесна колку сум огорчена, колку те мразам... Ме уништи! Цела вечер како да бев во пеколот!
 
Здраво.
Како си? Дали ти се денес подобро раните?
Изгледаш добро.
Изгледаш здраво.
Изгледаш топло.
Изгледаш како всушност да имаш поглед и смисла и длабочина и бескрај.


Догледање.
Не ме интересира твојот очај. Не ме погодуваат твоите изливи на вишокот бледост.
Личиш на истрошен извалкан филтер.
Личиш на коса без сјај.
Личиш на испукана усна.
Личиш како всушност никогаш да си немал поглед и смисла и длабочина и бескрај.


А ти си и двете.
 
Ме убива чувството на празнина. Не знам веќе каде,не знам што,не знам ништо. Ме разоружува секој негативен збор и тогаш не сум ништо освен едно ќутливо теле. Излегувам и не сакам да се вратам дома. Тешко ми е одново да се судирам со прашината што ја дишам и сечиите проблеми. Ги имам веќе доволно свои.
Штета што не можам барем за миг да речам ”-Гајле ми е за се.’’
Ја барам слободата,а гледам дека не ми е потребна. Потешко ми е со неа. Моите години велат дека сум дете,а јас тоа го сфаќам само кога гледам дека животот ми создава премногу тешкотии за моите години.
Нема Јинг и Јанг пред моите очи. Моето име носи белина..а пред мене се е црно.

Ме исполнува чувството на среќа! Сега знам каде,знам што,знам се!
Не ми може ништо ниеден негативен збор,со нив се борам со пестициди! Долетувам дома лесно,ме исполнува чистината и среќата во воздухот. Убаво е чувството кога сонцето ги брка сите проблеми.
Среќна сум што не морам да речам дека се грижам за се и дека ми е тешко. Слободата ми дава крилја,и ме прави лесна како пердув. Не постојат бајки се додека јас не ги створам,а мојот живот е токму тоа -една бајка!
Не ги барам Јинг и Јанг пред своите очи.Немам потреба да мислам на црните дамки на својата бела прекривка. Моето име носи црнина..а пред мене бело е се!



П.С Не сум многу сигурна дека замислата беше тоа да изгледа вака некако. Барем пробав :)
 
- Грд си.
- Камо да бев.
- Зошто?
- Ќе те ебев.
- Сакаш да кажеш дека сакам грди?
- Не.
- Туку...?
- Те ебат грди.
- Јас те сакам.
- Ме нарече грд пред момент.
- Носеше сандали со бели чорапи вчера.
- Точно.
- Значи?
- Грд сум?
- Не.
- Никогаш нема да те ебам нели?
- Аха.
 
Нашето мало Ангелче:angel1: , малата убавица со мудрост ко Соломон:costumed3 и итрост како Луцифер :devil2: ни предложи следната тема да биде за она што не никогаш нема да и се случи, но нам веројатно веќе и ни помина болката од тој случај. Темата вели... “Дента кога ме избркаа од рајот“
 
Дента кога ме избркаа од рајот...

...беше денот кога добив свое јас...кога станав одговорна за своите постапки и кога почнав да ги чуствувам последиците од истите...престанав да се смешкам зашто така требало и да благодарам за моето создавање...почнав да живеам..не слушав никого и правев се по своја воља...наречи го погрешно или егоцентрично ама тоа беше мојата шанса да се изразам...ја зграбив со двете раце и почнав да талкам...низ патеките што не знам кај ме водеа и немаат крај...сеуште сум тука и покрај предвидувањето дека нема да можам да издржам надвор од рајот...издржав...се издигнав...се изградив како што јас сакав...сама си бев свој вајар и ќе продолжам вака зашто единствено на својата проценка верувам...не ми треба никој да ме насочи......
 
Во главата ми одѕвонуваа иљадници крици.. Повици од погрешно место.. Пеколен глас.. Омраза во истиот.. Сепак тоа што го сакам.. Тоа што ме исполнува.. Да.. Тоа беше тоа.. Ѓаволот во мојата орбита.. Почувствував дека му требам на некому таму.. Некаде и некому..
А сто имам тука? Господ во нашите срца.. Добрината во нашите души..
Чесност.. м.. Но не.. Не сум ова јас.. Не е мојот начин на живот.. Се осеќам како да немам право на глас.. На мислење.. На ексцентричност.. На слобода.. На живот без граници.. И уште една миса.. Но не.. Овојпат нема да седам и да слушам само.. НЕ ГО САКАМ ТОА..
..Истрел.. Знам ли што правам по ѓаволите????.. Уште еден леш како падната биста на земјата.. И тоа по моја вина?.. м.. Не учеа да ги спасуваме луѓето нели?.. Сепак овој не вредеше.. Сепак секој заслужува втора шанса или..? НЕ НЕ НЕ.. Не сум за тука.. Дефинитивно не сум.. Упс..
А каде сум сега?.. Грмотевици.. Оган.. И познат лик.. Ме протераа а?.. Не сум веќе Ангел а?.. Не сум тоа што бев..?
Е добро.. Но сега сум сама свој господар.. Господар и на сите протерани души како мене.. Да.. Е ОВА Е ТОА ШТО ГО САКАМ..
Fuckers.. HERE I AM.. My hell.. My life.. :P
 
.
 
Последно уредено од модератор:
Тој ден, беше сладок и сончев, светол.
Откако го предадов Него, сонцето постојано сјајно и масивно блескаше.
Ми светеше точно над главата, неговото длабоко жолто Височество.
И стоев на средината. Неприфатена од ничија страна, по сопствена одлука; неудобна за ничија страна, по сопствена одлука.
Си ги мазнев долгите избледени ракави.
Ја намирисував среќата на суштествата низ атомите на зраците.
Триење на метал од метал; нечија за'рѓана порта се отвори? Нечиј ум конечно вдиша свеж кислород? Нечија свест си ги собрала крилјата зачадени па затоа сите еднобојни бои се распрснаа? Зарем?
О не, тоа беа само двете порти вечно оделени со златна неутрална нишка; темни чекори испловија од широката, други со леснотија се превезоа до возвишена надменост од златната, и ме турнаа од гранката на која седев, ме избркаа од бесценетата средина помеѓу нивните димензии;
За среќа, мојот застојан воздух остана да виси над гранката.
Секој ден го славам како вкусна слобода откако ме избркаа од Помеѓу Рајот и Она другото.
 
Дента кога ме избркаа од рајот..
станав свесен дека сум буден и битисувам на овој свет од илљадници апсурди! исто као што секојдневно прасињата одат под ножот на месарот и јас го почнав патот додека вилата на смрта не го пресече и мојот конец на живот! Од година в година се повеке станував свесен дека животот не се играчките расфрлени во детската соба туку се љубовта,семејството и најважно опстанокот. Опстанокот кој како старееме ни изгледа се понедостижен и блед. И во тие моменти на намалување на нашата снага се вртиме назад и во истиот момент ги гледаме лицата и камењата кои сме ги фрлиле позади нас и кои биле дел од нашиот живот. Се присекаваме на се што имаме направено добро и лошо / слатко и горчливо.. И тогаш во тие моменти стануваме свесни за тоа дали сме виделе корист од животот и која ни била причината за животот!
Полека се предаваме на небесните раце односно на Ѓаволовиот трозабец во зависност од начинот на живот! и на крај..заминуваме во безтелесна состојба..им правиме место за оние наредните кои ке бидат избркани од рајот..
 
Денот кога ме избркаа од рајот...

Аххх...борбата за влас на тоа место беше преголема, хиерархијата толку фрустрирачка.
Не, не ме избркаа, јас сама си заминав.
Што ќе ми е рај?
Зошто?
Кога таму не припаѓам,тоа место не е за мене...едноставно не е.Премногу е лажливо бело, пречиста бела табла врз која секој што сака може да пишува.
Не, не ми треба таков рај.
Рајот во кој ја судат љубовта кон Бога.
Не, не, не ме избркаа, јас сама си заминав кога видов кого го пуштат низ големата врата!​
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom